Искрено, немам намера тебе (или на било кој овде) да му кажувам приватни разговори на врвот на Левица. Ќе ви кажам само дека не се цвеќиња. И јас ги гледав како најдобра опција, ама веќе не. Им треба време да созреат и да си направат селекција... Ако преживеат како партија со тие нивни глупости.
Ако си прочитала Устав ќе знаеше дека двојазичноста веќе постои и исклучиво да се разбереме меѓу себе. Друга ствар многу битна што си ја пропуштила од Заев е тоа што развеа Македонско знаме во Арачиново, а тоа не се десило таму од 2001 војната кога единствено знаме имаа војниците. Трето, во Арачиново и Чаир, пред Албанците говореше како нема да има федерализација и како знае он дека тие од него не бараат никаква "двојазичност" туку работа за да нахранат фамилија и деца како сите нас. Ете што Заев на секој митинг говореше.
Некој му ја ебал мајката на Чичаковски или сепак мирно си спие? Како може да спие кога два милиони луѓе го чекаат?
На 24 вести најавија во 9 ДИК прес конференција (освен ако во меѓувреме не се појават американски тајни служби, шпиони, СОРОС, марсовци, војна не избие и сл.)
Репортер од 24вести во живо пренесе дека Чичаковски е во штабот на ДИК, и видно вознемирен за рекла казала муабетиве за него. Туку, многу неутралци очи вадат. Чудна работа ова со неутралниве.
ЕДЕН АПЕЛ АКО МОЖЕ ДО НИКОЛЧЕ И НЕГОВАТА ПАРТИЈА. ДАЈТЕ ВЕЌЕ ВЕ МОЛИМЕ АКО Е ИЗЕДНАЧЕНО ИЛИ ЕВЕНТУАЛНО СДСМ ИМА ПОВЕЌЕ ГЛАСОВИ А ПОВЕЌЕ ОД ИЗВЕСНОДЕКА Е ТАКА ВАКВА НЕИЗВЕСОСТ НИКОГАШ НЕМАЛО. ПА ДО КОГА БЕ МАКЕДОНСКИОТ НАРОД И ДРУГИТЕ НАРОДИ КЕ ГИ ПРАВИТЕ НЕПИСМЕНИ? ДАЈТЕ ПРИЗНАЈТЕ ГИ ИЗБОРИТЕ СЕ ВИДЕ ДЕКА НАРОДОТ СИ ОДЛУЧИ.пРИЗНАЈТЕ ДОСТОИНСТИНСТВЕНО БАРЕМ ТОА, ОТИ НАРОДОВ КЕ ПОЧНЕ ПО СОБРАНИЕ СО КЛОЦИ ДА ВЛЕГУВА И ДА ПРАВИ ИНЦИДЕНТИ ВИ ГАРАНТИРАМ.
Ајде ете ги во 9! Кои живци ги има Чичаковски цела земја го чека, а тој си спие како успеал да заспие под толкав притисок
Хахах срцка да не сум го прочитала немаше да стасам дотаму до каде што сум сега. Потенцирав и претходно во друг пост дека со Устав постои двојазичност во области каде што најмалку 20% се зборува друг јазик различен од служениот. Едно е да се зборува во Арачиново и некои други области со Албанско население а друго е да се воведе во цела територија на Р.М и да биде службен јазик. За во Арачиново што се зборело не знам ама во мојот град на нивниот митинг се вееа Албански знамиња што никогаш не било. Во ред е права на малцинство и се тоа ама Македонците во Албанија немаат никакви права како што тие ги имаат во нашата држава. Друго во денешно време со Рамковниот договор предност при вработување имаат албанците. На крај ако не го дадовме името на Грција т.е не се изгубивме од картата, не променивме идентитет за влез во ЕУ покрај сите уцени, притисоци не гледам зошто да се воведе двојазичност, федерализација, кантонизација. Заев не може Македонија каде што народот е поделен на партии, националности да ја прави кантон и да ја рамни по терк на Швајцарија која е најбогата држава, со друг оменталитет и без меѓу етнички тензии.
Само она нека двои, ќе жртвувам работно место за неа. Ако двои нехрана еве уште сега ќе дадам отказ Кис4е
Лелеееее за името збори????? За името што ни го шиткаа преку телефон збори чоечееееее Едитирам... ни го шиткаа името скроз доброволно од фотеља без никаков притисок.
Време беше да изгуби вмро, каков и да е крајниот резултат, они се губитниците на овие избори. И во случај да имаат некој пратеник плус, нема да е диктатурата која што владееше до сега. Прогнозирам повторно избори за година дена на кои очекувам убедливо да изгубат. Се држат за последната сламка за спас, тонат! Што е убаво деновиве да се гледа Сител.