Џули од кај си ти сигурна дека тоа е дедо му ? А Ефтов што е ? И ако гледате од видеово, од кај ги знае Ефтов сите информации, човеков 4 збора кажува, овој "колку што ве разбрав" и цела приказна. Греота е што на ваков низок и гнасен начин сакаат да го оцрнат. И да има потекло од таму не е за поздрав што се бори за Македонија и и го сака најдоброто, па тука живее тој, не во Бугарија . Плус од кај сте сто посто сигурни дека тој има врска со Грујо, да не не постоел некој друг со такво име и презиме што нема врска со него ? Нека не ми зборува тој мене за патриотизам, кога пошол до тука само да ни бистри ум , од кај знае тој толку за грчката историја ? Сирот човек, во тесно, 10 реченици не кажа, овој го напна и уште самиот си зборува. Гревови.
ОДВОЈТЕ 2 МИНУТИ И ПОГЛЕДНЕ ТЕ ГО ВИДЕОВО - СВЕ ЌЕ ВИ БИДЕ ЈАСНО, БИДЕЈЌИ СЛИКИТЕ НА НЕГО ВРЕДАТ ПОВЕЌЕ ОД МИЛИОН ЗБОРОВИ... http://www.youtube.com/watch?v=NvN1057q ... re=related
Лукс ќе ти дојде памет, кога и ти самата ќе треба да даваш пари од свој џеб, зашто некојси решил циркуз да прави, тогаш дали ќе викаш се бори за Македонија и и го сака најдоброто, јас не мислам лошо за тебе или за кој било приврзаник на власта, всушност го сакам најдоброто за сите нас, не само за поединци кои се богатат со наши пари.
за цитираново, јас незнам кои бугари вршеле регрутација среде Егејска Македонија? ајде Пиринска ама Егејска, згора на тоа убаво кажа тој се викал Никос Грујос уште тогаш во Егејска што значи бил грк кој живеел таму како што сега живеаат со нас срби и дргуи националности. дај боже да грешиме но многу има аргуметни кои потврдуваат а и неколкуте градби со грчки стил.
Дали јас убаво прочитав или ми се привидува?!! Ми иде шамар да си мавнам што воопшто се обидувам да докажам нешто ,кога очигледно мозоците ви се испрани со најквалитетен прашок. Се борел он за Македонија...Аха,и гаќите во борбата ги изгуби.Стварно му е тешко,ама ете ќе се мучи он за Македонија.За тоа се напнува да ја добие власта,за да продолжи да се бори за Македонија! Бранко да не му ја уништи борбата,ако дојде на власт. Или да не му ја земе моќта ,власта и парите што идат со се функцијата.
И милки мислиш сега се не убеди, Е БАШ СЕГА СЕ НИ Е ЈАСНО. ОВИЕ ВИДЕАВА, МЕНЕ НИШТО НЕ МИ ДОКАЖУВААТ, ОВИЕ СЕ ПРАВЕНИ ОД ЉУБОМОРНИ ПОТТРЧКОВЦИ НА СДСМ СО ГАРАНТ! И повеќе нема што да бистрам овде, утре СЕ ЌЕ БИДЕ ЈАСНО .
Гад дем како да е најважно чиј дедо во која битка се борел, ! И што со ДНК ќе бараме директни потомци на Античките Македонци кои се бореле кај Ис или дали се дел од ослепената Самуилова војска или биле на Сремски ли, на Неретва - и тоа е доказ некаков за тековна определба или способност?! Ај да се фокусираме на тековнава ситуација и (не)способностиве на актуелниве внуци на борбените дедовци кои треба да ја кројат иднината на нашите деца утре! Ма ако сака и директен потомок на Квислинг нека е некој нека има концепт да ја води земјава во права насока!
Згора на тоа, КАНАЛ 5 вчера работеше со прекини уште пред Васко Ефтов емисијата. Знам бидејќи пуштив да видам Миленко што им да треска, пошто Велинова му беше на гости и се прекина, воопшто не ја дадоа емисијата, почнаа да дрдорат, таа да го фали и ги сецнаа. Во исто време и КАНАЛ 5 плус не ги даваа. И си пишуваа дека си имаат проблеми. Дури се зафркавав да не разбрале од канал 5 дека ќе тепа СДСМ па сега да се оградат од Миленко ц ц ц
Милки а бе многу е јасно кое е нивото на СДСМ, а кое е или ако воопшто го има ВМРО ... и какви луѓе поддржуваат едните, а какви другите ... Тоа не се споредува. Ама има толку кратки со памет што тоа изгледа не сакаат да го признаат.
