Актуелни политички настани

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ariel, 3 август 2010.

  1. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.529
    Допаѓања:
    184.288
    Пол:
    Женски
    Now we are talking :clap:
     
  2. veteruska

    veteruska Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2014
    Пораки:
    1.977
    Допаѓања:
    5.800
    Сега сум супер нели? Браво за мене(y)
     
  3. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.529
    Допаѓања:
    184.288
    Пол:
    Женски
    Сега веќе си реална, бар во тој дел што те цитирав. :handshake:
     
    На Rama и biGirl им се допаѓа ова.
  4. allaround

    allaround Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2015
    Пораки:
    744
    Допаѓања:
    1.583
    Пол:
    Женски
    А зошто не прифатиш дека е тоа стварно така. Секојдневно сум сведок колку образованието ни тоне.
     
    На anaja1 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. veteruska

    veteruska Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2014
    Пораки:
    1.977
    Допаѓања:
    5.800
    Како да прифатам кога кога слушам небулози?Вие не сакате да прифатите факти,све што е направено во овие 10 год не чини,и по све плукате и критикувате.
    Ништо не признавате поразот е на Сдсм,знате зашто?
    Затоа што народот не ви верува.
    Помирете се со реалноста аман веќе.
     
    Последна измена: 15 декември 2016
  6. butterfly*

    butterfly* Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2015
    Пораки:
    1.562
    Допаѓања:
    1.909
    Пол:
    Женски
    :rofl::rofl::rofl:(facepalm)
     
    На stetoskop, anaja1 и Mishela им се допаѓа ова.
  7. allaround

    allaround Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2015
    Пораки:
    744
    Допаѓања:
    1.583
    Пол:
    Женски
    Сител беее многу ни го запусти народот, доста е веќе. Им ја прикажуваат Македонија како да цвета, како да сите ни завидуваат на образованието, на економијата, абе за мераци да живееш тука. Тие што се иселија се не салам не знаат што пропуштаат, подобро од тука нема. (facepalm)
    А членката од погоре се гледа дека е нивен верен гледач.
     
    На blackwave, stetoskop, Rama и 9 други им се допаѓа ова.
  8. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.454
    Допаѓања:
    61.068
    На referentka му/ѝ се допаѓа ова.
  9. slobodka

    slobodka Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.142
    Допаѓања:
    2.725
    Пол:
    Женски
    Nema sto ti da me kanis tamu, imam kuka tamui mnogu dobro znam. Pojasno mi e mene od kolku na spineri koj nemaat stapnato noga tamu.
    Jas ubavo pisav, ne se dolzni po nieden zakon!!!
    Pred da napagate imajte na um nekoj fakti, ili nemate!!
     
  10. veteruska

    veteruska Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2014
    Пораки:
    1.977
    Допаѓања:
    5.800
    Лидерот Заев го бараат на судење,не се појавил,сигурно да му кажат дека ке биде нов мандатар во затвор:D:D:D:D
    Знам дека сите членки што не согласуват со вашите ставови ве нервира,извинете но форумов не е партиски па да не дели на Вмро-Сдсм.
    Секој има право на избор и кој од која партија ке биде или гласа,и да си каже нејзино мислење,но не да се навредуваме на лична основа.
     
    Последна измена: 15 декември 2016
    На baba Rada му/ѝ се допаѓа ова.
  11. LollySky

    LollySky Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.957
    Допаѓања:
    14.023
    Пол:
    Женски
    Си се зезнала, секој ден сум таму :)
    Koи факти треба да ги имам на ум? И кој што не е должен?

    (A сигурно мислеше на некоИ a не nekoj факти. tamui се пишува одвоено.наместо koj се пишува кои. Намали со извичниците, не е толку драматично)
     
    На Rama и Summerlover им се допаѓа ова.
  12. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.391
    Пол:
    Женски
    Зошто во затвор? Што направил?

    Извини ти да не ги мешаш Груевски и Заев?
     
    На blackwave, stetoskop, theowndemon и 4 други им се допаѓа ова.
  13. allaround

    allaround Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2015
    Пораки:
    744
    Допаѓања:
    1.583
    Пол:
    Женски
    Го читам 2-3 пати мислењето и незнам зошто сум цитирана јас тука? :worried:
     
  14. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.784
    Пол:
    Машки
    Ја следам дискусијава, али неам ни време ни волја активно да учествувам, па затоа вака се убацувам на секои 10-ина страни, со мислење инспирирано од она за што тука се збори.

    Она што ужасно ме нервира е што секогаш Албанците се споменуваат во контекст на „баба Рога“ и нешто што служи за заплашување на народот, кога ќе се укаже потребата од тоа. Не знам со кој образ ДПМНЕ играат на картата национализам и ксенофобија, а изминативе 10 години се со Албанци како коалициони партнери. А уште помалку ми е јасно со кој памет нивните апологети паѓаат на ваквите ефтини финти.

    Друго нешто што ми пречи е што секогаш се збори за „правата на Албанците“. Зошто? Треба да се стремиме сите граѓани на Македонија да имаат еднакви права и да не се соочуваат со дискриминација, но наместо еднаквоста и граѓанските права генерално, секогаш се зборува само за правата на Албанците. Зошто тие би биле привилегирани во однос на било која националност која живее во Македонија? Затоа што се најбројни од малцинствата? Па побогу, давањето на поголеми права и привилегии на некој само затоа што е поброен е нешто спротивно на принципите на еднаквост и демократија – само мене ли ми е чудно ова?

    Наместо сите партии и луѓе да се залагаат за еднакви права за сите, вака испаѓа во Македонија живеат Македонци, Албанци и некои други националности, недоволно битни за да ги споменеме поединечно. И испаѓа дека треба да бидеме граѓани од прв, втор и трет ред, соодветно - во зависност од тоа кој е поброен. Само мене ли ми е ова вон секој разум и памет?

    А што се однесува до Албанците на последниве избори – баш они покажаа дека е возможно она во што повеќето од нас останатите не сакаат да поверуваат – на политичката сцена да се појави нова партија и да освои доволно гласови за да стане важен политички фактор. Мислам, видете ја ситуацијата кај Албанците – двете нови партии, БЕСА и Алијанса за албанците, освоија 5, односно 3 пратенички места! ДПА, која беше и коалциски партнер на ДПМНЕ на времето, сега има само 2 места, а ПДП, која до не толку одамна, беше еден од главните фактори во албанското гласачко тело, сега има вкупно само 1000 гласови! Можете ли да го замислите денот кога ВМРО или СДСМ ќе имаат само илјада гласови на цела територија на Македонија, и тоа за сметка на некоја новоформирана партија? Ја, за жал, не - иако би сакал да го дочекам и тоа.

    Наспроти тоа, новите партии од неалбанскиот блок, како Левица, Коалиција за промени и правда и ВМРО за Македонија, не освоија ниту едно пратеничко место. Мене ми изгледа дека не е во прашање невозможноста да се појави некоја нова партија на политичкава сцена освен ВМРО и СДСМ, туку дека се работи за нашата свест и несозреаност за да се одлучиме на таков чекор.

    Во однос на двојазичноста, една од главните „баба Роги“ на националистичкава ни власт – таа е нешто што се наметнува само по себе, и тоа баш како резултат на политиките од изминативе години. Наместо системот да работи на интегрирање на Албанците и впрочем, сите граѓани на Македонија, се работеше на нивна поделба и изолација. Наместо сите деца, без разлика на националноста, да учат заедно, се направија посебни паралелки, на албански јазик, кои дури одат и во различни смени од македонските – што значи, комплетна сегрегација врз национална основа. Да не зборам за гетоизацијата и поделбата на цели населби и градови на „албански“ и „манедонски“.

    И така, имајќи во предвид дека човек може да заврши основно, средно и високо образование на албански јазик, соочени сме со парадоксална ситуација во која Албанец, кој е роден и израснат во Македонија, може да стигне до полнолетство, без да има потреба да прозбори ниту еден збор на македонски јазик! И како, во ваква ситуација, очекувате да се разбираме меѓу себе? И на кој јазик?

    Не ме сфаќајте погрешно – не сум јас за двојазичност – ја мислам дека секој граѓанин на Македонија треба и мора да го зборува македонскиот јазик. Но, сегашнава власт, тие кои ни се закануваат и не плашат со двојазичност, само ако се осмелиме да не ги изгласаме, се истите луѓе кои со своите политики им овозможиле на Албанците да се родат и да живеат во земјава, без да имаат потреба да го зборуваат нејзиниот официјален јазик. Истите тие им овозможија не двојазичност, туку еднојазичност на Албанците во Македонија! Со години наназад живееме во паралелни светови со Албанците, одвоени и разделени на секој можен начин, и сега тие се нашле да зборат за двојазичност, федерализација и кантонизација? Какво невидено лицемерие!

    И на крај, какви се воопшто тие глупости за партии на Македонци, Албанци, Срби, Роми и сл.? Луѓето треба да бидат членови и поддржувачи на партии поради нивната идеологија и програма, а не ради сопствената национална припадност. Основањето партии чиј обединувачки фактор е национално и/или религиозно обележје е тешка небулоза и би требало да се забрани со закон.

    А да – заборавив, кај нашиве партии поважен обединувачки фактор и од националната припадност е желбата за власт, по секоја цена. Па така, живееме во општество во кое ВМРО ДПМНЕ коалицира со ултранационалистички партии, како „Трајно македонско радикално обединување“, но истовремено и со други националности, како партиите на Србите, Турците, Ромите и Бошњаците, но и со партии со идеолошки дијаметрално спротивни гледишта – како „Социјалистика партија на Македонија“, „Титови леви сили“, „Социјалдемократска унија“ и други. И на нас сето ова ни е нешто најнормално и нималку чудно.

    Е, се додека вакви ствари ни се нормални, ќе живееме во ненормална држава.

    Bender out.
     
    На Someonespecial, blackwave, Pinky97 и 30 други им се допаѓа ова.
  15. allaround

    allaround Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2015
    Пораки:
    744
    Допаѓања:
    1.583
    Пол:
    Женски
    Колку годинки си?:$ Не, стварно БРАВО и секоја ЧЕСТ за мислењево. Омилени ми се твоите постови да ги читам оти најубаво се изразуваш, а и исто мислиме.:clap:
     
    На Someonespecial, blackwave, Rama и 2 други им се допаѓа ова.
  16. malerozna

    malerozna Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    3.382
    Допаѓања:
    78.131
    Пол:
    Женски


    Странските служби испадна дека се дпмневските служби. Зошто после скоро 2 години, лицето З.З. не е во затвор? Зошто не го осудија, ако тој прислушкувал?
    СЈО беше формирано баш поради тие снимки. На дпмне веќе долго време им гори под нозете, свесни се на што се, но се надеваа дека пак на стара слава (читај уцени) ќе добијат многу пратеници и ќе го укинат СЈО.
    Дпмне долго време ги прислушуваа сите, затоа и сите акции на опозицијата беа провалени.
    Слушањето не може да го изведе една особа. Биле барем 50-тина, а може и повеќе. Епа се нашол еден да ги предаде снимките на опозицијата. А нарачател се знае кој може да е, началникот. Се знае кој ги држи конците во Мкд.
    Ме чуди тоа што, никој од вас поддржувачите не ги обвинува дпмне за тоа што правеле, туку сите му скокнаа на Заев. Kill the messenger е работата.
    Веќе е утврдено дека снимнките се автентични. Ни лепени, ни сечени.

    Кога сме кај ДИК. Некој очигледно им врши притисок. Ѓорчев јавно изјави да не си играат со трпението на трпелив човек. Ако не ќе се случи народ.

    И пак ке прашам. Кој ке протестира? И против кој?
    Погледнете малку објективно. Тие од врхушката, т.е. вашите лидери, ќе изгубат милијарди украдени, плус ќе идат у затвор. А вие протестантите што ќе изгубите? 150 евра плата?
    Ако толку сакаат да протестираат, нека си излезат тие против ДИК или не знам кој.
    И Јанкуловска, и Ставревски, и Мијалков, Груевски и сите од тајфата.

    А не обичниот народ пак да се доведе на 100 метри, како пред десетина години што за малку не изби тепачка меѓу две групи на ''будали'' што бранат туѓи интереси
     
    Последна измена: 15 декември 2016
    На black-angel, Pinky97, Rama и 3 други им се допаѓа ова.
  17. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.454
    Допаѓања:
    61.068
    Секогаш се игра на карта националност/патриотизам.
    Тоа проаѓа и кај Македонци и кај Албанци.

    Спрема моето лично размислување, Албанците се генерално најнационалистичка нација на светов. Тие може да не се поддржат помеѓу себе, ама поимот "Голема Албанија" кај секој еден од нив страсно поминува.

    Албанците беа разочарани од своите партии бидејќи кога еднаш влегле во коалиција со ВМРО се извалкале и веќе немаат назад. Албанците не добиле тоа што сакале (а не знам искрено ни што сакаат повеќе а немаат).
    Тоа им беше за почит што се одлучиле да дадаат шанса на сосема млади партии, ама од друга страна (колку што сум упатена, а не сум баш), е дека конкретно БЕСА играше повторно на таа националистичка карта, многу е радикална и захтевна што се однесува до барањата за нивните " права" , па така да врти-сучи околу истото сите се вртиме, кој од кој попатриот, кој од кој поголем националист.

    Менталитетот ни е таков изгледа.
     
    На Pinky97, referentka, Rama и 9 други им се допаѓа ова.
  18. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.784
    Пол:
    Машки
    Толку, што ја да го поставев прашањево, ќе звучеше неописиво крипи. :D
     
    На Someonespecial, blackwave, Pinky97 и 10 други им се допаѓа ова.
  19. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    Албанците како народ, на изборите зедоа и ги казнија своите политичари. А каде сме ние? Баш како што беше еден коментар, дека за нас само еден земјотрес со 15 по Рихтер (facepalm)
    Да излезе еден возрасен со мозок и да гласа за убијци и криминалци, а изговорот на тоа е "Ама Заев"..немам коментар, по десетти пат на оваа тема.
    :d::drunk:
     
    На blackwave, Pinky97, deskarada и 13 други им се допаѓа ова.
  20. veteruska

    veteruska Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2014
    Пораки:
    1.977
    Допаѓања:
    5.800
    Кои кого казнил? Како прво Албанците не ги казнија своите политичари него од страна од сорос заедно со сдсм беа купени 70.000 Албански гласачи,и никој не сака да гласа за Аболициран криминалец Зоран Заев.
    ако се прави Македонци што си ја сакаат државата.
    Како не рабирате дека сте на погрешна страна поточно партија.