имам 18 години,и навистина, сум преразочарана од она вчера,навистина не можам, да ги сфатам младите,ај ако мајка му , татко му овај онај му се вработени во администрација, ке разберам, ама селанчињата, што му го истурија млекото, децата на лозарите, на тутунарите, оризарите... како можат и нивните родители земјоделците да паднат толку ниско, можи му се собраа неколку илјадарки евра од субвенциите, ама не сфајкаат, дека пак сите тие пари ке одат, јабана, дека пак ке нема откуп. а со се однесува до они кои работат или нивни блиски биле вработен во администрација и на други места, зарем не му е зал, плата да земат од арачот на приватниците, па тие со наведната глава треба да одат да купуваат леб од најблиската продавница, бидејки исто данок плаќа и тој продавачот во продавницатѕа, колку што плаќа Т-мобиле. ама ако за 2-3 години, ке нем аместо кај да ги пикнат, да лежат по шалтери,да плетата. ке ддојди време нивните деца ко ке треба, да бидат приватници, и да плакат арач, ке дојди време, ние младите, да ги отплатиме кредитите, и каматите, на нашиот апсолутистички владател, а старите ке си лежат пензионирани и ке плачат, па имладите, што сега го гласавте, ке плачите, за гревот што му го направивте на вашите деца и на самите себе и на приватниците, ама тогаш ке не смејте да писните, одма, ке ве треснат со членската книшка по гла и ке ви речат вие не гласавте, сега да си кутите. ке дојди време, кога освен веро и тинекс, ке нема други продавници, ке нема, други бутици, одвен терра нова и други странски марки, а мози и нив ке ги нема, бидејки нема да имаат профит, од луге со ке немаат да јадат, ЗОШТО? оти народот е прост и себичен, гледа за себе , а не за своето дете. дури и не се цледа сбе си, ако етероризиран , уценуван и соучесник во овој злостор, за со, за неколку илјадарки денари, кои во иднина, нивните деца, ке ги дваат само за свеќи и даноци.
СЕГА СЛАВЕТЕ КУТРИ ДУШИ, ФАЛЕТЕ СЕ ШТО НАПРАВИ ВМРО, АМА НЕ ВРЕДИ, ЗА НЕКОЈА ГОДИНА СИТЕ ШТО ГИ ГЛАСАВТЕ КЕ ИМАТЕ ГРИЖА НА СОВЕСТ И КОШМАРИ, ОТИ ДУРИ ТОГАШ КЕ СФАТИТЕ ШТО КЕ НАПРАЈ ВМРО , И ДЕКА И ВИЕ КЕ СТАНИТЕ НИВНИ РОБОВИ, ТОГАШ КЕ СФАТИТЕ, ШТО НАПРАЈВТЕ, КОГА ГРУЈО КЕ СИ КУПИ ХОТЕЛИ И ВО ПАРИЗ, И КОГА ВАС И НА ВАШТЕ ДЕЦА ,ЗА КОИ КЕ НЕМА ДА ИМА МЕСТО, ВО РЕК И ВО АДМИНИЦТРАЦИЈА, КЕ ГИ ПЛАКААТ ВО ИЗМИСЛЕНИ ДАНОЦИ, КОГА КЕ ТРЕБА ДО ВЕРО ДА ОДИТЕ, ЗА ДА СИ КУПИТЕ ЛЕБ,КОГА КЕ ВИДИТЕ, ВО КОЈА СИРОМАШТИЈА КЕ ДОДИ ЗЕМЈАТА, И КЕ ПОЧНИТЕ ДА СЕ ЖАЛИТЕ, АМА ТОГАШ НАШИОТ АПСОЛУИСТИЧКИ ВЛАДЕДЕТЛ, ВЕ УДРИ ПО ГЛВА СО ЧЛЕНСКИТИ КНИШКИ И КЕ ВИ РЕЧИ САМИ СИ ГО БАРАВТЕ, ИЛИ КУТЕТЕ ИЛИ НА ГОЛИ ОТОК (ДО ТО0ГАШ КЕ СИ НАЈДАТ ГОЛИ ОТОК, А И ИДРИЗОВО НЕ БИЛО ЛОШО ВЕЛаТ.) РАДВАЈТЕ СЕ ДРАГИ МОИ, И ЈААС СЕ РАДВАМ, СО ВАС БИДЕЈКИ ВИЕ ТОГАШ ДУПЛО КЕ ПЛАЧИТЕ ИКЕ СЕ МАЧИТЕ, БИДЕЈКИ КЕ НЕ МОЖИТЕ ДА ГИ ИЗМИТЕ ВАЖИТЕ АЦЕ И ЛИЦА ОД ВИНАТА, ЗА ПОСЛЕДИЦИТЕ, КОИ САМИТЕ КЕ ГИ ТРПИТЕ.
