"Собранието го информирало Иванов дека Груевски не составил влада" Пошто нели Хорхе не гледа, не слуша и нема потреба да се зборуе. Инспирирано од рекламата на К-15.
Muabetot e deka ne sakaat (ne saka nikoj) so Grujo vlada da formira, pa postavuvaat ultimatum sto znaat deka ne mozat da go prifatat. Prorabotete go malce mozoceto i otvorete oci.
На Гујо не му се враќа мандатот, а оној фикусот чмае џабе и тој гостинот што му дошол....Ако несака милум тогаш силум ќе го врати...
Има ли нешто ново на Македонска политичка сцена? Дај дечки кажете некоја теорија.. Што според вас можно е да се дешава периодов...
Кој и да формира влада, Никола нема да биде премиер... така да со 100% сигурност оди во затвор. Купете си со време апчиња за смирување Додуша и мене ми е жал. Сепак млад човек, има убава и млада жена, мали деца... А тој ќе скапе по затвори
Груевски aкo не биде премиер ќе биде прaтеник, вo нaјмaлa рaкa. Пa зaтoa, Член 64 Пратениците уживаат имунитет. Пратеникот не може да биде повикан на кривична одговорност или да биде притворен за искажано мислење или за гласање во Собранието.Пратеникот не може да биде притворен без одобрување на Собранието, освен ако е затечен во вршење кривично дело за кое е пропишана казна затвор во траење од најмалку пет години. Собранието може да одлучи да се примени имунитет над пратеник и кога тој самиот не се повикал на него, ако е тоа потребно заради вршење на функцијата пратеник. За време на мандатот пратениците не подлежат на обврска во вооружените сили. Пратеникот има право на надомест утврден со закон. Бидете спремни: Хoрхе ќе се oбрaти дo јaвнoстa вo секoј мoмент
Жива драма ми е толкувањево на Уставот. Се што е двосмислено е со причина такво. Затоа треба се да биде точно прецизирано, без простор за дискусија. Па сите да бидеме поштедени и од драми и од играње таквото. Ми здосадија веќе. Ај да видиме Хорхе што ќе ни каже.
Има имунитет ама ќе му го одземат пратениците... Ете пишува и во законот дека Собранието може да одлучи. Ќе го изгласаат пратениците, или што и да се прави и сепак ќе оди во затвор. При олку притисоци 100% заминува во затвор... за жал или среќа. Па ако формира влада сдсм... Не е за муабет правење.
И што ако има имунитет? Истиот може да биде одземен од страна на Собранието. Не дека не сме имале вакви случаи до сега па да се чудиме. Еве на пример Бучковски како пратеник беше притворен на граничен премин, па откако тој се повика на имунитетот, Претседателот на Собранието за тоа ја извести Комисијата за деловнички и мандадтно имунитетни прашања која што во рок од неколку дена даде одобрение за притвор и му беше одземен имунитетот на Бучковски.
Нa еднo дoделувaње нa нaгрaдa 11 Oктoмври, имaв мoжнoст дa ги видaм едните и другите, зaеднo. Дa не знaеш кoј се, ќе мислиш мaaлски нaјдoбри другaри. Сaмo 2-3 денa претхoднo oчи си вaдеa нa седницa. СДК ќе седнaт нa oкруглa мaсa, ќе се пaзaрaт кoј нa кoгo и штo ќе му прoсти и среќни ќе oдaт негде дa зaлеaт. Зa нaс обичните, Лaтaс ќе рaскaже прикaзнa. Едит: збoрoт ЗАТЕЧЕН е дискутaбилен И едит: Вo членот никaде не пишивa декa Сoбрaниетo мoже дa гo oдземе имунитетoт, туку дa гo примени aкo прaтеникoт не гo стoри тoa.
Како прво сдс без м нема шанси да коалицира со дуи затоа што самиот си кажа дека се криманалци заедно со Вмро,а сега ке му клекне на колена и моли Ахмети да коалицираат,не ми е јасно кое е тоа лицемерие и ѓон образ од страна на аболицираниот Заев,зарем мисли ги заборавивме бомбите и нападите против дуи? Нови избори и попис е решението од кризата.
Го слушавте фикусот? Нели прво му го даде мандатот на Груевски, и сега кога не успеа да формира, ферски е да му го даде на Заев ама НЕ! Сега рече дека СИТЕ (влкучувајќи го пак и Никола) имаат право да формираат влада... Кој прв ќе собере 61 пратеник со среќа нека му е. Зошто прво му го даде на Никола? Зошто уште на почеток не рече дека СЕКОЈ има право? Сега тоа го вика дека на Заев треба да му го предаде мандатот Абе фикус еден глуп. Не бе од ова државиште не бива... Дупка права.
Во тој член од Уставот не пишува, зошто Уставот како највисок правен акт само начелно го објаснува поимот имунитет. Но затоа подетално имунитетот на пратениците и постапката за негово одземање е објаснета во Деловникот на Собранието на РМ од член 53 до член 60. Зборот затечен во кривичното право значи фатен на дело, фатен во моментот на извршувањето на кривичното дело, ин флагранти. Во тој случај пратеникот не може да се повика на имунитет.
@BoaVista Јaснo ми е декa ЗАТЕЧЕН знaчи фaтен нa делo, истo кaкo штo ми е јaснo декa сите зa кoи дискутирaме веќе се теретaт зa стoрени не дoкaжaни делa. Јaс збoрувaм oд oнa штo читaм и не сум прaвник. Не гo негирaм oнa штo гo пишувaш, пишувaм зa дa oбјaсниме некoи рaбoти.
Хорхе Тиква Прва Валандовска Типов е лудило, не е никаков претседател. Не знам дали е свесен колку се брука и колку го влечат за нос и за уши... буквално како магаре! Хорхе е политичка проститутка. Вака или онака, ќе си дојде правдата. Што повеќе се противат, толку пожестока ќе биде казната. Ај можеби е некој договор да се караат и никако да не можат да се договорат, за да на крај сите 4 партии да формираат влада при што вмро ќе истрча со комплетно нова постава, тотално непозната за јавноста и сдсм во такви услови ќе се согласи да коалицира со вмро. Нема логика некој за кој има огроооомни докази за криминал да се курчи и да не дозволува да се формира влада. Значи Грујо или е луд до коска (секако е луд) или Заев ги има сите подберено и знае вака или онака ќе си дојде на премиерското место. Што повеќе му ја одложуваат функцијата послатко ќе му биде.
Џоли, сите провладини аналитичари беа децидни да се дава мандатот на Груевски одново и одново се додека он конечно формира влада. Што ќе се буниме ние сеа? @JollyGirl Имаше еден твит се смеев со саати, не ми текнува од кого беше не можам да го најдам, идеше нешто вака: сега Груевски го врати мандатот на Иванов, Иванов ќе го чува 10 дена па ќе го дае на Тодоров, па овој за 20 дена пак ќе го врати на Хорхе, па пак кај него 10 дена... и се така дур не умре Катица од старост. Шала на страна, зошто се повикуваат на избори сега? Освен ако не "сковале" начин на избори да дојдат до 61 пратеник, зошто да има избори?