Актуелни политички настани

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ariel, 3 август 2010.

  1. FBI

    FBI Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    5.299
    Лукс, сите овие проекти се платени со пари кои се земени од ММФ или пак од други меѓународни финансиски институции. Значи тие кредити треба да се вратат со рата и камата. Таа рата и камата се враќа од буџетот, а буџетот се полни од даноци, такси и слични издатоци.
    Не знам од каде си, ако си од Скопје најверојатно си свесна дека воведоа зонско паркирање на места каде дотогаш не се плаќаше паркинг. Фактички воведоа паркинзи кои ја полнат државната каса на сите можни улици низ територијата на општина Аеродром. Тие пари го полнат буџетот. Зошто јас да плаќам месечен паркинг за место кое законски ми следува со купување на станот ????
    И во последниве 4 години се воведени плус 12 такси и давачки кои дополнително го полнат буџетот. Ќе ја набројам само “итната“ замена на стариле ЛК и Пасоши.....срамота е толку провидно да се прават работите. Во државава поскапе се’, леб, млеко.....основните намирници, а платите одат надоле.....епа не оди тоа така.
    Да немаш пари за да ја одржиш цената на основните продукти за исхрана, а да имаш пари за градење споменици. Да немаш пари за откуп на тутун, кој е најизвезуваниот производ на нашава држава.......
    Мене ми е доста од спомениците и другите градби низ Скопје, нека финансираат во реновирање на фабрики, па после нека разубавуваат екстериер ;)

    И да ќе ги спомнам даноците, бидејќи така се полни државната каса. Преку даноци, такси и придонеси.....не знам дали учиш економија, ако учиш ќе ти стане јасно за што зборувам :)

    Едит: ќе ги спомнам и намалувањето на пензиите и платите во некои од државните институции. Затоа што ќе се намалат и трансферабилните расходи во буџетот кога ќе ги враќаме овие кредитчиња за спомениците.
     
    На Offspring му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Она што никако не успевам да го сварам е како фактот што изборите течат мирно е придобивка на владата :^) ?! Како што нема да е ни виновна владата ако некој локален тепач зачленет во мини - партија направи инцидент за да се докаже дека е главен во маало :muscle: .
    И ситуација број 2 што ми оди на нерви славење пред време што ќе се случува како и секогаш со возила кои прават невидена галама низ улиците со помош на тајфи вооружени со знамиња и ентузијастички извици. Потоа портпароли кои излегуваат со делумни извештаи и шпекулации за победа низ цела држава и потоа како ништо да не било, а факт имало ширење дезинформации, ама нејсе све че то народ повратити во оригиналот е позлатити ама не ми одговара на амбиент. Јас сум за молк во периодот дури се пребројува да се воведе :!: . И медиумите да се занимаваат само со конечниот исход од гласањето!
     
    На DivineChaos и Miss-Independent им се допаѓа ова.
  3. milky-candy

    milky-candy Нов член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    715
    Велиш во Пелагонискиот крај све се одвива во најдобар ред? :) А на кого се потсмеваш? Знаеш ние останативе нафта пиеме, во медиумски мрак сме, ништо не знаеме и те чекавме тебе да не просветлиш...Нема крај во државава кај што е све регуларно, а конкретно за во Битолско, вмровците им давалe по 500 ден на Ромите за да заокружат за вмро...
     
  4. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.768
    Допаѓања:
    162.876
    Да бе и уште еден ром изјавува,па и ние сме луѓе да земеме некои динар,па зошто да не...ма не беше еден,поише беа!И една баба,не мислела да излезе да гласа,ама пошто слушнала дека плаќале,излегла. :D
    Циркуз...се е регуларно! :D
     
    На DivineChaos му/ѝ се допаѓа ова.
  5. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.919
    Допаѓања:
    674

    еве јас сум жив сведок ми дадоа флаер со Бранко Црвенковски и бр.13 а тие се бр.10 и сега што правиме неможе мене некој да ме убеди дека нема малверзации кога сум сведок за истите!
     
  6. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.979
    Може ли некој да ми каже што се подразбира под бугарски воз ?? :) Нешто договорено, наместено гласање, сфатив тоа, него што е цаката ? :D

    http://www.time.mk/read/b6eb43c49a/0344 ... index.html
     
  7. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Колку што знам јас тоа го праат на вработените со книшка за да се сигурни дека гласале за нив како доказен материјал и му доаѓа како едно ливче врти постојано и затоа е воз излегуваш го даваш на другиот и тој на третиот и така се во круг..А тоа што ти го даваат уствари имаш две исто заокружени ливчиња едното го пикаш во кутија, другото го вадиш надвор го даваш на другиот така нешто беше мислам :^) Имаше уште нешто ама не ми текнува точно како го праат :)
     
  8. DivineChaos

    DivineChaos Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2010
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    60
    Еден краде ливче гласачко го вади надвор и заокружува партијата за која му е наредено, после тоа ливче го дава на друг кој го заменува со своето ливче и тоа заокруженото го става во гласачка кутија. Незаокруженото ливче ( неговото ) го вади надвор и го дава на тој што води бугарскиот воз кој пак го заокружува за партијата нарачател и го дава на друг грев.