Прост народ, силна држава... Али ме радува фактот што многу од луѓето се освестиле...да не беа оние што мораа да гласаат, администрацијата посебно, победата ќе беше наша.... И ај тишина вмровци....работата е јасна ко ден, ве јаде и вас црвчето, толку мала разлика, едино им ги земаа гласовите на оние печалбарине неписмени, кои не оти разбираат нешто туку патриотизмот го идентификуваат со големото ВМРО од минатото... А плус без скокање ко заклани ќе ве молам, да видиме првин да се состави владата, ако спука Америка да не коалицира Дуи со в-овците, биче весеље ... п.с. Ај сеа бедните овде што го бранеа вмро, како честа на мајка им, нека бидат мирни, ќе јадат вмровско лепче уште малку, заработено со лижење г*ови... И свесни сте си дека ова не е победа, победа, се виде незадоволството на народот...и се виде дека излезноста беше толку голема затоа што се незадоволни од глујо луѓето, тие што се в-овци се знаеше колку се и дека мора да гласаат за нив, ама остатокот, а е многу, се директни гласови против глујо, излезноста е директен показател на револтот од глујо... Пријатно, и честитајте си тука ко брат да ви се родил Проста маса бреее....
ја мислам дека Бранко и ја зезна кампањата на Шеќеринска.... СДСМ е добра партија сама по себе, ама има многу неквалитетни луѓе во неа што и го нарушуваат рејтингот на чело со Бранко. некако, секогаш кога ќе се издвоеше некој способен, нормален лик во таа партија, Бранко го елиминираше (во политичка смисла). Мислам дека доколку он би се повлекол, а во партијата би влегле нови луѓе со нови свежи идеји и конкретна програма, партијата сигурно би добила на избори. Бранко е мангуп, исклучителен оратор и харизматичен лидер за огромен дел од популацијата, а и за мене лично ама народот почнува да се заситува од неговиот мангуплак.....не може главен аргумент за тоа зашто треба луѓето да гласаат за тебе да ти биде тоа што ќе отпуштиш пола администрација....многу нормално дека во тој случај цела администрација ќе гласа за другата страна. сите знаеме дека наместо со способен талентиран кадар администрацијата се полни со партиски пиони, ама кога водиш кампања, мора стратешки да обмислиш какво решение ќе им понудиш на оние кои ќе го изгубат работното место. и никогаш, во никој случај, на митинг, не смееш да го вреѓаш сопствениот народ (ова се однесува на "гревот" од рекламата за ВМРО). Да појаснам, јас не сум партиски определена, сметам дека ниедна партија во моментов не ја заслужува мојата доверба, ВМРО-вците имаат фашистичка политика, а СДСМ-овците имаат застарена, досадна политика. Затоа, се надевам дека еден ден ќе се појави таков лик на македонската политичка сцена, на кој ќе му биде гајле за државата....за промена.
Да застанеше Зоран Заев на чело на партијата или тој да беше кандидат за пратеник, се ќе беше друго. Вака со веќе видените и познати ко што пишаа погоре мангупи, СДСМ не доаѓа лесно до власт.
