@veteruska Може ли еден пост да напишеш, а да не биде споредба? Знаете така или не сте научени како тоа би изгледало? Сега на власт кој е? Кој треба да се критикува? Па СДСМ нормално, пошто на вас од Штабот не ви рекле календарите да си ги смените. 1 деценија едни да се на власт, а ти да ми кажуваш какво било пред нив Јави се кога можеме да разговараме на тема за денешната власт, кога да почекам, отприлика, за едно 30-тина години или?
Знаеш што направиле? Задржале систем кој функционирал! Студентите кои дипломирале на државен универзитет до 2007-8 година имаат 10 пати повеќе знаење од моменталниве студенти.
Порано, драга Ветерушке, не се запишуваше и ќоро и сакато на факултет затоа што имаше приемни испити! А сега е нешто како it's a free world baby, па затоа дебили кои во средно мислеа дека Тартиф = таратур земаа дипломи благодарение на дисперзираните студии во секој град и село. УГД е најголемата превара наречена Универзитет, не ме зафркавајте.
Зашто трол?ајде ке кажувам све најдобро за Сдсм сега трол ли сум? Богда чува бее Во ред е ке ве оставам да си го величате Заев,пошто гледам не сте расположени ком тие што не се согласуваат со Заев.
Се надевам не е иронија Референтке, знаеш како викаат - кога ќе се изгориш од млеко, дуваш и на матеница. Веќе нико није сигуран.
@veteruska Токму тоа е поентата, вон менталниот склоп ви е да разберете дека ако ја критикуваме сегашната власт не значи автоматски дека сме најверни фанови на Заев. Исто како да речам дека оние што не ја сакаат црната боја, автоматски се љубители на белата. Има и други бои во палетата, ју ноу, широк е спектарот, ама за жал не и вашиот поглед кон работите.
Вечерва чувствувам ќе има немири. Во седум часот комисијата ќе ги разгледува жалбите на СДСМ, и затоа вмровци ќе се собирале. Божее. Па ако е чиста победа и жалбите нема да имаат никакво влијание што мајка бараат да се собираат? Сами си се откажуваат.
ЛЕБ И ЦИРКУС ИЛИ ЗОШТО ДПМНЕ И ПОКРАЈ СЕ’ ОСВОИ ТОЛКУ МНОГУ ГЛАСОВИ? И не може човек, а да не си го постави прашањето: Можно ли е народов да е толку заслепен и несовесен после сите грешки и криминали на ДПМНЕ? Одговорот на ова прашање лежи во римската фраза ,,Panem et circenses’’ односно по нашки кажано ,,Леб и циркус’’ (или ,,Леб и игри’’). Груевизмот, всушност, фундира во ,,Лебот и игрите’’. Првин дади им леб и циркус, а потоа закани им се дека лебот ќе го снема и дека замислените непријатели ќе не’ уништат. ДПМНЕ даде доволно ,,леб’’- доволно за секој да преживее, но не и да живее; доволно леб само за денес да биде нахранет, а за утре ќе треба пак да дојде да бара.Од друга страна, ДПМНЕ обезбеди и доволно ,,циркус’’ за да го оттргне вниманието од вистински важното и да го пренасочи кон фиктивното. Го натераа народот да не верува на она што го чу со свои уши во ,,бомбите’’, а да верува на она што го нема чуено од никого (со лажните обвинувања дека СДСМ ќе воведе федерализација и двојазичност). Понаивните паднаа на овој ефтин трик на ДПМНЕ, верувајќи во баба Рога приказните за мали деца. Што со леб, што со циркус, ДПМНЕ ги врбува тие свои верни 452.709 гласачи. И можеби оние 452.709 гласачи на ДПМНЕ нема да му донесат победа, но за нас како држава и како општество тоа е поразителна бројка. Поразително е тоа што сите ние имаме по некој во тие 452.709 гласачи- роднина, сосед или пријател кој јадејќи го бесплатниот леб и забавувајќи се со бесплатниот циркус го загубил чувството за добро и лошо, за државност и за општ интерес. целата анализа: http://livada.mk/leb-i-cirkus-ili-zosto-dpmne-i-pokraj-se-osvoi-tolku-mnogu-glasovi/
Јас прочитав дека многу луѓе од другиве градови, уште од вчера вечер дојдени се во ск и сместени се по болници да спијат за кога ќе читаат дик денес да се тука на готовс, онака СПОНТАНО Се надевам не е вистина дека по болници се
Нема тука Ако, СЈО е апсолутно во служба на Заев. Пржинскиот договор е плод на силен меѓународен притисок кој немаше да го издржи ни влада на земја со далеку поголем рејтинг и моќ од Македонија.Кој би се осмелил да контрира и да не соработува со амбасадата на САД и европските комесари а да при тоа вашата определба е членство во НАТО и ЕУ ?! Ги споменуваш жолтите комбиња.Јас би те прашал, кој сам себе би се прислушкувал и би ги предал разговорите со онаа содржина на опозицијата?! Претпоставувам дека ако власта прислушкувала го правела тоа во своја корист и дека има еден куп разговори на нивни неистомисленици и политички противници, но такви бомби јас не слушнав.Значи прашањето е кој прислушкувал само владини преставници и како ти се нашле во рацете на Заев.Но сепак би се сложил со тебе и би рекол дека доколку се утврди дека снимките не се монтирани некој треба да одговара за сиот тој криминал. Следно, никаде не напишав дека опзицијата ги лажираше изборите.Власта самата потврди дека изборите беа фер и демократски. Впрочем тоа го потврдија и сите политички партии и меѓународниот фактор.Дури и приговорите кои ги поднесоа СДСМ и Беса се во согласност со законот.Но затоа напишав а и тврдам дека изборните единици каде БЕСА и СДСМ бараат прегласување се идеални за политичко пазарење а предмет се списоци уредно потпишани и од тие две партии.А и самото одолговлечување на ДИК со почетокот на разгледувањето на приговорите укажува на обид за присилно и незаконско прегласување со кое мнозинската партија на овие избори автоматски го губи мандатот за составување на влада, а тоа веќе не се фер и демократски избори.Граѓаните на овие избори дефинитивно покажаа дека бараат промени,разликата беше премногу мала но за воља на вистината таа разлика сепак беше во корист на ВМРО и коалицијата и тоа треба да се почитува. Дали ке успее да состави влада тоа е веќе сосема друга работа
Сите знаат дека сјо е во служба на Заев,само сдсмовците викаат дека професионално си ја води работава,ме чуди како тоа само од Вмро ги испитува, а од сдсм нема никој,малку сомнително нели?И онака никој досега не обвиниле ниту сме слушнале дека некој е обвинет,време е да го снема сјо да не постои повеќе. Кои бомби тие лепени додавани извадени од контекст?кој ке поверува во такво нешто?
Вмро беа 10 год на власт, секоја дупка во државава е на нивна одговорност. Зошто побогу би ги суделе сдсм? Што може да направи опозицијата во државата? Сјо ќе ги разгледува криминалните дела на вмро, што може јасно да се слушнат во бомбите на Заев. И не, ништо не е сомнително во држвава.