Не ве рaзбирaм. Oд еднa стрaнa oд немaштијa зaминaвте, oд другa стрaнa oсудувaте штo ете бaш oвoј месец сo тие 500 ден. некoј леб ќе купи.
Најниската пензија во 2006 беше 4600 ден и толку земаше мојата баба. Денеска зима 8800 и самата ме тера да ја носам да гласа за ВМРО. Не се 500 ден, многу повеќе се. Прашај си ги дома баба ти и дедо ти колку имаа пред Грујо а колку денес. И да, добар шамар беше ова за Грујо да види дека треба по земја да се оди и да не се вработуваат нестручни партиски кадри на раководни позиции додека професионалци такси возат.. И дајте малце закопајте секирите. Македонци сме сите, доста со омрази и проклетилак еве до кај дотеравме.. Имајте убава вечер ќе биде подобро!!
Ова беа од оние што одеа по митинзи со икони? Џабе ви икони кога ви згаснало она основното. Не дека не ми било јасно, ама сега уште појасно,зошто сме биле пет века под османлиите. Требало уште пет.
Па баш заради тоа. Затоа што немаштијата не е од вчера. 10 години не се малку, на милениумците им е пола живот тоа. И да знаеш дека ако гласаш за дпмне, пак ќе биде исто, пак истите проблеми, па и повеќе, и пак да гласаш за нив, продолжувајки си ја агонијата за уште 4 години. Најжално е тоа што, пензионерите, тие што пораснаа во Југославија, што имаа речиси се на тацна, т.е. сами со труд и мака си сервираа, јавни претпријатија градеа заедно сите колективно, кредити од банка скоро без проблем, коли, одмори, ништо не им беше туѓо, немаа потреба од иселување, цела фамилија на куп, баш тие се оние што гласаат за тие 500 денари. Но како што реков во еден претходен пост, кога гледаат дека децата им работат за ситни пари, внуците раснат, наскоро и тие ќе треба да бараат работа (а ќе најдат, мхм, на куково лето) како можат да гласаат. Јесте дека транзицијата беше за време на СДСМ, ама и дпмне направија толку многу лоши нешта, а тие се забораваат. Памтат само за СДСМ, а ништо од дпмне. Се прават слепи и глуви. Не се и СДСМ цвеќиња, далеку од тоа. Ама промени си требаат. Се заборавија овие. Значи ми се чини почна со турските серии, перењето на мозок. И во Турција е скоро иста приказна. И тие имаа ''пуч''. Си го имаат и тие Ердоган. Користат медуими да перат мозок. На некој е исперен, некои заради платата се прават луди. И на бомбите слушнавме, па ние сме лудаци бре. Ако продолжиме така ке идеме у затвор. Али то је то, Македонија ја владее колективно лудило. Се е сведено на омраза од најниско ниво. Мрази го својот роднина, затоа што е ''предавник'' Напаѓај ги, заплашувај ги, ке гласаат, ние ке собираме азното, тие ќе живуркаат со 150 евра. Абе човечиња
Да а секој месец кредит земаат за пензија да му дадат. До кога ќе го земаат тој кредитот? И да во државава само пензионер му е мајката, еден ден само тие ќе останат овде. И како шо ги зголемуваат годините за пензија ќе дојди време никој да не дочека да добие.
А што дека пензиите рипнале за 4000 денари во 10 години? Кога се друго исто значително поскапе па пензиите пак не стигаат ниту за основни работи. Имам пензионер дома, знам како е.
само едно мало потсетување кој победи Мартин Протуѓер: „Треба едно десетина луѓе да се убијат во државава, за да биде како што треба!“ Никола Груевски: „Миле... Со динамит тоа, да не го тупиме многу!“ Гордана Јанкуловска: „Се нервирам, не можеш едно убиство да скриеш!“ Кирил Божиновски: „Да се избрка од работа треба. И он и жена му. И тоа кафаната треба да му ја запалиме.“ Никола Груевски: „А да организираме некој да му удри 5-6 шамара на Жерновски!“ Мартин Протуѓер: „Кажи му дека он, жената, децата, све у ендек ќе ги најдат. Мајката да им ја ебам јас нивна комунистичка, педерска!“ Mиjалков: "Сега во Шутка ќе го јаде, ќе го ебат наркомани. Шитари и наркомани, пошо он многу сака со шиптари да се дружи." Иво Котевски: "Овие морониве од A1 ме прашуваа за убиено дете на плоштад." да ружи цветаат сега со 4000ден плус. И моите беа така со пензиите ама за иста потрошувачка на струја тогаш плаќаа 700ден, 300ден вода, сега плаќаат 2000струја и 1000че вода, да не зборам што се можеше да се купи за 1000че пред 10-15 години што може сега. Со 10 000 плата се живееше ко бог, а не се преживуваше. Ама да не заборавиме дека еден ист износ на пари во два различни периоди не се споредува... да не навлегувам во еконмските законитости, да не се расфрламе со поими.
