"Јас сум многу "задоволен" од владата на Република Македонија, Странски инвестиции, проекти кој се во интерес на народо', субвенции во земјоделието' нашинците од Америка (Детроид-о), Аустралија од целио' свет се враќаат назад во Македонија, Европа се распаѓа, Америка тоне, Македонија била и ќе биде повторно мајка на целиот свет како што било и пишувало во Библијата." *САРКАЗМ*
Баш поради тоа што Смилковско е многу повеќе од тендери и местење на избори, тој случај требаше прво да се реши ! И ако веќе го направиле Смилковско за да се замачкаат очите на народот, тој има право да знае и да им суди ! Ако веќе се објавија бомбите за убиството на Мартин Нешкоски, требаше да се објават и овие (доколку постојат), на исто ниво се !
Случајот со Мартин Нешковски во многу се разликува од Смилковско и никако не се на исто ниво (патем мислам на концептот на убиствата, болката за згаснатиот живот е исто неизмерна). Најглавните разлики, Мартин беше жртва на човек, Смилковско се жртви на државна институција. Мартин не беше планирано убиство, Смилковско според она што до сега се знае (неофицијално), целата ситуација е нарачана. Друго битно, човек против човек е полесно, човек против цела држава (така функционира системот кај нас, а институциите се дел од системот) не може. Смилковско е на многу начини поделикатна, покомплицирана и по заташкана тема. Убиството на Мартин се случи на сред центар, луѓе видоа, имаш цел куп сведоци, тоа на никој начин не можеше да се избегне. И после бомбите за Мартин, имаше немири, народот беше вознемирен и гневен, замисли како би било за Смилковско само.. Без разлика што се десило на крајот, млади животи згаснаа ни криви ни должни и јас само се надевам дека виновниците ќе си бидат казнети, а дека починатите си го нашле својот мир на небото, зошто на земјава им беше неправедно одземен.
Те разбирам што сакаш да кажеш АМА не се согласувам, доколку има снимки тие требаше да се пуштат одамна и одговорните да бидат во затвор !
@Victorian да било едноставно и изводливо тоа и ќе се случело. Но со оглед на комплексноста на целата ситуација, без разлика колку сакаме да чуеме за истото, треба да имаме разбирање зошто тоа сеуште не е јавно. Како и да е..останува да видиме како ќе се разврзува овој случај.
Секако, муабетов ми беше за еден пост поназад кога рекоа дека Заев вечерва ќе ги објавел снимките од Смилковско на митинг вечерва и зошто дури сега би се решил да ги објави а не претходно (ако веќе ги имал).
Да де да, се разбираме. Јас секако си споделив лично мое мислење што секако не мора да значи дека сум во право.
Демократија оф топик: Колку ми е мило што вакви „дебати“ можат да завршат и вака, а не со кубење коси до тебе
И мене исто да бидам искрена. Едвај чекам лудилово со избориве да помине, главава тапан ми е од рекламиве на ТВ.
Направете си анализа како живеевте и како живеете сега. Јас живеам се полошо од 2006 година наваму, и зато мојот глас оди за СДСМ.
До молкот, јас само сакам да кажам,да гласате разумно и после официјалните резултати во недела, ДА СЛАВИМЕ за падот на диктатурата ,зато шо ДОСТА БЕШЕ! Преку курц ни е! Не дека од понеделник ќе цветаат и ќе биде лесно,ама барем нас ќе ни олесни. За повеќе насмевки! П.С. не сакам да помислам на другото сценарио,ама ако испадни така....изгледа по аеродроми ќе се гледаме
Прееска баш се зезавме да го научиме истото да го повторува Пуштивме прв час и кога фати пиле да вреска
Да ви се убацам ко џокер у покер у темава, со мислење тотално неврзано со дискусијата погоре. Читав еден интересен текст у Фактор за странските инвестиции, кои се гордост на владеачкава ни гарнитура. Само неколку извадоци од текстот: „Во периодот од 2007 до 2015 година државата потрошила 159 милиони евра за привлекување и субвенции на странските директни инвеститиции во земјава, а во анализираниот период овие компании за плати за вработените исплатиле 92,1 милиони евра.“ Океј, знам дека у вемерето не членуваат првенци на генерација и генијалци, али кој ти е есапот да потрошиш дупло поише пари за вработување на невработени лица од сумата која тие ја примиле како плата? Па, државата едноставно да им дадеше пари ќе беше и полесно и поедноставно. Ако се земе у превдид дека фирмиве се ослободени од давачки, придонеси и даноци, тек тогаш може да се проникне целосно у економскиот гуру наречен Груевски и неговиот старт-ап наречен „роуд шоу“ (patent pending). Иначе, како стојат со плата работниците во екомскиот рај за земјава? „Просечната плата во 25-те анализирани странски компании лани изнесувала 261 евро или 100 евра помалку од државниот просек.“ Wow. А што е со условите во кои работат? „Во сите анализирани фирми биле забележан примери на кршење на одредени работнички права, однсоно мобингот, неплаќање на работа за време на викенди, наметнување да се работи за време на викенди или празници и неможноста да се користи ден од одмор. Сите анализирани фирми вработуваат со договори на определено време, што генерира страв од губење на работата кај работниците, што потоа има дисциплинирачки ефект врз нив. Работниците сметаат дека работата е тешка, дека нормите се високи и дека платата не е сразмерна на трудот. Во ниедна од фирмите нема синдикат и работниците сметаат дека работодавачите ќе санкционираат обиди за синдикално организирање. Во една фирма има пример кога работници биле избркани од работа заради прекин на работата заради неисплатени плати.“ Мислам, услови кои секој може само да ги посакува, така? Работава е „Роди ме мајко и несреќен, па фрли ме у слободна економска зона“. Кого го интересира целиот текст, еве го на линков. Ја официјално влагам у предизборен молк.
Evn barase gragjanite sami da si platat transformator ako ne sakaat da imaat slaba struja I ako sakaat da se priklucat. Greota Evn vistina vo pravo si u zijan se garant hhh za vrabotuvanjava e to mizi jas kje ti baam, od zavidluk narodov kje prosperira. A za energetika sto e napraveno procitaj I ako imas da vlozis mozes doma da pravis struja I da ja prodavas na evn.