За англискиот не знам, али да се преброиме ''бугарите'' во Мкд, ке бидеме ние малцинство. Подобро бугарски втор, отколку албански. Барем ЕУ ке не штити. Мала шала дечки. Честитки на победниците. Мислам дека на наредните избори, треба јавно да се гласа.
Со оглед на тоа што го прогласија ВМРО-ДПМНЕ за победник, некои луѓе заслужуваат да живеат 150 години со по 150 евра плата. Ние ќе станеме позната држава, по тоа што ќе имаме повеќе жители кои што се стари и изнемоштени, додека сите млади ќе си заминуваат полека, полека.
Ако го прогласеа СДСМ ќе требаше 300 год да живееме со по 150 евра и тоа неосигурани со години.А осигуруваа како што памтам откако ќе работиш во фирмата 10 год непријавен и бидеш вреден и докажан работник и по милост на газдата.Јас како што знам платата на обичниот рабитник во време на СДС беше 8000 денари.Груевски откако дојде се качи просекот на 250 евра.
Беа и 5, и 6 000. Ама и трошоците беа пониски, сега тие скокнаа на 300% додека платите многу помалку. Да бидеме реални.
Јас лично не сум за никој, и едните лажат и другите. Но сме претрпеле фамилијарно многу гадни работи од страна на ВМРО, затоа гласав за другите. Точно е дека кога беа на власт СДСМ многу фабрики се затворија, а што направија пак ВМРО сега? Ги натераа младите да си заминат, бидејќи доколку немаш книшка не можеш ни да се вработиш. Голем број на луѓе кои работат во училиште, болница, полиција се примани со партиска книшка. Ќе дојде време ќе одиш во болница за едно, тој ќе ти дава дијагноза за друго. Исто и во училиштата завршиле факултет едно, а ти предава сосем петто. Е ај кој ќе дозволи детето да му учи од професор, кој од професор нема п, туку има само партиска книшка и трча по партијата?
Аааа извини На истокот, просекот на плата е околу 900 до 1000 евра, што е од 55,000 до 60,000 денари Какви црни 200 евра. За работници плачат на истокот. Мора за тоа да му се заблагодариме на другарот Никоуче Масовно поднесување за пасоши, масовно иселување, кој странција фаќа, веќе назад не се враќа. Праќаме девизи на тие дома што останаа, да не се сменеше власта во Бг и да не ги запреа пасошите, досега уште барем 30 000 ке се доиселеа.
Еее, лопови патетични, не знаат ни пораз да поднесат машки... Последен очаен обид на Груевски преку фалсификувани записници да се спаси од затвор.
Добро ај да го прифатиме тоа како точно,а тоа што не ги осигуруваа во фирмите со години како ќе им го оправдаме?
Треба да бидеме радосни што дури и таа можност за иселување ја имаме во време на ВМРО.А што ќе правиме ако и таа можност ја укинат?Е тогаш ќе се сликаме.Отворените граници секогаш се за поздрав.
Јас лично не сум радосна што татко ми често го гледам на скајп него ли дома. Братучед ми, тетка ми, и многу пријатели ги гледам исто на скајп, наместо да си седнеме тука и да се радуваме што сите сме на едно место. Јас сум тука родена и тука припаѓам, исто и татко ми, ама ете доколку ми се укаже шанса за заминување, би заминала без размислување.
Какви црни 150 Не зезај... Тоа би било бинго. Се под стечај, за леб ќе си просевме, како во времето на Б.Ц и фирмата кај што работеше мајка ми, ја снема по брза постапка. Некоја госпожа не се задоволи со нискобуџетни летови, ама пак ќе речам на кој не му се свиѓа гитла. Од мои познаници во Америка замина оние помалку писмени и оние преамбициозни ,неизживеани што мислат дека можат се да сменат. А оние по љубов што заминаа, ги има , се радувам за нив , знам дека се среќни. За други не би рекла.