Од бихачка имавме извор кој тврдеше дека Заев е победник и дека Груевски излезе со лага неофицијално да кажи дека е победник, славевме до 5 ч после се промени сето не даваа одговор нешто се случуваше таму и веќе не добивме никаков одговор, кој ја зел власта во свои раце ќе се знае веќе од утрово, власта е медиум они се што сакаа тоа ќе изјават на тв, но ако се вмро пак се знае дека ќе се нефер начин .. Само ај како и да е да сме живи и здрави, Сношти меѓу дуи и дпа имаше убиство на тв не кажаа , многу е матна ситуацијата само народов како ќе си нареди така ќе си срка....
Официјално мислам уште не се знае и не е кажано ама не ми се верува да се сменат резултатите во последен момент.
Ајде пак. Зошто бе да коалицираат пред избори ако не сакаат? Имаат своја програма, свои предлози кои се поинакви од тие на СДС. Зошто да ја жртвуваат таа програма за Заев да се рекламира на телевизија? Тоа не беше кампања на коалиција, туку беше лична кампања на Заев. Жените во неговата фамилија, каде бил роден, како пораснал. Левица си има своја програма и во предизборието се претставија одлично. Видовме како се различни. Многу луѓе се согласуваат со нив и во иднина можат само да растат. Тие не ви зедоа гласови. Напротив - ним им беа неправедно одземени гласови поради ваквите глупи коментари. Секој гласа за кого сака. Штом не е поткупено и под присила - кој е проблемот бре тука? Зарем не гледате дека овие убедувања - гласајте само и исклучиво за нас зашто ако не гласате тогаш другиве *вменти овде закана* - се потполно исти со тоа што го прави ВМРО?
Се само Левица не ја дирајте. Се покажа народот уште еднаш дека не сака промени, епа трпите си уште едно 10 години, и тогаш дури 2јца без 3јца ќе водите држава заедно со Грујчето и екипата и ќе бидете најаки.
^^ Место да се чудите како пак народот гласал за криминалциве и како имаа пак толку многу гласови после се и по нив да плукате ви сте се закачиле за малите партии . Па од некаден сакаа да почнат во иднина пак ќе речат вие од СДСМ беа не ги гласаме .Вака барем си се самостојни. А што е до ВМРОВЦИ честито победа официјално е и чао пријатно останете ми со здеавје во новото продолжение на беда и мизерија.
Мое видување: Народот не гласаше за СДСМ туку против ВМРО. Затоа што многу власт им се даде во рацете на ситни локални квази политичарчиња кои ја злоупотребија власта и газеа се околу себе.Егоизам кој како минуваше време така се зголемуваше. На луѓето им е преку глава од СЕ. Зарем СДСМ се поинакви ??? НЕ. Да не испадне- до вчера плачевме за нив, од денес ке плачеме од нив.. Мое очекување: Наскоро ке поаднат во заборав и позиција и опозиција. Ке се истакне младата партија Левица(сега за сега само таа е, можеби ќе има други нови, незнам).Само што се плашам дека после ваков пораз кон неа ќе се приклонат истите звучни имиња кои и до сега не иритираа. И јас толку на темава.
Јас сум Заев кој ги донесе прислушуваните разговори, јас сум Заев кој.....јас сум Заев кој.. да, во право си. Копи-паст НГ, минус дури во капацитет.
Многу е тажно што и после толку материјали дадени на тацна, македонецот пак даде поддршка на криминална банда, на убијци, на реформи во здравство со највисок степен на смртност на новороденчиња во Европа, на реформи во сообраќај со највисок степен на сообраќајни несреќи во Европа, на мито и корупција, на дискриминација, на партизирани и нефункционални институции, и најтрагикомично сеуште веруваат во небулозите што ги сервира вемерото.. Албанците се освестија, Македонците уште не.. На позитивната страна да резимираме: Избори 2014: На вемеро им требаа 10 години да напраат разлика од 200.000 гласови. За само 2 години СДСМ ја стопи таа разлика на само околу 14.000. Пред само 2 години сдсм имаа 27 мандати, а сега 49.. вемеро малтене изгуби 10, сдсм доби нешто помалце од дупло. Најбитното, нема повеќе апсолутизам во собрание. Нови избори во најава. На сите слободари, демократи и правдољубци им честитам за првиот ден од официјалниот почеток на крајот на режимот! Ќе биде подобро!!!
