1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Актуелни политички настани

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ariel, 3 август 2010.

  1. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.919
    Допаѓања:
    674
    која партија е под број 13 ако знае некој?
     
  2. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Еве што е комунизам
    Комунизам е политичка теорија чии приврзаници се залагаат за воспоставување на бекласна и бездржавна заедница на изобилството при што сметаат дека единствениот начин за создавање услови за премин кон една таква заедница е воведувањето на еднопартиска диктатура со тоталитарни карактеристики на чело со комунистичката партија. Обично комунизмот се дефинира само преку стремежот за остварување на бескласно општество во кое распределбата ќе се врши според принципот „секој според способностите, секому според потребите“, но бидејќи и други левичарски теории тежнеат кон истата цел (во прв ред анархистите), нужно е при дефинирањето на комунизмот да се вклучи и начинот преку кој комунистите намераваат да го изградат бекласното општество, односно, и убедувањето дека патот до бескласното општество води преку т.н. „диктатура на пролетаријатот“, која во стварноста беше диктатура над пролетаријатот и над останатите класи во општеството.
    Ова е повеќе од доволно да го знам, а нас диктатура не ни треба, не фала .
    И нека биде уназадена и лицемерна, ама не е покварена, диктаторска и егоистична како другата.
     
  3. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.768
    Допаѓања:
    162.876
    Па управо си даде одговор во каква држава живееш моментално.Кај нас има диктатура сега,а не знам каде ти претходно си увидела дека некој нас сакал да ни воспостави диктатура или пак во иднина или си видовита и го гледаш тоа?!Читаш програми ти?!
    Па зарем не гледаш дека вмро има најподол начин да создаде еднопартиски систем до степен народот меѓусебно да се мрази и да се осудува,да не смееш да кажеш јавно став,а да не бидеш казнет за глупост,да не ти биде испратен ујп да ти тарашка по документи и да ти става казни за ситници и те прави при памет будала...Јасно ти е тебе дека кај нас границите се изместени,дека ако е социјалистичка партија не се залага за тоа,прочем тие најповеќе се про еу,а вмро го уназадуваат процесот колку и да го тврдат спротивното,впрочем имаме и очи и уши за да гледаме како е.Зошто тогаш во собрание ги изолираат опозицијата?!Нормално е да не се согласат со ниту еден предлог?!Знаеш ти како треба да функционира едно собрание за да имаш нормална држава во која има плурализам?!Очигледно не.
    И кај нас исто така е моментално безкласно општество ко што било у онаа творештина Југославија,богатиот се богати на грбот на сиромашниот,више нема kласи,сиромаштија и беда и шака богати.
    Мислам нелогична си и незапознаена...контрадикторна.Ако се водиш по теорија,а твојот став не ги пронаоѓа реалните работи и да ги поврзе исто е ко да немаш став.Теорија и пракса не е исто.Кај нас опозиција се демократска партија,позиција се комуњарска,по логика на нештата и апсолутната вистина и реалност,имињата носат во заблуди,гледај ја политиката што ја тераат.
     
    На Miss-Independent, Offspring, interesna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.919
    Допаѓања:
    674
    замислете што се дрзнал некој да направи, потурил рекламен материјал на име СДСМ со гласачки број 13, а СДСМ е со бр 10, цццц срамота какви малверзации прават. :^)
     
  5. Ickovska

    Ickovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    94
    СДПМ - социјал-демократска партија на македонија, иако флаерите,рекламите и сл им се скоро исти како на сдсм само бројот е различен.
     
  6. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.008
    Од партијата Обединети за Македонија јавуваат за недостаток на гласачки ливчиња во Изборната единица 6 и тоа во гласачките места од 1924 до 1950 и од 1970 до 2088. Според ОМ, Во ИЕ 2 фали гласачко ливче во изборното место бр. 2558.

    (информациите имаат ЕМБАРГО за објавуање во медиумите до 19 часот)

    Возовите

    Населба Тоде Мендов, Куманово, вооружено лице бара да се гласа за ВМРО – ДПМНЕ, јавува СДСМ.
    (информациите имаат ЕМБАРГО за објавуање во медиумите до 19 часот)

    Извор. Друг форум.
     