Како и да е нека се замислат тие што својот глас го дадоа за Сестра Љубинка и Љубчо Бугарот, со тоа само направија проблем сега владата да ни зависи од Албанците. Мислам дека ќе биде многу тешко за сите.
^^^ се зборува дека постои таа опција да Грујо и Љубчо направиле некој договор, да неговото членство, на Љубчо премине во ДПМНЕ (ако е воопшто вистина, но тоа се збори од синоќа) и Народна да не постои повеќе, мадааааа ми е малку чудно тоа и некако нереално ми звучи. Но ученикот докажа дека го надмина својот создател и учител, докажа дека стратегијата му пали, дека вештите оратори и мангупи треба да се сменат. Мангупите нај треба да им благодарат на А1 пошто тоа што го имаат го имаат заради нив и заради баш Љубе, Љубчо, Филип Петровски и Достоинство. Го немаат ради добрата нивна политика и програма. Луѓето кои не одат по митинзи, кои не се стално симпатизерство и членство на истите нема како да ги чујат што ветуваат, ако на телевизија даваат само вицови за Груевски... е сега кој како кој сака да стане е прашањето, пошто Грујо секако го надмина БЦ и секако ја насанка по втор пат Рада. И во загубата си најдоа утеха. Но, не мислам дека целеа да бидат силна опозиција, а да ја паднат владата и да испоапсат се ВМРОвско, да испобркаат од администрација и да изедат живи луѓе, да стават се СДСМовско во влада е нешто се смени по пат во целите изгледа. Пак ги видовме како слават во штаб и скандираат сеедно победиле.
На овие избори се гледа дека СДСМ придобива гласови а ВМРО губи...ќе видиме на следните што ќе биде со овој тек Инаку да ти се плукнам во политичарите, кој од кој поголем лопов, друго ништо не се... се прават сите големи патриоти као демек многу за државата се грижат а тие единствено за џебот си се грижат само жално е што луѓево уште не го сваќаат тоа и се пренесуваат во партииве ко да татко им ги основал
Да бидеме реални, секој во партијата гледа биро за вработување, тука нема патриотизам нити некој за загрижи за подобро за сите општо како една целина, како држава. Секој си гледа само за себе, некој успеал со ВМРО некој со СДСМ, други се надеваат дека ќе успеат па затоа ги поддржуваат. И тоа е тоа.
И Заев да беше на местото на Шекеринска пак ќе беше исто. СДСМ многу згреши што го помилува Заев, тој самиот требаше да си се избрани за слобода, а и народот сеуште ја нема заборавено фамозната реченица „ Ќе јадеме живи луѓе “
До сите ВМРОВЦИ како што на СДСМ им е криво така и на ГРУЈО МУДО видов по неговата кисела фаца не му се смееше, бидејќи не се надеваше на толку пратеници од СДСМ во парламент, дури сега ќе биде весело, му се скратија рацете, впрочем СДСМ не изгуби тие добија повеќе пратеници од порано, а на ВМРО пратениците се намалија од 63 дојдоа на едвај 50 па вие проценете кој победи, а кој губи и допрва ќе изгуби и не се лутат криво им е што и овие избори се купени. допрва ќе паѓате тивко но сигурно, а тоа е најболно, патња дечки мои, патња. инаку тепачка во парламент не ни бега, од кога се спрема и ќе изибие на крај ќе видите.