Абе што ви е гајле за кредитите, некој друг ќе му ја мисли некогаш, нашите деца и внуци, ама далеку е тоа, сега да ми е арно. Битни биле пензиите... Што ви е бе? У пензионерите е иднината?
Тоа е проблемот драга, што и баба ми додека беше жива, ги гласаше Дпмне, затоа што пензијата и ја накачија од 7 на 13 илјади. Нејзе и биле добри. Проблемот е тоа што, и синот и снаата невработени, внукот и внуката без работа, а веќе полнолетни. Зарем не треба иднината на младите да остане? И после 3 од 4 внуци во странство. Епа наздравје. За да има здраво општество, треба многу нешта. Цело е кога има се. Образованието го унакажаа. Од клупи излегуваат неписмени, и основно и средно е со протекции, за на факс збор да нема. Работа со врски. Цел живот со врски, само некомпетентни луѓе на фукнции. Као ја имам факс и мора на државно, во office да работам. Држава во канцеларија не се гради. Мора на терен. Младите ни се депресираат, не се женат, нема деца, населението старее. Плус што немаме ние производство, каков економски раст, какви бакрачи. Сите трчат на државно, као осигурани до пензија. Секој водејки се од себичноста и гледањето само за себе, се доведуваме до ситуација да не знаеме дали државата ке ни преживее за до нажата пензија Без образование, без здравство, без економија и производство маф ни е работата. До кога на кредити? Само казни пишуваат. Парите преку една врата ни влегуваат дома (као со зголемени плати и пензии) а излегуваат од другата (казни и даноци) Се смеевме на Грција, Бугарија, биле такви онакви. Си имаат тие грб, Грција колку и да се задолжи, ја има Европа да ја спаси. Ние сме во никаква ситуација, и уште повеќе штета си ствараме самите. Како да не беше малку што го допревме дното, па уште и копаме. Дно дна. Зошто гинеа претците наши? Се превртуваат во гроб сега. Гарант
Тука малце нешто ќе исправам што народот грешка го протолкувал значи однапред ќе си кажам против ЈАНКУЛОВСКА сум и сето тоа што го изнакажа во видеото за Мартин е СРАМОТА и лошо но тоа „Се нервирам, не можеш едно убиство да скриеш!“ е грешка протолкувано таа кажа Се нервирам неможе убиство да се скрие бре имаш човек , мртво тело , во смисла КАКО МОЖЕ НЕКОЈ ДА СЕ ОБИДЕ ДА СКРИЕ УБИСТВО, затоа што таа велеше дека убиецот не бил од нивните напочетокот од разговорот. Другото се се согласувам
Парите пред 10 години и сега немаат иста вредност. Најлесно можеш да споредиш со 1000 денари. Ако пред десет години си можела да наполниш три кеси во супермаркет, денес можеш една. Вредноста на парите е намалена. Или потрошувачката кошничка. Ете конкретно за 2006 година потрошувачката кошничка била околу 11000 а денес е над 30000. И тоа покачување на пенизиите и всушност израмнување со инфлацијата.
Тие со сликата со крстот под итно во лудница нека се земаат. Таа плавата што го држи крстот на слика била професорка ете гледате какви личности им предаваат на децата? ЕПа сега плус такви ќе привработат Што немаат соодветно образование, што немаат дозавршено факултет...ете такви работат по школите. Може има 8мо одд (пошто не е битно за вмровците кој степен на обрзование го имаш), ама битно држи крст со името на Заев и затоа сега директорка ќе ја стават Туку џабе пишувате што рекол Протуѓер, што рекла Гордана, што рекол Грујо во бомбите...поминаа изборите, а на народот не му беше гајле за криминалот. Си ги изгласа пак. Ајде тие што се под закана и што одат на прослави ај, ама тие што самоволно излагаат е тие не можам да ги сфатам
Тоа што таа е професорка, само го потврдува фактот што бевме на листа со најлошо образование во свет.