1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Актуелни политички настани

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ariel, 3 август 2010.

  1. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Алиса, доволно е да се појавиш на избори и да го поништиш листот кога веќе не сакаш да гласаш. Многу подобро, затоа што секако твојот глас ќе отиде некаде, зависно на кој како му одговара :)
     
  2. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.852
    Пол:
    Женски
    ^^^Дан1 не сфати убаво, јас излегувам на гласање, ќе излезам и следен пат, за да не го искористи моето ливче некој друг, ама ќе гласам, ШИПКИ ќе гласам, има да им пишам едно к*ре на ливчето :lol:
    Офи, мислев дека си сина со жолто :D затоа што сите постови ти се баш такви. Нема врска, како и да е, твое право :) . Туку, јас прашав, ни тие, ни овие не направија ама апсолутно ништо, ете пак ќе се вратат стариве, и ШТО ПОСЛЕ?
     
  3. Mygirl

    Mygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2010
    Пораки:
    577
    Допаѓања:
    849
    Јас имам идеа за гласањето на наредните избори. Сите членки на фемина, кои сме неопределени политички, да допишеме уште едно име на гласачкото ливче. Ама името да биде однапред договорено- значи сите да го пишеме истото име! Баш би било интересно, ќе биде актуелно по медиумите, ако надлежните на изборите решат да ја споделат таа информација со јавноста :D
     
  4. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    :D :D Па незнам дали ви имам кажано луѓе јас имам чуено дека на минатите избори во Скопје само ова имало над 1000 (како шо разбрав) гласови за Чак Норис :D :D Ние можеме да допишеме на листот изреволтирани жени - Фемина!
    :D
     
    На Mygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Mygirl

    Mygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2010
    Пораки:
    577
    Допаѓања:
    849
    Првпат слушам :lol: Епа алал да му е на тие што го направиле ова! Јас одамна сум размислувала за ова, ама досега само на шала сме дискутирале со пријатели, ама овојпат сум најсериозна! Кој е за нека се пријавува :D
    Најсериозно, може една нова тема за ова да се отвори? И да се направи еден договор, па да се реализира идеата!
    И по трет пат повторувам, сериозна сум за ова :!:
     
    На Offspring му/ѝ се допаѓа ова.
  6. dan1

    dan1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    112
    Допаѓања:
    32
    Работата не е да се гласа за помалото зло туку да не ќутиме и тука само да го кажеме своето мислење да не дозволиме да не влечат сеуште за нос затоа реков имаме право на избор и треба да си го кажеме своето мислење и да пробаме да ги смениме работите а не само да бираме меѓу две партии и како што рековте да менуваме работа на 4 години.Ама никој досега не направил такво нешто а јас би рекла да бевме малку повеќе сложни и обединети на избори ако не сакаме за никој предлог да гласаме да не излегуваме воопшто лелеееее колку јако би било тоа :D :D
     
  7. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    дан1, народот никогаш досега не бил толку поделен како што е сега. Убаво се тоа што велиш, но каде со ваков народ :| Се делат по секоја можна основа, прво партиска па потоа на секој друг начин.
     
  8. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.622
    Допаѓања:
    9.762
    Раздели, па владеј!
    Најстара и добро позната тактика :)
     
  9. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    Укради,па имај (((:)
     
  10. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.778
    Допаѓања:
    131.216
    Не сакам да отворам нова тема, па најсоодветно ми се виде тука да се изразам :)

    Тепачка во Хемиско - лица со шипки, ножеви и не знам уште што се не, влегле во училиштето, збрцале неколку деца и професори, и си отишле.
    Сторителите се малолетни. Поводот бил расправија за девојка.

    Порано ги имаше на амерички филмови, ама еве го и кај нас.
    Каква агресија има во луѓево, страшна работа. И тоа малолетници!
     
  11. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.185
    Допаѓања:
    23.871
    Ако погледаат уште малце Долина на волците и слични серии, ова секојдневие ке стане.

