Како кој прислушувал? Уште ли верувате на странски служби,базни станици и комбиња?Нека ви текне кој ја имаше контролата изминативе 10 години?И не само функционери,туку и граѓани за лични и бизнис интереси.Незаконски и без судски налог.Во која нормална држава го има ова? Со самото откривање на прислушувањето,кое само по себе е тежок криминал,па уште и уништувањето на опремата која од дома си донесоа,требаше да одговараат. Судството кој го менаџираше?Ај нека ви текне. Се виде до каде е отидена работата,затоа е СЈО. Ама не е доволно само СЈО,специјален суд треба за овие криминали. И на сите нека им се суди.Само тогаш ќе имаме нормална држава и ќе зборуваме за поведри теми,а не темава да е најпосетена деновиве.
По една солзичка за секој умрен неврон од мозокот секогаш кога овде ќе се спомене федерализација, кантонизација и 10 годишната власт на сдсм што го уништи цел систем во земјава. Две минути молк молам.
Во врска со прислушкувањето... ете да речеме дека некој од страна прислушкувал, некои странски служби слушале... тогаш како оваа проклета држава СМЕЕ ДА СИ ДОЗВОЛИ некој од надвор да прислушкува????? Тоа автоматски докажува дека СЕ НЕСПОСОБНИ за да одржат ред, мир и безбедност во државава. Еј, ти да дозволиш некои служби да ти ги прислушкуваат сите тајни внатрешни работи уште тогаш требаше Грујо ОСТАВКА ДА СИ ДАДЕ, А НЕ ДА ГО БРАНИТЕ! А втор (поверојатен) случај е дека Грујо прислушкувал. Значи како и да е, сепак владеачката партија е ВИНОВНА. Не знам како не сфаќате. П. С. овие од дик, сите приговори ги одбија досега... Ајде гасете.
Порано студирале во други градови оние што имале пари и врски за да се запишат, без разлика дали биле солидни ученици или не. Едно време чинеше околу 500 дм по студент, двајца 1000-ка. Денес околу 1000 евра. Од нашите давачки кои ги плаќаме на државата имаат право да се школуваат со исти услови насекаде сите ученици кои сакаат студираат без разлика каде се наоѓаат во државава, не само во Скопје и Битола. Тоа што дисперзираните студии не се тоа што треба да се е друга приказка и немаш право да ги категоризираш луѓето по таков однос, ќоро и сакато.
Најверојатно сите приговори ќе бидат одбиени. Туф, баш ми е криво за овие што спиеле по болници, џабе патот, џабе лежењето на психијатрија. А баш очекував интересна вечер со скандирање вмро дпмне дпмне дпмне! Никола, Никола, ништо м ?
Kолку се обесштетени кaжи го филмот на други. И оние кои добија отштета не добија ни десетина од тоа што им беше оштетено. Огромните средства донирани од странство завршија директно во партиската каса на дрпмне. Дека народот не заслужува ништо, кажува доволно за тебе и твојот карактер, твоето чувство за емпатија и соживување со несреќата на ближниот. Пред се заслужуваше да одговараат одговорните за поплавата, која не беше предизвикана толку од дождот, колку од неодржуваните канали кои го преполнија железарското и стајковското езеро кои се излејаа директно во делот на Хасанбег и Попово Маало, како и неправилно изградениот насип кај обиколницата кој прелеа врз куќите на крајот од селото. За тоа дали се поправени улиците и обиколницата, не ве убедувам. Повелете одете и видете, само десетина километри е од центарот на Скопје.
Види, многу добро знам како било да се студира пред петнаесетина години да речеме, не бев воопшто мала кога роднините ми беа студенти. Еве моите родители и општо моето потесно семејство никогаш немале врски, а и мајка ми и татко ми се од просечно, сиромашно семејство, па успеале и да запишат и да завршат факултети. Се снаоѓале како знаат и умеат, а ништо поразлично не е ниту денес, да бидеме искрени. Па зарем не се испозапишаа секакви на факултет? Еве факт е дека генерациите од деведесеттите сите се запишаа на факултет, сите завршија, а квалитетот е една голема, дебела 0. Не знае правопис и пишува „сВајќам“ наместо „сфаќам“, ама битно запишала педагошки и истата таа ќе ни ги едуцира поколенијата - е извини, ама не можам да останам рамнодушна на ова, никако. Тоа за мене е сето она што спаѓа под називот „ќоро и сакато“, не е навреда или категоризација - факт е! Многу квантитет, нигде квалитет. Зошто да ги има тие дисперзирани студии кога не се функционални, ниту пак ефикасни.
