За вмро зборуваш? Пошто за Куманово, Мијалков е главниот што сакаше да предизвика граѓанска војна, и уби 8 полицајци... мешаш работи малку.
И јас сум дете на човек кој во време на СДСМ стана стечаец. Се затвори фабрика која што на времето ја снабдувала цела Европа со огноотпорни материјали. Во време на СДСМ моето семејство падна во тешка финансиска криза, па на татко ми (покоен сега) му беа дадени некои околу 7000 денари месечен надоместок. Со тие пари поминувавме 4 члена. Во време на вемеро исто, цел факултет 5 години го поминав во една јакна и едни фармерки. Во меѓувреме имавме успони секако, ама не траеше ништо долго. Епа во време на сдсм имаше висока невработенот ама немаше шампити од стиропор низ Скопје, немаше кредити за споменици, немаше барање членска книшка во институција која треба да работи за народ. Немаше никакви реформи ама немаше толку висока смртност на новороденчиња, ниту сообраќајки. Судството како така функционираше. Не изградија автопати, ама овие сега со асфалтов од алиекспрес што после 2 години е дупка до дупка ништо добро не ни направија. И има уште многу споредби.. Гласав за сдсм само за да помогнам во уривање на режим. И знам дека утре кој и да биде на власт исто ќе критикувам. Овие на секоја фабрика кај што отидоа да сечат ленти, а некаде и по неколку пати знам зошто мајка ми работи во таква фабрика, или не е воопшто отворена, или работниците штрајкуваат зошто со месеци не зеле плата... За к-15 да не зборам. 90% од работниците во земјава го враќаат на газдата. Патот до демократијатијата е преку самокритиката. Ако ги критикуваш не значи под дифолт дека не ги сакаш. Родителите не критикувале нас, за еден ден да станеме подобри личности. Не можам да сфатам колку критиката се сфаќа страшно и колку за сите луди идеи на оваа власт се бара било каков изговор само да се оправда. Нема споредба. И ќе критикувам и не ми е битно кој е на власт.
Опозицијата сака влласт да за докраде тоа што остана и да направи уште еден бонбонче бизнис, на р територијата на татковинава. Позицијата и така е ср..е. Само потсетување дека сдсм ги прати дома нашите родители. Само за потсетуање вмро не реставрира ниедна фабрика, а имаше можност за Охис. Само за потсетување сдсм правеше поголеми убиства, а вмро го зеде нивното школо. Има многу да се кажува и за едни и за други и за тоа ви викам да гласате за мене, сите ке се селиме во Кина. Него вие кои зборувате за плати и повисоки цени на производи да со знаете дека тоа не сависи ни од гвујо ни од зајко, туку единствено од нафтата и светскиот пазар. Секоа цена на чинење на зејтин, шекер, брашно итн зависи директно од цената на нафтата, т.е чичко сем и вредноста на доларот. Едно време пишував во тема да купуваме македоснки производи, а феминкиве ми солеа памет дека хрватски или грчки производ е подобар. Да подобар е, ама дајте му шанса на нашиот за да стане подобар и да се запослиме. Има многу за зборување, ама ај. Уште ова. Гвујо како гвујо донесе инвестиции, гледам по градов, по комшииве, по пријателките. Задоволни се што не седат дома и што не паѓаат во депресија. Задоволни се што коку толку пара им се врти. Згрозени се што и за најмизерно вработување треба амин од вмро. Грујо јасно кажа а и го започна тоа да ги зголемува платите. Кажа дека о првите 5 год платите нема многу да пораснат, но договорите со инвеститорите тука се: закупваш простор т.е градиш фабрика и работиш 10 год. Плата наголемуваш за некој процент според порастото на добивка ( олку ја прикажуваат тоа жими тилов), и кога си заминуваш оставаш машини тука. Е после некој приватник има право да ги откупи, но да ги задржжи работниците и платите. За разлика од сдсм кој психички ги утепа напите родители, ова е добро кај вмро.