    Братучет ми е 7мо , и употребува насилни фрази од серијава.
     
  12. NelChe

    NelChe Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2010
    Пораки:
    348
    Допаѓања:
    277
    Што се однесува за тепачката во хемиско, пссссссс тоа ли е тема за муабет??? Ништо сериозно, само неколкумина ученици претепани со шипки и професор избоден со нож!!! Ништо сериозно! Поважно е дали ќе се гради црква на Кале, дали "бронзените" споменици позеленале или поцрвенале (се прашувам, на пролет можеби ќе расцветаат :^) )... Ех моја Македонијо... Да ти е страв да одиш на училиште. Скопје а.к.а. Texas chain saw massacre треба да се случи???
    Епа кој си ги гласал нека си ја мава главата во ѕид. Сами си сме криви што сме си го дозволиле овој луксуз. Ама, и тие ќе паднат, па ќе дојдат другиве да не реметат. И се' така додека не не' стегне срце или мозок... Тоа ти е Македонија денес!
     
    На Ema.Sk му/ѝ се допаѓа ова.
  13. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    Срушена Црквата на Кале....ако има црква треба да има и џамија на истата локација...
    Според Уставот Црквата како институција е одвоена од Државата...Дали го оправдувате вчерашниот настан?
     
  14. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.050
    Е Скопје,Скопје...ете ви тензии и непотребни агресии!се ова ми е добро познато и не води никаде...Секогаш кога е ВМРО на власт мора да се случуваат насилија и нездрави глупости!Срамота! :fubar:
     
  15. Cija-si

    Cija-si Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    50
    да, затоа што храбро ја брани правдината и македонија, а не како другите кои ги исполнуваат сите желби на малцинствата
     
  16. viku

    viku Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    163
    Допаѓања:
    157
    Слушнале луѓево дека мулти-култи проектот доживеа фијаско низ светот- па да се придружиме на модерниот запад! :D

    Смеа настрана-не е во ред ова. Политичарите боцкаат, а народов ко барут-едвај чека да ја извади нервозата негде. А1 две недели ги боцка албанците, а нив малку им треба. Интересно колку можеме да се мраземе меѓу себе. И поинтересно е што ние, народов, по форуми, по коментари и по улици се караме дали е ВМРО или СДСМ крива. Плиток ни е паметот кога не можеме да се воздржиме а да не се вреѓаме, затоа што размислуваме поинаку.

    А на Албанците што има да им смета што ние градиме на нашата територија. Тоа е македонска територија и историја, зошто им смета? И нивните мозоци толку ли се лесни за перење? Имер Селмани и Љубе Бошковски ли се лидерите кои треба да ги следиме? Има ли некој со здрав памет кој се надева на нивната добрина и добра волја за водење на државата??? Мислам-аман бре народе, зарем за нив да се тепаме по улици?

    Сега само на што се надевам на строго решавање на последиците од настанот институционално, и државата да си продолжи по планот кој го почнала. Освен ливадите и ѕидовите на Кале му треба и музеј!
     
    На beached му/ѝ се допаѓа ова.
  17. shakira111

    shakira111 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    4
    да баШ имер селмани треба да се следи бидејки е еден од најпаметните политичари во наШата дрЖава,и нема да се оствари планот да знаете.
     
    На bona му/ѝ се допаѓа ова.
  18. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.649
    Пол:
    Женски
    ПОСЛУШАЈТЕ ПАТРИОТИ, ГРУЕВСКИ СЕ ПАЗАРЕЛ ЗА ИМЕТО!
    ВО ПИСМО ДО ГЕНЕРАЛНИОТ СЕКРЕТАР НА ООН, МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ АНТОНИО МИЛОШОСКИ ОФИЦИЈАЛНО ПРИЗНА ДЕКА ВО МАРТ 2008 ГОДИНА МАКЕДОНСКАТА ВЛАДА ГО ПРИФАТИЛА ИМЕТО „РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА (СКОПЈЕ)“. ЌЕ БИДЕ ЛИ ТОА КОМПРОМИСОТ ШТО ГРУЕВСКИ ЌЕ ГО ПОНУДИ ВО МАРТ?