Вмро имаа помалку гласови од минатите избори, ама не многу, околу 30 000 помалку гласови од минатиот избор и гласовите што добија и тоа ми е доволно разочарувачки. Ако на тие што ги гласаа им е убав животот да не ги слушнам веќе само нешто да се пожалат. Значи не им требат промени. Другата половина на народот (буквално народов е разделен) се изјаснија за промени! И тоа е за почит, што излегоја да си дадат глас за промена од постоечкиот режим. Ова е морална победа за втората половина кои не гласаа за вмро бидејќи без притосокот гласаа. И не, не е ветено на Албанците ништо скришно, туку им е доста и поосвестени се од Македонците! Арно ама, корумпираноста и притосокот за работните места, си имаат удел.
И вие што се радувате ако Заев ако победел што ќе се смени на подобро ? Што ? Ќе ви ги покачи платите ? Ќе ги покачи на минимум 500 евра ? Да, да секако. Ќе ја управи државата оу даа бе Мене како струмичанка ми стана толку одвратен со ова за албанскиов. Како не му е срам бре ? За Струмица што направил, неа ја нема управено па албански ќе воведува. Ти се плукнам во Струмичанецот каде што во Струмица нема ни еден Албанец он де залага за албански. Никогаш не сум била против него нешто многу ама ми се згади од него. И да не зборам како сите што се СДСМ трчат и се молат за гласови ко мали деца. Жални се .. Џабе му е победа во Струмица кога ги поткупува луѓето а најмногу ромите. Што има направено за Струмица за градот во кој што живее не па за друг град да направи. Не ве разбирам вас вие МАКЕДОНЦИТЕ кои што се радувате на негова победа запрашајте се прво АЛБАНСКИ знаете ? Или можда беспатен курс ќе ни воведе Јас како Струмичанка сум многу изреволтирана што нас Струмица никаде не не спомнува да направи нешто да промени во нашиот град едино го занимат ромите и албанциве. Нека му е срам незнам што ги величи толку. Ми нашол таму селфиња со Албанциве да ми прави. Симпатично човече ама многу ниско паѓа. Досега ми беше океј ама нека се гони у сто лепе. И за КРАЈ не се надевајте ако дојде он на власт за да не се разочарате многу. Пошто реална да бидам знам дека ништо на подобро нема да се смени. За живот во Македонија за повеќе величење на Албанциве за подобро утро за нив. Нас Македонциве кој не шиша.
Мене пак ме интересира шо ако Гујо напрај се шо велеа дека Заев рекол ... Не дека вадам од ракав, нели и тоа се дискутираше ама не секој читаше. Ме интересираат реакции. Мое мислење е дека сите сакаме промени ама некако бегаме од нив. Ако сметаме дека ни едните чинат ни другите ... Трета опција. Зошто искрено нема разлика дали ќе се разбудам под црвено или сино, исто е веќе. За тие кои плукаат по Левица, сега сакаме да рушиме режим, следен избор неќиме да дозволиме пак режим да дојди и после пак сите се жалат дека ете сите биле исти и не вределе. Во Левица гледам иднина, а во ни една од двете големи партии. Доколку би биле со СДСМ не знам дали би гласала искрено, ете знаејќи дека така Левица одлучила можеби, не знам. А дека Левила зела многу гласови... Тоа само ако рачунаме дека ако не гласале за Левица сигурно би гласале за некоја од поголемите партии, шо реално ... Не е така. Познавам многу кои ете Бт прв пат излегле да гласаат за Левица, вклучувајќи ме и мене реално да гласам, дечко ми и најмалку пола од луѓето со кои имам контакт од средно, а тоа е многу, кои доколку не би била Левица не би гласале воопшто. Тоа не се сигурни гласови за другата страна. Јас само се надевам нема да се тупи иста приказна секои избори зошто да не се гласа за трета опција, а дур не се гласа за трета опција - не верувам дека ќе има промени на подобро. Сега нека ни е наздравје и да си живејме или преживуваме како до сега. Не дека нешто би се сменало воопшто.
