Уште една тура поткупувачи фатени кај Демир Хисар Нерегуларности ВРИЕ! Вака на избори ќе одиме? На секој чекор поткупуваат вмровциве Да и се плукнам и на диктатура и на држава глупа.
Вемеровски било да се крстиш? Господе Боже и сите светци на небото !!! Дечки...гасете интернет и ај си одиме колективно од дупкава жмро што ни ја остави овие десет лета Ја не знаев дека крстењето е ексклузивно вемеровско. Искрено сметам дека луѓе што живеат во минатото, при што секој аргумент им почнува "ама пред 20 години во времето на тој и тој беше вака и вака.." не треба да им се дае право на глас. Иначе дијаспората од сегде генерално ја поддржа шарената револуција, и ако некој вчера гледаше гласот на Америка, преставници на дијаспората многу работи појаснија.
Се налутија Вмровците оти не добија пратеници од дијаспората хахахахах , ако се точни информациите , нема излезеност и нема пратеници. Што ќе биде смешно оти толку многу се бореа да добијат гласови од дијаспора.
Годинава само 1 пратеник ќе влезеше со тие гласови, не се 3...Фала богу... Туку се знае нешто? Зошто пиша -3? Не сум во тек....Не го постигаа очекуваното од дијаспората? Досега секогаш влегуваа 3, сега не изглсаа?
"минимум мандат за пратеник од ие 7 е бројот од мин. мандат на претходните избори. Неофицијално, тој минимум овојпат не е постигнат." Немаше доволно излезеност, а и тие што гласале,повеќе гласови беа за СДСМ и ДУИ,така што,дијаспората им кажа среден прст на вмро-то.
Не заборавајте денеска 3 работи. 1. Да излезете надвор да гласате, макар и го шкртнале ливчето. Така не дозволувате некој за вас да гласа или фантоми. 2. Екипи насекаде има, ако видите која неправилност, некое срање , моментално да пријавите, на телевизии ,на одговорните , денеска барем никој не може да ве замолчи.Нема од што да се плашите. 3. Да гласате пред 2 саат, ако психопативе видат дека не им идат изборите , ќе ги пуштат своите кучиња да прават нереди. Минатите избори во дијаспората тепаше вмро убедливо, си зема и пратеници и све. Кога беше предложено да нема дијаспора пратеници , вмро се бунеа и викаа народот таму најмногу ги сакал и бирал. Што немаше логика зашто некој што бил избркан од Грујо да гласа за него. Сега испаѓа дека све тоа било наместено оти сега не добија ниту еден пратеник, ниту пак имало излезеност голема. Фактички денот вмро го започнуваат со -3. Сега ќе видиме за останатиот дел.
Вмро во Росомане , Калиманци и Суводол водат убедливо. Патем кога гласате проверете пенкалото да не се случајно со друга боја. Неважечко ќе биде ливчето ако заокружите со различна боја.
Уште 6 саати има за гласање, ама и врапчињата и кравите по нива што пасат знаат дека вмро веќе води Слободно прогласете го за завршено гласањето! Сега ќе излезат вакви објави на фб. Според досегашната излезност низ цела земја: Вмро 10232 Сдсм 101 Ајде соросоиди кај сте?
Овие избори се со нови изборни спискови на кои има слика од избирачите. Баш ме занима што ќе измислат сега овие што ќе изгубат за фантомски гласачи!?
Бабе, фантомските гласачи си се со "уредно" извадени лични карти, така да и нивните сурати ги има у списокот. Проблемот е што се пријавени со место на живеење на туѓа адреса и што гласаат во изборна единица (па и држава) у која #реално не живеат.
Абе мали шали , гледаш колку напната ситуација сите пијат по 4-5 кафиња на ден Се знае само за неколку населби кој би победил... На пример народот на Грујо е донесен во Аеродром и Лисиче , така да таму Вмро ќе победи, Ѓорче највероватно исто , Прилеп исто... Сдсм во Струмица , Куманово , Центар ќе тепа исто така .... За разлика од минатите избори , сега на повеќе места е 50-50 наместо 80-20 за вмро... затоа сите се под стрес , бидејќи не се знае на која страна ќе идат процентите.