А таман помислив дека нема местенки, обид да се намести резултатот и ете ти, лажирани резултати. Овие па Курири, Сител и слично само излегуваат колку мандати осовоиле, а официјална потврда нема. Од член на СДСМ 51:50 е за Вмро, Дуи им зел пратеник. Но тоа беше пред да излезе информацијата од ДИК.
А да беа тогаш вмро исходот поинаков ќе беше? И друго, да ги биваше поинаку да ги направат работите, што се откажаа од мандатот и го предадоа на сдсм? Никој не сака да работи и превзема непопуларни мерки. Тешко е да се работи (или да се проба) и да се огреши, лесно е од страна сеир да фаќаш и да исправаш криви дрини.
Да, да. Член на ДИК објави, со име и презиме, жена е. Извештаите од ОИК не се совпаѓаат со записниците на ДИК.
Барам Кукла, читав пред едно 2 часа. Сега читам дека ДИК пред 19:00 нема да дава изјави. Се пребројуват гласовите. А има и шпекулации од членови на СДСМ, ама тие не ги зимам за релевантни.
95% избројани гласови сдсм водат 52-51 по пратеници и после 12 часа се бројат другите гласови па сега и дури лажирани ливчиња и на крај ќе испадне абе 80 пратеници вмро тепаат... Циркуз од избори...
И стварно не знам зашто толку на Левицата и се нафрлија кога немаше никаков удел во изборите .... подобро карајте ги тие 15-20% што не излегоа да гласаат....
Таман оние во државна изборна комисија цел живот ништо не работат (освен за избори), а земаат по 1000 евра плата, па нека се помачат малку. И два пати, па дури ако треба и три пати нека избројат Не им одговара сега нешто во бројката на вемеро, и 3 дена ќе ги бројат, глас по глас, ако треба и по куќи ќе одат и ќе прашуваат човек по човек за кого гласал Комплетно цела држава не сме здрави, жими се...
Нешто је опет труло у ФИРОМА. Колку изненадувачки... Ништо сега не ми е јасно, никој не кажува што се случува. Нели од 7ца т.е. дијаспора чекаа таму Торонто, Вашингтон, ово оно, што е сега со 5 и 6 што зборат? Пак се намерачени на Струга, Дебар, Тетово, Гостивар... Пак ли ќе играат на карта дека дури сега откриле нерегуларности кај албанските гласачи, па дупли, па неважечки, неписмени, а после ќе им клечат на колена на ДУИ за да не скапат по затвори. Него, што зборевме со народ - не ми е јасно она „Абе не се сјајни, ама морам оти зависам од нив“. Рајо македонска, вечно неразумна и напатена... ако му ја одземеш моќта, што ќе ти може?! Ќе ти проверува ли по отпечаток на ливчето дали стварно си гласал за нив? Оно ќути па, колку им жежи, и тоа ќе направат. Ко наш Саше со полиграфот... Во средновековие памфлети се правеле со иронично преувеличување на ваквите политики, кај нас е трагично и за потсмев и без преувеличување, во 21ви век. Исто, не ми е фер за моја иднина да одлучува некој преселен пред 20 години, на 3000+ км од Македонија. Некој што ја објавува „Земјо македонска“ некаде од Њу Џерзи или Острелија со лигушење "mila majcica makedonia neja davame, taja e sve sto imame. mnogu cheers do mojte friends and family vo rodnata grutka!!1!" и истетовирал лав далечната 73та и сега Грујчо му е синоним за прав Македонец. Не дека во нормални услови нивните 3-4000 гласа ќе сменат многу, ама во тесни битки ко оваа, ништо не е исклучено. Едноставно... не. За жал, претежно тие гласаат и се најгласни. Не знам колку сте ја виделе сликава што кружи по нет, али еве, нека стои во спојлер да се потсетиме дека млади ликови, кои треба да се модерни, едуцирани и светлата точка во пензионерсково дувло, ја решаваат судбината пропратено со вакви коментари. Спојлер: смрт за сивата мозочна маса И 38 истомисленици... Amin majka bogoroditsa napomos +++ А, да. Посебен круг во пеколот за „неопределениве“. Првпат гласам, и јас бев во тие. Демек нешто попаметни. Демек откриена е топлата вода дека нема помало зло и никој не чини. Вака гледано, тие сме биле подеднакво глупа и неупатена маса ко и слепиве следбеници.
http://www.dokazm.mk/izvor-anonimen-vo-dik-31-iljada-livchina-na-sdsm-nekoj-namerno-gi-ponishtil/ Не знам колку е за верување, ама...