Актуелни политички настани

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ariel, 3 август 2010.

  1. milky-candy

    milky-candy Нов член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    715
    Заборавив да додадам дека најважниот дел од последниов клип што го ставив е скрос на крај, каде што Бранко изјавува нешто...
     
  2. SunFlower94

    SunFlower94 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2010
    Пораки:
    433
    Допаѓања:
    362
    Најискрено се надевам дека утре ќе падне владава, зошто тешко нас, сепак ние ќе ги плаќаме грешките! :x :tmi: Поздрав, се читаме утре :)
     
  3. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Сеа се вратив од натпреварот и само да кажам:
    1. Освен химната, песната на Тоше свиреше потоа уште една негова песна и потоа песни од други изведувачи, а не песната на Ристо.
    2. Тоше беше на видео бим постојано кога не беше резултатот и пораката за гостите се менуваа постојано тие две.
    3. Натпреварот беше лудница во вистинската смисла на зборот, иако изгубивме 0:2 Ирците се фантастични, многу пријателски настроени во голем број (неочекувано) и фер навивачи како да бевме едно цело заедно, а не 2 различни групи.
     
    На MSkorpionka му/ѝ се допаѓа ова.
  4. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.919
    Допаѓања:
    674
    а како овие од владата се сигурни дека ромите ќе гласаат, нели е тајно гласање,може да заокржи кого сака,што значи или имаат обезбедно некаква опрема за контрола или нема никој да гласа за нив, трето нема.
     
  5. DivineChaos

    DivineChaos Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2010
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    60
    Девојко јадни се тие што ја сменија химната 5 до 12 зошто не била пастороугодна .
    Химната си беше промовирана од Сител у очи на избори и тоа сменија со песна која нит народот ја избрал нит беше добра. Али нели кои сме ние селаните да збориме против , the master in the castle know best duuuuh.... bow down to the master ...
    Патем не ти личи малце ем малолетна ем модераторка да водиш политички кампањи по форумов?
    И да ја браниш партијата која веќе си го покажа правото лице?
     
    На Offspring му/ѝ се допаѓа ова.
  6. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674
    Е ај сега ако е модератор нека не ги искажува своите ставови.
    Ако е малолетна , не е малоумна.

    Па и ако е политички определена, незнам дали е, има право на тоа - па нели сите партии си имаат Унија на млади сили.

    Ако грешам , линчувај ме.
     
    На zhap4e и Lux им се допаѓа ова.
  7. DivineChaos

    DivineChaos Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2010
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    60
    OMG...
    Tебе дете некој треба да те исплеска убаво и да те седне да те едуцира за економија.
    А МОРИ ТИ ЗДРАВА ЛИ СИ СО УМОТ ?
    А БЕ ТИ ЗНАЕШ ДЕКА ДУШАТА НА ВНУЦИТЕ ТРЕБА ДА ЈА ЗАЛОЖИМЕ КАЈ ЃАОЛО ЗА ТИЕ ЛАЈНА ДА ГИ ПРАВАТ што сакаат/
    А бе тоа е мисија невозможна од економска перспектива, има целата ликвидност да ја исцедат.
    ДА не зборувам дека ИМАААААА 5 ГОДИНИ власт да ја средат ситуацијата.
    Успеаа да ја оплескаат толку лошо што стариов мој после 10 години бојкот и негласање заедно со се мене ( прв пат гласам испуштив 2 изборни циклуси) реши да гласа.
    А МОРИ МОЗОК ТИ ИМАШ У ТОА ГЛАВАТА ИЛИ НЕ?
     
