Доста беше за вечерва, си легнувам јас неможам да издржам веќе. Се надевам дека кога ќе се разбудам утре, ќе се разбудам во подобро утро. Добра ви ноќ.
I shto e najtragichno, drzhavava pliva vo dolgovi. I koga ke se smeni vlasta, site dolgovi i pripagjaat nea. Pa pak novata vlast nema da im chini
Бреjкинг вести, знаете ли дека Скопje моментално е наjзагаден град во Европа? Петнаесет пати над максимално дозволената граница? Е тоа е тоа што ке ни пресуди, а не тоа коj победил
Пред да бидеме патриоти и да зборуваме за тоа дека едниве би не продале, треба да бидеме ЛУЃЕ и да се свестиме дека човечност нема во моменталната власт. Не знам исправете ме ако грешам. На крај краева пак ќе речам имаше и трета опција (опции).
Двојазичноста ја направи сдсм во 2001, а сега сака да ја дотурка до крај. Ви се молам. За нив нема место ни во пеколот. Вемеро и тајфа ке си го види идризово за злосторствата и предавствата како Вејце во 2001. Веке голема бев и паметам а уште ме боли. Срање се, ама немаме 3 стабилна опција. Жал ми е што се изразувам ко уличарка, ама повеке ми е жал што народов ми пати и згора на се се расправа за криминалци од двете страни. ДОСТА Е. Ке направам бг пасши на сите и кој последен ке заминува нека ја исклучи сијалицата. Него да ги прашаме кинезиве пошто сме 1300000 да не земат. Во бројка сме колку еден нивни кварт, а по загаденосет сме тука некаде. Е сеа се друго што е подобро кај нив, а ние по мрзеливи, се надевам ке ни дадат по некое фотељче.
Од што е многу убаво овде е толку актуелна темата за Бугарски пасоши. Толку многу луѓе се иселија од овде за време на владеење на дотичните, што ова веќе личи на евакуација на населението, не на миграција. Не знам кој бега од што му е убаво.
Јас се те разбирам, сите ние вмровци во душата едноставно, знаеме дека се не било совршено ама на ЗЗ не му веруваме ... аооо па, ЗЗ не поткупува и не уценува ??? Дај те молам Или сте мн млади или сте заборавиле едно од двете е. ЗЗ ваква валкана кампања како на ЗЗ е само во туѓ интерес и што е најчудно тој само се радува и денес едно утре друго и тоа во јавност, не под маса хахха Луѓе заминуваа и ќе заминуваат, порано не одеа мн зш границите беа затворени, тоа Грујо не го истера народот и нема волшебно стапче се да среди така експедитивно во земја во која има мн за средување. А бога ми не направи ни малку до сега.
Стабилна не стабилна трета опција нешто ново , некоа промена вреди да се проба и да се види. Ако не пробаме од кај ќе знаеме како би било. Тоа е тоа те подржавам во се што кажа друго.
Заев ако е лудак, тогаш за Никола кој збор да се употреби? Ајмо на спиење, нема резултати вечерва...И да не победи сдсм ( а големи се шансите да има еден плус пратеник), сепак вмро ИЗГУБИ и НЕМА ШАНСИ, по ниедна логика, да формира влада Фала, чао пријатно
А ти не знаеш дека гвујо е демон и така го нарекуват? Убави сништа мила. Јас неможам да заспијам зш уште сум невозна дека ги подгорев макароните и ми смрди станов, а ги правев по рецепт и тоа и рецептот го пастирав во тема за макарони, да се праам домакинка да ме пофалите, ама слабо. Бруки живи.
@Mariangel знаеш колку те почитувам, но кога тие што заминале се најголеми душебрижници ми е ту мач. Еве реално кажи, земавте ли бугарски пасоши? Тргнавте ли во подобар живот? Епа како може сега вие кои си ја продадовте националноста за егзистенција да им судите на оние кои тука се борат за својата егзистенција со многу помал влог од вашиот?