А ако дојдат нови морони тек тогаш додека трепнеш ќе се упраи државата. Бесплатниот курс кога ќе почне ме занима. Чек да размислам да одам или да не одам ? Во Струмица нема Албанци па со кој ќе говорам на Албански Море ја да си искористам бесплатно ако има па да не ми е џабе ќе си говорам со моите дома. За џабе ли ќе го учам па зар лесно се учи Албански Нека го знам па дали ќе ми треба или не небитно. Ќе се најде за некоАЧ Коа ќе одам уф далекото тоа другите градој ќе си говорам. Кликнете на линкчето многу убави пенкалава http://republika.mk/698001 Простете на сарказмот Ќе победи во Струмица како не кога ги поткупува ромите со 50 евра за гласање + кога не плаќаат струја и вода. Не се обврзани. И ќе раѓаат по 16 деца. Ај чао.
Мислиш ВМРО не ? Во град каде што нема ни еден албанец заболекарите на таблите имаат напишано на албански (не по своја волја да се разбереме ) И ај сеа де, кажувате зошто не би гласале за СДСМ а истите работи ги прави и ВМРО само што они си се мчи тчи а другиве многу галамат.
Не можев да ве читам сите многу имате пишувано. Сакам само да кажам за да се види колку се спремни како политичари треба да има повеќе дебати ама реални дебати, а не со однапред кажани прашања и се научено напамет. Нашиве кога ќе се спомне дебата како глувци се кријат во дупка. Ако толку се сигурни во себе нека излегуваат почесто на дебати и на прашања од народот нека одговараат. Првпат учестував во избори како член од невладина организација и не ми се веруваше дека уште не почнато гласањето очи ќе си ископаа меѓусебе. Кога дојде ред браќа, сестри и пријатели да прекинат да зборуваат поради политика може некоја комета да не погоди тоа ни е решението.
Свесна ли си шо ме питаш ? Што ќе ми е мене албанскиов бре човек за што ќе ми служи ? Кај нас нема еден Албанец во Струмица. И да има зошто јас како Македонка албански би учела ? Мене не ми треба бе среќо а ти ако си од Скопје ќе ти треба па почни да го учиш и за да се качиш во такси ќе се говоре на албански. Ако некој разбира албански нека ми преведе per yete да не одам на транслејт. Зошто Албански а не пример германски И онака многу народ ќе се исели па барем нека биде нешто од корист. А не германски се учи некаде само. А може па и нема да го воведе ова му било трик да го гласат повеќе овие. Кој знае ?
Разочарувачко утро. Не поради веста дека вмро победиле (реално, за нив 2 пратеника повеќе од сдсм е пирова победа) туку сознанието, фактот дека роднините наши, пријателите, кошмииште се способни со мирна совест да гласаат за криминалци кои државата ни ја водат во неповрат само зошто таа партија ги вработила. Ни корумпирано судство, ни уништено здравство, ни прикривање на убиства не им прави разлика, битно на нив секој месец да им легнуваат 300 евра на сметка. И после не ни чинел менталитетот, тапа сме биле, заостанати сме биле. Епа да, сме. И ако ни е. Исто вака, за оние што се плашат од двојазичноста, во Скопје (главниот град, нели) сите табли се и на македонски и на албански. Во автобус и пишаните и аудио известувањата се и на македонски и на албански. Печатите во школите се двојазични. Кој морал чаре да бара на државна клиника, многу добро знае кој јазик го зборат сестрите (способни, неспособни, битно за нив- златен Рамковен). Девет години беа на власт, од кои минативе две години имаа апсолутна власт, зошто не ги тргнаа двојазичините обележја? Ама не, прост народ се пали на национализам така да, оние кои гласаа за вмро само за да не дојде до двојазичност, well the joke's on you. Не знам за вас, ама јас денеска ќе носам црно.