Уф, извини ова не ми е никаков доказ, ова секој може да го напише, зарем толку сте заслепени што верувате во се што ќе прочитате како единствена надеж ? Ти се молам Офи, изрази мислење, не ставај линкови со содржини неподкрепени од никаква организација. ____ Срамота е тоа што сака Виторија да ме убеди во каква држава живееме, ко да не знам. А ако ти се дискутира дискутирај, не мора на секое да ме цитираш и поправаш .
Не ни се сомневав дека како примери ќе ми ги дадеш комшивката и мајка ти Ај Скорпионка доста беше 'интелектуални' разговори со мали деца, пријатен ден на сите, а Грујо ќе го крунисаат вечер најкасно до 22 h
Го нема човекот да,да... позадински играч???? Мене ми кажаа дека ќе биде министер за внатрешни ...секако ако победат. Отом-потом.
абе ти глупа ли се правиш? Па овој сајт објавува низ текот на цела предизборна кампања каде се случувале глупости и ти сеа мене глупа ќе ме праиш? Ајде, ќе објават и на ТВ. ц ц ц
А ако не го крунисаат него Леле само да не ни се повлечете од форумов Иначе ни јас не сум сигурна кој ќе е новокрунисаниот владетел Стварно како што кажав ми се ова нај неизвесни избори. Ќе видиме.
Оффи кај сите сеуште пишува непроверено, а да пријави "неправилности" може секого, можам јас воопшто да не излезам од дома денес и да напишам дека видов некој како турка некого со пиштол зад него да гласа
Леле луѓе да се надоврзам на крунисувањето, баш прееска си помислив кое славје/дивеење до рани зори ќе биде тоа.... Само да нема жртви
Ама го нема никаде на ниедна листа, на ниеден прес, на ниедно интервју Како што разбрав лут им бил, нешто се спречкал со некој од тие по истакнатите членови Оти да предложеле жена премиер што се немало случено во историјата на Мк. и ќе било тотална утка
Скорпионка...кулутрно ти велам...откачи се.Гуд бај...да имаше здрав разум и помалце лепак у бели дробови,ќе ти беше јасно зошто злоупотребата на позицијата не е санкционирана и јасно и гласно соопштена. Ти мене ќе ми расправаш шо народ сте биле и шо сте правеле.Пратеник у собрание...да не кажам до тогаш што работеше...сега гласот од говорница не му се чул...сељак,брате,сељак со тапија...партија,господа народ...за мерак.
И јас би и препорачала на Офи да не верува во се што ќе прочита и слушне. Уште вчера приметив, кога прочитала на сајтот на Сител наслов - Нова навивачка химна, и мислеше дека со таа песна ќе го отворат натпреварот. Додека нешто не е официјално и потврдено од најмалку 2 извори, или 2 медиуми не е релевантно. А во ова пријавените неправилности имаат и за двете партии пишувано.
Бабеее пази,камери клавет во пенкалана! Сабајле баба ми ми вика,ако одиш да гласаш носи си пенкало! И ете баба ми како наивно наседна,заедно со сите пензионери... Бабе мор не излагам,душа не ми дава!
За гревови пензионерите ги лажат оти пензиите им ги покачиле а на митинг не спомнуваат оти тоа МОРАА да го сторат заради покчената цена на лебот неколку пати, шеќерот, маслото кои се се од увозно потекло, зашто немаме слух и интерес за обезбедување услови на земјоделците за производство на свои... Стамота
Најгадни избори до сега. Сите се понашаат како утре да не треба да седат заедно во исто собрание.Како 6ти јуни да е крај на свет... Не е според мене неизвесно, ВМРО веќе имат 3 пратеници од дијаспората, ќе победат и тука. Медиумите ( ако можам така да ги наречам ) како А1 со нивните од небо паднати анкети дигаат узбуна дека СДСМ имаат шанси. Греота е само што народо паѓа на ниво да се РАСПРАВА до толку. Вие не дискутирате испотепате се тука. На крај краева, тие што имаат повеќе гласови, тие имаат поголема подршка, тие ќе победат, и другите треба најкултурно да се помират и да честитат победа.
