1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Актуелни политички настани

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ariel, 3 август 2010.

  1. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.649
    Пол:
    Женски
    Протест најавуваат и универзитетските професори :)
    Зар и овие биле СДСМ :o :tmi: :lol:
     
  2. kate-the-great

    kate-the-great Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2010
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    1.833
    Јас кажав за тутунарите сметајќи се за компетентна личност која може да коментира на таа тема ,
    а за универзитетските професори и докторите ништо не кажав.
     
  3. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.184
    Допаѓања:
    23.866
    Не не, сериозно им фали нешто во главата на овие од Власта.

    Протестираат стоматолози, а преку улица *протестираат пациенти* кои не се задоволни од работата на стоматолозиве што протестираат :o :@

    Од друга страна пак, Министерон за Образование изјавува за Сител нормално, дека професорите што протестираат се малку, и се членови на опозициските партии :headbang: :headbang: :headbang:

    Убаво си пишав на ФБ дека живем во Бурунди, Африка.. Море ова ни таму го нема :@
     
  4. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.649
    Пол:
    Женски
    Денеска протестираа универзитетските професори. Веќе виденото сценарио се повтори. На контрапротест излегоа мала група на студенти предводени од студентскиот лидер за кој добро знаеме која партија е. Ги прашуваа стуидентите зошто протестираат, никој не знае да каже. Протестираат, а незнаат за што!

    Да ја тргнеме на страна смешноста и нелогичноста на овие контра протести, на тоа веќе навикнавме, она што мене ме изреволтира е што студентскиот лидер наместо да ги организира студентите да протестираат за мизерните услови во студентските домови, против партиските сместувања во истите, ама не, за тоа штама. Зошто?!? Уште се прашуваме, зошто тоа не оди во полза на власта.
    Жалосно што и студентите станаа инструмент на политичките партии.
     
  5. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    Навистина апсурдно,потполно се согласувам, како можеш да излезеш да протестираш а не знаеш зошто. Всушност тие знаат, ама не се добри оратори и се срамат од камерите :rofl: :rofl:
    Инаку студентскиот лидер ќе ги организира за сето погоре наведено кога/ако позицијата ќе стане опозиција!!
     
  6. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.366
    а1 затворена? што ни се случува во државава? дали стои др нешто позади ова како упадот и нападот на а1 без да кажат за инспекторите или? всушност незнам дали сакам да знам....
     
  7. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.649
    Пол:
    Женски

    Мислам дека веќе е излишно да се пишува за ова, кога и повеќе од јасно е дека основна цел на власта е замолчување на единствениот медиум кој беше критички настроен кон неа. Полека, но сигурно оваа влада ја закопа демократијата во државата.

    Но ме радува тоа што народот не молчи, се кренаа на протест тутунари, лозари, градинари, стечајци... Се крена на протест и интелегенцијата во државата. Протестираат универзитетски професори - доктори на науки, протестират лекари, стоматолози...
     
  8. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.050
    Најмногу треба да се појави на протест младината...Оваа баксузна почва останува на нив и на следни генерации...
     
  9. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    Секој си го брани својот газ.
    Но, Велија затаил 4 милиони евра.
    Така да нека си седи каде што е.
    Само да напоменам, ако се сеќавате кога беше СДСМ на власт, а1 беше против нив,сега се ВМРО, па се против нив.
    А,да.
    Медиум во Македонија кој во програма во ударен термин, САМИОТ ДИРЕКТОР кажува дека треба да има Голема Албанија??
    Па јас на бесилка би го ставила без пардон.
     
  10. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Не биле добри оратори затоа не зборувале. Арно викам дека и шуто и секакво се запиша на факултет. За срамови... А за А1 ќе кажам само дека се оствари тоа што беше зацртано. Иако тврдеа дека А1 не е мета, излезе спротивното. Ја замолчија телевизијата. Искрено не ми е гајле за Велија, ама А1 од македонските телевизии има најдобра програма.
     
