Ајде луѓе заедно ќе а бегаме . Едит: http://kurir.mk/makedonija/vesti/di...nost-im-se-smee-na-milev-duma-i-chichakovski/ А цел народ што им се смее на тие ПРЕД Дик Се изругаа едно јако.
аааа епа не може така: некому мајка, некому маќеа. Избор на мафијашка селекција. Се' најлошо имам да кажам за сите поддржувачи на вмро, веќе имам нула толеранција за нив зашто се многу под мое ниво. И веќе не се замарам со политика, ама стварно. Не се докажува и не.
Не ни може да се разбереме кога некоj не разликува држава, власт и партиja. На пример, работам во државно училиште, државата ми е работодавец и ме вработува, а не партиjaта како што сфатиле многу мои колеги. Коj и да биде на власт, тие се должни да им ги овозможат граганските права на сите грагани подеднакво (здравство, судство, jaвни услуги итн) без разлика на националност и евентуална партиска припадност. Едноставно, не сите сакаат да бидат членови на партиja и да се ангажираат политички. Jac ке критикувам било кого ако сметам дека не ги остварува моите права.
„Јас морам да сум тука. Не можам да им оставам ним. Јас не сум до толку писмен, ама тука сум за секој случај“
Дали е на повидок излез од кризата и вракање на демократијата во држававa.http://infomax.mk/wp/вашингтон-пост-вмро-дпмне-победи-и-ќ/ Конечно вистината.
Денеска другар ми објасни како 32.000 ливчиња гласани за сдсм станале неважечки. Very clever вемеро, very clever Уште еднаш докажаа дека за превари се најдобри и тоа треба да им се признае.
Им допишувале цртички или по една буква до заокружената 4ка, и ете автоматски неважечки. Сигурно Заев не е толку ненормален да излезе да слави ако знае дека губи... Според нивни пресметки имле сигурна победа, па затоа сите излегоа да слават, па дури Пендаровски беше облечен со маичка од супермен И од нигде никаде Дуи им зема 2 пратеника Ќе си се правиме слепи при очи, глуви при уши... Ќути си, дупи си...
@An-na носеле некакви "прстени", па така секое отворено ливче со заокружена 4ка, со внатрешниот дел од дланката успевале да пуштат боја и да го замачкаат, односно да стаат некоја шкртка а тоа да не е очигледно со пенкало пред народ што пребројува. Креативно во секој случај. Да се едитирам, барем во Гостивар било вака. Информацијава ми е од прва рака, од вемеро штаб.
Мене ми кажаа дека 1цата сакале да ја направат 4ка,и сите неважечки листови биле заокружени за Вмро и такви ливчиња биле 38.000. Срамота за Сдсм сакаат да дојдат на власт нерегуларно.
Тоа се тие гласови со кои Заев беше толку убеден дека ќе тепа. Претпоставувам ова не го предвидел. Мислам.. од една страна огромен криминал е. Од друга страна, им жеже под нозе, нормално е се што можат ќе напраат за да избегнат робија. Во секој случај креативноста нема граници.
Не се секирајте, нема шанси да формира влада сега, па да се надеваме дека конечно ќе падне диктатурата. Вчера рачунајте дека на цел свет му објави војна со тоа што го изјави немал да учествува во прегласувањето, немал да ги смета гласовите за валидни... Пред тоа бил на шамарење кај Бејли со кој памет води инат Доаѓа крајот на Никола, како и да е...
Влада не може да состави. И во случај вемеро да состави нема да биде стабилна влада. Со вака блиски мандати ниедна партија не може да состави стабилна влада. Можда во некоја нормална држава, но не и кај нас. Во секој случај нови избори се извесни и неопходни. Се надевам дека на наредните избори, на тие што ќе пребројуваат ќе им биде забрането носење било каков накит. Ма да тие верувам се способни пак да смислат нешто.
Наредни избори би биле некаде Април или Мај, таман со локалните избори. Во секој случај, нестабилност до тогаш, игри без граници, што би рекол Тоше, поточно интриги и сето зачинето со простотилук.
Да беа изборите навистина регуларни, дрпмне немаше да добие ни пола од гласовите. Тие имаат совршено разработена шема за фалсификување на избори која оди во вертикала до најзабутаните избирачки места по селата. Само за пример, фантомски гласачи, гласачи избришани од список, потоа поткупени гласачи, претежно роми на кои ред влез им се сугерира што да заокружат итн. Дрпмне има свој кол центар бе луѓе, каде им јавуваат кој гласал до сега и од каде се јавуваат на тие што не излегле да гласаат и им вршат притисок да одат побрзо... Мора овие работи да се средат пред следните избори. Ако треба и од странство нека ангажираат независни набљудувачи буквално во секое село што ќе одат. Бар еднаш да биде како што треба па кој сака нека победи.
Тоа кажува дека сеуште не се созреани сдсм да бидат на власт,немаат демократија,тепаат недолжни луѓе кои отишле пред дик да си ја бранат победата од фалсификаторите кои сакаат да му се одземе на Вмро 1пратеник неосновано. Правдата секогаш победува
Не верувајте така лесно во теоријата дека имало 32.000 ливчиња со заокружена 4-ка и на истите имало дополнителни цртички и букви. Оваа информација мислам дека првично излезе од фан страната „Криминалите на ВМРО ДПМНЕ“. Јас и дурги луѓе прашавме во коментар од каде е оваа информација? Никој не понуди одговор. Има голема веројатност да е гласина со цел да побуди револт кај гласачите на СДСМ. Со исти такви гласини се служат и ВМРО со цел да ги станат на протест гласачите на ВМРО. Не ги бранам ВМРО и свесен сум дека има некои нерегуларности и затоа една недела ДИК одложува, се разгледуваат приговори и сл. ама оваа теорија ми е малку на стаклени нозе. Прво, кога навистина би имало 32.000 такви ливчиња, тоа би бил реален приговор и веднаш би се усвоил за прегласување на тие места. Второ, постојат начини како може да се дознае дали таа цртичка или буква не е направена од гласачот. Може да се докаже дека мастилото на цртичката (кое наводно поттекнува од скриена мина или прстен) е различно од она на пенкалото според хемискиот состав.