Ќе биде веселo Вмрo: мoрaвме дa дaдеме зaтoa штo Зaев им вети пoвеќе oд штo требa Сдсм: предaвници Нaрoдoт: нaкaј Тaбaнoвце
Ова се вика со скок шут. Сега го сакаме Ќосето, да ги казни оние клетите што државата ја продадоа. Наредно и ВМРО на протести. Ама обичниот народ. Сиромаштијата. Оние што си пукаа сами у колено. Пада влада во рок од три месеци.
Не формира Грујо, сега на Заев ќе му го дадат мандатот....Ама изгледа ни тој нема да формира, па пак ќе има гласање и конечно Грујо оди во зандана. Во живо од пред ВЛада.
http://a1on.mk/archives/697353 ДУИ не донесе одлука, Груевски ќе го врати мандатот 29/01/2017 23:35 Прегледанo: 1,038 пати. FacebookTwitter ДУИ започна сеопфатен процес на консултации со членството но и со наши пријатели од партијата и меѓународната заедница за петте предлози на Али Ахмети како можни после изборите. Дебатата беше конструктивна за да се донесе најздравата одлука. Едногласно заклучивме дека таа дебата не може да биде исцрпена денеска и немаме аргументи да се определиме за било која од петте опции, наредните денови ќе продолжиме, рече портпаролот на ДУИ, Бујар Османи половина час по истекот на рокот за составување влада. ДУИ денеска не донесе одлука по однос на било која од петте опции. Ова се разговорикои траат повеќе недели, битно е дека денеска немаше доволно аргументи за било која од овие опции. Ахмети имаше можност сам да ја донесе одлуката, но тој сакаше сите да го кажат својот став, рече Османи.
Прашањето е дали ќе има контра протести??? Ајде сите да се собереме, не можеме да дозволиме ова да се случи....ајде ве молам да не дозволиме царот да оди во затвор....изагајте сите на улициии!!!!!! Споделете го статусов!!!!!!
Mислиш па нема? Утре ќе известам од теренот, имам доста попарени глувци на работа па ќе видам што им наредиле од штаб. Ако чуете сабајле хеликоптери, можда фатиле некои бегалци на граница
Ова конечно или ќе има продужетак? И така во државава ништо не функционира по закон и устав, не би ме чудело
Конечно е ова. Уште 10 минути има време и толку Се спасивме Ова за славење е бе еј Леле луѓе што направивме!!!!!!!!
Абе КаракаШишмишева рече мандатот треба да се дава на победникот одново и одново се дур не состави влада. Така да фикусот пак на нив ќе им го даде. Али секако небитно е веќе. Избори се неизбежни.