Има една категорија, доста непозната за нашите сограѓани, што се вика КВАЛИТЕТ НА ЖИВОТ и што оди многу подалеку од редовна плата/приход. За да стигнеме до таа категорија, сметаме дека се подмирени сите биолошки и социолошки потреби на човекот - има пристап до вода и канализација, има топла и здрава храна, има сопствен дом каде што може да се одмори и спие, има партнер (пола држава ни е хронично не....), има семејство, има пријатели - и како таков, човекот може да функционира и да создава повеќе и за себе и за општеството. Односно, се смета дека неговите основни потреби се покриени и е способен (и желен) да учи, да се надоградува, да оди на работа, да создава и твори. Е, откако ќе се подмират тие потреби и личноста успешно функционира, може да се размислува за понатамошен развој - надоградување во различни сфери, уживање во уметност од секаков вид (театар, кино, музика, итн) патување и запознавање на различни култури, истражување на кој си ти како личност, развивање на свест и самосвест, развивање на критичкиот и самокритичкиот ум и запознавање на што и кои ти се тебе желбите за иднина, страсти, амбиции... Така имаш општество со разумни, свесни и образовани луѓе. Со писмени луѓе. Не зборувам и не дискриминирам образование - сигурна сум дека некој машинобравар некаде е пописмен од некој судија. Зборувам писменост во форма на тоа да знаеш да отвориш и да прочиташ, да се информираш, да можеш да расудуваш свесно, не само за настани во државата, ами и во светот. За жал, мислам дека нашава мила, мала напатена никогаш, па дури ни во времето на Југославија, не успеала да го достигне тој квалитет на живот што јас го зборувам. Кај нас, отсекогаш била и ќе остане борбата за сува корка вчерашен леб. Партиите, без разлика која и да е, ја искористуваат таа ситуација и еве го исходот. Што очекувате од луѓе на кои требаше да им се воведе ПАРИЧНА казна за да не плукаат по улица? Од луѓе што не знаат да состават (ниту пак да напишат) проширена реченица? Го читате ли нивото на писменост што циркулира по Интернетот, па дури и на официјални веб-страници и медиуми? Што да се очекува од луѓе и од општеството што нема никаква свест за самокритика и саморазвој? Знаете ли дека има општини во Македонија каде што луѓето се информираат само од телевизиски канали, каде што никогаш не испаднале од таму, каде што складираат брашно и шеќер затоа што кога ќе падне снег во ноември, до март не можат да го откопаат? На тие таквите, секогаш се' ќе им биде доволно и ќе сметаат дека треба да бидат среќни и благодарни ако ОСНОВНИТЕ човекови права им се подмирени. Оти има и полошо. Искрено верувам и не ми е чудно дека таквите луѓе во Македонија се побројни... На гладниот му треба леб и приказната завршува таму. Краток осврт на настаните и одговор на прашањето - како е можно? Еве како. А да, морам да искоментирам - партиските прослави, од која било страна, ми се крајно, ама крајно невкусни, нецивилизирани, та дури и неандерталски. Музика, играње и пеење можам да сфатам, за кој било повод, ама дивеење и однесување како да се симнати од планина... не!
Некој еднаш кажа:,,Немаме за леб,а купуваме чоколади". Деца на кои им беше неопходна операција,чинеше колку една опашка на велелепните лавови. Ама,квази интекектуалци што парадираат со крст на жив човек одлучија овој тренд да продолжи. И немојте за Саше Политико,си имате х2,Јанко и Миленко.
Во време на сдсм највеке новороденчиња беа пријавени за мртви а беа продадени на други родители, само што тогаш немаше интернет и досиеата беа сокриени. Ти се молам. Влези во тема позвојување и читни.
За жал не само деца имаше и постари што молеа и маки мачеа и мачат од донации да соберат за да го продолжат својот живот. Таков беше случајот и со нашиот другар кој за жал почина пошо нели побитни се спомениците, фонтаните и ред др работи.. Надеж имам уште во СЈО кој верувам дека ќе ги среди сите кои ја уништиле државава и едните и другите и сите се што си направиле треба да си платат..
Неможам да разберам за каков режим зборите?Нема споредба сдсм и вмро,за време на сдсм ништо добро не видовме,за плата тоа е мисловна именка,фабрики затворени и уште многу негативности,сега све е поинаку мрдна напред нашата економија и вмро се стреми да живееме се поубаво и треба да го цениме тоа.