    На BoaVista му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.713
    Допаѓања:
    150.524
    Цела држава протестира и некој се прави дека се е во ред.Не знам бе,како скоро два милиони мислиме дека нешто не чини,а 100тина не убедуваат во спротивното.И да сме будали,по логика на демократијата,треба да сме во право,зошто сме многу,ама приказната е поинтересна што не сме ние будали,туку тие 100тината,ем помалце,ем прави.Е мајката...чудна математика.
     
    На Phyramide, BoaVista, nesa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Крај на А1?! Без тронка иронија морам да кажам дека почуствував носталгија и огорченост. Носталгија заради сеќавањата на почетоците на А1, а огорченост заради фактот дека ова значи крај на медиумската слобода во Македонија.
    Добро, знам дека политички игри во кои се вади тешко оружје на маса се во прашање, ама сепак. Да, ниту јас не го сакам Велија и њуму сличните, ама хеј! Никаде во светот телевизиите, особено приватните, не се под закрила на некој чесен бизнисмен. Едноставно никаде. Си открил нешто илегално во врска со него? Бутни го во затвор и ај создравје! Очигледно тука е целта нешто повеќе.
    Мене искрено ми е гајле дали А1 ја води Станко, Петко, дали моментално ја финансира Митре, Петре, па и самиот Чавез нека ја води, што е до мене. Едноставно ако ми е преку глава од политички тупења, менувам програма кога гледам некоја дискусна емисија, менувам програма кога има вести. Имам избор бе и имам прсти кои со едно стиснување можат да ме лишат еве да речеме од еднострано презентирање на работите. Ама крајно сум против тоа во една држава да се заќутуваат оние кои едноставно ги прикажуваат сите негативни страни на една влада. Побогу! Ајде да се сместиме на листата на која се наоѓаат Венецуела, Северна Кореја, Кина или Куба. Одлично друштвенце!
    Каша попара во Македонија, каша попара и во Европа. Токму вчера излезе новиот медиумски закон во Унгарија со кој сите приватни медиуми ќе бидат де факто раководени и контролирани од владеачкиот Фидес. Европа се дигна на нозе, се фати за глава - и тоа за да биде иронијата уште поголема, ова се случува токму во времето кога Унгарија претседава со ЕУ. Да пукнеш од смеа!
    Не ја спомнав попусто Унгарија. Нешто ми кажува дека уште малку и мајка ни Македонија ќе доживее нешто слично. Шуќур што не сме во Европа! Уште санкции ни фалат на толку потрошени пари за потребни работи.
    И за крај А1 е можеби политички еднострана. А1 можеби не е најобјективната телевизија во Македонија. Но А1 е разновидност и пред се телевизија која ќе покаже во пракса кој е степенот на медиумската слобода поготово во една демократска држава. Сакавме да бидеме во ЕУ? Штотуку стапивме. И се може на Унгарија, ни се може и нам. Се е мрднато во светов и времињата на тоталитаризмот кои мислевме дека конечно сме ги надминале, се поприсутни од кога и да е, под маската на навидум демократски општества! Работава е шије ми ја Џура. А мене така малце ми се згади од се!
     
    На Kika30, julie77, BoaVista и 3 други им се допаѓа ова.
  13. FBI

    FBI Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    5.299
    Ќе се надоврзам на мислењето на Офспринг :^) па срамота е академски граѓанин да не знае да одговори зошто излегол на протести! За Велија и мене не ми е гајле, нека си седи во затвор и нека си ја плати казната.....симптоматично е што го “согледаа“ криминалот на Велија, откако на А1 се објави прилогот за Мијалков :!: Претходно кога им одговараше Велија “ништо не гледаа“........мижи асан да ти баам !
    Жал ми е за А1, навистина имаа квалитетна програма, не наметнуваа свои политички определби во сите емисии (за разлика од некои други телевизии) :devil: Се надевам дека ќе се најде некој начин за да се среди ситуацијава.....За срамота е, во кој век живееме ??!! Државата да ти ги блокира сметките за да го спречи твоето работење ??? ццц примитивизам, демократија на 0
     
    На BoaVista му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Fearless

    Fearless Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.344
    И јас да се изјаснам на темава за неколку актуелни политички настани...

