Актуелни политички настани

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ariel, 3 август 2010.

  1. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.563
    Дај Боже

    Сесил појди на нивни форум и види.
    Јас на улица, во продавница,во такси, во болница, во општина секаде го гледам тоа

    Да не речам си овца, ама каде тоа го бранам ВМРО, еве дај еден цитат постирај ми

    И мое право за кого и како гласам
     
    На kikikikirika му/ѝ се допаѓа ова.
  2. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.683
    Допаѓања:
    6.264
    Оф бре подобро да бидам животно него ли човек со продадена задница ама ај. Инаку ти сама се истресе за кого си гласала, никој не те праша за кого си гласала ниту пак ти го оспори правото на гласање. (facepalm) Ти стварно се читаш ли што пишуваш или важно е само да впишеш нешто?!
     
    На steffriss и Rebecca_R им се допаѓа ова.
  3. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.563
    Па што тогаш го коментираш моето гласање?
    И најде цитат каде ги бранам вмро или ке си тресеш зелени и ке вртиш муабети?
     
  4. Larion

    Larion Нов член

    Се зачлени на:
    14 декември 2016
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Машки
    Има вистина во сето ова горе напишано
    Зашто е толку голема борбата во овој момент?!
    Досегашниот премиер и луѓето околу него се под голема закана да бидат судски гонети врз основа на бомбите.Без судството во нивни раце тоа е и те како изводливо.Но проблемот е што СЈО е во служба само на интересите само на една партија а нивните кривични дела ке бидат амнестирани, така да напредок во судството и правда нема да видиме ни од Заев доколку тој формира влада.
    Што се однесува па до Заев кај него влогот е уште поголем.Тој се фати во оро со албанските гласачи без кои повторно ке каскаше зад стабилното гласачко тело на Груевски кое нема да се промени ниту на наредните избори.Проблемот е тоа што ветувањата што ги даде на албанците за евентуална кантонизација и втор официјален јазик на цела територија едноставно не може да ги испорача.Ниту има двотретинско мнозинство во парламентот а ниту на сон нема да пројде таков предлог на референдум.Мнозинството од македнските гласачи кои гласаа за СДСМ нема да прифатат двојазичност на цела територија која веќе ја имаат во западна Македонија.
    Така да на првиот му се заканува затвор, на вториот му е закачена јамката околу вратот.
    Македонија всушност гласаше за две опции: за влада која потроши екстремни пари за Скопје 2014 и овозможи само какво такво живуркање на грото од македонското население, што секако не би го нарекол достоен живот, и на другата страна за опција која може да донесе сериозна безбедносна и територијална криза доколку не се исполнат дадените ветувања на албанскиот гласач.Можеби тоа многу не го загрижува граѓанинот од централна и источна Македонија како и жителот на Скопските општини со доминантно македонско население како Аеродром и Центар но за македонците од Дебар,Гостивар,Тетово и останатите населени места на западот кои што не виделе македонско знаме 15 години може да значи само напуштање на своите домови.Реално ниту владата на ВМРО не направи нешто повеќе за нив за овие десет години а ниту имаше и моќ за такво нешто, но евентуалната влада на чело со СДСМ само ке допринесе за нивно што поскоро иселување и нивно населување, што мислите каде...?!
    Македонците гласаа за две опции: СДСМ чии предходници ја опустошија Македонија со криминалната приватизација на државните фирми и преку ноќ создадоа елита и тајкуни од обични директорчиња и раководители, и втората опција ВМРО на чело со како милувате да кажете фамилијата која етапно и безмилосно им го одзеде "со пот" стекнатиот капитал на овие првите и го претопи во своја моќ.
    За жал трета опција нема, и нема да има
    Некој пред тоа беше споменал дека имало изборни фалсификати. Да ,се сложувам, имало од двете страни а еден фалсификат токму сега се случува во ДИК, и да не се лажеме тоа на сите им је јасно само што некого тоа го боли во моментов и отворено кажува а некому пак му оди во прилог и молчи или пак за промена негира.Но дека се случува тоа сите го знаеме.
    Би рекол само едно за крај. Нека ни е Бог на помош.Ни ја поседувале државата османлиите, ни ја делеле бугарите, грците и србите, сега кога ја имаме по се изгледа се бориме да докажеме дека сме способни и сами да си ја уништиме.Впрочем научени сме да живееме без држава и сепак да опстанеме како македончиња,барем дел од нас.Оние со поголема визија , десетици илјади веќе си обезбедија и резервен идентитет купувајќи бугарски пасоши, за секој случај...Криминалот, корупцијата,непотизмот,партиското вработување и останатите нус појави се пиреј трева овде на Балканот. Нема алатка, машина ниту лек кој ке ја искорени.Било и ќе биде, но им се восхитувам посебно на албанците и хрватите кои живеат со истите проблеми дома како и ние овде но кога станува збор за нивната кауза, идентитет и држава едноставно гинат.Димензија која за нас е непојмлива.
    Затоа пријатели мои да уживаме додека овој сон трае.Сеедно е кој ке победи. Земјо македонска и Македонија е вечна се барем според мене термини со рок на траење.До кога ...ајде да видиме.Поздрав!!!
     