Така е уште да дочекаме и да видиме кој ќе победи, зашто е стварно неизвесно. А знаеме кој лобираше да гласа дијаспората и во чија корист ќе е тоа што ете и се докажа како што велиш. Ај да видиме што ќе кажат Македонците кои се сведоци на овие ситуации и кои ги доживуваат секојдневно а не платените партиски војници кои со државни вработувања и пари си шетаат по светот
Го знам ова, видеово го гледав на вести на Сител, и што има врска сега ова ? Добро е што се соопштени и што се знаат, за да се преземат соодветни мерки, одколку тајни да бидат, и што ти докажува тебе ова? Важно е само се да заврши мирно и безбедно без инциденти и да биде фер. И не те правам глупа, мислам дека си доволно паметна за да не веруваш во се што ќе прочиташ
оффи ова Спојлер со ова Спојлер Според потврдените информации, дојавени од набљудувачите и регоналните канцеларии на МОСТ, досега е забележани се следните неправилности на гласачките места: Гласачко место 2753, општина Аеродром, поради неажурираниот Избирачки список и промена на личните податоци во личните карти, четворица гласачи неможеле да го остварат своето право на глас. Гласачко место 2772, село Долно Лисиче општина Аеродром, недостасуваат две гласачки ливчиња и Избирачкиот одбор ја известил ОИК. Гласачко место 2661, општина Кисела Вода, гласач го фотографирал гласачкото ливче зад параванот, но гласањето е продолжено. На истото гласачко место член на Избирачкиот одбор на глас ги читал имињата на гласачите. Гласачко место 1580, општина Радовиш, на глас се читаат имињата на гласачите. По реакција на претставник на политичка партија ова е прекинато и гласањето продолжило по регуларен пат Гласачко место 2930, општина Бутел, еден гласач позади параванот го сликал гласачкото ливче. Реагирал претседателот на Избирачкиот одбор кој му рекол на гласачот дека нема да му дозволи да го стави ливчето во гласачката кутија доколку не ја избрише сликата, и откако ја избришал сликата од телефон му било дозволено да го стави ливчето во гласачката кутија. Гласачко место 2691, општина Аеродром, член на Избирачки одбор ги чита на глас имињата на гласачите и еден партиски набљудувач ги запишувал истите. По реакција на членови на Избирачкиот одбор читањето на глас е прекинато. Гласачко место 1314, општина Дебарца, трочлено семејство изнело три ливчиња од гласачкото место затоа што ги немало во Избирачкиот список. По реакција на Избирачкиот одбор и интервенција на полицијата, ливчињата се одземени и однесени во полиција. Гласачко место 1917, општина Струга, забележано семејно гласање при што во 5 случаи на семејно гласање искористени се 14 гласачки ливчиња. Гласачко место 1639, 1640 и 1641, општина Ресен забележано е делење на пропаганден материјал околу гласачките места. Гласачко место 1583, општина Радовиш, набљудувач на политичка партија стоел позади параванот при што гласачите покажувале за кого гласале,. Оваа појава не била адресирана од страна на Избирачкиот одбор, но по реакција на набљудувач од друга партија, истата била прекината. Гласачко место 0406 општина Гостивар, забележани 9 случаи на семејно гласање со употребени 19 гласачки ливчиња. Избирачкиот одбор на превзема никакви мерки. не е баш исто
И мајка ми и татко ми за време на кризата после распаѓањето на Југославија имаа проблеми со работни места. Мајка ми не беше вработена, а татко ми земаше некаква мизерна плата. Тоа не го натера да се зачлени во некоја партија и да биде нечиј партиски војник, туку човекот почна да работи напорно и приватна и државна работа. Јас лично се сеќавам дека тоа беа тешки времиња за сите. До денешен ден моите родители немаат книшка од ниедна партија, немам ни јас, ни брат ми. Не ни планирам да имам. Сите крадат, работата е да се сменат кога ќе почнат да претеруваат. Во овој случај ВМРО почнаа да претеруваат. Лично од сигурни извори знам дека сите споменици се леени во Скопје, само калапите се од Италија, Александар Македонски од пред 4 месеци стои во халата на Металски завод.......а колку пари се фрлени на нив, пари кои во иднина ќе ги плаќаме ние и нашите деца.... А овие кои ги нарекувам џган и пропалитети, не ги нарекувам поради тоа што се невработени, рака на срце сите некако ги бутнаа во државни институции Срамота е да ставиш знаме од ВМРО во двор, срамота е да ставаш знаменца на колите, срамота е да имаш залиха од канти во двор.....ко последни да се кантине. Па да се мочам и во кантите и во се’, дај си 600 денари и ете ти канта- бар нема да мољакам.
А како ќе ги плаќаме ние тие споменици во иднина можеш да ми кажеш? Немој само со намалување на плати, пензии и даноци ?
Како што јас гледам од ситуацијата во Пелагонискиот крај, изборите се одржуваат во беспрекорен ред и редослед, без ни најмали препукувања, со огромен процент на излезеност на гласачите, и иксрено, изгледа вие Скопјаните си правите од мравка слон. Кои претходни избори били сјајно, можда кога беше Бранко тој што организира немаше тепачки и камери и сликања со телефон? А? Дајте ви се молам, вие можете слободно да се нервирате, ваму е потаман . Секој си го користи правото на најдемократски начин. И Дарко Штаргоски нека се информира малце, Долнени си имаат слава, панаѓур, гајди, и сите сега мирно во славска атмосфера си ручаат и си муабетат со одамна невидени роднини . Нека не шири прдешки дека заради ова или она не гласаат, ќе гласаат сите до еден, помирно него ли сите нас