Има право да се школува секој со исти услови, ама не ако сака да студира, туку ако исполни основни услови за да биде студент. Просек, приемен, се разбираме. Ќоро и сакато не е убав израз и мислам дека е е во ред да го употребуваме, ама се мисли на неспособни, мрзливи, и незаинтересирани ученици кои се запишуваат на факултет само затоа што можат - без да исполнат никаков услов освен можност да си платат партиципација. Во ред е да се отвараат универзитети. Не е во ред да паѓаат стандардите за прием и дипломирање.
Френди "ќоро и сакато" не се однесува на физички недостаток, туку на погрешна перцепција дека секој е роден за факултет. Затоа има многу неписмени со факултети. Не секој е роден за берза, за доктор или судија. Исто како што не секој е роден за сточар, фармер или шнајдер. Треба приоритетите да се распределат и на сите да им се даде шанса да се докажат во она поле во кое се најдобри, а воедно за истото да бидат платени. Со многуте факултети се потценија многу занимања за кои оваа земја има доволно природни ресурси да создава и креира и да придонесува во општеството. На сметка на тоа имаме многу дипломи а нестручен кадар. Затоа приемниот е многу битен.
Ако истите тие не се запишеа на факултет, ќе беа под бирото за вработување. Вака, ете ти помала невработеност.
Од тоа што купуваат дипломски и магистерски и сето тоа е дозволено, ситуацијата е земај плата, а не ни клати врата, пошто и клатењето више им е ту мач И затоа, сега не им гори на Вмро само под нозе, туку и сите што просперираа благодарение на ваквиот режим. Исклучоци има секаде, на сите факултети. И на УГД има деца што учат и на другите има што не учат, ама генералниот резултат се необразовани кадри. А што да кажеме за училиштата, каде се сместени се некои швалерки на буџите или некои прости неписмени, уште поубаво, да ги учат децата од прво одделение
Не бранам политички партии, само се трудам да бидам објективна. Колку има овде на форумов што се од постарите генерации, па не знаат да пишуваат? Туку вие ептен што ги браните политичките партии, се чудам кој ви е мотивот за истото иако ги познаваме сите недостатоции на едните и другите. 1. Ветено вработување 2. Се плашите дека ако се смени власта ќе ве избркаат од работа. 3. Нема @Yowannty Не знаев дека ќоро и сакато се однесува на погрешна перцепција.
Сигурно има многу неписмени од постарите генерации (во кои и јас припаѓам) арно ама.... колкав процент високообразовани има од тие генрации, а колку сега? Неспоредливо, нели? Срамота и поразително е за една држава да има толку многу неписмени високообразовани кадри. Срамота! Патем, основната писменост не се учи на факултет, туку уште во основното образование. Тоа само кажува какво ни е образованието. И во мое време беше ужасно, ама сега е далеку, далеку полошо.
Атеншн плис! Имаат нова фраза за ломотење, за на рипит! Реинженеринг на изборите е новото кантонизација/федерализација. Омг!
Јас баш не се сложувам,дека има од постарите неписмени Можеби нема толку факутетлии,ама сите се писмени со ССС
Тоа што вредностите кај луѓето се сменија е друго. Имало неписмени и тогаш, има и денес. Можеби повеќе доаѓа до израз денес заради ел. комуникација, можноста да се увиди тоа е поголема. И тогаш имало неписмени директори на фирми и денес нестручни лица управуваат по партиски основ. Ако нешто треба да се грижиме е како да го смениме тоа кон подобро. Со екстремна послушност кон партија тешко.
Леле бе луѓе значи последниве 10год од кога е Вмро на власт образованието ни никакво,мизарно и сите завршуваат факултет,а пред тоа било совршено образовен систем Шведски ма и подобар,сите заслужено завршиле факултет,имале поголеми бенефити,биле пообразовани,со еден збор сме имале совршен образовен систем,браво секоја чест,ах бре Вмро што вака ни направи да бидеме необразовани и дипломи да си купуваме. Мислам треба Груевски да го смениме,Заев да го одбереме ке бидеме сите високоинтелектуално образовани.
Во ниедна друга држава волку не се достапни факултетите како овде. Не треба секој да се запишува. Мора да има селекција. Ама нели треба да се намали невработеноста.
Не е дека сеа има повеќе неписмени. Туку едноставно сега и тие што ги бива и тие што не ги бива одат на факултет оти многу лесно им се на дофат дипломите. И тука се ствара проблемот.