Зошто јас да вложувам?! Нелу гасификација ќе се правеше? Во евн пола вмро работи, а се пува за дневно-политички поени. Шпекулации. Има закон кој предвидува дека државната помош не смее да биде повеќе од 50% од инвестицијата. Ова се спибувања на неписмени новинари. Што не погледнат колкав трошок плаќаат странските фирми кои мк фирмите не го плаќаат.
А што има везе на што се греам јас?! Зборувам објективно. Немам јас револт кон Евн, туку до оние кои ме цицаат, волци, а глумат јагниња. И гасификацијата е во делот на енергетика - греење, готвење итн. Дел од национална стратегија треба да е. На туѓ грб "остваруваат 24х7". Намалиле вработеност чунки. Гласај си ги ако ти се арни. Секок со своето убедување.
Да се самоцитирам: Значи, севкупно, за привлекување и субвенции, а не само за субвенции - т.е. у сумава влагаат патувања, роуд-шоуа, мапет-шоуа и сите пропратни шоуа (таксена марка за вадење државјанство за Субрата Рој и сл. ) у чест на странскиве ни инвеститори. Од овој аспект, дали е сумава шпелукативна или не, ја не можам со сигурност да кажам, али: 1. дефинитивно не ми е неверојатно, 2. пишува дека податоциве се извадени од студија насловена како „Вистинската цена на евтината работна сила“. Поентата е дека од огромен дел од странските инвестиции #реално нема никој ќар - ни вработените, ни државата.
Како може да немаш став за ситуацијава? Одлучи се и гласај. Што и да чувстуваш, изрази се. Тогаш имаш шанса. Другпат здравје, по години.
А бе така ако гледаме и мин за образование трошело по 1000 еур на ден за хотели, ручеци и сл. Тоа може да е недомаќинско работење повеќе отколку што нема фајде од странските инвеститори. Гринфилд по дефиниција е бенефит.
Став и избор за кого ќе гласам се 2 различни поими. Став имам и тоа цврст, изборот ни е сиромашен. Пред молкот, одлучено. Ќе гласам за човек, а не политичка партија, зошто двете потфрлија. И навистина се надевам од срце дека после изборите сите ќе бидеме посреќни од ова што сме сеа.
Да, ама да се осети бенефитот по државата треба инвестицииве да опстојат доволно време - нешто што останува да видиме дали ќе се случи. А „бенефитите“ за вработените таму, како мизерни плати и нечовечки услови за работа, и не се нешто невидено и револуционерно на нашиов пазар на трудот.
Што се однедува до бомбата за Смилковско вчера што прашав. Вчера го гледав Заев во топ тема на телма каде нели требаше да има дебата со Груевски,меѓутоа не се појави.Кажа дека планирал да го праша некои работи,меѓутоа одби да каже што,без негово присуство.Најверојатно на тоа се однесуваше. А инаку што се однедува до овие избори,некако си ги имаат сменето улогите.ВМРО 90% ги напаѓаат СДСМ,1 0% зборат за програмата.Додека СДСМ имаат добра програма,економска и се доста свртени кон пласирање на истата.
Не можам да тврдам за сите, нормално, а и се надевам дека има исклучоци, ама имам неколку познати особи во компанииве во Бунарџик и знам со сигурност дека условите се далеку од сјајни. Особено од една фирма (нејќум да ја именувам), која постојано има отворени огласи за сите можни работни позиции - луѓето што идат на интервју за работа буквално се судираат со оние што бегаат главечки од фирмава. Мака ми е зашто знам дека и ако понудат малце похумани услови и повисока плата, пак ќе работат со профит, и тоа добар, а и работниците ќе бидат задоволни. Ама, зашто да биде така, кога може и вака...
Се прашувам уште колку вакви изјави ќе искочат во понеделник ако изгубат вмро. http://www.brif.mk/audio-direktorot-na-prilepskata-bolnitsa-do-vrabotenite-ovde-ne-ste-vraboteni-oti-ste-sposobni-tuku-preku-partiјa/ Патем знае некој нешто, точно било тоа за Амди што го уапсиле за мито во Кавадарци?
Се согласувам дека изборот не е којзнае што, но времето е такво кога ако ние неопределените (се сметам за таков) не гласаме, партиските послушници ќе ни ја одредат судбината.
Сигурно гласаш во ИЕ 1 можам да забележам дека Левица има најмногу поддршка во скопскиот регион ( ие 1 и ие 2) каде се очекува да освојат и пратеник. Многу се активни на нивните профили, фб страни и останати мрежи. Ако сакате да видите таква промена, гласајте за Левица. Нека не ве замајуваат дека изборниот систем бил толку лош. За освојување пратеник е потребно да се освојат околу 4% од гласовите во изборната единица, потребно е, на пример, од 175.000 гласа да се освојат околу 7.000 гласа. 7 од 175. Хм. Па тоа не е така невозможно - фб статус на Здравко од Левица.
