Пак се фатени вмровци кај што поткупуваат гласачи претежно од ромска национлност. Среќа брзо се реагирало, и фатени се сите... И што давале и што примиле пари... Се гледаме во некој затвор чиао антена! Ги фаќа паника и не знаат што праат
сите гласови се пребројуваат утре после 19ч. Со психолошки притисок сакаат да влијаат на народот. Беда!
Slusav Gradonacalnikot na Kavadarci bil flprijaven vo policija za potkup. Dal na rom 1000 denari "da mu se najdat".
СДСМ нема што да бара во македонската дијаспора. Најголем дел од американската, канадската и австралиската дијаспора кои се веќе втора и трета генерација таму се жртви на удбашкото СДСМ (тогашна Комунистичка партија на Македонија). Ни живи ни мртви не сакаат да ги видат. Затоа СДСМ на секој начин се обидуваше да ја дискредитира дијаспората и да ја оневозможи да гласа и да има директно влијание во Македонија. Генерално во дијаспората најголем дел воопшто не се замараат со гласање, но дека треба да се одржуваат цврсти врски и тоа како треба.
А зошто бе некој од дијаспората што ужива и зима 2 илјади евра плата и доаѓа еднаш во годината во Македонија на две недели да гласа и да ја крои мојата судбина? Работава он си е во Австралија,Канада итн. си ужива и живее 20 години таму и не е во тек со случувањата и не осетил на своја кожа беда неправда и сиромаштија, и он ќе одлучува за мене и мојата иднина во оваа земја?
Тој друга приказна е... Овие сосема други се, во некои помали општини и селца. Среќа овие ги фатиле, ама несреќа е ако постојат други. Главата им чади и буквално не знаат кај тераат. Инаку има премногу манипулации низ фб. Запамете дека НЕ се пребројани гласовите и не наседнувајте на НИКАКВИ бројки... НИШТО не е точно. П. С. Дијаспорава се лажат по името ВМРО, мислат тоа е нешто патриотско и пошто тие се" НАЈГОЛЕМИТЕ" патриоти, што заминале на крај на светот, затоа гласаат за вмро. Мислат Грујо е ко Делчев или Сандански... А нив душата ги боли по Македонија, па затоа еднаш на 3 год доаѓаат во земјава. Не треба да гласаат тие, не знам што има да се мешаат кога појма немаат што се дешва овде, тие се застанати во времето... Ама ете, си ги користи Грујо.
Ова е тоа што и мене ме фрустрира, не може некој од САД, Австралија, Канада, Европа да ми одлучува за моја иднина во Мкд. Не може, нема право! Што му значи тоа гласање? Како што кажа Џоли, ке глсааат за “патриотот“ грујо а он тука ке ни ја руши иднината и животот.
Смешно и идиотски. Многу идиотски најискрено. Имаш втора и трета генерација Македонци во дијаспората коишто се многу богати, милионери, влијателни, а најголем дел од Македонците се сконцентрирани во земјите од англосферата (САД, Канада, Австралија, Нов Зеланд) коишто се едни од најмоќните, најбогатите и највлијателните земји во светот. И те како можат да помогнат, лобираат за Македонија политички и економски. Земи ја за пример албанската или турската дијаспора од најблиско опкружување. Имаш многу други нации коишто имаат многу моќни дијаспора и директно помагаат. Каде тоа вие секојдневно се борите за својата иднина, па толку тие од дијаспората ви сметаат? На кафиња, по молови, одмори, шопинзи? Тоа е борбата на 98% од младината во Македонија? Навистина импресивно.
Во право си @JollyGirl Тој што живее повеќе од 5-10 години надвор од земјава пр. во Германија е веќе Германец а потеклото му е од тука,нека си гласа на избори во Германија таму си живее нека си одлучува за таму и незнам зошто и која е поентата дијаспората да ја крои нашата судбина. Тој не си отишол од што многу убаво му било во Македонија.
Се виде досега колку помогнале странците. Ти се зезаш или? Кој заминал, не се завртил назад, а не па да помогне. Само на грујо му одговараат овие глссови, пошто странциве не се во тек со времето. Тие си земаат по 5000 евра месечно, а ти седи овде и очекувај дека ќе инвестира некој во дупкава маќедонија
Со кое право ти моето мислење го нарекуваш смешно и идиотско? А твоето какво е... ? Од кај знаеш па ти јас како се борам за иднината ? Јас си напишав свое мислење и ниту те цитирав ниту пак те спомнав,всушност првпат и те гледам сега кога го навреди моето размислување,кое е лично МОЕ не ми е исперен мозокот од локалниот штаб и размислувам сп своја глава и реално.
