Актуелни политички настани

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ariel, 3 август 2010.

  1. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.784
    Пол:
    Машки
    Ај да шкртнам нешто вака, пост-изборно.

    Прво, за сите оние кои викаат дека Левица ги изиграла граѓаните, дека ради нив други политички партии профитирале и дека подобро ќе било да коалицирале со СДСМ... Ја ќе речам – не се согласувам.

    Ако некој беше изигран у случајов, тоа беше Левица. Изиграна од сите оние кои ги тапшаа по рамо, ги фалеа, велеа дека реално се најдобар избор, а сепак не гласаа за нив, поради калкулации за паѓање на режимот. Изиграна и од дел од сопствените членови, кои одлучија да образуваат фракција, на само 2 дена пред изборите, несомнено инструирани од некој од надвор од партијата, а со каква цел – нејќам да шпекулирам. Да гласаа сите луѓе кои отворено ги поддржаа за нив, верувам дека ќе имаа најмалку едно пратеничко место, а вака – не бидна ништо од тоа.

    Да, изборниов модел кај нас е погубен за малите, независни партии. И да, на секој начин го обесхрабрува појавувањето на некоја нова опција на политичката сцена, иако најголем дел од луѓето тврдат дека баш тоа е потребно. Но, сепак – Левица се обидоа во тоа. Со мал број на членови, со убедливо најмалку финансии од сите останати партии, се обидоа – и не успеаа. And there is no shame in that.

    Ако единствениот начин за учество во парламентот на некоја мала партија е коалиција со една од двете големи – what’s the point? – поарно нека се забранат сите мали партии, нека си извадат книшки од СДСМ или ВМРО и барем да знаеме дека живееме во двопартиски систем, официјално.

    Што се однесува до коалицирањето со СДСМ – искрено, мило ми е што не го направија тоа. И апсолутно се слагам со нивната идеја дека предизборните коалиции треба да се забранат. Дека секоја партија, без оглед на тоа колку е мала, треба да понуди сопствена програма и да го убеди гласачкото тело дека тие се вистинската опција, а не да се шлепа врз грбот и програмите на најголемите политички партии. А со тоа што одби коалиција со СДСМ или некоја друга партија, Левица покажа дека сака да ги придобие гласачите со сопствената програма и идеологија и, уште поважно, дека сака место во парламентот, но не по секоја цена, т.е. не по цена на каква било предизборна коалиција. И тоа е нешто достојно за почит.

    Интересен ми беше феноменот на сите оние кои се жалеа дека нема трет избор на изборите во минатото и дека нема за кого да се гласа, а кога конечно се појави трета алтернатива – пак гласаа за една од двеве најбројни партии, наоѓајќи си разно-разни изговори и оправдувања. Дали знаевте, драги мои, дека неопределените се најбројната „партија“ во Македонија? И дека, да успеаа да ги консолидираат своите гласови и да ги дадат за некоја трета опција, ќе можеше да се направи вистинска и битна промена на нашава трула и бајата политичка сцена? Но, очигледно е дека иако декларативно сме за некаква коренита промена, во реалноста сме далеку од тоа. Така да, не ми кажувајте дека некој некого заебал и изиграл – државата е заебана од сите оние кои константно го бираат „помалото“ од двете најголеми зла во земјава.

    Толку за тоа.

    Во однос на „падот на режимот“ – треба да бидеме свесни дека режим кој пуштал корења долги 10 години не може туку-така, лесно да се искорени. Режим кој е изграден врз илјадници партиски вработувања и страв од губење на работното место, кој почива врз лажни ветувања и реални закани, кој има приврзаници кои лесно се поткупуваат и се продаваат за ситни пари, режим со огромна и добро подмачкана пропагандна машинерија и со најголемо медиумско присуство – е режим кој не може преку ноќ да го снема.

    И не велам дека ќе беше поинаку некоја друга партија да беше минатиов период на власт – 10 години се предолго владеење за било која партија. Ама, за жал, тоа е нешто што ние како граѓани го дозволивме, и сега треба да се соочиме со последиците од тоа.

    Што се однесува до СДСМ пак – искрено, жал ми е што не покажаа доволна зрелост и волја да пресечат со своето матно минато и што не понудија повеќе нови, квалитетни и неизвалкани ликови во својата програма. Сега им беше можноста за тоа и верувам да постапеа така, ќе привлечеа уште поголем број гласачи, таман онолку колку што ќе им беше потребно за победа.

    Вака, не оставија да бираме помеѓу двајца аболицирани криминалци (едниот аболициран дури и пред да биде осуден), генерално антипатични, нехаризматични фигури и слабо потковани говорници.
     
    На Rama, Someonespecial, sparklie и 20 други им се допаѓа ова.
  2. allaround

    allaround Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2015
    Пораки:
    744
    Допаѓања:
    1.583
    Пол:
    Женски
    Капа ти симнувам за цело ова што го кажа. :bow:
     
    На Someonespecial, Bender Rodriguez, Pinky97 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.411
    Допаѓања:
    260.136
    Реков еднаш дека Левица се опција за наредни избори.
    Вчера требаше да се сруши режим. Некој згреши, дали ЗЗ или Левица, но уште вчера можеше се да биде завршено.
    И вака не е лошо, само што пак ќе има избори. Но ова значи и освестување на народот, што реално може да се очекува и освестување кај вмровците на следните избори.
    За Заев, па да, си препушува се на свое конто, ама факт е и дека и има придонес. Утопија е да веруваш дека немаше да се бори да стане премиер. За тоа дека е троа приглуп со бисери еден куп е, дека СДСМ има далеку поспремни политичари, но исто така не треба да му се занемери и успехот во Струмица. Друго, ако ЗЗ има амбиции да стане НГ тогаш не верувам дека ќе му дозволат да остане на власт. Инаку јас би Никола Димитров, Стево за премиер.
     
    На emkaemka му/ѝ се допаѓа ова.
  4. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.391
    Пол:
    Женски
    Ако сакаат очи нека извадат и левици и десници.
    Помина веќе и нема едно исто што да се врти.

    На народов и на глава да им се покака грујо, ќе викаат дека не е гомно туку злато и пак ќе си го сакаат.
    Олку глуп народ ни имало, ни ќе има.

    Туку да си ја извадам партиската од вмро, од зад шкаф вчера ми падна, и да им се придружам во славењето :party::party::party: никој ништо не ти може лалалалалал :party:
     
    На Rama, iloveyou29, wanderlust и 3 други им се допаѓа ова.
  5. Anon

    Anon Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    830
    Допаѓања:
    1.792
    Пол:
    Машки
    Мандатот го добива ВМРО ама дури и стандардната коалиција ВМРО - ДУИ да остане пак имаат само 45,36% од гласовите, а им треба просто мнозинство за да формираат влада (>50%) што значи дека ќе мора да коалицираат со други партии да дојдат до останатите 4,65% гласови за да можат да формираат влада.

    И уште нешто, менување на Уставот бара двотретинско мнозинство (66%) што со ваков состав на Парламентот ќе биде скоро невозможно зошто дури и сите други партии да се согласат, без ВМРО, пак немаат 66%. Единствено ако се согласат и ВМРО и СДСМ може да се дојде до потребното мнозинство за да се смени Уставот.
    Така да, сега за сега, нема да мораме да учиме албански.

    Друг битен заклучок е дека Собранието пак ќе стане релевантна институција. Во времето кога коалицијата ВМРО-ДУИ имаше мнозинство, Собранието беше формалност. Сега ќе мора да се дебатира и да се соработува за да се изгласа закон (барем оние што бараат 2/3 мнозинство).
     
    На Rama, Emy867, sia.bella и 13 други им се допаѓа ова.
  6. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.128
    Пол:
    Женски
    Ова ми е најбитното!
     
    На Bender Rodriguez, sparklie, sia.bella и 11 други им се допаѓа ова.
  7. izmislena

    izmislena Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2014
    Пораки:
    1.657
    Допаѓања:
    2.327
    Пол:
    Женски
    Во тој случај ни СДСМ ни ВМРО не може да формира влада со вакви проценти
     
  8. Anon

    Anon Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    830
    Допаѓања:
    1.792
    Пол:
    Машки
    Можат ако ги соберат сите други партии освен ВМРО и ДУИ. Тогаш имаат 51,47%. Ама тоа е секако доста тешко. Ама ете ако решат да го срушат режимот сепак постои начин.
     
    На Lady Phoenix и izmislena им се допаѓа ова.
  9. izmislena

    izmislena Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2014
    Пораки:
    1.657
    Допаѓања:
    2.327
    Пол:
    Женски
    Не би било тешко доколку постои како опција.
    Сепак се доста решени и мислам дека не беше џабе славењето победа... не се глупи ваљда да се бламираат до волку
     
  10. Anon

    Anon Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    830
    Допаѓања:
    1.792
    Пол:
    Машки
    Прво треба ВМРО да неуспеат да состават Влада. А јас мислам дека се ќе сторат да успеат. И еве една опција ВМРО + ДУИ + БЕСА + ВМРО за Македонија = 52,29%
    ВМРО ќе им даде се што сакаат на помалите партии, ако треба и со пари ќе ги подмити и ќе состави Влада. Свесни се дека слободата им зависи од тоа.

    Уствари, ВМРО + ДУИ + БЕСА = 50,25%. ВМРО за МКД може и да не е потребно. Зависи како процентиве ќе се преточат во мандати.
     
  11. izmislena

    izmislena Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2014
    Пораки:
    1.657
    Допаѓања:
    2.327
    Пол:
    Женски
    ВМРО за Македонија мислам дека пре би отишле со СДСМ отколку со ДПМНЕ
     
  12. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.740
    A како ги пресмета %?
     
  13. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.740
    Тие фатија пратеник?
     
  14. allaround

    allaround Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2015
    Пораки:
    744
    Допаѓања:
    1.583
    Пол:
    Женски
    Nein.
     
  15. Anon

    Anon Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    830
    Допаѓања:
    1.792
    Пол:
    Машки
  16. Anon

    Anon Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    830
    Допаѓања:
    1.792
    Пол:
    Машки
    Џабе вака да шпекулираме, пак ќе треба да се почека да се види кој колку пратеници ќе добие. Вака од проценти не бива.
     
  17. Pinky97

    Pinky97 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    168
    Допаѓања:
    447
    Пол:
    Женски
    @Anon Мислам дека Беса не би коалицирале со Вмро,пре би со Сдсм.
     
    На allaround му/ѝ се допаѓа ова.
  18. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.391
    Пол:
    Женски
    Вмро за македонија нема пратеник...
     
  19. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.740
    Па ако не фатиле пратеник, како тогаш ќе коалицираат со СДСМ?
    Зарем ти ги собираш % кои се тука прикажани на сајтот на ДИК? Од тие е битно кој колку пратенички места ќе фати, па од тоа се пресметуваат % во однос на 120 пратеници.
     
    На referentka му/ѝ се допаѓа ова.
  20. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.740
    Затоа и мене ми падна чудно како ги пресмета %?