Актуелни политички настани

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ariel, 3 август 2010.

  1. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.303
    Допаѓања:
    259.365
    Се радуваат овие на победа добиена од уцени и притисоци. Славете врз маката и стравот на народот, оти на овој начин победија, а затоа зборуваат резултатите, се гледа дека беше тесно. И само да појаснам не зборам на празно дека комшиката, тетката итн. Лично и јас и мајка ми бев ме под притисок и уцена да гласаме, и бевме ставени ви списоци без свое знаење. Срамота е ова срамота. Валкана победа, па и уште слават. И не ми скокајте овде на форумот како демек којзнае што сте освоиле. Само на тој начин за жал ВМРО можеше да победи. И мака ми е што овакви ќе ни ја водат државата. Ама ако, уживајте сега, ќе се читаме по некое време, има да плачете кога ќе дојде времето Македонија да си го плаќа долгот и кога оваа влада ќе не доведе до самото дно. Е тогаш ќе видам што ќе се слави! Тогаш од лавот и палмите ќе се храниме!
     
    На esperanca, Miss-Independent, Phyramide и 4 други им се допаѓа ова.
  2. mina

    mina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    639
    И после неколку години и во мојот град црвено-црни знамиња развејани на плоштадот :rock: ! (И тоа на плоштадот што сдсмовскиот градоначалник ни го направи,која иронија :lol: )
    Да бидам искрена не верував дека ВМРО ќе победи, нити пак верував дека во Струмица ќе биде толку тесно помеѓу СДСМ и ВМРО (прогнозирав дека сдсм ќе биде во убедливо водство)
    како и да, лудо е вечерва во Селект, вмровците прават голема забава,кој е за журка нека повели :dance:
    Честитки до ВМРО и до феминките кои убедливо ги бранеја вмровците!
     
    На baguf4e, Plavusa.17 и Zoza им се допаѓа ова.
  3. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.912
    Допаѓања:
    31.672
    Пол:
    Женски
    Значи вака, најпрвин сакам да им ја честитам победата на сите кои што вечерва ја слават т.е на членовите и симпатизерите на ДПМНЕ. Како и многупати што се имам изјаснето досега, јас несакав да победи оваа коалиција од причини кои што досега многупати ги имам наведено, ама пошто сум за демократија во државата и пошто почитувам човечки права, а правото на избор го сметам како едно од основните права на човекот, аналогно на тоа и поштувам изборен резултат независно во чија корист тој е. Е сега најискрено се надевам дека сите вие верни подржувачки на ДПМНЕ овде на фемина, навистина ќе добиете нешто позитивно од новиот мандат на владата, т.е дека ќе се пофалите дека некаде ве вработиле или нешто слично. Ова најдобронамерно, да не биде сфатено во погрешна смисла.

    Сега сакам малку да го прокоментирам изборниот резултат. Не паметам точни цифри, ама од она што го прочитав до сега ВМРО победила со + 60.000 гласови. Реално јас очекував дека СДСМ ќе освои отприлика толку гласови колку што освои, некаде околу 370.000 гласови. Е она што не го очекував, а веројатно беше пресудно во овие избори е многу слабите резултати на ЛДП, ВМРО НАРОДНА, ОБЕДИНЕТИ и ДОСТОИНСТВО. По некои си мои проценки сите овие партии требаше да освојат некаде околу 150.000 гласови. Ама тоа не се случи, од кои причини незнам, а и не би да шпекулрам. Сепак содностот на гласовите и бројот на пратеничките места е малку нелогичен, ама тоа се должи најмногу на две причини - самата формулација и поставеност на пропорционалниот модел и гласањето на дијаспората која со 2000 гласови додели 3 пратенички места. Како и да е победата останува победа, па како и да е извојувана.
    Сега не би сакала да коментирам за некои забелешки кои ги имам во однос на изборите, за да не речете дека не ви го признаваме резултатот. Ајде денес уживајте во победата, а од утре, пак не жешките теми и да коментираме дали нешто ќе се подобри или пак ќе појде на полошо.
     
    На Theodora, Miss-Independent, Phyramide и 4 други им се допаѓа ова.
  4. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.579
    Без мое знаење некоја си пријателка на мајка ми ме ставила на листа на СДСМ да гласам.
    А,јас знаеш колку ја послушав и гласав за СДСМ?

    Се додека е гласањето тајно,колку и да мислат дека имаат удел,ти можеш да гласаш за сосема трет, не можат да докажат дека ти си гласала за друга политичка партија.

    Притисок ВМРО вршеше исто колку и СДСМ.
    Избори и демократија во Македонија ти се како ден и ноќ.
     