Od iskustvo. Imam odamna pisuvano. Skoro u isto vreme se porodivme.sp bratucetka. Go odbi od doenje na 3 m oti 9 saati bese nadvor od doma a nemase pauza za da se odmolzuva. http://www.peron.mk/tugjino-jabano/
Слaвеa и вемерo и сдс вo неделaтa вечер и не сaкaa дa oбјaвaт кoнечни резултaти дa не дoјде дo некoи нереди вaљдa
кај мене во фирма не е така. Едит. А и леснотијата за наоѓање нова работа е на друго ниво во однос на МК. Споредбава не ја бива.
Гарант по партиска линија вработена. За профсор да бидеш не е доволно само знаење, туку и педагогија, основен морал и етика. Да се паметни сега ВМРО и да ја отпуштат од работа, ќе добијат поени и кај паметните вмро-овци и кај симаптизерите на сдсм.
Јас неможам да разберам како луѓево зборат дека не би гласале за СДСМ затоа што направиле тоа и тоа пред 10-11 години. Ги гласаат ВМРО а самите слушаа како зборат за нивните криминали,убиства,не помагаат на невини деца бидејќи трошат пари на фасади,трошат на чоколадо а немаат ни за леб како што самите си кажуваат. Јас и моето семејство не сме биле жртви за времето на СДСМ (фала му на Господ) ама затоа сме жртви во времето на ВМРО. Не го одобрувам тоа што се случило пред 10 години иако не е истиот состав на партијата,а уште помалку го одобрувам тоа што се случува денес пред нашите очи. Ние како народ ја имаме најголемата сила да одлучуваме кој да биде на власт и да работи во наша корист,за нас,нашата иднина и иднината на нашите деца. Факт е дека како држава сме сиромашни,не само финансиски туку и во душата. Едноставно таква е структурата на народот и таков ни е менталитетот и сме биле газени,поробувани и понижувани и ке бидеме во иднина. Жал ми е за луѓето што се ставени во ситуација да се плашат,да немаат храброст,свое јас и свое мислење и да се прават слепи иако гледаат, само поради тоа што се ставени во ситуација да ќутат и трпат за да не ја изгубат работата која ја заслужуваат и едвај ја добиле или пак не ја заслужуваат и се наградени од партијата. Како народ се задоволуваме со малку,се ќутиме и трпиме па дури и убијци наместо ние како народ со нашата сила да ги казниме тие си се богатат,а длабоко во нас знаеме дека во некоја од тие ситуации во иднина можеме да се најдеме ние или нашите деца. Во четврток излегуваат нови пари, ова е само почеток на тоа допрва што следи,на инфлација,многу голема криза бидејќи државава е задолжена до гуша и зимаат кредити за да исплатат пензии,а тие кредити кој ќе ги врати? Па НИЕ! Нашите деца и внуци,можеби во наредните години идните генерации ќе се освестат дека им е потребен квалитетен живот,а не крпење крај со крај,да се нема кола и одмор и да се задоволат основните и нормалните потреби додека имаме барокни фасади и градиме нова историја,а нагоре северно луѓето возат електрични автомобили додека ние го немаме ни луксузот да дишеме чист воздух и голем дел од фамилиите во Македоноја неможат да си дозволат ни за обичен автомобил.
Бујрум во Британија, дојди, тргни од врата на врата по институциите, научи си ги твоите права, па ќе видиш какви се бенифиции ти следуваат само на основа право на живот. Самохраните родители тука уживаат големи права. Дури и нашите (балканците) дури се разведуваат од брачните партнери за на основа самохрана мајка да земаат бенифиции од државата. Не за џабе бегалците со месеци чекаат на Calais за влез во Британија. Сиромаштијата од Европа ги знаат сите тие закони, затоа и кога дојдат овде, сите ги користат. Обичен британец кој е образован и има иднина, нема сигурно да се замара со тие работи, тие си работат, напредуваат во кариера и со плата. Ама знаат дека ако останат без работа, државата е тука. Треба време и многу документи, но никој нема да биде оставен на улица. Да се разбереме, има и тука и бездомници и секакви, но во повеќето случаи е затоа што се наркомани, или не побарале помош. Само кај нас сите мислат дека партијата ги згрижила и им дала плата и пензија.