Си ме погрешила јас не кажував кој со кого ќе коалицира, само одговорив дека ВМРО за Македонија немат пратеник. И јас се чудам на што мислеше членот погоре.Се коалицира само со тие што имаат добиено пратеници
Не бива. Треба да ги соберат пратеничките места. А пратенички имаат освоено ДПА; БЕСА и ДУИ кои што секако не идат со СДС.
Беса и дуи имаат кажано дека не одат со криминалците - значи извесно е дека не одат во коалиција со вмро.
Зависи кои ги сметаат за криминалци За мене и тие и тие се Муабетов е да го избереме помалото од двете зла.
Па вака , со оглед дека Вмро победи во селата и помалите градови а Сдсм во главниот град и другите големи градови. Не не треба да има една единица. Јас не сакам некој од село со исперена глава од Латас или некој газолижач за да си ја задржи работата од 200 евра да ми ја крои судбината. Патем сега е јасно зашто избега Грујо од ИЕ1 , знаеше дека нема победа таму Вмро да има... па ај кај Селата да идеме... уште тие останаа да ги лажеме и уценуваме. И на крај ако се остави на Дик да одлучува , пиши пропало. Корумпирано срање на чело со Бонева .....Али тоа е , што и да се одлучи додека Грујо не заврши во затвор или на бесилка заедно со неговите човечиња нема Мир во државата.
Чекајте, чекајте малку. Павлов сега се оддалечил од предвидување земјотреси. Негова најнова изјава односно предвидување е дека еден од двајцата лидери Н.Г. и З.З. ќе доживеел мозочен удар. Морав да споделам...
Не мислев да пишувам во темава ама...Баш така,да коалицираа со Сдс не знам дали ќе гласав за нив.Гласав за Левица баш поради ставовите нивни,поради гневот против двете партии,поради тоа што достојно останаа сами,по цена да не добијат пратеник. Е сега тоа што не успеаа да добијат пратеник ни тие,ниту пак една друга македонска помала партија,многу зборува за народов и за изборниот систем. Ко што рече некој погоре многу,многу од нас гласавме против Вмро,а не за Сдсм Е дај сподели де,многу сакам вакви муабети,е јас да знајте што знам,ама не ви кажувам.Ко децана.Или кажи или ич не кажувај.
Луѓе, дајте малку олабевете со реториката! Оние вакви, овие онакви, Левица такви! Ајде малку едуцирајте се пред да решите да напишете експертско мислење. Левица беше третата опција, различна од сите партии досега, кои сите ја чекаа. Се појави - незрела била, режим требало да се руши. Како да се руши? Со тоа што друг режим ќе си ставиме на врат? На страна тоа. Ако барем малку ги следите Левица без разлика што сте се определиле да гласате за некој друг, ќе читате што пишуваат на нивната страна. Имено, жена од нивните редови има направено анализа според која докажува дека Левица ниту помогнала на едните, ниту на другите, со тоа што гласовите отишле кај неа. И со Левица и без Левица - исходот е ист. И ајде, ќе ве молам, да престанете со тоа „народот да гласаше вака, ќе беше така...“. Особено во однос на оние (меѓу кои сум и јас), решиле да излезат на избори и својот глас да го дадат на Левица. Тоа е мое право, мој глас и моја идеологија. Јас ниту еднаш не се дрзнав да обвинувам зошто некој гласал за ДПМНЕ, па сега ќе го трпиме режимот на Грујо и понатаму. Ниту пак се дрзнав да обвинувам зошто некој го дал својот глас за СДСМ, па сеа Зајко ќе не’ федерализира и ќе воведува двојазичност. Свестете се малку, размислувајте повеќе и истражувајте повеќе. Вистината не е апсолутна, не е она што ќе го кажат Грујо или Зајко, вистината е на средина.
Јас се извинувам господине, ама и тој од село има исто право на глас како и ти. Тоа што ти живееш во град не те прави попаметен. Исто данок плаќаме, исти права имаме Поздрав од една нецивилизирана селанка со (не) исперен мозок
Сега н вести кажуваат дека во 3 сабајле излегле дик ама немаат уште избројано гласови... Во текот на денот ќе кажат... Што избори ќе беа овие
Не, не, официјалните броеви за број на гласови се изнесени. Разликата е нешто помалку од 1,4% Бројот на пратенички мандати е неизвесен, тоа се чека.