    На mina му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.011
    И јас ја честитам победата на оние кои ја слават, горе долу би кажала исто како и Боависта со + да додадам дека сега дпмне нема толку многу пратеници па нема да може како предходно на своја рака без консултации со другата страна да донесува закони и сл. Мене искрено ќе ми биде жал и тотално неправедно ако Вмро НП и ОМ не добијат пратеници, а дијаспората доби со толку малку гласови. Ама тоа е, сепак се надевам на поголема функционалност на собранието, тоа е најбитно, донесување на заеднички заклучоци и се надевам, ама ова најискрено дека КОНЕЧНО ќе престанат поделбите меѓу народот. И за Достоинство ми е искрено жал, тие луѓе заслужуваат повеќе ама ете, тоа е. Наредните избори, за нив ќе гласам :)
     
    На BoaVista и mims-89 им се допаѓа ова.
  6. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.303
    Допаѓања:
    259.365
    Гласањето е тајно и точно не знаат за кој гласам, и не е пријателка на мајка ми, и само сакав да кажам преку пример осетен на своја кожа како Вмро вршеа притисоци и на секој можен начин се обидуваа да дојдат до глас. Жално!
    Можеби и СДСМ правеа списоци, но никако не ги уценуваа дека ќе литат од работа или дека нема да добијат оплодување.
    Но за жал тоа е, нашиот народ вака функционира, и јас не сум изненадена што победија, знаејќи со какви се начини користеа за да останат на власт.
    Но и СДСМ имаат добри резултати и покрај сите валкани игри на власта. Сега останува да видиме што ќе биде.
    Народот си ги избра, народот ќе си трпи!
     
  7. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.624
    Допаѓања:
    9.805
    Никој ништо не ви направил. Се се тоа ваши (наши) пари. Никој не извадил од џеб пари и да направи нешто па да се фураат дека сдсм направил плоштад или вмро купиле автобуси. Ние сето тоа дупло си го плативме

    Него каква е таа победа кога од милион и половина државјани со право на глас, тие имаат колку? 300 илјади гласови? 400? дури и 500 илјади да се, тоа значи дека 2/3 од народот не те сака на чело на државава. Ако некој го смета тоа за победа, нека му е честито.
    Или пак може победата е тесната разлика со сдсм? неколкуте гласови плус заработени со уцени и закaни?
    ако видиме со која разлика победија пред 2 години, а со која сега.....тоа е чиста загуба, не победа
     
    На esperanca, Phyramide, BoaVista и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Zoza

    Zoza Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    792
    Допаѓања:
    297
    честитки и од мене до сите симпатизери на Вмро....јас гласав за нив по прв пат но :!: немам ниту книшка ниту сум симпатизер...можам да кажам дека А1 Надеж2 Пајажина Заев,Бранко беа заслужни што мојот глас отиде кај Вмро 8) ....до сега аир од Сдсм не сум видела не очекувам ни од вмро ама барем не подржувам некои како горенаведените...и само едно да кажам: Заев не си го донесе плоштадот од дома ниту го направи од твои пари па да збориш дека е твој плоштадот... а се надевам дека Груевски нема да те поштеди од казна за откриените работи кои тврдиш дека се со закон а јавна тајна е дека не се... :devil:
     
    На peperutkaa и Lux им се допаѓа ова.
  9. tanja6

    tanja6 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    1.570
    Допаѓања:
    571
    Пол:
    Женски
    незнам,јас мислам дека нашава држава нашиве ценети политичари ја доведоа до лудило,,со кој друг збор може да се опише ова што се случува,таа опседнатост со партиите со политиката,напагање врегање плукање,закрвување комшија со комшија,брат со брата затоа што едниот е сдсм другиот вмро..и се поради тоа што наместо да се вработува квалитетен,се вработува исклучиво партиски кадар..и лугето се приморани да трчаат по партиски митинзи состаноци да се влечкаат од врата до врата да агитираат,да лепат и кинат плакати,да се закануваат и физички пресметуваат,да го шпионираат комшијата за кого ке гласа,и по можност да му стаат некоја сопка и напраат штета ако е за другите..каде ке не одведе ова лудило незнам.
     
    На LivingGlam, Phyramide, JuLleE и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.912
    Допаѓања:
    31.672
    Пол:
    Женски
    Баш сега ги следам вмровците на своите фејсбук профили што оставаат, веднаш почнаа со заканување, кој никогаш немал да добие запослување, кој ќе бил тепан, кого ке го префрлеле да работи на врв на планина, која фамилија завршила за секогаш, кои сами си ставиле крст на чело :x
    Ц ц ц ц ц ц ц дали ова значи дека вмро не планира да се менува?!?
     
