14 сираци останаа поради куманово. 14 деца останаа без татковци. Луѓе ај искупајте се во врска со партииве и не се карајте. Тоа тие и го сакаат.
Лека полека ќе се открие...Убаво Грујо еднаш рече: Вистината е како шило, ќе врти, ќе врти и сепак на крај ќе исплива на површина. Толку веќе, штом јавно почнаа да зборуваат за случајов, има да падне едно судење и ќе ги затворат доживотно. Додуша Грујо секако ќе оди во затвор (било кој и да победи), ама и компанијата Мијалкови ќе му се придружи...Гнаси. Овие гостите за Грујо викаа дека си има психички проблеми, ама стварно, не само онака колку да се рече...туку стварно си има проблеми со мозокот и психата. За себе си кажува
bombite kje bidat objaveni denes na zavrsniot mitign na sdam vo strumica. vreme e kodoshot Mijalkov da skape vo zatvor
I have some questions: 1.Нели Заев рече дека сите бомби се предадени на СЈО, КАКО тогаш ќе ги пушти овие од Смилковско на митинг ?! 2. Ако веќе СЈО ги имаа бомбите за Смилковско зошто уште не покренаа обвинение за нив ? 3. Зошто Заев ако веќе ги имаше бомбите за Смилковско не ги пушти одма туку тактизира и чека до последниот митинг да ги пушти ?! Досега креаторите на Смилковско би требало да се во затвор а не кампања да водат. И ептен за никаде ми е да искористува таква болна тема за да добие политички поени !!! Не велам дека (не) постојат бомби за Смилковско, само велам дека доколку постоеја и беа предадени на СЈО требаше прво со нив да се почне затоа што се најбитни а не да се почне со банални (во споредба со овој) случаи како „Транспортер“... доколку имаше бомби за Смилковско досега виновните требаше да се во затвор !!!
Искрено ова со бомбиве мислам дека е шпекулација. ПС. Јас да бев Заев, копија од сите бомби ќе си направев, пред да ги дадам во СЈО.
Јас најискрено се надевам дека е шпекулација, бидејќи со таков потег Заев само ќе докаже дека не се грижи за правдата туку само за власт (не дека не е така). А дека има направено копии тоа 100%
Ретко коментирам во вакви теми. Ни едните ни другите се цвекиња за мирисање. Од никого ништо не сум добила. Добро де пенкало не се важи. Не знам колку останатиге како Левица, тие на Пасле Траjaнов можат нешто да сменат. Се се сведува на Вмро и Сдсм. Според мене, колку и да не сакам, мислам дека Вмро ке тепа на избориве, сепак имаат машинериja позади себе.
Павле Трајанов ми е посебна приказна. Беше во коалиција со Грујо добри 9 години и сега наеднаш ова било режим, криминали и сл. А бееее
@kukla21 тоj е посебна приказна добро си кажа. Како после толку време не чини? Се за власт. Тие и Вмро за Македониja ми се сомнителни, аj така да кажам. Тие чекаат коj ке доjде на власт со тоj ке одат
Имаат и они еден куп маани (сите имаат). Останува фактот дека во време на Љубчо најлесно се водеше бизнис, намјалку казни имаше, најмала стега, страв и трепет. Он на крупно играше и собираше пари за буџет - тутунски комбинати, шеќер, сокови... Малите риби ги оставаше да пливаат. За ова се залага и сега, дерегулација, олабавување на стегата. Љубе не можам да го разберам зошто пак во политика? Јас да бев, пакував куферите и метак од тука, очи да не видам на никој. Стојанче, сум го следела по фб има некои ок ставови, ама за некои работи премногу наивен. Ќе фатат тие едно 5 пратенички места. Рекоа дека прво би коалицирале со СДСМ, а после со другиве. Е сега ако Љубе коалицира со овие што го стрпаа во затвор
@kukla21 се е точно што напиша. Во времего на Љубчо имаше и к-15, коj стварно ги заврте парите, аj така да кажам, сите имаа корист од тоа. Барем според кажуванjата на моите, jaс сум помлада, и македонски производители и народот имал корист. Плус во буџет имало пари. Претпоставувам дека за истото зборуваме, туку сега не сум начисто со Вмро Дпмне , очекувам се да направат за власт Знам дека сите си имат маани, никоj не е идеален, туку ке видиме на 11ти што ке биде