    На MiloMalo, manja666, kikikikirika и 3 други им се допаѓа ова.
  5. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.563
    @Larion секоја чест за текстов. Посебно делов со сјо. Се мислев дали воопшто и да пишам за сјо на сдсм, ама читајки ги оие сезнајковциве се откажав.
    А тоа и им кажав дека ако дојде то тоа да јас заминам ос Гостивар, ке кукаат после како им ја земам работата во нивните чисти градови.

    Само очекувај напади дека си за вмро а против сдсм.

    на тема за ветувањата на зајко

    http://www.dnevnik.mk/default.asp?ItemID=427A3779BB5F624F83EC8F612575B398
     
    Последна измена: 15 декември 2016
  6. malerozna

    malerozna Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    3.382
    Допаѓања:
    78.132
    Пол:
    Женски
    Ако СЈО е во служба на Заев, зошто Груевски се согласи да потпише договор во Пржино.
    Што се случи со жолтите комбиња? Нели тие прислушкуваа.
    И зошто Груевски не оди на судењата за Пуч?

    И се прашувам, во која држава опозиција успева да лажира избори, да создаде СЈО, и што ли уште не.

    Ептен способен тој Заев бре. Алал да му е
     
    На blackwave, celineparis, anaja1 и 3 други им се допаѓа ова.
  7. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.563
    Не е зајко способен, туку сорос, а зајко пошто е дувни ветре категорија е лесно пиунче и во многу земји има по некој зајко
     
  8. malerozna

    malerozna Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    3.382
    Допаѓања:
    78.132
    Пол:
    Женски
    Ајде, Зајко е пиунче.
    А Грујко што е?
    Со кој ке прави влада сега?
    Кој ке му се фати на орото?

    И не ми ги одговори претходните прашања
    Зошто Грујо потпиша за СЈО?
     
    На blackwave, celineparis, anaja1 и 3 други им се допаѓа ова.
  9. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.563
    А зошто ме прашуваш за Грујо?
    Си го покажа тој своето до сега и за тоа е кисел целиот.


    Еј видете вамо, ако сакате да сепишува само за “позитивните страни“ на сдсм отворете таква тема. Темава е за актуелни политички настани, а за тоа и дискутирам.

    јас немам против да СЈО ги смети гвујо и компанија каде што треба, но и ако го направи тоа тука ке застане. Значи нема да го средува и сдсм.
    Односно сдсм ке го прави истото што вмро го прави последниве 10 год.
     
    На kikikikirika му/ѝ се допаѓа ова.
  10. malerozna

    malerozna Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    3.382
    Допаѓања:
    78.132
    Пол:
    Женски
    Ама упорно и упорно реплицираш на темата против Заев, двојазичност, кантонизација, бла бла..
    Кажа дека живееш во Западна Македонија.
    Кој им даде права на Албанците? Со кој се во коалиција со години? Зарем албанскиот не се зборува во западна? Или во Скопје?
    Наметнувате нешто на Заев, што Грујо и компанија ви го спроведуваат скоро 11 години.
    Плус ве крадат.
    Ама не.
    Заев е крив

    Еве кај мене на истокот се збори на Бугарски Јазик.
    И сега шу прајме?
     
    На blackwave, Rama, anaja1 и 2 други им се допаѓа ова.
  11. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.563
    И сеа сакаш да кажеш дека треба да му дозволам на зајко и да ме продаде кога веке сме двојазични овде?
    Упорно и упорно кажувам дека сум притив канибалот заев и ако тој дојде на власт јас си заминувам, зошто или ке бидам шиптарка или протерана македонка. А ниедно не ми одговара.

    Јас си ги бранам националните интереси пред се.
    Бугарите и генетски и верски ми се бликси. Овие инцесоидиве не
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  12. malerozna

    malerozna Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    3.382
    Допаѓања:
    78.132
    Пол:
    Женски
    Ќе те продаде Зајко? На кој?
    Ти кажав. Груевски ви ја воведе двојазичноста и даде купишта права на Албанците. Талат Џафери министер.
    Само сега Јохан како пратеник, како ке седи рамо до рамо со Аљи учката
     
    На Rama, anaja1 и steffriss им се допаѓа ова.
  13. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.563
    А зајко освен овапогоре како двојазичност на цела територија, федерализација, кантони и срања, на крај ке го даде западов на голема албанија.
    Бдв Грујо нема врска со двојазичноста- срамковниот договор.
     
