Па нема врска што не се докажани, зборот ми е дека ако во текот на постапката се побара притвор, собранието може да одлучи имунитетот може да биде одземен, како што беше случај со Бучковски, Љубе Бошковски и др.
Ќути овој фикусот што не рече: -Предуслов за да се формира влада е следниот....Господинот Груевски да собере 61 пратеник, а господинот Заев да го најде гробот на Александар Македонски и да најде 2-3 авиони што исчезнале во Бермудскиот триаголник.
За сите кои пишуваат Гујо, наместо Грујо, демек човекот не може да рече Р ?, не ви е малку нехумано, некоректно ? Барам правда, барам мир, а се понашате многу ниско преку некои работи... Мене еден роднина ми вели: пајо паторов; а роднинава поткуцнува, и му велам, како не ти е срам да се исмејуваш на неговиот од, а тоа ти што куцаш, сакаш отсега Пајо да те викаме и тебе ? И многу му падна незгодно, ама за чудо не се налути, зошто наместо да се видите себе си, ќе ја лечите вашата грдотија преку зборување грдотии некому ? Јас имам во фамилија и комшии и куцо, и слепо, и знаете колку е безобразно да коментираш негативно за нечија мана ? Прво, не е човечки. Толку за тоа. Е, сега, друго ми беше муабетот. На официјалните страници на фб, на Заев и Груевски, тотално различна атмосфера владее. Кај Груевски, се е некако покултурно, поцивилизирано. Кај Заев, ми се гадеше од тие гадотии кои ги прочитав. Толку клеветење, пцуење, погрдни зборови...А, најжалосно ми беше кога некоја Македонка напишала културен коментар, ама кој не му одговара на Заев, па еден куп реплики доби од Албанци (и други муслимани) каде толку жестоко ја грдат и вреѓаат (значи нема нормална реплика, туку само вреѓање), и тие добиваат подршка од Македонци (со лајк и др.). Како можете тоа да го дозволите, на наши сестри Македонски некој така да ги навредува, а вие се здружувате со нив ? До вчера се жалевме на темава кога ќе видевме ваква појава за некои теми. Иначе, за вчера, конкретно, Иванов си беше јасен, прецизен, си кажа човекот дека си дал заклетва да го почитува Уставот и да ја штити Македонија во секој поглед. Заев нека собере потписи (без потписи не може мандат, сепак изгуби, а ова не е пазар, туку држава), но за да собере потписи треба да се здружи со сите Албански партии. Јас лично не сакам влада во која ќе влезат сите албанци.
Znaci poleka go dopirame dnoto Fikusot ako.pobara od Zajko 61 potpisi zasto ne pobara od Gruevski kova mu go dade Mandatot? Ne deka sum za Sdsm (a sum) tuku realno ovie ja ebaa drzavata stvarno mesto napred cekorime nazad .. Dosta sme patrioti vo mozokot i dusata dajte vreme e za multietnicka drzava bez da se zamarame koj e sto e site sme od meso koski i imame veni polni so krv se znae politikata sega ili za 10g ke imame presedatel od (Brakjata) Sakal ili nejkel nikoj nema da ne.prasa Vo Momentov izbori ne im Odgovaraat na dosegasnata vlast zasto natodot se poveke se Ohrabtuva #vremezaZivot
А ти со роднини се караш за Гвујо оти го вреѓал? Со роднина што бил куц ти си застанал правдини да делиш за пастирот не ти е тебе малку срам? Роднина или пријател секогаш ќе останат покрај тебе, а овој лавот твој не знае дека ти постоиш Па ете може одма да се заклучи каков човек си. Фикусот уставот го почитувал
1. Со роднини никаде не спомнав дека сме се карале за Груевски, каде го прочита тоа ? 2. Правдини не делев со роднина, туку му дадов реплика на неговиот збор Пајо Патор. Убаво напишав во мојот коментар, само го прашав како би му било нему (бидејќи се исмејува за туѓа мана, не гледајќи се себе). Значи не почнав прва, не се расправав за Груевски како политичар, туку само на 'маната'. Никогаш не ми е срам да зборувам за нешто што го мислам. Напротив, затоа и ме ценат блиските, бидејќи сум директна со нив и искрена. 3. Мое лично ПРАВО е каде, со кого и што ќе зборувам. 4. Не се грижам за тоа дали роднината ќе остане покрај мене, покрај мене ќе остане секој што е човек. Секој што е нечовек, без разлика која е причината, не ми е важно дали ми е роднина, не сакам такви луѓе покрај мене. 5. Заклучокот - дека може да се заклучи каков човек сум, ти е суптилна навреда на мене, можам само да кажам дека вие од Сдсм сте склони многу кон навредување, речиси не познавам човек кој е од таа партија, а е културен и има однесување на ниво. Ти мене не ме ни познаваш и не можиш да тврдиш каков човек сум. Поздрав Затоа што Груевски беше победник. На победникот се доделува мандатот, така е Законот.