Голем дел од тие ’патриоти’ во дијаспората си заминале по директна вина на удбашкото СДСМ (тогашна Комунистичка партија на Југославија). Биле прогонувани, осудувани и малтретирани. Еден куп ги имаш такви коишто се на црните листи на УДБА. Често слушам дека многу млади Македонци се иселуваат од Македонија поради економска криза. Точно, се сложувам делумно, но ете ви шанса на сите тие 500.000 иселени Македонци за време на ВМРО-ДПМНЕ да гласаат во дијаспората против ВМРО-ДПМНЕ. Зошто да им го укинете тоа право? Нели гледате колку сте смешни и контрадикторни на самите себеси. Од една страна велите дека многу млади Македонци со право на глас се иселуваат, а од друга страна им забранувате да гласаат во дијаспората.
Тезата за двојазичност е само алиби властодржците да се спасат од затвор, И Заев рече Ќе нема федерализација НО ЌЕ ИМА конфискација на имот. P.S. Курир.мк, Сител.мк ви е homepage i know.
Со факти образложи ми, што помогнале? Барем секој месец по 10$ да собираа и да пуштаа во државата сите ама сите сите сите што се у дијаспора и долгови ке вратевме, и ке можеме и здравство и образование да средиме и уште мн др работи со нивна помош. Но погоди што, нив дупето не ги боли за мкд освен кога ке е лето па да прошетет низ Охридон и за гласање да се удираат у груди дека се они вечни македонци, потомци на Александар Велики.
Кој рекол дека со право на глас се иселуваат? Зошто сме смешни? Дека неќеме некој да гласа од Америка и Австралија што не дошол 50 години во мкд? Ти свесен си дека тие се застанати со времето и не знаат што се случува? Значи без разлика на која партија се тие што заминале (вмро, сдсм, дуи) НЕ ТРЕБА да гласаат, пошто не знаат како е да живеат во мизерии. Ние сме овде и сега, ние живееме овде и сега...а тие можеби живееле овде, ама не повеќе...затоа нема што да се мешаат за мојата иднина. ТИе доаѓаат и седат 2 недели...а ние овде засекогаш остануваме во мизерииве.
Јас сум свесен дека тие живеат во најмоќните држави во светот и треба колку-толку да ги држиме до нас, затоа што не сме ние народ од 200 милиони, па да си правиме бајрами на мозокот. Овие не ни чинеле, тие не ни чинат, па што ќе остане од нас? Тука едвај не има 1,3 милиони со голема тенденција на изумирање и стареење, па ако се откажуваме од сите Македонци надвор од Македонија и дозволуваме да се асимилираат што ќе остане од нас во наредните 50 години? Дали ти воопшто за тоа размислуваш? Албанската дијаспора помага, затоа што тие така се воспитуваат од мали нозе да се лојални на своето и традиционални. Читај го форумот и ќе видиш ’нашите’ Македонки како ги воспитуваат или ќе ги воспитуваат своите деца во иднина. Секојдневно сум во контакт со деца воспитани од ’прогресивните’ Македонки. Само едно ќе ти кажам - Господ нека ни е на помош со таквите деца во иднина.
Мене па ми е смешно како луѓево при очи не гледаат и при уши не слушаат и му веруваат уште на Груевски после 11 години? Не мислите дека е премногу некој да владее 11 години па ќе се заборави од владеење ќе мисли дека крал станал,не е државата на таткому па он што сака да праи и да дава работни места на партиски послушници а не на квалитетни кадри. Па доста е веќе! Ако победи пак изглеа ќе си се селиме сите па ќе си останат само партиските пиончиња и пензионерите. И за патриотизам ми е гајле и дали сум Македонка ќе се пишам и Бугарка ако треба како 500.000 што си отидоа и живеат како луѓе и не мизеруваат. Да му се плукнам во инвестициите за 12 иљади плата 3та смена во фабрика, да му ги дадам на него да глеа две деца и жена и сметки и кирија да плати и фрижидер да наполни и на англиски да ги запише и летоска до еден мизерен охрид на 5 дена да ги однесе да излезат од смрдливово Скопје кај што немаме ни воздух сите дрва ги исекоа и споменици изградија,ова веќе не е ни моето Скопје. Од мене толку,а вие утре пазете што ќе заокружите,поздрав.