Да бидеме реални никогаш немало подобри услови за живеење,не памтам дека некогаш било подобро од секој аспект дали во економија,градби,асфалтирање да автопатишта и многу други убави работи тоа е благодарејќи на Вмро,недај боже да беше сдсм до сега немаше да постоиме ни како држава ни како народ ке бевме Албанци.
Живеење под стрес, закани, уцени, ни Д од демократиија бегање на младите од државата за тебе се подобри услови за живот?
Зарами се. Неможе да биде подобро од ова а ? Ма не ме смеј. Колку само ппзнавам млади со факултет со висок просек некои и со по два факултета и седат дома за нив неѓа работа само за вас овие со партиските книшки , колку само гледаш Сител и не си отворила некои поугледни странски страни па да видиш дека имаме најлоша економија во Европа. Им се смеевме на Грците а ние во криза сне едно десет пати повеќе од нив. Дали су влегла во факултети на дождлив ден врне внатре и тоа на еден од Кирил и Методиј. Може први сне во градење идиотски градби од стиропор ама битно болниците училиштата студентските домови , факултетите се распаѓаат.
Уф. Многу си во заблуда. Албанија од пред неколку години е далеку пред нас. Кое црно асфалтирање жити се. Знаеш колку години асфалтираат Велес-Штип? Пример?
Гo слушaм Никoлa нa тв сегa. "Нa нaрoдoт му е дoстa oд кризaтa"пa десет гoд дo сегa кaкo штo ветувaaт ехее требaше кoлку рaбoти дa се сменaт
Кога некој ќе каже дека живееме многу подобро или дека никогаш не ни било подобро од сега и такви слични работи, не знам дали да плачам или да се смеам. На Македонија ли мислите или на некоја друга држава??? Очигледно некои од вас се задоволни и со ваков живот, океј... И кога ќе кажувате вакви работи, зборувајте само за себе а не во глобала. Одлични услови за живот имаме, ружи цветаат насекаде, се е супер
Блиски околу К15: 1. Пред им даваа 13та плата, сега им ја пребиваат со тоа.. 2. Пред на одлично помината година, навреме изготвени извештаи им следуваше награда, сега пребиено.. 3. Секој месец земаат плус процент, сега им пребиваат и им додаваат работни часови.. Да продолжам со уште примери бидејќи знам??!! На рака се бројат фирмите кои исплаќаат К15 и не им го зимаат!! Многу од нив со соопштение им кажуваат кој ден ќе биде пуштен на сметка и наредниот ден сите парите во бел плик и кај нив во кутија!! Зошто во државните институции нема К15 ете првин они да покажат како треба, колку се грижат за вработените! Колку задна намера е ова всушност, слеп да си па ќе видиш дека им е за тие 1000денари што одат на нивни буџет!!!!!!!
Значи толку се омаложувате дечки што мислете дека се' од партијата ви е дадено. Не ни помислувате дека вие тоа го заслужувате со ваше право, па после на нас ни се лутите што не ве разбираме и ве исмеваме. Власта ќе ве шутне како стара крпа кога нема да и требате. Секоја власт! Тоа е машина која се преправа дека ти е пријател, а #реално е твој непријател.
Некогаш многу е нејасно и не можеш едноставно да следиш во чекор одредени работи зошто изглеа некои од нас живеат во Македонија на земјата, а други во некоја Македонија во некој далечен паралелен розев универзум.