Ова се добро поставени прашања, зошто чека Заев, зошто чека Катица ??? или прво да научи да чита жената... цела кампања им е ќе го сменеме и името и двојазичност и се од корен, за да каже аа не не, за името треба референдум. Дали е Заев човек на кој може да му се верува ??? Не би рекла. Ова со бомбите нарочито за Смилковско така да се подигруваш со тие родители и цел народ за власт и очигледно да лажеш и да блефираш е надвор од разум.Какви се не муабети кружеа за Смилковско за сег ада се рече случајно се убиден децата, грозно, ова е грозно. Ако имаше нешто навистина требаше и своите маки и на цел народ што го тормози да ги скрати. Не знам која членка пиша, ваква валкана кампања до сега не се видело и се води 2 год и повеќе. А за она во Куманово па, нели Заев на фб си објавуваше слики како си е во Швајцарија и после се дојде да се слика насмеан од уво до уво пред срушени куќи со знамето на УЧК. Секоја чест на оние што ги следат сите овие фантомски дешаванки, јас следев се до оној момент додека Заев не се сликаше таму и после, фала НЕ, свесно да дозволам да ме тормози некој дома, во слободно време бога ми, не би. Само едно извинување му должам на Артиста ми се чини беше никот, за Тамара, се насмеав не ми ни текна која Тамара каква врска има Тамара со Диме Спасов. И вчера прочитав една членка ќе била она сега фантомски гласач зш е во дијаспората, и пишува откако помна ми се чини рокот за пријавување за гласање во дијаспората, што не се пријавила таму ? И како некој ќе гласа за неа, ако може така значи сите партии и нвнте претставници на гласачки места учествуваат во изборен криминал. И која е се процедурата за да успееш такво нешто да направиш по се изгледа поим нема. Едвај чекам да поминат овие избори, мир да видиме и да ми кажуваше некој немаше да верувам дека ќе си играм мајтап едноставно на форум за вака сериозна работа.
Јас напишав оти ќе бидам фантомски гласач. ПРво и основно, јас моите должности си ги исполнив со тоа што се одјавив од секаде. Натаму е нивна работа каде ќе ме распределат, да не треба локум да им однесам? Второ, не ни планирам да гласам, сигурно нема да се спотегарам 200 и кусур километри до амбасада и назад уште толку, за да гласам, со мевов до заби. Моето мислење се однесуваше само на тоа дека има едно чудо исселени, кои се водат на стари избирачки места, и со тие гласови се манипулира.
А знаеш ли што треба тие луѓе да направат за да гласаат место тебе плус во тоа треба да бидат сте таму што се вовлечени во тоа? Знаеш ли колку луѓе овде живеат и не излегуваат на гласање па, никој не гласал за нив ??? Не верувам дека се манипулира зш така би требало да си ги делат гласовите меѓусебе што да видам да не верувам.
Стварно си толку наивна? Јас верувам и во невероватното, ништо не ме чуди ни изненадува. Одамна се покажа и докажа дека и дното повеќе не е дно.
Можеби сум наивна ама таква омраза се создаде меѓу луѓето на ВМРО и СДСМ, такви навреди, препукувања, заплашувања што малку тешко ми е еве да речеме на мин 100 гласачки места да успееш да организираш поделба на гласови и после тоа да излезе СДСМ да кажува како има фантомци на гласачки избори па, да се излезе на терен и оп, ги нема. Не знам кој е наивен од мене и од тебе, можеби сум јас што веќе во ништо што ќе каже СДСМ не верувам. А, бе имаат плаката сред Скопје, на црвена подлога, ЌЕ ЈА ВРАТМЕ ЕВТИНАТА СТРУЈА !!!Ало бре па вие ја продадовте струјата, бонбона бизнис хахахах како може да мислат дека народот е толку глуп и ете како дојдов јас до точка мајтап да терам на форум, ап при здрав памет будали не прават.