Мене ми е жал што маливе партии не добија ни пратеник, жалосно. Највеќе ми е за Манасиевски заслужи да влезе бар тој
Па најголемиот проблем е тоа што ЛДП со 10.000 гласови, Љубе исто со 10.000, а Љубчо со дури 18.000 гласови не земаа ни еден пратеник, а Груевски со 2000 глесови зема три пратеника од дијаспората
Бидејќи алудираше само на ВМРО,јас ти дадов пример со СДСМ. Можеби си изреволтирана од тоа што повторно ќе се актуелизираат проблемите од типот Скопје 2014 transformer city edition со нивната тирумфална капија in the middle of nowhere или повторно некоја нова реформа за некакви си лиценци,македонски производи шотијазнам,aма научи дека народот ги бира. Тебе Грујо лично не ти се јави и не ти рече ќе леташ од работа. Место тоа,ти имаш ВМРОвски директор кој мора да собере гласачи и директорот тебе те условува со работно место, не Грујо. Значи вината да си ја бараш во директорот твој, не во премиерот. Истото важи и за СДСМ. Сега на власт е ВМРО, многу со партиски книшки искориситија работни места или унапредување бидејќи се пишале ВМРО,кога ќе дојде СДСМ на власт се знае дека и тие летаат од работа. За се остнато,така ни функционира системот во државата. Не ги криви партиите, не ги криви политичарите, тие се едни обични луѓе, производ на општеството. И ти да седнеш на фотеља верувај нема да си нешто подобра од нив. Народот е прост..ете за тоа колку е прост штотуку наидов на една добра статија Спојлер Како изгледа денот на еден „ватрен“ обожавател на политичка партија за време на предизборна кампања? Бидејќи деновиве сакале - не сакале... ...сме бомбардирани со избори и гласање, не може а да не приметиме колку некои луѓе околу нас се опседнати со партијата чии членови се, иако никогаш не виделе никаков аир ниту корист од неа. А и да видат, тоа сепак не ги менува смешните факти за оние најжустрите кои очекуваат „брда и долине“ од своите фаворити. Тука не мислам на оние кои активно се занимаваат со политика, на оние кои својот леб го вадат преку тоа, луѓе кои немаштијата ги натерала да бидат политички активни, ниту пак симпатизери на партиите, кои ги ценат идеалите на својата партија. Мислам на демек "опседнатите" со некоја партија, чиј што најблизок контакт со својот омилен политичар се случил на свечено сечење лента на отварање на некој објект (нашиов „ватрењак“ имал чест да му ги подаде ножиците на својот идол за да се изврши свеченото сечење и сè уште ја чува снимката од мтв во архива и при секоја слава, крштевка или пијанка им ја пушта на своите гости горд ко Делфина коа се исправи после Ла Манш). Да го прашаш кои се идеалите на неговата партија, ќе ти рече - шо е тоа идеал, да го прашаш дали е десничарска, левичарска, демократска, конзервативна, итн... појма ќе нема. Додека сите имаат омилен бенд, пејач, храна, пиење, кафана, глумици, селце за одмор, професија...нашиов обожавател има само омилена партија. И уште еднаш да напоменам дека се работи за оние "фејкерски" симпатизери кои доколку добијат макар и сендвич од противничките партии, веднаш би ги продале своите "идоли". Секоја чест на оние верни поддржувачи и политички определени луѓе кои навистина ги ценат своите партии и поголем број од доленаведените работи навистина ги прават поради љубов и верност кон својата партија. Не мислам ниту на оние неуки и сиромашни луѓе кои се манипулирани од некои....Нашиов "верен" обожавател е итар стар лисец, македонски Минхаузен, во текстов прикажан фиктивно. Секој кој ќе се пронајде е чиста случајност (се надевам нема многу такви) Вака изгледа секојдневието на огнениот партиски обожавател за време на предизборна кампања: 05:00 Ѕвони алармот. Нашиот обожавател се буди со химната на својата партија како ринг тон за аларм на својот мобилен и со осмех од уво до уво си ја пее, се прекрстува три пати и наместо Оца, сина и светога духа ги кажува своите три омилени политичари. Иако цела ноќ лепел плакати и си легнал во 4, тој веќе во 5ипол излегува од дома, да изврши проверка дали некаде ги уништиле, или скинале плакатите, или пак додека сè уште нема народ по улиците, да успее да направи некој зулум на плакатите на противничкиот табор. 07:30 Оди во маалската продавничка да пазари и нормално додека е внатре, на сите останати купувачи им пропагира како неговата партија е најдобра и како оној од конкурентската тајфа вчера се изрезил со некој говор на ТВ. Полн е со самодоверба и 253 проценти сигурен дека неговите миленици ќе тепаат на избори со 70 посто гласови. Дури поради комшиите се грижи и бојата на кесата да биде иста со заштитната боја на неговата партија (пошо е нафуран дека - „шпиуни су меџу нама, кваре нашу идеалну везу“, не дај боже да го сликнат како носи кеса со боја на спротивното племе, ќе биде обележан за век и веков). 10:00 Доручкува и пие кафе читајќи весници, гледајќи ТВ и пцуе и колне сè до трето колено на, според него - преварантите, оние од конкурентските партии кои што го лажат народот, сите се хоштаплери, Македонија ја испокрадоа, на времето сигурен е дека ради нив пропадна тоа и тоа (ех да беа/да се моиве на власт, сеа до Индија ќе беше Македонија, Саше Фактор Х на Месечината ќе го пратевме, жена ми секој ден ќе идеше до Солун на пазарче...) екранот на телевизорот е цел со сочни плунки кои се разлеваат по него (причинети од неговите кунг фу потези - Пу јзк или Пу, племе ви...). Оние најхардкорот сè уште се пред продавничка/коперација, пијат пиво и продужуваат дебати со останатите сродни души каде што може да дојде и до опасен фајт ако навијаат за различни тимови (Џанго пуца први други део). 13:00 Ги посетува локалните штабови на своите љубимци гордо шетајќи се со маица која изразува подршка на неговиот клан - „Гласајте за Петко и Станко, они се боље од Људмил!“ При влез во штабот повторно се крсти и ги бакнува сликите на своите љубимци. Тука иако е меѓу свои (ама во ова време на предајници никад се не зна) врши стручна проверка и тестирање на база на психо анализа, дали некој од нив имал нешто со спротивен табор (макар и да се возеле од иста страна на Партизанска) и ако открие дека има таков сотоњар, веднаш го прогласува за Јуда, издајица рода свога и аутоматски новопечениот Јуда више не е на ред за чекање за радно место у Комуна Јурумлери. Проверува што пропаганден материјал има по фиоки, божем да делел по пријатели и комшии, пуни една вреќа иде дома и скришно ги пика у шупа, кај останатите залихи од изборите 1996. 16:00 Се пресоблака, облекува неутрална маица, троа искината, изигравајќи црковно глувче и трга кон спротивничките штабови. Ако случајно го види некој од неговите, кажува дека он у партија е уствари македонскиот Џемс Бонд и иде у шпиунажа кај клетиве душмани да сазнае што више информации и корисни трачови. Али кога мачката спие, глувците оро играат, веќе на сам влез у противнички табор, почнуе да глуми као Никол Кидман, кутрите волонтери од штабот му даваат пуна торба пенкала, маици, упаљачи, по нешо за мцкање и со благослов го испраќаат дома (читај у шупа, да си ги допуни залихите). 18:00 После мал одмор и замивање груда и мишка, се прска со колонска „Покошено сено“ и со колоната клонови истомисленици тргнуе на најсвечениот и најгорд моменат - митинг. По пат се фали како у шпиунажа видел кој све е на список за гласање кај хоштаплерине, го фатил тој и тој со швалерката, па го бркале 4 коли до Радишани и клоновиве цели воодушевени ракоплескаат ко на Лебедево езеро и горди се шо уште има толку храбри патриоти у земјава извикувајќи го неговото име и името на врховните светци од партијата. Со пиво или вино у рака, знамето на својата партија и пропратни знамиња повторно ја пее партиската химна, док зборат неговите идоли, се дере колку што го држи глас - ТАКА ЕЕЕЕ... на секоја можна реченица излезена од нивните малечки, а сепак толку големи усти. Ако не се напраи дрво пијан, иде у први редови за да допре бар дел од сакото на своите миленици, или да ги фати макар за средниот прст. А ако е дамла, иде на местото шо пред 568 години му припаѓало на неговиот прапрапрапрапрапрапрапра дедо и ги колне хоштаплерите дека не му го вратиле со денационализација. (Рака на срце за оние што стварно требало да земат пари од денационализација, а не им било ништо дадено...