Едно прашање имам. Уставот вели дека претседателот треба да го даде мандатот на партијата или партиите кои имаат мнозинство во собранието. Мнозинство во собранието нели е 61 пратеник? Дали тоа значи дека претседателот го прекрши уставот кога му го додели мандатот на Груевски, со оглед на тоа што тој имаше само 51 пратеник?
Што е проблем ако претседател на државатаа побара гаранција за унитарност на државата? Дали ова врескање против предлогот значи дека некој сепак сакал федерализација.
Првиот мандат се дава на победничката партија, без исклучок. И има рок до кога треба да се состави Влада (да преговара со други партии, за да има минимум 61, доколку ги нема). Бидејќи не се состави Влада, сега се бараат други решенија (едното е нови избори, другото е кој прв ќе даде доказ црно на бело дека има 61 потпис од идни пратеници, и плус има и други решенија, а на Претседателот е да одлучи како ќе постапува). Убав потег од Иванов, секако тоа и му е задача, да ги чува и штити унитарноста, интегритетот и безбедноста на државата. Кој сака Влада, нека достави 61 потпис, ама да ја уништува оваа наша држава за која луѓе умирале за слобода - нема.
А ако сум против Груевски, значи автоматски сум од сдсм? Никаде не реков јас од кого сум, само ептен глупо е за читање што твојот прв коментар. Не упатив никаква навреда, само реков замисли каков треба да бидеш за да се расправаш со роднини и пијатели за почитичар.
Во Уставот не стои дека мандат добива победникот на изборите туку оној кој има мнозинство во Собранието. И тоа како го прекрши Иванов Уставот, и тоа уште пред три недели со тоа што му го даде мандатот на Груевски кој во моментот кога го доби мандатот, а и сеуште, нема обезбедено мнозинство во Собранието. Со тоа тој уште еднаш докажа кој му е газда и наредбодавач, односно наместо да биде Претседател на сите граѓани, дури и Уставот го толкува произволно во зависност од потребите на неговиот шеф Груевски. Груевски имаше рок од десет дена во кој не обезбеди мнозинство во парламентот. Бујрум, читајте црно на бело, остајте тоа како ви кажале во штаб. Spoiler: Устав,член 90 "Член 90 Претседателот на Република Македонија е должен во рок од десет дена од конституирањето на Собранието мандатот за состав на Владата да го довери на кандидат на партијата, односно партиите што имаат мнозинство во Собранието. Мандаторот во рок од 20 дена од денот на доверувањето на мандатот, на Собранието му поднесува програма и го предлага составот на Владата. Владата, на предлог на мандаторот и врз основа на програмата, ја избира Собранието со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници." извор: https://mk.wikisource.org/wiki/Устав_на_Република_Македонија_(Пречистен_текст)
Претседателот Трамп не дозволува поединци како амбасадорот Бејли да ги компромитираат и дискредитираат САД! Чао Бејли http://www.kanal5.com.mk/mobile/vesti_detail.asp?ID=116568
Чувството кога се будиш и знаеш дека немаш претседател, туку фикус кој ги брани интересите на најголемите криминалци во државата! #Хорхе #ЗаГреота
Читам за протестите во Романија. Народ протестира за измени во закон потпишани без да се информира претходно јавноста. Црни ние што за ништо овде не сме информирани. Градинка во Букурешт ќе биде отворена цела ноќ, да ги чува децата чии родители ќе протестираат. Црна Македонијо наша мила и пренапатена... колку сме само ние најназад од сите и за жалење. Кога ќе ми текне дека на Романија од не знам кои причини сум гледала со потценување.. ми иде шамар да си залепам. Овде уште се радуваат што од Бејли било побарано отчет за сработеното... го величат истиот Трамп што уште нема слушнато за Македонија, ниту на карта знае да не покаже ама ај...
http://mk.voanews.com/a/us-macedonia/3704539.html Иако и онака не знам зошто е битно дали е Бејли или некој друг амбасадор. Ние имаме проблем со нашинци, не со Американци.
Марк Тонер е од Обама,наскоро Бејли си оди,Чао Бејли знам дека не се чуствуваш убаво но доста е,сакаме да си одиш од Македонија непожелен си тука.
Sekoj eden sto se mesa vo tugja drzava e nepozelen, a da ne zboram sto ovoj za svoj licen interes go pravi toa. A kje im dojde redot I nasite prodadeni dusi ama od toj sto gi plakjal kje go jadat.