    1.Тутунарите. Прилепскиот тутунски комбинат (ке го земам како пример, бидејќи ми е најблизок и знам што се случува), откупува по не знам колку тутун годишно, и нели е добро познато дека произведуваи цигари. Цигарите кои ги произведува, се најодвратни, Бренд, Сан Слимс, и слично, и се 0 квалитет, која нула во минус се влезени, и направени од најгрдиот тутун. Каде е другиот тутун? Тутунот што ливче по ливче е берен, нижен, пеглан? Тоа е една од најтешките работи, имам многу другари кои во 3 сабалје во лето стануваат за на тутун, и цел ден нижат додека другите акаат по базенти, одмори и слично. Епа тој макотрпно сработен тутун го продаваат во странство по којзнае колкави цени. Едно кило тутун лани се плати по 80 денари како што се сеќавам, и тоа беше премија. Една кутија цигари е 60 денари, во неа нема ни приближно кило тутун!!! Дали не е срамота, некој цело лето да црнчи а тие да си играат играчки со нив, и да гооткупуваат тутунот за смешни цени за таа работа што е вложена во него, и да заработуваат бог знае колку?? Секоја поддршка за тутунарите. Да имаше работа, ке најдеа нешто друго може да работат, но на некои за да ја поминат зимата едниствена шанса им е тутунот. Жално!! Не блокади, кога нема цела влада да ја запалат!!!

    2. Затворање на А1 телевизија. Кога прочитав и слушнав, навистина се осетив како некој да ми зема нешто мое. Која е поентата? Велија ако правел глупости, нека изгние во затвор. Овие што ја затвораат да не се подобри случајно?? А1 навистина е телевизија на народот. Вести, серии, конкретно кај нас нон стоп е а1 пуштена!!! Со кое право некој да ја затвора и телевизијата? Како може на некој да ја одземе медиумската слобода во нашава земја? Која е таа моќ? Демократија сме како што се сеќавам. Толку се паметни, не знаат друга алтернатива да направат телевизијата да си работи сеуште. Стасавме до тоа тереџе да се рамниме со најнеразвиените држави во светот. Ние не сме држава, и немаме никаков избор, освен она што ке ни го наметнат неколку идиоти кои си зазеле позиција во власта. Ај некој нека се побуни? Одма ке загине во авионска несреќа. Разочарувачки и срамота. Не знам на кој му текнало да се осамостои Македонија. Сите овци, барем ке имавме некој попаметен да не води, и да води грижа и за народот! Пу!!! :x
     
    На Phyramide и FBI им се допаѓа ова.
  15. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Еве што видов дека објавила една пријателка на фејсбук...

    Изјава за медиуми, СДСМ
    Бранко Црвенковски, претседател
    Скопје, 28.01.2011 година


    Почитувани претставници на медиумите,
    Почитувани граѓани,


    Во Македонија конечно, дури и за последните скептици се е јасно. Дилеми повеќе за никого нема. На сцена е еден недемократски, авторитарен, ненароден режим.

    Груевски и фамилијата после економската пустош и социјалната беда, после меѓународната изолација, после рушењето на сите демократски норми и стандарди што ни ги приредија, сосема свесно и крајно неодговорно ја внесуваат земјата во тешка политичка криза со несогледливи последици.

    Нивната цел е постојани поделби, меѓусебни конфронтации, тензии и судири во македонското општество. Дискредитираат, сеат омраза меѓу луѓето, прават црни списоци секој ден и во сите сфери.

    Погледнете што направија само во последниве 2 месеци.