    И така може едно 20 гласа да обезбедиш.
     
  9. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.919
    Допаѓања:
    674
    а сега новиот закон за Здравествено осигурување што се чува во фиока, според истиот закон Здравствено осигурување им следува на оние кои имаат примања под 11.000 денари, а се друго дали вработено или невработено доколку неговата фамилија во која живеее има буџет од 11.000,00 денари или го надминува ќе плаќа лекови и здравствени услуги, значи еве јас на пример што сум невработена (а се водам под завод од каде добивам картончиња) и моите имаат примања над 11.000 ќе плаќам јас и тие и лекови и прегледи, а се тоа за да се врати кредитот кој е земен за акушерскава болница што ја отворија, за која беше позајмен кредит бидејќи нашите пари кој знае каде завршија.

    само како ќе поминуваат тие што имаат примања севкупно 11.000 денари, а што е тоа мизерија, пола од нив ќе им отиде за комуналии и со што ќе живее, што попрво да плати, за лекување или да купи основни продукти.
     
  10. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Новиов закон за здравство му доаѓа како закон за разболување, имаме и закон за е‘ење и закон за пушење уште закон за дишење ни фали да се утврди концентрација на CO2 која смее да се испушти се‘ над дозволеното да се санкционира со казна задолжително изразена во евра, плус пропратена со општествено корисна работа, а за екстремни загадувачи карантин или доживотен затвор.
     
  11. Blanca

    Blanca Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    725
    Допаѓања:
    505
    Така е. Или не мора да има крадење. Може ''машиновозачот'' да дојде на гласање со фалсификат ливче, кое ќе го стави во кутијата, откако ќе го земе регуларното и позади параванот ќе го стави во џеб.
    Излегува, го заокружува регуларното и му го дава на наредниот пикање, а тој кога ќе излезе треба да му даде празно ливче. И така сите гревови по ред...
     
  12. FBI

    FBI Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    5.299
    За ова уште не сум чула ама не дај Боже да се случи, не се нормални.......како што вика Теодора, ќе почнат и воздухот да ни го наплаќаат :worried:

    Како малку да плаќале генерациите до сега за пензиско и здравствено осигурување..........
     
  13. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Е ќе има бугарски возови се додека има паравани. Тргни го гласачот ма и 10 метра од тебе ако сака ама БЕЗ параван и ќе го гледаш, нема да се гледа што заокружил, ама нема да може ни да мрдне, а не позади параван Бог знае што се случува кај гласачите.
     
  14. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.919
    Допаѓања:
    674
    епа некој кодош тоа го објавил на некој од медиумиве и тоа сега се шири меѓу граѓаните, кој и да дојде на власт ќе видиме дали е вистина, ќе се обелодени некогаш.

    иако сметам дека има логика бидејќи мора од некаде болницата да се исплати, а државната каса е празна.
     
  15. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.008
    Оф мори мајко, последен пат ти објаснувам. НЕ ВИДЕОТО, читај подоле да му се плукнам ама стварно си инает магарешки, да не сакаш телефонски да ти се јавам и да ти прочитам жити се ?
     
  16. FBI

    FBI Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    5.299
    Долно Лисиче и Аеродром- највеќе нерегуларности. Браво :clap:
    Баш се гордеам со сограѓаните од општината. Еве уште еден доказ, писмени луѓе си гласаат регуларно ама дивјациве не можат цццц :x
     
    На Offspring му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Офи што се трудиш да ми објасниш ? :D
    Моментално има вести на Сител кажуваат и за други нерегуларности , а што треба да читам, па тоа напишаното не е исто со видеото |( ?
    Излезноста ја кажуваат сега, скоро по 50 % има од сите изборни единици.
    Прес-конференцијата веројатно на државната изборна комисија (дик) уште не е почната.
     
  18. Vitorija

    Vitorija Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    912
    Допаѓања:
    599
    Никако да разберат овие бе :rofl:
     
  19. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.008
    Епа ти рече дека ќе веруваш само на инфо од Мост, што е сега?
     
  20. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Па тоа е точно, го гледав тоа и пред да пастираш линкот, и што ?
    Битно немало поголеми инциденти освен (прекршувањето на изборниот молк од страна на опозицијата и А1 со изјавувањето за викиликс) и излезноста е голема значи на наше ниво била доволна .
    Виторија мене ми е јасно, не се, но многу работи ми се јасни, така да нема потреба да разберам.