    На истекот од третата година од историскиот самит на НАТО во Букурешт, владата на Никола Груевски и официјално призна дека во 2008 година прифатила меѓународното име на нашата земја да биде „Република Македонија (Скопје)“. Во писмо до генералниот секретар на ООН, Бан Ки-мун, кое, како што се нагласува, е „одговор на манипулативните дописи од Грција со кои таа сака да прикаже дека Македонија не е конструктивна во процесот на преговори“, министерот за надворешни Антонио Милошоски признава дека во март 2008 година од македонска страна биле прифатени предлози кои требало да бидат основа за новото име и ставени на референдум. Меѓу нив и името „Република Македонија (Скопје)“, што Грција го одбила.
    Во писмото до Бан Ки-мун, Милошоски нагласил дека Македонија била принудена и прифатила симболот сонце од Вергина да не биде изгравиран на лавовите поставени на мостот Гоце Делчев. Отстапката е направена по реакција на грчката канцеларија за врски во Скопје, лани во ноември. За разлика од Македонија, се вели во ова писмо, Грција ниту еднаш не направила некаква отстапка, напротив стои на ставот дека има црвени линии во спорот, име со географска одредница.
    - Република Македонија е страната која има направено многу отстапки, но, за жал, тие не биле доволни за да се одоброволи соседна Грција да биде поконструктивна во однос на македонско-грчкиот спор - објаснува Милошоски.
    Неговото писмо од 14 февруари, објавено на официјалниот сајт на Обединетите нации, е контрареакција на писмото на грчкиот министер за надворешни работи Друцас, кој во ноември минатата година го испрати до генералниот секретар на ООН. Друцас тогаш остро ја критикувал Македонија за непопустливост и за ширење антиквизација.
    Согласноста на македонските власти за името „Република Македонија (Скопје)“ на самитот во Букурешт долго време беше познат факт, што владата на Никола Груевски никако не сакаше да го потврди, за да не се засегне митот за неговата непопустливост. Поради тоа, аналитичарите во Скопје се сомневаат дека признанието на Милошоски би можело да се протолкува како најава дека името со заграда е компромисното решение што Груевски ќе го нуди во новата рунда преговори.
    Ова се совпаѓа со неофицијалните информации дека американскиот потпретседател Џо Бајден, на средбата со Груевски во Вашингтон, побарал компромисното решение да се постигне во март годинава. Но, најавата дека сака предвремени избори „сега и веднаш“, во дипломатските кругови се толкува како јасен знак дека македонскиот премиер нема намера сериозно да се зафати со решавање на овој проблем и дека блефира.
    Извор: Шпиц



    И не дека не ми е верно или дека сум многу изненадена, ама ме интересира како тоа најголемиот патриот кој милуваше сите останати да ги нарекува предавници, стана најглем предавник?!?
     
    На FBI и Offspring им се допаѓа ова.
  19. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    УА за Грујо :rofl:
    Се шалам, очекував ваков потег, и не ме чуди воопшто. Знам дека името ќе се смени кога тогаш, ние можеме се да си замислуваме, но името ќе се смени, дали сега или по 10 години мање више небитно :)
     
  20. anima

    anima Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    275
    Се чувствувам како Кандид на Волтер во нашата држава.Иако насекаде околу нас секој ден гледаме само беда,сиромаштија,протести,лелекања,недемократија,немање пари за основните потреби за егзистенција на народот,нас упорно не убедуваат едно стотина души како се е онака како што треба да биде,и поубаво никогаш не ни било,и се ни е розово и шарено,и едноставно Македонија е едно преубаво место за живеење... |(