Nemam jas bg pasosh ama ne e tema toa, si zaminav da i objasniv i zoshto. Ne sudam jas na nikogo, smetam deka imam pravo da spodelam svoe mislenje. Kazhav i pogore, sekogash ke ima razlichni razmisluvanja. Ako dojde den, da se upravi mojata drzhava ne znaesh so kolkavo zadovolstvo bi se vratila.. Bash poradi toa shto trgnavme vo podobar zhivot mnogu kazhuva kakov e zhivotot tamu. Mene tu mach mi e prepagjanje kako e super vlasta, a znaeme shto se se sluchuva izminative godini.
Уште еден пораз во низа десетти по ред на СДСМ. Тоа се брои, тоа останува, тоа е битното, тоа е ќеифот. Колку и да се понашаат славенички, победнички, возвишено, сдсмовците знаат во себе и умешно кријат дека боли што ДПМНЕ им тури уште една табланетска рецка. Сега се знае и кој е нивниот плафон на гласачко тело и од тоа нема повеќе во случај на нови избори. Интересно ќе биде и масата од 40-тина иљади албански гласови кога ќе си дојде по своето, па ќе видиме со каква агенда сдс ќе настапува како опозиција. Интересно е и дали Заев ќе поднесе оставка како што најави доколку изгуби. А најинтересно ќе е тоа што сдсмовците ќе си ја продолжат традицијата на опозиционерско пењавење и пљампање по форуми и социјални мрежи. Мераци.
Ќе биде интересно да се види како ќе изигра Заев. Доколку има можност за повторно гласање мора да ја искористи. После овие резултати на многу луѓе стравот ги напушти и сигурно на евентуалното прегласување лесно ќе го победи противникот. Вистина е дека досега немало прегласување во РМ, но и факт е дека резултатите никогаш не биле толку тесни.
Да била супер власта немаше денес да добијат шамар. Да мислиме дека од утре ќе биде лето е нон сенс. Да верувам дека оние кои одат на митинзи под присила се поголеми предавници од оние кои примија туѓа националност за своја, не можам. И уште нешто. Јас не ги осудувам оние кои земаа б.пасоши. И во темата се имам изјаснето. Кој како ќе стави леб на маса, сам си одлучува. Но не ги судам ни оние кои одат по митинзи, нивна работа. едит: политичките аналитичари велат - мириса на нови избори
Јас мислам дека нема прегласување, Груевски може да не формира влада само ако Албанците побараат нешто што тој нема намера да го даде, во разумни гранци се. Само тогаш ЗЗ настапува на сцена инаку, не.
Феминки налет се денес и да победат едните и да победат другите пак од лошо полошо ке биде. Него што мислите овој пат кога народот ке се презасити и од двете, што на наредни избори? Кој? Ке има ли народ во земјава што би се рекло “ има ли во авионот пилот?“ Ако победи вемеро сега народ ке се фрустрира, ако победи сорос албанците нема да го добијат ветеното ке има побуни, а што за 4 или 2 год? Или до тогашке немаме дршава или ке бидеме бетер од Украина. Трето нема, ако нема трета цврста опција. Свесни сте нели? Дајте луѓе да промениме закони. Отворив и тема за таа намена иако почнам од помалите, ама гледам не ве интересира. Луѓе со мин плата од 12000 не се живее. Ако сорос дојде ке летаат мнгу од работа, а заете што значи тоа? Пак немири, бутови и на крај најлошото. Не знам што точно ке се случи, ама ке почекам до локални да видам како ке се одвива животот овде, ако не палам патиките, бричам главата и преминувам во Хари Кришна. Озбилно.
По бројот на гласови победи ВМРО (со мизерни 15-20 илјади гласови што не значат ништо) но по бројот на пратеници се чини победи СДСМ за +1 пратеник. Life can be ironic. Затоа двете партии славеа победа, со таа разлика што реалниот победник е СДСМ. Не реалниот, туку де факто победникот да не се лажеме без разлика за која опција гласавме, а еве мене лично мило ми е што гласав за Македонија да вози во 4-та брзина пошто со дпмне заглавивме во кец, море во лер сме. Наспијте се па утре ќе ја формираме владата овде во темава.