@veteruska Мхм, а правите Македонци што ги споменуваш излегоа и гласаа не за аболициран, туку за вистински криминалец. Браво!
Тоа откако ке се докаже тогаш,ако е криманалец нека го затворат не само него туку сите што правеле криминал,но зашто сеуште нема докази а?
@veteruska За кое нема докази? Дека Груевски е криминалец? Како тие успеаа да владеат една деценија? Од што квалитетна им беше неонката што светеше над глава за ореол? Знаеш како? Сиромашните ги бутнаа на работ од егзистенција да молат за леб, на тие "попаметните" им дадоа плата т.е идеологијата од 6000 денари, а на богатите бизнисмени кои не можеа да ги контролираа, ги прислушкуваа и така. Една поголема фирма не можеше да функционира ако не е на Мијалков или барем 70%. Уште трафиките во помалите гратчиња не се негови и на фамилијата. Банално ми е жител на Македонија што живеел овде сето ова време да се мисли дали се криминалци или не. Е не сестро! Не може кога народот гладува и страда, кога образованието и здравството ти се нула, ти да се занесуваш и да барокираш се живо и диво, не од љубов кон уметноста, туку од чиста љубов кон парите. Донесуваа српски уметници демек за скулптори, па ова па она, сите си лапнаа милиони во џеповите. А нивното, добро ќе беше да беше само за пари. По тоа што немаа образ да заминат некаде сега на Латинска Америка со украдените пари, туку уште останале и ќе ми се бореле за власт, да ја направиле Македонија подобра, докажува дека не е работата до парите, колку до нивната извитоперена алчност Барем тоа им го признавам на Вмро. Со парите, одвоија да купат барем квалитетен омекнувач за перење на мозоците и ги создадоа мерино овците. И патем, ќе ја критикувам која и да е партија на власт и секој што сторил кривично дело треба да одговара. А една власт да е 10 години на позиција и да тонеме се повеќе кон дното, а притоа да глумиме слепост и глувост, што е многу многу е. Промените се повеќе од потребни, итни се.
Груевски едноставно би бил воодушевен од ова бранење што ти дава за олку да го браниш? Од прееска кажува нешто, а ако ја цитираш не враќа
Не се работи за враќање туку се вртиме во место со муабетиве,А лицето Зоран Заев заедно со вицето знаете ли каков криманали имаат направено,обвинети се за мито,го имаше Заев на Телевизија,што сега слепи ли ке се правиме?
Eве го пак Заев и вицето, и после друг вртел исти муабети Aбе иди прошетај мило, фати некој дечко, греота на твои години толку да се замараш со политика
Не ви одговара вистина тоа е проблемот,не сте искрени сами со себе прво,нашиот ке го штитиме а вашиот ке го напаѓаме,дајте да бидеме реални и да си кажеме све за двете партии Сдсм -Вмро. Заев има преку 100 милиони евра знаете ли за тоа.Тие пари од каде му се? Ај ве молам да не се правиле слепи.
Еве јас не знам. Од кај знаеш ти колку милиони има Заев и од кај му се? Зошто дрпмне му дозволи да пљачка? Зошто не го стрпа во затвор? Срам да им е, толку години на власт а најголемиот лопов не го собраа во Идризово
Овие од дик ја повикаа и жената што гласала два пати ххаха комеди па не знај мкедонски... Па преведуваат... Па се тресе...
Злато, ај вака - или земи наброј ги криминалите, бар да знаеме дека збориш со основа, или врати си се во Форумски Игри, и ко (ваљда поголема) дадичка, те молам, не се брукај повеќе. Ако си дете, не ти е тука место. Ако си повозрасна, тешко нас со вакви гласачки тела. Заев го имало на телевизор. Оно којзнае и он како би се покажал ако дојде на власт, али дај бе... Да повториме - Анти ВМРО не е про СДСМ. Едноставно, за една деценија, ние се вративме во Големата Депресија со плати наспроти цени на материјални добра, и во уште поцрни времиња со барокот (пази, онде стаклени згради, позади барок, сред Вардар плови ѓубре, кад оп - врби и галии натопени во канализациски води. Па надреализам! Монти Пајтон под прозор да ни плукнат само), па било кој друг е мрдање од мртва точка со сегашниве. А Грујчета што го имаше со бомбите сегде? Или не се важи ако не потврдиле од Сител и Канал 5? Зајконо (поправете ако грешам) бар не начекав да трубеше дека снимката била сечена, лепена и монтирана, наспроти олошиве, што имаа образ да излезат и лицемерно да го гледаат народот во лице со насмевка, а вие хипнотизирано да избирате да им верувате. Којзнае, може таа гатачката направила магии на пенкалата и шалчињата, па раја сепак ги гласаше. Јас друго објаснување за ова лудило немам. Повели, растури со уште еден бош коментар од кој ќе сакам да си пукам во слепоочница. Не знам ни зашто те цитираме, али ај... пуста надеж дека ќе изнесеш некој аргумент што држи капка вода.
Има снимки треба да ги побарам и ке ти ги пуштам,мада мислам дека сите знаеме кој криминал е правен од Заев,нема потреба толку да се нервираш,да не те погодив со некоја моја реченица? Извини ако ја кажав вистината за Заев ама тоа е факт. Овој од СДСМ ама го тупи сите членови ги малтретира во Дик.
Колку што е стар форумот и темата, толку време се расправам во темата и секогаш истиот одгобор "А Сдсм што направија, во времето на Сдсм, Бранко вака, Заев вака". Па овој Миленко и компанија ќе ја бранеле Македонија. Ми се ежи кожата искрено. До толку се отидени.
Па ниеден член бе душо не одговори што навистина направиле сдсм во времето на нивното владеење! Ајде ете ти напиши ни или наброј две три работи(не мораш повеќе, оти и немаат)што направиле. ЧЕКАМ