  11. mina

    mina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    639
    А Ashling сакаше да ти каже пример осетен на нејзина кожа каде нејзе и вршеле притисок од страна на СДСМ и ја внеле во список без да даде согласност (ако добро разбрав)!
    Да ти кажам право и мене од СДСМ ми вршеа притисок за да ме потврдат како нивна гласачка! Со сила членска книшка ќе ми вадеа,ама не се претресов бре до толку како вие што мислите дека притисок може некој да изврши! Си излегов на гласање и си гласав за кој сакам! Притисокот од СДСМ не го ни коментирав до овој момент!
    Зборот ми е дека ни СДСМ не беа нешто поарни од Вмро! И двете партии вршеа некаков притоск врз народот
     
    На Ashling му/ѝ се допаѓа ова.
  12. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.303
    Допаѓања:
    259.365
    Барем некој се сетил нешто да направи, овој нашиот градоначалник испокраде се што можеше, си направи за себе, а нашиот град е беда невидена. Овој во Струмица прави, а овој ги краде нашите пари.
    Вмро не ги сакам само заради тоа што го делат народот, да ти е страв да кажаш нешто против нив. Е ова ми смета. Јас луѓето не ги делам, мене не ми е важно за кого гласаат, по која партија трчаат, но нив им е.
    Од цела оваа кампања ми се згади, видов до каде може да оди желбата за власт. Крајно сум разочарана!

    И не сум толку потресена колку што сум разочарана. И не сум овде за да се препукувам. Само кажав како Вмро победи. Јас пишав што видов, за да не биде муабетот рекла казала, како што некои членки се обидуваат да негираат со се што се служи Вмро. Тоа ми беше поентата!
     
    На SunFlower94 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Zoza

    Zoza Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    792
    Допаѓања:
    297
    Јулие нашиот прави ама се удара во гради и вели: мојот плоштад а не е негов....го направи глобал демек законски а пола луге си немат повратено парите каде платиле а дукан нема (имам близок роднина кој веке год дена се туже со Заев) каде се правди демек не е он одговорен а негов потпис стое....додека Иванова Заев и неговиот брат и Горан ја приватизираа 70% Струмица,градат приватни станови и фабрики и ред други работи он се прави најдобар градоначалник...пред некој ден излева на тв и вели: Драги Струмичани гласајте за бр.10 за прв пат да добиете вице премиер од Струмица....е сеа едно не ми е јасно.
    Кога Борис Трајковски (лека му земја-единствен нормален политичар) беше кандидиран за преседател,зошто истите тие Сдсм ни переа мозок дека треба да гласаме за Т.Петковски? Зошто не збореа гласајте да добиете преседател од Струмица?
     
  14. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.303
    Допаѓања:
    259.365
    Да се сите градоначалници како Заев ќе биде добро. Вие што мислите дека може да имате подобар, прошетајте низ другите градови во Македонија и ќе ви стане јасно дека можеби го имате и најдобриот градоначалник. Можеби Заев украде, не велам не, ама сепак прави и за градот, додека во другите градови не се прави ама апсолутно ништо.
     
    На esperanca му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Zoza

    Zoza Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    792
    Допаѓања:
    297


    абе знам дека сигурно Бонева нема да е подобра од него напротив неа неможам да ја сварам ама сепак и Заев не е толку добар како што се прави...
     
  16. lylaby

    lylaby Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2010
    Пораки:
    631
    Допаѓања:
    334
    Пол:
    Женски
    Мислам дека победата на вмро веќе беше сигурна мислам дајте сите знаевме,само незнам народов на што се лаже,и заклучив само дека всушност успеаа за релативно кратко време да поткупат мн луѓе а многу и млади меѓу нив,да ги поткупат со работни места за кои фала богу ќе гласаат лично и за сатаната ако треба пошто нашиот народ ај што е напатен со мизерни услови туку и алчен и доста лесно знае да се излаже за материјалното...Ме изненади и одзивот на гласачите на сдсм,тоа е индикатор дека многу разумни луѓе се за промена и дека не го прифаќаат овој тоталитарен диктаторски систем на владеење,систем 'јас сум центар на се и се друго се мери во однос на мене' ....а баш тој факт треба да го засегне премиерот,и треба да знае дека не премиер само на неговите подржувачи,ама ако беше паметен политичар до сега тој ќе сфатеше дека работава не е ајде ти опозиција јас власт па ќе се караме како смртни непријатели и ќе се докажувам колку сум посилен ,туку сржта на демократијата е и во консензусот на политичкиве партии со цел народот да има солидни услови за живот,бил земјоделец студент или што ти ја знам.....Е не сфаќам дали е до мене ама една позитивна нишка неможам да најдам во владеечкава партија абе се трудам жими се,ама ај ќе излезе на некој брифинг некој вмровец уста да отвори се како на памет научено толку површно многу ми делуваат празни...а не сум членка на ниту една партија да речеш пристрасна..ма нее и не сфаќам кои се тие реформи спроведени освен градби што никнуваат на секој чекор,кои замислете можеа да бидат фабрики,каде ќе работеа мн луѓе че хранеа семејства нивни,и ќе се поттикнеше на пр мак.производство...еден споменик два три ајде ок малку да разубавиме изглед на градов,ама згради палати чуда секој ден нешто ново...мислам ватс д поинт????позз
     