    Ги поделија и ги конфронтираа: медиуми со медиуми, новинари со новинари, административците со тутунарите, пациентите со докторите, студентите со професорите.

    Тврдам дека никогаш во нашата историја, не само во независна Македонија или поранешна Југославија туку и под туѓи владеења Македонскиот народ не бил вака меѓу себе поделен и скаран. Тоа што не им успеа на странските поробувачи му успеа на Никола Груевски.

    Повеќе од 2 месеци не убедуваа дека во случајот „Перо Наков“ не се работи за напад на медиумите туку за борба против криминалот.

    Сакам да ве потсетам дека јас лично, во името на СДСМ јавно изјавив дека ако Велија Рамковски го прекршил законот треба да одговара.

    Се поставува прашањето: Кој и со што ги спречува да го докажат и да расчистат со наводниот криминал?

    Обвинителот и истражниот судија кои го водат случајот сами ги избраа. Обвинетите се во притвор повеќе од месец дена. Целата документација од фирмите е во нивни раце. Сведоците редовно се одѕиваат на поканите и сведочат пред судот.

    Зошто и после толку време не ја завршат истрагата и не ја покренат постапката пред судот?

    Зошто блокада на сметките на А1, на Шпиц, Време и Коха е ре?

    Почитувани граѓани,

    Груевски не е заинтересиран ниту да открива, ниту да се бори против криминал. Груевски е единствено заинтересиран да го скрие сопствениот криминал и последиците од своето погубно владеење. Груевски сака да ја снема, да ја закопа вистината. Да настане целосен мрак, целосен молк и да остане сам со своите лаги и медиумски мегафони.

    Почитувани граѓани,

    Македонија под власта на Груевски дефинитивно не е ниту слободна ниту демократска држава. Овој режим има опасни намери во однос на нашата земја. Или ќе го запреме или ќе станеме негови соучесници.

    Ние од СДСМ немаме повеќе намера да даваме легитимитет на оваа недемократска и ненародна власт.

    Од денес СДСМ нема да учествува во работата на Собранието на Република Македонија.

    Јас лично никогаш не сум подржувал бојкот на институциите. Секогаш сум верувал дека во една парламентарна демократија тоа не е вистински начин на водење на политичката битка.

    Но како што веќе претходно реков Македонија со оваа власт одамна не е демократија.

    Ете му го на Груевски парламентот таков каков што отсекогаш го посакуваше-без опозиција.

    Ете му ги Сител и Канал 5, ете му го друштвото на партиски послушници и платеници.

    СДСМ од денес оди на другата, вистинската и бидете сигурни победничката страна од барикадата -со народот и меѓу народот!!
     
    На lylaby му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Symona

    Symona Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 декември 2010
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    60
    Ех Македонијо,до каде стигна!?
    Ова е веќе видена работа,принцип Милошевич од една страна одат незадоволните,а од другата страна Слобо ги пушта партиските војници да штрајкуваат. :rofl: Смешно стана веќе ова,и уште има поединци кој се дрзнуваат да речет дека никогаш не било подобро, дека сега е нај убаво. Да јас ги рабирам нив неспособни за ништо,не квалификувани не образовани персони,на кој единствената надеж им е партиското вработување.
    Но тоа тие Македонија,ама ајде нема уште догло да трае ке заврши ова брзо!
    Беше СДСМ на власт не сакав да ги видам, гласав за ВМРО-ДПМНЕ сега од преродбенициве се плашам во сонот и се будам.
    Но едно да сватите народецов е мирен додека е мирен,се додека парчето лепче му е врака ке ќути,но сега некој сака и тоа да му го земе,но мислам дека нема да успее, тлее жарта и набрзо ке се разгори.
    Е тогаш да ги видам кај ке одат партиските војничиња, и адмистрацијата ни неспособна
     
    На julie77 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.852
    Пол:
    Женски
    Офи, ај што го подржуваш Црвенковски, ама немој да ми кажеш само дека ова е дел од неговото алтруистичко положение кон граѓаните на Р. Македонија |( Беше, се наполни, замина, сега нема што да се враќа назад и што да се труди да не увери дека со него ќе биде ОК. Вака не чини, факт, ама што после? Каде после? Ни едните ни другите не направија мед и млеко да тече по улица, така да, џабе мене ми се сите негови говори последниве два месеци :!:
    И да бе, кај беше Велија да плука и да каже дека во државата не оди па не оди пред Бранче негов да застане пак на чело на партијата? Никаде! Го кажуваше само она што беше реално, она што требаше да го има на вести, она што се случуваше, арно или лошо небитно. Бранко два-три месеци е на самопрогласена предизборна кампања, Велија му понуди подршка скапо платена, додека пред година дена ветуваше заедно со Груевски дека Македонија ќе стане Мека и Медина на инвестиции, Бора-Бора за туризам, Шведска за млеко и добри крави :fubar: Објективност пред се, а не партиска поделба и подршка, молам! Вака или онака, сами сме криви, на гласање веќе никогаш нема да излезам, ама се прашувам што ќе добијат оние што ќе излезат :^) Уствари, има да им пишам чавка на сите наредни избори, директ, на ливчето, еве вакво смајли :swear:
     
  18. dan1

    dan1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    112
    Допаѓања:
    32
    На избори одиш бидејќи имаш право на глас и имаш право на избор ако седиш дома ама баш ништо нема да направиш,ама бидејќи македонскиот народ е таков - си седи дома и си ќути затоа ни се случува ова што ни се случува сите ќе не прават будали па може во иднина ни државата ни ние како македонци да не постоиме. Ако имаш свој став застани и бори се за него и почитувај ги мислењата на другите сепак живееме во демократија :!: :)
     
  19. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Не го поддржувам него, незнам зошто ме боите во сина боја ( :lol: ) само ете текстот го видов кај пријателката, кликнав и прочитав на страната па решив да го ставам овде :) Но како и да е Кате, го ставив ова затоа што ВМРО успејаа и во тоа, успеваат и во се друго што ќе намерат. Најтрагичното е што немаат право да се однесуваат така, но затоа ја имаат моќта и никој нема да писне.

    Во врска со изборите, јас ќе излезам на гласање. Минатиот пат излегов, со полни 18 и некој месец ама ме немаше во избирачкиот список незнам по која логика и зошто. Ќе излезам од проста причина што несакам мојот глас да отиде таму каде што на некој друг ќе му одговара. Фино - лепо ќе го поништам ливчето или пак ќе гласам доколку имам убава опција. Значи луѓе, никако и во никој случај да не седите дома за избори. Некој може да го злоупотреби вашиот глас каконего му одговара. Барем појавете се и ако треба поништете го листот. :)
     
  20. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.622
    Допаѓања:
    9.762

    А за кој став бе дан1? за кого да излезам да гласам....да бирам помало од две зла?
    вака онака, имаме дуален систем, или едниот или другиот, а сами се увервиме дека ни двете страни не ни мислат добро. И што ако излезам на избори.....ма какви се тие избори коа ни немаме избор. Без разлика кој е на чело, иста е ситуација, се менуваат имињата, а ние стоиме во место, дали бил Црвенковски или Груевски ние тонеме секако.
    И како да гласам пак, да гласам пак за бц и да се правам будала дека пред неколку години ружи ни цветаа и сакам пак така, или да гласам за грујо и да се молам на бога дека ќе биде подобро.....

    п.д нашава демократија е само формалност, колку да се рече дека и ние сме имале демократија....ама ајде да те видам осуди се да ја спроведеш, одма ќе бидеш етикетиран и ќе ти се менува кариера на 4 годни (колку што им траат мандатите на партииве)
     
    На TennisBabe му/ѝ се допаѓа ова.