    На Offspring му/ѝ се допаѓа ова.
  8. DivineChaos

    DivineChaos Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2010
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    60
    Модераторите имаат право на став да. Ама аргументиран став а не диктиран директно од штаб. Не бери гајле покажувам почит спрема тие што имаат свои сопствени мисли макар и да биле за вмро шо најискрено ги мрзам. Ама не према таквите како не неа кои се обидуваат да го имитираат Влатко Ѓорчев
     
    На milky-candy и Offspring им се допаѓа ова.
  9. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Се чувствувам одговорна да ти одговорам иако реков дека вечерва повеќе не пишувам.
    1. Ако сум модератор не значи дека не смеам да пишувам по темите и да изнесувам ЛИЧЕН СТАВ, тоа право го имаме сите.
    2.Друго, не бранам никого нити претставувам, всушност не водам никаква кампања, ова треба да значи дека сите што пишуваат во подфорумов водат политички кампањи ? - Епа грешиш, немам ни таква цел, немам ни потреба, а богами ни корист од таа работа.
    И не може мене некој да ми кажува дали ми личи или не, добро си знам мене што ми личи и без некој да ми каже.
    3.Форумов е за искажување на свои лични ставови и мислења, не проповедање и исправување криви дрини само ако не ти се допаѓа некој пост или имаш сосема спротивно мислење од другото.
    И не треба од секоја тема и во секоја тема да се спомнува политиката, нели затоа е оваа категорија и баш некој нашол да ми реплицира со мислења што се 90% за политика .
     
  10. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674
    Економија е наука која се учи покасно во животот.
    Се прашувам како некој може да стигне до тој период во животот, а притоа да ја нема основната едукација од Граѓанска култура ( која иако официјално се учи во 7-8 одд., основни познавања децата ги стекнуваат уште во 2 одд. - запознавање на околината) :x
     
    На Plavusa.17 и zhap4e им се допаѓа ова.
  11. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    :D Со ваков речник може само во емисија кај Ефтов да појдеш .
    Дојди провери дали имам мозок, немам мозок, орев имам. :geek:
    И ќе те замолам да пишуваш малку посредено и без навреди.
    Каква мисија, дефинитивно со дискусијата јас овде завршувам, нема што да се дискутира повеќе, кој губи има право да се лути, па сега нема друга опција и ќе навредуваме и напаѓаме.
    :hai:
     
  12. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.011
    Од кај си ти толку сигурна кој ќе изгуби, па да прогнозираш дека кој губи има право да се лути? Ај почекај до утре и не трчај, чунким велат Брзата кучка слепи ги раѓа. :)
     
    На BoaVista и DivineChaos им се допаѓа ова.
  13. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    4.590
    Допаѓања:
    11.170
    Пол:
    Женски
    Џули ај ќе те молам да престанеш да го вреѓаш народот...Поддржувачите на СДСМ се сите интелектуалци,паметни и му нема рамен,а поддржувачите на вмро се прости и глупи...
    Ај сега задоволна си?
    Бог да чува и да бране.
     
    На TheKiketoo, zhap4e и beached им се допаѓа ова.
  14. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Па според тоа што го кажуваа анкетите, според разочараноста на народот и досегашната ситуација што ја пратам по ТВ, а и довербата на луѓето плус несигурноста на Бранко доволен доказ ми се.
    Не сум сигурна дека вмро ќе победи, впрочем утре ќе видиме тоа кој ќе биде на власт, ама според вашата жестока дискусија и напаѓачки став читајќи ја несигурноста меѓу редови, плус некој што се зачленил како Дајвин само политички теми да отвара и да пишува само за тоа јасно ми е што сака да пропагира.
    Се гледа тука здружената верна чета на БЦ што пропагира и сака да смени ситуација со делење на лајкчиња за поддршка дури и на оф-топик, битно да се оцрни противникот бе, тоа е нивното мото.
    Штета пак ќе кажам овде што Политика вечерва барем не се заклучи, да не се водат баш вакви дискусии.
    ОВА ЌЕ ГО КАЖАМ, и да чита некој, не може на некому ЛИЧНИОТ СТАВ ЗА СВОЈОТ ГЛАС, да му се смени со само читање на една тема или на неколку поста од анонимни ликови или за еден ден.
    Така да, може секој што сака да напише, друго е што вика и што прави, друго е што чувствува, а трето што ќе заокружи таму.
    Така да, последен пост за вечерва ми е ова, а утре се надевам дека ќе има фер, демократски и безбедни избори.
     
    На TheKiketoo, Plavusa.17, zhap4e и 3 други им се допаѓа ова.
  15. maca-23

    maca-23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    238
    Допаѓања:
    179
    децата твои нема да се хранат од лавови и споменици и зошто да не најдам јас да пишувам? што ти да не си нешто попаметна? и прошетај малку во др. градови во македонија да видиш по што шетаат децата. Споменици изградени од парите на осиромашен народ не се добродојдени.
     