Започна молкот. Ова нека бидат последните 24часа на молк на народот во Македонија! Да бидеме гласни,да се бориме за своите права,да ги поставуваме Владите кои сметаме дека се најдобри и брзо да ги рушиме оние што не чинат. НА 11ТИ ДЕКЕМВРИ ИЗЛЕЗЕТЕ ДА ГЛАСАТЕ И ОВОЗМОЖЕТЕ СИ СЕБЕ НОВ ДЕМКРАТСКИ ПОЧЕТОК!
Аууу го слушав зајко денес просечна плата 30000 а мин 16000. Дај бе некој нека го затвори во лудница. Пошто е предизборен молк, вие определените немате право веке на дискусија, а мм е на работа до задутре, малата кај баба, јас сеа има да пишувам до сабајле. Сеа прво ке пишувам за гвујо. Не знам колку е точно ова. Се надевам да не е вистина http://reporter.mk/2016/12/09/centarnews-брат-на-вмровски-кандидат-предавни/ Спојлер: вејце ДОМА МАКЕДОНИЈА CENTARNEWS: БРАТ НА ВМРОВСКИ КАНДИДАТ – ПРЕДАВНИК ЗА МАСАКРОТ КАЈ ВЕЈЦЕ! Спојлер: вејце CENTARNEWS: БРАТ НА ВМРОВСКИ КАНДИДАТ – ПРЕДАВНИК ЗА МАСАКРОТ КАЈ ВЕЈЦЕ! МИСТЕРИЈАТА ЗА МАСАКРОТ НА ОСУМТЕМИНА МАКЕДОНСКИ БРАНИТЕЛИ ВО ТЕТОВСКО СЕ РАСВЕТЛУВА ВО МЕГАБОМБАТА НА CENTARNEWS. Најкрвавиот и најбрутален масакр во поновата историја на Република Македонија се случи на 28 април 2001 година во 17:45 часот откако од заседа и ѕверски беа убиени, а потоа масакрирани и живи запалени осуммина специјалци и полицајци припадници на специјалните единици „Волци“ и на „Посебната единица на СВР Битола“. Покрај осуммина убиени, имаше и шестмина повредени. При нападот, од колоната успеало да се извлече последното возило и да јави за невиениот масакр. Според тогашните информации, двајца полициски началници од Тетово ја предале патролата кај Вејце. Увидните екипи тогаш пронајдоа „моторола“ со сериски број и на апаратот и на батеријата, што потврдува дека таа била полициска и се претпоставува дека со неа осомничените биле во контакт со терористите, но пронајдено е уште нешто. Прв на листата на осомничени се најде Игор Манојлоски, брат на Горан Манојлоски сегашен кандидат за пратеник во шестата изборна единица, двајцата родени во Тетово. Игор Манојлевски, тогашен началник на Секторот за полиција на СВР Тетово. За него велат дека, наводно единствено он и неговите соработници и локални припадници на ДБК знаеле каде, во каква формација и во кое време ќе се движи комбинираната патрола за Вејце. За продадената информација бил награден со околу 700.000 швајцарски франци. Наредниот ден по масакрот е уапсен и задржан две недели во притвор. Кај него дома се најдени парите, за кои неможел да го докаже потеклото. Брзо потоа е суспендиран од тоа работно место и е префрлен во Скопје, повторно на началничко место во полициската станица „Карпош“. Цело Тетово него го посочуваше како предавник, па затоа тој се исели од Тетово. Неговиот татко купи куќа во Битола, но плашејќи се од одмазда на семејствата на загинатите битолски полицајци во Вејце, ја продал куќата и купил друга куќа во една населба во Скопје. Како кандидат за пратеник Горан Манојлоски сега ја бара поддршката без срам и перде за предавничката вистина. Граѓаните на 11-ти декември ќе имаат шанса да им кажат ЗБОГУМ на вакви продадени души. Постојат документирани докази, тврдат истите извори, дека масакрот кај Вејце е еднаков на предавство, бидејќи на терористите им било сигнализирано по врска дека патролата е веќе тргната и им биле дадени неопходните координати и маршрутата по која требало да се движи патролата. Затоа паѓаат во вода спиновите на ВМРО-ДПМНЕ за некаква двојазичност и федерализација, бидејќи на површина испливуваат криминали од десетгодишната „патриотска“ ТЕНДЕР коалиција со ДУИ.
ili lazes,ili apla tropas zeleni. struja ne smees da prodavas nazad vo sistemot,vo prevod ne smees da namaluvas uvozot na struja preku firmite na bratucedite. daj procitaj nesto pred da se izletas vaka so gluposti. inak,vo vreme na mvro REK se modernizirase so 190milioni evra mislam, i sega proizveduva pomalce struja nego li pred moderniziranjeto. pomalku struja od REK=povekje struja od uvoz preku firmite na bratucedite.