Единствени кои треба вистински да се радуваат во моментов се албанците. Добро ли сфатив, оти не сум многу во тек?!
Честитки и од мене до сите гласачи. И до оние кои избраа Македонија да продолжи во насока во која цели години претходно, и до оние кои поддржаа концепт на разнебитување на македонштината, и оние кои се определија за опциите од трет блок. Секој има право да избере што мисли дека е подобро за него, без притоа да биде осудуван за тоа од никого. Дали последиците ќе бидат погубни или профитни ќе покаже времето. Реално, иако со помош на албанскиот блок, силна заушка доби ДПМНЕ и ова е знак дека треба да се седне и да се сврти нов лист. Очекувам сериозен ремонт во ДПМНЕ во раководството од месни па до високи кадри, за кого на сите им беше јасно дека доста шкрипат по разни прашања. Очекувам и сосема нов пристап кон решавање на потребите на граѓаните, повеќе интерактивност со граѓанството, засилено контролирање на локалните партиски моќници и олигарси, подомаќинско работење итн...
Вмрo јa дoбијa пoбедaтa, нo јa изгубијa дoминaцијaтa. Нaрoдoт им удри шaмaр кoј ќе ги свести. Немa демoкрaтијa кoгa сите пoлтрoни ќе кренaт рaкa и пoминувa се кaкo тoплa вoдa. Се нaдевaм декa НГ убaвo ќе рaзмисли кoгo ќе гo седне вo фoтељите. Јaс личнo тoa и гo пoсaкувaв. Не нaрекувaте пoддржувaчи нa криминaлoт. Јaс ќе ви кaжaм декa не знaете кaкo беше дa ги гледaте рoдителите немoќни и без рaбoтa, вo време кoгa се зaтвoријa, прoпaднaa сите гoлеми фирми вo МК....зa дa пoкaснo челниците вo тoa време ги купaт вo вреднoст oд еднo чoкoлaдo. Тaкa криминaлoт гo стaвaме нa кaнтaр, пa гo дoдaвaме кaпaцитетoт и убедувaњетo, пa пресекувaме. Мoјoт и твoјoт кaнтaр не е ист. И кoј имa прaвo дa се мешa вo туѓите убедувaњa? Дa се пoчитувa рaзличниoт oд себе е чoвечкa oсoбинa, кoј реткo кoј јa имa.
Во нормални околности и на нормално место (да не речам држава), во ваква ситуација двеве спротиставени партии би требало да се тепаат за да обезбедат подобри услови за народот и подобро да работат. Само тука се' оди наопаку, најчесто. Ајде да видиме сега како ќе биде.
@corto.maltese знам дека д(р)пмне ги прогласија за победници и немам никаква лажна надеж ниту илузија за евентуално прегласување или незнам што.Тоа е волјата на народот и ја почитвам. НО,факт е дека изгубивте од комодитетот на сите претходни избори и сега веќе имате јака опозицја,тоа е добро.
Сањаева, ова денес е основа за утре твоите деца или внуци бидат купени за вредност помала од едно чоколадо. Не е исто и не е исто време. Очигледен криминал оправдуваш за нешто мерено со минатото кое никогаш нема да се врати, а од друга страна па иднината... Точно, не ни се исти кантарите, ама заради тоа треба да тежнееме кон објективност.
Е oвa не гo рaзбирaм. Штo aкo чoвекoт купил куќa нa мoре? ...кoјa бдв е дaлеку oд хaциендa. Пa си имa свoј бизнис, штo е чуднo. Зa рaзликa oд мнoгу ЗЗ не дoјде нa пoлитичкaтa сценa кaкo сoцијaлен случaј сo прaзни џебoви. Кoј се имa куќи пo Грцијa... @Lilit. мoјoт oбјектив е тoј.
Девојче, се убаво, арно си напишала. Ама комфликт бе? Абе образованието постои за да ве научи дека не се пишува коМфликт. Ете затоа... Инаку со се друго се сложувам. Бива грешка.
Ми се чини дека на избориве, повеќето гласаа против некого. Тоа ли се избори ? Ај нека се роди здрава политика. З д р а в а
Супер, ми олесна. Лејди, тука како да не слушам затоа и прашав... Се загрижив да не остане некој денар непотрошен на јадење и пиење, па викам чек да прашам...
Претеравте сериозно. на што личат навредиве?! Па так си ја брукате и партијата која ја "застапувате". Па срамота е! За некој месец ќе има нови избори. Имате вие лице да излезете и да барате доверба?! Исти сте! И сдсм и вмро (со мала). Подалеку од својот интерес не гледате.
Зошто ја купил дупло за поевтина цена. И да им е само ова. Ме мрзи повеќе да пишувам за нив. Кажав ќе видиме каква слобода ќе имаме. Чекам ..
Да се надополнам (шлепам) на мислењето од Лилит. И сега има семејства со родители немоќни без работа, или со еден вработен за 8-9000 (враќаат неколку илјадарки директно на газдата). @sanjaeva, ако сте поминале таков период и сега ви е добро, не значи дека на сите им е. На некои па тогаш им било подобро а сега се во сиромаштија, се кладам дека има и такви. Да не почнам за здравствениот систем и луѓето што страдаат заглавени во него. Да погледнеме малку подалеку од сопствената удобност, не е само тоа важно. Кој прави криминал и тоа се докажува - се казнува на избори. Тоа во нормално општество. Кај нас, за жал, многу нешта игнорираме и мериме на кантари.