Aбе луѓе врло битно кој какво потекло имал ццц, Спојлер и влакненцата на јајцата ќе им ги броиме ли се шалам! Aјде добра ноќ. идам јас да спијам избори се ближат избори се ближат, многу г*зови утре ќе се лижат
А бре девојче или кажи еднаш нешто паметно или бегај од темава, ја сведуваш на најниско можно ниво...
Мајка ми е србинка, од оние од Србија, јас студирав во Бугарија... прогонете ме од државата јас сум издајник!!! Не знам што повеќе бугарофил или србоман.. ма све, ако се копа според мојот темен тен, може и до Грција ќе се стаса , згора на се од калкулациите за која партија ќе гласате ми испаднаа рекорден над 60 отсто за ДПА.. вечи предавник од ја нема. Би да ве спасам од себе, ама грев е самоутепанието ццц едит: видеово специјално за намената го монтирале СДСМ, не знам у Бардовци или Демир Хисар што не пошле да прават интервју
Па видете ... стандардна рутина. И на Обама му ги анализираа корените на потеклото негово ... претседателот на најмоќната нали држава во светот. Така да, што дигате носињата кога се работи за премиерчето на едно мало државиче. Стандардна процедура де :geek:
МШкорпија нели се договоривме дека ќе се придржуваш кон предизборниот молк,што сеа? http://www.youtube.com/watch?v=ijSd6QSY ... re=related
Само апла е што најголемите сдсмовци кај мене на фејс ставаат статуси тоа со фудбалскиот натпревар, ЈАДНИ СЕ, гледаат со секој можен АКТУЕЛЕН НАСТАН КАЈ НАС да ИЗВЛЕЧАТ НЕШТО И да му дадат политички карактер, а сигурна сум Никола ко ќе чита (ако го чита) ќе се чуди од каде и што е тоа, а тие таму долу го плукаат човекот за џабе. ЈАСНО Е ДЕКА СЕ САКА НА СЕКАКОВ МОЖЕН НАЧИН вклучувајќи И ВАКВИ ПРИКАЗНИ ПО ИНТЕРНЕТ, НЕЛИ ДЕКА Е МОЛК, па не се моќни на поинаков начин да зборуваат, па сега ќе го мешаме и Тоше и спортски химни и од една утакмица ќе правиме политичка приказна. Греота, јадно и срамно е ова.. Не ги можам, не . Жално е што секаде се меша политиката, епа нека се жали некој сега дека не така да видам, самите ние ја мешаме, тие што ја мешаат после се жалат дека секаде ја имало. И немојте оф-топици. Ја завршив за вечерва, доста дебатирав овде, утре ќе правиме муабет .
Ти си целата сведена најниско можно ниво, комплетно цела...Ти си последната што е кадарна да дискутира за политика со мене...Терај работа и не ме цитирај во иднина...
Е, озбилно што се случи со химната пошто јас не гледав фудбал. Вистина ја даваа таа на Самарџиев или? Ја смениле ли што?
хаха бабава ме изнасмеа НА ШЕЌЕРИНСКА ШЕЌЕРОТ ДА И СЕ КАЧИ Инаку во врска со спомениците што спомна Offspring сосема се согласувам, никаков профит нема да добиеме од нив, а се заглавивме до гуша со кредитот од ммф,и моите правнуци (здравје боже ако некад ги имам) ќе треба да го враќаат кредитот! Ако толку сакаше да стави нешто во Скопјево наше можеше 1 споменик а не цел куп, да се сопињаме на плоштад од нив ! И искрено не верувам дека утре ке победи СДСМ, реално народов си е глуп, се лаже со по 500 денари пред изборната вечер што како демек "тајно" ќе им бидат дадени, несвесни дека си ги продаваат следните 4 години, и нормално ќе си гласаат пак за нив! И нека не ме убедува никој дека не е така, имам чичко што е ептен ептен вмровец, и сам кажа дека на ромите на претходните избори им дале по 500 ден и 1 вреќа брашно, и со тоа ги условиле да глсаат за нив! Ако претходните 4 си бил гладен, бос, што ќе ти завршат тие 500 ден а?
Вистинскиот патриот мудро си молчи и делува, а лажниот патриот се удира во гради и само повторува на глас дека е наводно патриот. Јасно ли ви е? :geek: