Прееска во Тинекс сите на каса со семки, сончоглед, бадеми, грицки вакви и онакви, а јас со средства за чистење. Сега ќе грицкам нокти
Повеќето се изолирани случаеви каде што се обиди за нерегуларности. За тоа со пунење кутии и мртвите што гласале во Сарај највероватно никој ништо нема да каже или пак да направи нешто оти му одговара тоа дебело на некој.
Јас мислам дек пак ќе тепаат ВМРО,ама ајде ќе видиме. Прво свесни ли сте колку народ е запослен партиски,и колку од нив можат да останат без работа,со оглед на тоа дека се плашат.
И Гостивар исто... се е прво на албански па на Македонски. И овие 10 години уште толку побетер. Па секако се надеваме на подобро за сите. Ете мнозинство се, нека зборат како сакаат, ама лично не верувам во теоријата дека ние ќе мораме да знаеме албански. Кога во гостиварско етничко албанско Чегране изгуби дуи од сдсм..што повеќе да се каже. Луѓето сакаат промени. Заев кажа, тие не бараат од мене двојазичност, сакаат само работа да наранат фамилија и деца како сите нас. И кога во Арачиново освои мнозинство гласови пред дуи, а таму на митинг вееја Македонски знамиња и кажа нема федерализација што поише да се каже?
Ако е за сонување, една работа е 100% сигурно. Грујо и ВМРО можат да сонуваат 62 пратеника. Ете ти огромна победа во старт! Режим што корумпирал се' што е можно 10 години зар мислите на 1 избори тек така ќе изгуби со голема разлика? Тивка вода брег рони. Во 2015 почна процес кој нема шанси да запре и води само во еден правец: слободна Македонија!
Вмро е во блага предност од 5%...дали ќе има пресврт или не...дознајте после 2 саати! И кога пишувате вие КАЈ НАС се слави...или НИЕ водиме.....луѓе, кои сте вие? и каде се слави? бидете попрецизни...да знам дали да лајкувам
Партија Гласови Процент** 1. ВМРО-ДПМНЕ и др. 113.872 41,27% 2. ДПА 6.380 3,28% 3. ДУИ 18.581 6,73% 4. СДСМ и др. 100.176 36,31% 5. КПП - Трет блок 2.108 0,76% 6. ПДП 217 0,56% 7. Алијанса за Албанците 7.529 5,02% 8. ЛП 870 0,37% 9. ВМРО за Македонија 5.182 1,88% 10. БЕСА 10.691 7,13% 11. ЛЕВИЦА 2.002 0,84% од ДИК