  16. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.912
    Допаѓања:
    31.672
    Пол:
    Женски
    Баге најискрено никој не ги вреѓа сите вмровци. Еве на пример јас имам многу пријатели сдсмовци и многу вмровци со кои многу убаво живеам и кои навистина вредат(а верувам дека има уште многу такви нели) и верувај дека ако се смени власта не би сакала вмровците кои се способни и ги заслужуваат работните места да летаат од работа, како што тоа се случуваше со сдсмовците во претходните години.
    Проблемот што народот на некој начин ги ,,навредува,, членовите на ВМРо е поради тоа што некои од нив штом дојдат на власт аздисаат, па се прават локални шерифи, па се изживуваат врз луѓе, се тепаат ако некој криво ги погледне. Е поради таквите, кои повеќе лошо и прават на партијата отколку добро, народот има впечаток дека сите се такви, што секако не е така. Еве на пример за мојот град ќе си кажам. Значи така беше и од 1998-2002, така и сега. Абе некои членови на ВМРО претераа, ама стварно претераа. Одат по кафичи и кафеани, на крај не сакаат сметките да си ги платат, а ако нешто им се каже, ја демолираат кафеаната. Вработени како сообраќајци се изживуваат врз луѓето, ко да власт никад не виделе. Вмро најмногу заради тоа изгуби во 2002 во мојот град, а верувам дека и сега ќе изгуби баш ради истите причини. Никој не вика дека и во СДСМ нема такви, ама барем кај нас од она што јас сум видела, поумерени се, и не прават некои такви скандали.
     
    На SunFlower94 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. beached

    beached Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.697
    Во СДСМ сите се фини,паметни,интелектуалци.Секој нивни чекор е правилен,со нив државата ќе ни цути. Додека...додека во ВМРО има само исклучоци кои вредат , инаку се тапа.
    Колку прекрасно,што е со народот кој му ја носи победата на ВМРО ?
     
  18. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.159
    Колку за информација, химната не е сменета, и сигурна сум дека нема да се смени. На натпреварот вечерва се пуштаа само песни од Тоше (меѓу кои и секако Македонија навива за вас) и од Елена и Ламбе ја пуштија еднаш - Победа за нас!
     
    На Plavusa.17 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. velesanka

    velesanka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    2.647
    Допаѓања:
    2.475
    страшна работа :x
    јас сепак не сум толку навлезена во политиката и многу многу не се замарам
    ама една од поголемите глупости кои ги направи оваа влада беше законот за извршители
    срекна сум заради тоа што не сум имала директен контакт со нив (се надевам и никогаш нема да имам) ама убаво го знам нивното наплатување.. дури и онаму каде што не смеат.. блокираат сметки на социјални луѓе да не можат да ги подигнат дури 2000 денари, блокираат сметки на луѓе кои ги издржуваат :x :x јас мислам дека се може да им се прости, сите глупости, ама овоа со извршителиве е страшно.
    најтрагично е тоа што немаат некоја утврдена такса, туку кој колку сака си наплатува.. дури и извршеното наплатување кошта повеке од самиот долг :fubar:
     
  20. Blanca

    Blanca Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    725
    Допаѓања:
    505
    Ц ц ц до кај стигнала дискусијата (каде е смајлито што се крсти?)
    Така е кога тинејџери кои и немаат право на глас водат политика, всушност таква беше и целата оваа влада, полна со деца...Јас кога бев малолетна ме интересираа други, многу поубави работи. Но, вашите родители се криви за тоа, тие ве затруле....
    Уште само едно нешто ќе кажам. На мене некој да ми прети, да ме уценува и да ми врши притисок - за инает нема да гласам за него. Затоа што на тој начин го газам своето ЈАС, моето право на избор, моето образование и сето она на што животот ме научил.
    Јадна е нашата Македонија со ваква младина и со луѓе што ја подржуваат моменталната политика :puke:
     
    На Dushica-sk, Miss-Independent, velesanka и 3 други им се допаѓа ова.