  14. malerozna

    malerozna Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    3.382
    Допаѓања:
    78.132
    Пол:
    Женски
    Епа ако го даде, не го даде. Сирија отиде курбан, та западна Македонија.
    Инаку алал да му е ако може од опозиција да ја даде.

    И со кој рече ќе прави Грујо влада?

    И бтв дотичниот беше министер кога се потпишуваше срамковниот договор. Значи дел е од таа влада
     
    На blackwave, Rama, anaja1 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.563
    Значи небитна ти е западна македонија и македонците во тој дел, за тоа лесно во курбан ги пракаш.
    Типично за сдсм.
    Грујо не знам со кого ке прави влада уште. Прашај некој од вмро.
     
  16. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.031
    Допаѓања:
    36.133
    Пол:
    Женски
    Не ми е јасно зошто толкава фобија се шири за изучување на албанскиот јазик. И тој е јазик како и другите. Зарем е полошо да знаеме да комуницираме меѓу себе на македонски и на албански, отколку упорно да одиме против себе поддржувајќи криминални дела од кои би се згрозил секој што има нешто човечко во себе. Во 21 век живееме за да има вакви фанатички размислувања и тоа од млада популација.
    П.С. Јас сум македонка и го знам албанскиот јазик.Неколку години работев во средина каде што живее албанско население и сфатив дека потребно е да го знам јазикот. На почетокот имав некаква одбивност за учење, но јасно ми беше дека тоа е предност за мене.
    И денес не се каам што научив албански. Ништо нема страшно и трагично да се знае јазикот.
     
    На blackwave, Mishela, steffriss и 7 други им се допаѓа ова.
  17. veteruska

    veteruska Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2014
    Пораки:
    1.977
    Допаѓања:
    5.800
    Што се не се изначитав,не ми е јасно една работа,Заев сега пред изборите ја пласираше информацијата за двојазичност во целата држава,федерализација итн,пред тоа не го збореше тоа зашто?Затоа и ги одлужуваше изборите бараше начин како да дојде до гласови,и му текна ајде ке купиме Албански гласови и ке ги победиме Вмро,но и така не му успеа затоа што народот е свесен знае дека ке остане без и ова парче земја како што е Македонија,луѓе свесте се друга земја немаме само ова ни е,вие од Сдсм изгледа не си ја сакате државата,толку ви е заматен умот се прашувам?
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Згодно Момче

    Згодно Момче Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2016
    Пораки:
    867
    Допаѓања:
    4.980
    Едно логично прашање, сте се запрашале ли зашто во Македонија доаѓаат сумливи бизнисмени од типот на Субрата Рој, Моше Баун (Swedmilk), оној со каубојскиот шешир од Kansas City во 2007 што лажеше дека во Македонија ке отвори најголема хала на балканот за помфрит демек ке им продава на МCDonalds/Burger King помфритот од Македонија ширум светот, и куп други? ....
    И најбитно како може Македонија која нели има најголем економски раст/полно странски "инвеститори" да има најниски плати во Европа?! NON SENSE.

    P.S. И кога веќе го спомнав MCDonalds мене ми е многу жал што МCDonalds се затвори во Македонија во 2013 под крајно сомнителни околности, малку и емотивно сум врзан за тоа бидејки имам добри незаборавни спомени од таму, растев, пораснав со храната од МCDonalds и како тинејџер/средношколец првата љубов, првиот бакнеж се случи таму... исто како што на некои сендвичарата Чичко Стоилко им буди добри спомени.
     
    Последна измена: 15 декември 2016
    На blackwave, celineparis, calliope и 5 други им се допаѓа ова.
  19. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.675
    Дoбрo утрo, лaднoo
    Успеa некoј некoму дa му гo смени мислењетo?

    @okcenzi кaквa врскa имa ЗЗ сo Пaунoвски и Бучкo? Збoрувaв зa 2001г....a вo тoa време ЗЗ не е инвoлвирaн нa пoлитичкaтa сценa, бaрем не нa гoлемaтa.
     
    На Rama, anaja1, JuLleE и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. biGirl

    biGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    1.118
    Допаѓања:
    2.918
    Пол:
    Женски
    Nz za vas ama taa so cicko i vo soros sto slusala muabeti na Zaev i albancive me iznasmea :rofl::rofl::rofl:
    da e ziva i zdrava vaka posabajlecki sto me nasmea :D
     
    На blackwave, Rama, anaja1 и 3 други им се допаѓа ова.