и ја би колнела богами). 23:00 Се прибира дома, да ги фати задњите вести на ТВ да сазнае нови трачеви, нормално вестите ги гледа на ТВ која што е наклонета кон неговата партија и се величаат само неговите идоли, слуша дека на митингот имало 3 милиони луѓе и со сузи у очи пак ги бацува своите идоли на ТВ екранот (право у неговиот шлаем, оставен за аманет, кога плукаше утрото). Таа телевизија му доаѓа нешо као Госип Грл, а неговата родна грутка - Апер Ист Сајд. Не дај боже жена му да смени на друга ТВ шо ги поддржува хоштаплерите, у момент може да го стегне инфаркт, (инфРакт - удар срца, шо би рекла малце потресената) поради изречени небулози и лажги. Ако е уморен си ја пушта уше еднаш химната, снимката од примопредаја на ножиците, ја листа партиската програма (Твоето писмо, моја библија, шо би рекла една наша пејачка) и легнува да спие со молитва за победа на изборите. Ако не е уморен, иде повторно да прави зулуми со плакати, да закачува знамиња по бандери и да прати клети сотоњари од оние другине партии, као да е папарацо од жута штампа... Денот на избори: Го ставаат на гласачки кутии, цел ден шпиунира кој за кого гласа, кој со кого дошол до гласачко место, врти по телефони, им дише у врат на тие што заокружуваат, води евиденција у тефтерче за сите шо ги знае (по фацата коа влегле позади параван приметил за кого гласале). И коа иде да си земе сендвич за време на пауза, сфаќа дека од сендвич овие од партија не му остаиле ни с, дубоко воздивнува и си вика у себе - Ма шо ги е*ам, ќе гласам за другиве, и онака фајде не видов од овие годинава... И така се до наредни избори. И за крај, еве ви од мене предлог романтична смс порака за викендов )) Ми фалиш ко на Мзт титула, ко на Сури у тешки моменти „волшебна“ пилула, ко на Скопје на Вардар уште една плажа, ко на стари моми бурма, пошо сакаат да се мажат. Те сакам е тешка мисла, али ова више нема смисла. Љубовта наша е ко Центро и Газела у стечај, ко усред Партизанска сообраќаен "поремечај". Иде 5 јуни, а ја не те дружам, али знам дека место Петко и Станко твое име на список ќе заокружам Автор: Тина Мицковска извор:crnobelo
Да и тоа каков успех е да се освои толкав број на пратеници после 5 години власт, а да не заборавиме дека беа буквално ’сами против сите’ не знам дали некој до сега успеал во тоа. Еве на пример СДСМ на изборите 2006 изгубија со огроомна разлика после 4 години власт,затоа вмровците можат само да се гордеат со ваква победа, а дека разликата меќу СДСМ и ВМРО е помала не ме чуди воопшто сосема нормално,никогаш не можеш да ги задоволиш сите,секогаш има незадоволни..
Чирибирибела ... нема врска и преку сто илјади гласа да имаат или едните или другите ... коалицијата мора да е мултиетничка ... тие се правилата на УСА и ЕУ.
^^^ Работата е што ниту едните ниту другите имаат доволно за самостојно да си формираат влада, макар што кај нас си стои тоа дека мора да ги има. Но друго е кога некоја партија не зависи од тоа да мора да ги има, а ги има бидејќи е правило кај нас. Вака кога зависат, си доаѓаат со услови, кои овој пат ќе мора да се испочитуваат до максимум.
Па, ако не се веќе испазариле и договориле овие од ех-владејачката гарнитура може да испадне кој повеќе ќе жртвува, овај ќе понуди ццц Интересно ќе е да.
Тоа го знам дека такви се правилата, ама друго беше до сега кога беа во владата само заради тоа правило, а друго е сега кога се потребни за да се формира владата, разликата е голема.