    На milky-candy му/ѝ се допаѓа ова.
  7. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.919
    Допаѓања:
    674
    види добив флаер каде е насликан Бранко Црвенковски и пишува на флаерот број 13, а неговата партија е бр. 10, што се обидел некој да напрви што мислиш? :?:
     
  8. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.101
    Па очигледно различни очи различно гледаат. Постојано и упорно (Лилит) зборуваш за сегашна диктатура, за тоа дека не можеш јавно да кажеш за кого си а да не бидеш казнет :^) , али ова со ујп ти е врв-го праќале да ти чепка, проверува и да те затвара за ситници? (немој те молам да ми кажеш дека мислиш на а1 и на нивните "ситници") ...Ајде дај ми некој пример просветли ме...А за собранието, па одсекогаш владата со мнозинство свои пратеници си донесуваат најголем број закони што сами ги предлагаат, (а од друга страна опозицијата е вечито против за се и сешто-барем кај нас е така), па затоа сме им дале мандат, ние сме ги избрале да седат таму и да донесуваат закони...Не се согласувам дека не прифатиле ниту еден предлог, но со деструктивниот начин на 'терање' политика од страна на сдсм додека огорчени седат во опзиција и се занимаваат замо со сопки, афери, и се насочени единствено кон уривање на власта, тогаш нема да имаме нормална држава во која владее плурализам...
     
    На Hopeful и Lux им се допаѓа ова.
  9. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.768
    Допаѓања:
    162.876
    Скорпионка,не ми се обраќај жити господ,не можам да не се изнасмеам на твоите глупости и незапознаеност.Впрочем,еклатантен пример за тоа што држи владеачката партија...толку нелогичности од тебе се истресуваат,мене ми е срам дури.Очигледно те боли вистината та за мене што си се фатила.

    Не зборам за случајот А1.Зошто на комшијата просдсм му стигна казна дека не поминал на пешачки,а нема врска?!Зошто во фирмата во која работи мајка ми (а газдата е од сдсм),ујп им е ко добар ден и се за ситници се фаќаат?!Ти свесна си?!Знаеш кој го води ујп?!Зошто еден куп фирми се жалат за истото?!
    Се фаќаат за ситници,зошто не ги читаат билтените или зошто така им чини и после еј извини,кога ќе видат дека се е регуларно.
    А за функционирање на собранието,оди образувај се,уличното нема ништо у живота да ти донесе.И оди види како функционираат сите нормални собранија во свет!

    Не ми се обраќај повеќе,зошто мака ми е да враќам на човек што ништо не сфаќа и лепи плакати.Од лепакот ти е!
     
    На Offspring му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.008
    (информациите имаат ЕМБАРГО за објавуање во медиумите до 19 часот)



    Цивил, повикувајќи се на информации на Обединети за Македонија, јавува дека на избирачкото место 2725, во ОУ “Димитар Македонски“ во општина Аеродром, околу 40 претставници на специјалната единица Алфи седат и пушат цигари со членови на избирачките одбори – претставници на ВМРО-ДПМНЕ, кои носат на себе партиски обележја на ВМРО ДПМНЕ. Истото се случува и на избирачкото место 2708 во ОУ “Лазо Ангеловски“ во општината.



    Според Обединети за Македонија, во Изборната единица 4, во избирачкото место 0362 во село Миравци во општина Гевгелија, прекршен е изборниот молк бидејќи на 70 метри о д гласачкото место е поставен банер на ДПМНЕ. Полицијата не дозволува да се отстрани банерот, велат од партијата. На 30-тина метри се наоѓа и штаб на ДПМНЕ од кој се дели пропаганден материјал и флаери на граѓаните.



    Населба Тоде Мендов, Куманово, вооружено лице бара да се гласа за ВМРО – ДПМНЕ, јавува СДСМ.



    Од партијата Обединети за Македонија јавуваат за недостаток на гласачки ливчиња во Изборната единица 6 и тоа во гласачките места од 1924 до 1950 и од 1970 до 2088. Според ОМ, Во ИЕ 2 фали гласачко ливче во изборното место бр. 2558.



    Според анонимна дојава до Мобилниот тим на Цивил, секретарот на СДСМ во општина Чашка добил закани од активисти на ВМРО-ДПМНЕ дека „ќе биде искршен сосе избирачките кутии“.

    Исто така, забележано е дека градоначалникот врши притисок граѓаните да не излезат на гласање.



    Набљудувачите на Цивил во Шуто Оризари јавуваат дека, претседателот на ПЦЕР, Самка Ибраимовски бил нападнат од 40-тина активисти на партијата на Амди Бајрам, синоќа околу 1.30ч. по полноќ. Според портпаролот на ПЦЕР, тој се здобил со физички повреди на окото и бил хоспитализиран во градска болница, по што е пуштен дома.

