@veteruska Како не разбираш дека ако не го почитувам Грујо не значи дека го обожавам Заев. Ако се тргне Грујо од власт што мислиш,нема да излезат неговите валкани,злобни дела на видик. Млада си претпоставувам па дозволуваш да те понесе еуфоријата. Од такви занесени ликови си патиме во држава. И нема да не биде се додека вака се размислува.А Албанците не верувам дека постои пара која може да ги купи.Тие гласаат за тоа што им одговара да си ја остварат својата цел а тоа не е просперитет на Македонија,напротив.
Не побарав заклучок, барав да се набројат неколку работи што ги направила опозицијата во своето време кога била на власт..повторно се избегнува одговор.
Баба Рада јас ке ти одговарам,сдсм сите фабрики ги затворија,го опљачкаа народот со штедилницата ТАТ,лицето Б.Ц им даде 100.000 државјанства на Косовари и многу други работи кои ке ми треба месец дена да ги напишам сите. Дај те бе луѓе не сме со кратко памтење,или вас тоа не ви е во прилог? Сите факти кажуваат дека не заслужуваат да бидат на власт. Ве молам без навреди за мене океј? Дете сум била,игри да играм,дајте за темата да дебатираме,бидете малку поучтиви и подемократски расположени.
Не сум ја вчерашна, знам што направија..гласав за нив за да дојдат на власт а потоа гласав и за да си одат.
Па тогаш не сфаќаш нас, само што ние истото сега за ВМРО го мислиме. Гласаме за да си одат како што дошле, оти доста им е.
Твое право, гласај за кого сакаш, немам намера да те убедувам да го промениш мислењето, ниту да бидам насилна и безобразна. Денес некои симпатизери на сдсм, претепале 65 годишен маж. Дали ти подржуваш вакви насилства поради партија?
Па повели, објасни ми, не се вади со „мислам дека знаеме“, оти очигледно е дека врска немаш. Јас едвај чекам видеа. Споделувајте ги сите можни криминали, нека се свестува народов што опции имаме, па може и ќе се смени нешто, па наместо ние, нека си ваѓаат очи лидерите во иста ќелија. Не се работи за татко ми, па да ме повредува. Ме повредува твојата (и на сличните ко тебе) површност. Тоа што од егзосфера се гледа дека не се интересирате сами да оформите мислење, туку вртите напразно, колку да ве има. Ваљда мислите и дека ДПМНЕ се директни потомци на револуционерите. Човековата глупавост нервира, извини вака. Или пиши нешто конкретно или не ја труј темава. Десет години живеете во мрак, мме, и уште верувате дека промената лежи баш кај истите што ја воведоа оваа диктатура. Па, еве не знам. Ќе стигнеме ко Корејцине - да имаме една опција на листот за гласање, а вие пак ќе викате „Е да бе, остатокот од празниот лист поарен да не е?“
Знам, знам. Ама слушам дека насилни се симпатизерите и на двете партии. И секако не ги одобрувам ни едните ни другите.
Од ДПМНЕ секогаш викаат СДСМ како партија беше на власт (1994-1998 и 2002-2006) 8 години што тие направија! А само премиерот со иницијали Н.Г 1998 - 2002 (4), 2006-2016 (10) 4+10=14 и на толку реформи - многу сиромаштија, загаденост, секој ден се негде се гаси (намерно се штеди!) електрична струја, цевки на водовод пукаат поплавуваат улици со еден збор КАТАСТРОФА!
Повели со докази ама ке ве молам и вие исто вака со докази океј? Ова е видео знажи се гледа,немојте само со лепениве разговори што и на мало дете му е јасно.
Немој Баба Рада гледаш дека се нервираат знаат дека си во право,а богами и нема со што да се пофалат. Мислам не се криви тие,туку не се доволно информирани.
Начув дека Рама ги собрал Заев и Али Амети за да го креираат планот за голема Албанија,леле заби ми се тресат луѓе отидовме курбан П.с Рама не сум јас мислам на Еди Рама-Албанац А и да,аман значи аман не и реплицирајте на вмровкава Ветерушка повеќе бре,жал ме фати и за вас кога ве читам вака,а фини луѓе сте ми,не за друго не можете со инка да и турите "акал" 3557 феминки сте на број против неа еве со денови,ама не бе,пак таа си продолжува како што си знае. И Татко да и беше Груевски,вака страсно и слепо немаше да го брани
Значи полошо разбирате и од мало дете работава? Цитирај ме слободно, да не барам вака по темава. На тоа клипче и мислев. Јасно се гледа дека е Заев и што бара. Никој, па ни самиот тој, не може да го одрече тоа. Би било идиотски некој да затвори очи пред тоа. Ко вие пред снимките. Туку кажи ми, дали знаеш ти колку време е потребно да се намонтира една минута разговор така до перфекција? Настрана што реално не е можно, но сепак, збориме не за часови, туку за денови напорна работа. Да се услагоди секое дишење, да се наштима интонацијата, висината на гласот, која очигледно би варирала при лепени разговори. Една минута! Тоа чини време и пари, а пак би се познавало, верувај. Би познало и добро истренирано уво, а не експерти што леб ваѓаат од гласовни анализи. Или ќе кажете некој платил раја што звучи ко политичариве, па снимиле. И тоа веќе не ме чуди. Да резимираме - веруваш во легитимноста на ова: без име, број или нешто што алудира на примачот/испраќачот, башка што пораката е скрин од примени, што се губи цела логика... А, веруваш дека кристално јасниве гласови овде, се монтирани. И како да ве сфати озбилно и да не се потсмева после човек?
СДСМ ништо не направија, затоа и беа сменети пред 10 години. Зајко бара поткуп, ете го Зврлевски нека го апси. Само Гвујо е невин. Амин! Разговорите кои сите ги слушнавме се лепени и точка. Какви експерти, какви бакрачи. Ние тука имаме екстра експерти кои знаат се. Точка! Амин! Инаку, една работа треба да ви биде јасна. Јас, а и добар дел од неопределените, гласаа за СДСМ не оти ги сакаат, туку за да го срушат режимот. Така што џабе везете со СДСМ, мене тоа не ме допира. Јас не сум заслепена од нив, а и сеедно ми е какви се, да ви кажам право. Во моментов ми е најважно диктатурава да се сруши. Затоа и гласав. ВМРО, ако овој пат се извлечат за влакно, следниот пат ќе бидат испратени во историјата, тоа сигурно. Се буди народов. Се будат неопределените. Штом јас после цели десет години решив да гласам, а како мене има многу. Затоа и сте толку гласни вие ВМРовците. Знаете дека деновите ви се одбројани.