    На tanja6, enca.69 и BoaVista им се допаѓа ова.
  17. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    Честитки до сите на форумов кој ја слават победата на ВМРО :clap: јас нема да навлегувам подлабоко во темата да не се предизвика револт и гнев во пишаното и ќе си се воздржам! како и да е си победија ! нема овде кој кого поткупувал ! дали за брашно дали за локуми е тоа драги мои ви е права политика ! раздор меѓу младинава допрва ќе претстои па и СДСМ да победеше! додека ги читав мислењата сретнав како демак немало да вработуваат никој од СДСМ што е и јасно ! епа и СДСМ коа беа на власт така правеа сеа ви е ова веќе видено памти па врати,и со таквите политики нашава земја нема да стигне далеку! НАТО-ЕУ? хахаха можеме ние и без нив, ние и без нив би биле европска држава кога секој би имал пари за нормален живот! а за името? никој не размислува на таа тема, пошто и ВМРО И СДСМ се МАКЕДОНЦИ кој е бре будала да си го смени името, што треба после да биде каменуван на плоштад? Ах драги мои,ништо ова нема да смени :!: да гледаме ние да бидеме луѓе па здравје боже пошто иднината на младите останува коа ние ќе имаме некоја функција како нив дај боже да се средат некако работите ! Поздрав и до симпатизерите на ВМРО и СДСМ !
     
  18. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.368
    ај да се изјаснам и јас не коментирам често на тема политика бидејќи на дебатите во врска со политиката им нема крај колку луѓе толку мислења.

    јас вчера не гласав бидејќи тоа го гледав како навреда, нас кога ни требаат ги нема нигде а сега кога ние им требаме да трчаме први да ги подржиме ми беше глупо. можеби некој ќе рече дека тоа ни е обврска и дека можеби некој тоа ќе го искористи да го искорости моето име за глас но не се замарам за толку, најбитно ми е да си останам чиста пред себе.

    честитки до вмро и искрено кажано не ме изненади победата очекувана беше бар за мене бидејќи опозицијата немаше апсолутно ништо да понуди. честитки и за сдсм бидејќи доби повеќе пратеници и се надевам дека тоа ќе придонесе да имаме поконструктивен и поспремен парламент.

    не ги догледав до крај резултатите и не знам дали малите партии добија барем по еден пратеник да влезе но искрено пак и тоа не ме изненадува (доколку не добијат нели) посебно за љубе и за љубчо мислам со нивната кампања и тоа што имаа да го понудат. неможеш да имаш незнам колку мн гласови ако си партија од вчера и наместо програма да плукаш по се живо и диво. и искрено мислам дека нема мместенки што се однесува за ОМ навистина беа мизерни.
    за пратениците од дијаспората што да искоментирам оние што се привремено надвор ајт да гласаат ама оние што се по 20 години надвор од државата баш ги интересира што се случува па за да имаат право н глас во парламентот но како и да е...

    и ете и ова заврши остана истата партија на власт со подобра парламентарна конструкција (барем се надевам) а од сево ова изгубија најмногу новинарите и самата а1 телевизија кои јадеа трици колку што можеа и неможеа. исто така се надевам дека медиумите и самите новинари веќе нема да бидат под влијание на политики партии или приврзаници и ќе си ја работата својата работа бидејќи беше телевизија што најмногу ја сакав и ја почитував, но после ова акциите барем кај мене им се многу паднати. ќе треба напорно да се работи за да си го вратат името и имиџот кои што некогаш го имаа.
     
    На faye, zhap4e и Addicted им се допаѓа ова.
  19. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.391
    Допаѓања:
    17.613
    Пол:
    Женски
    Му ја честитам победата на народот.
    Вчера народот одлучи.
    И покрај негативните коментари од незадоволните страни сепак тоа беше победа на народот, тој одлучи!
    Колку беа само бедни новинарите од а1, целите изгубени особено тој Наим, гревче, бараа огин таму кај што го нема. А и гостите политички аналитичари им беа многу јаки, хахаха :lol:
     
  20. milky-candy

    milky-candy Нов член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    715
    :clap: Честитики за вмро за неколкуте гласа, кои ги добија со уцени, пресии и тортури и кои им обезбедија победа на овие избори...Радувајте се и славете на маката и стравот на народот, само напред... :up:

    А за сите душебрижници што рекоа дека кариерата на Бране е завршена, само ќе им порачам дека се во голема заблуда... :) И почекајте уште малку, стрпете се да гго видиме составот на новата влада... :)
     
    На enca.69 му/ѝ се допаѓа ова.