    Добро бе, на што личи ова бре? Ова ни во Африка го нема!!!! Која црна демократија бре? |(
     
  11. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674
    На ваков ден кога треба да го славиме слободното изјаснување на народот, вие се препукувате и вреѓате.
    Демократија е владеење на народот.
    Основни вредности на демократијата се:
    СЛОБОДА - Однесување според сопствената волја без притоа да се повреди слободата на другите
    ТОЛЕРАНЦИЈА - Почитување на слободата и приватноста на другите.
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  12. milky-candy

    milky-candy Нов член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    715
    Значи ова со рекламниот материјал е најдолната, најјадната и најпростачка работа што можеа да ја направат за да го деградираат СДСМ и да им превземат гласачи... :) Знае убаво народот дека Радмила е број 10 и тие што се одлучени за неа да гласаат - ќе гласаат :!: , а останатите можат само да ја голтаат прашината што се крева позади неа, бидејќи Радмила и Бране во тандем се непобедлива комбинација и од таму потекнува стравот и паниката на вмровците...
    А, за тие што рекоа погоре за интелектуалниот капацитет на припадниците на поедините партии, можам само да им кажам дека од тој аспект, вмро и СДСМ не можат да се споредат во ниту еден единствен случај...Зошто...? Затоа што целата нецивилизирана, проста и необразована раја е во редовите на вмро и тоа е факт...Чест на исклучоците, кои се малубројни...

    Синојќа доцна гледав едно интервју со Бране и водителот го прашува дали знае дека определени структури му се заканиле со атентат? Човекот одоговори дека не му е ниту прв ниту последен пат некој да му се заканува и вака им се обрати на таквите - цитирам :!: - "можам само да ви порачам да гледате да не ме промашите, зашто ако ме промашите, во прва прилика јас вас нема да ве промашам..."
     
  13. Vitorija

    Vitorija Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    912
    Допаѓања:
    599
    Плурализам има во држава и е можно да го има единствено само доколку ЕДНА политичка партија нема тотална власт и еднопартиско мнозинство во парламент, во скоро сите општини па и претседател од истото мнозинство :tmi:
    Што е нормално да предизвика сомнеж како е тоа можно со оглед на моменталната погубна политика. :^)
     
  14. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Од каде овие ИНФОРМАЦИИ?
    Доказ? Кој ги СООПШТУВА И ПОТВРДУВА?
    Анонимни изјави и извори?
    Не фала, без Мост да објави и тие што си се надлежни за следење на случаевите, јас во вакви информации очигледно напишани од некој сдсмовец ма и од вмровец не верувам .
     
    На kate21, maja8, TheKiketoo и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.468
    во колку саат ќе го крунисаат победникот??? :D
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.008
    Повели...

    http://www.mojotizbor.mk/prijavi/reports/?c=1
     
  17. Miss-Independent

    Miss-Independent Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2010
    Пораки:
    2.292
    Допаѓања:
    5.649
    ^Пред полноќ неофицијално,утре официјалнo :)
    Иначе со оваа ново никнатава партија СДПМ (социјал демократска ПАРТИЈА на Македонија) и нивен кандитат Бранко Црвенковски ,Вмро го покажаат фер плејот кој го трубеа 20 дена.
    И после CДСМ ќе зборел дека Вмро ќе прави малверзаиии,а оно врска да ти немало.Они само спремале терен за оправдување на поразот...Аха да :wink:
     
  18. Vitorija

    Vitorija Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    912
    Допаѓања:
    599
    Што убаво девојчево си ги нашло информацииве од Википедија :lol: Сеа се научи ли што е комунизам, воведување еднопартиски режим а со тоа и политика според ДИКТАТУРА на лидерот во цела држава? Уште да разбереш дека тоа ние СЕГА го живееме :fubar:
     
  19. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674
    Цивил, повикувајќи се на информации на Обединети за Македонија, јавува дека на избирачкото место 2725, во ОУ “Димитар Македонски“ во општина Аеродром, околу 40 претставници на специјалната единица Алфи седат и пушат цигари со членови на избирачките одбори – претставници на ВМРО-ДПМНЕ, кои носат на себе партиски обележја на ВМРО ДПМНЕ. Истото се случува и на избирачкото место 2708 во ОУ “Лазо Ангеловски“ во општината.

    Таму немаат потреба за такво нешто ... населба Лисиче е ВМРО-вска населба :?:
    Не случајно дел од оваа населба ( лево и десно од пругата Скопје - Велес) со територијалната поделба ја припоиа кон општина Аеродром, каде во тоа време популацијата беше ориентирана кон левицата. Калкулаторот покажуваше дека општина Кисела Вода и без населба Лисиче ( која спаѓаше во Кисела Вода) може да остане ВМРО-вска и без овие гласови.
     
    На FBI и zhap4e им се допаѓа ова.
  20. Vitorija

    Vitorija Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    912
    Допаѓања:
    599
    Абе мене нешто не ми е јасно :?: СДСМ си е горе-доле тој што го знаеме со некои нови и повеќе стари членови. Туку кај им се изгуби Бучковски?
    Јас слушнав дека се повлекол од моментот кога разбрал дека за премиер ќе ја кандитираат Шеќеринска, стварно ли :lol: