Кој и да е на власт тие ќе си го добијат тоа што зацртале... Ако не од Заев тогаш од Груевски и обратно. Во тесно се фатени нашите и тоа е тоа... Америка стои позади нивниот грб.... Ако сакате вие на глава застанете.
За тоа што "сме" блгари, захвалете се на вемеро, што од државава напраи такви рушевини, што чисто се сомневам дека некој ќе успее да ги опраи. Па луѓето фино лепо си бараа егзистенција во бг пасош и јас воопшто не ги обвинувам. За гола егзистенција се работи. Никој не е будала да вади друг пасош и да бега гз преку глава ако овде ги има бар основните услови за живот. За денарот искрено срце ме боли ако го сменат. Сфаќам права, сфаќам документи нека имаат на албански, ама преку леб - погача?! Ако им се даде тоа.. Заев не е ништо подобар од Груески. Груески не тезгареше 10 години, и не продаваше како стари износени партали, а Заев ако продолжи вака само ќе го продолжи истото...
Значи што ни направи политикава... Брат со брат око да си вади. Додека по други земји не знаат кој им е премиер/претседател и земаат по 10.000 евра месечно, ние овде мајка си расплакавме. Мизерии прости, со 200 евра плата преживуваме, ама битно сите експерти сме и компири на глава сме врзале дали Грујо, дали Зајко ќе дошол. Заслепени. Не ги гледаш луѓето ко луѓе, туку ко комуњар, вмровец, дуи, и тако даље. Засрамете се сите.. Па и јас... Секогаш била и ќе остане Македонија ваква мала и проколната земја.
Тебе ти е смешно што не сакале да коалицираат со вмро, хаххаа многу смешнооо а платформата нели ти е смешна и сега пред пет минути на вести дали го слушна Бујар османи од што се не отстапиле??? Смеј се а бе по земја валкајте се од смеа.
Се смеам ДА ! Конечно ке почнеме полесно да дишеме , нема да има во институции неписмени како што постави дпмнето , бришење на глупиот закон за нотаријат , укинување на радиодифузната такса на најкатастрофалната телевизија , укинување на глупото екстерно тестирање што е воведено заради неписмените наставници со купена диплома , укинување на партипацијата за лекување , и уште да ти кажувам заради што сум срекна дека Сдсм ке биде на власт ?!
Ќе имаме примиер кој не го познава уставот на државата, само кажувам, не заземам страна, сеуште останува моето мислење е дека Никола Груевски повеќе никогаш не треба да биде премиер, ниту пак претседател на ВМРО-ДПМНЕ. http://telegraf.mk/aktuelno/makedon...azik-za-vtor-sluzben-vo-makedonija-video.nspx
У Швајцарија немаат појма кој им е премиер, кој им е претседател. Зошто? Затоа што си имаат високи примања и ич не им чуе. Ние имаме 200 евра плата, бистриме политика и стануваме експерти на секое поле. Не бе друже, ако се ти е погодено... Нема толку да се замараш. У Холандија има све и свашта, од муслимани до азијанти. Холаѓанец ретко да сретнеш. Имаат по цели муслимански маала. И што? Ги заболе.
E добро де, ништо погрешно не кажа Заев, во Уставот си стои "Друг јазик што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните, исто така, е службен јазик и неговото писмо, како што е определено со овој член." Значи не е врат, шија е.
Како тоа вмро тепале на избори а Сдсм праат влада Ни име , ни устав ни химна не се менува, џабе вмровскине пропаганди. Со оглед дека двојазичност има и сега , од обични табли на железничка станица до пакетче мед што се нарачува на водно, нема што да се коментира. А за двојазнични документи и пари, мислам дека нема да спијам една-две ноќи ама после ќе ми помине. Ама важно. Вмровците со тапани славеа победа пред штабот на вмро, и си честитаа ново формирање на влада. А Соросодите глупи што славеле а не победиле ..... Уште судиите да се сменат и да почне чистење на криминалот вмровски кој веќе 10+ год ја труе Македонија.
@LollySky, никаде не пишува дека друг јазик што го зборуваат најмалку 20% од населението, исто така е службен јазик на ЦЕЛАТА ТЕРИТОРИЈА на Република Македонија. Албанскиот е службен, ама само во општините каде што Албанците се 20%+ проценти, значи не е втор официјален јазик, да беше така албанскиот јазик ќе го учеа сите деца од прво одделение, исто како што сега го учат македонскиот. @Cinderfakinrella, точно е дека во Холандија Холанѓаните се се помалку и помалку, ама сепак тие сеуште се големо мнозинство, и според последниот попис направен во 2015 година, сочинуваат 78.3% од населението, а останатите 21.7% се имигранти. Во Македонија според последниот попис направен во 2002, Македонците сочинуваат 64,2 %, а сега кој знае колку сме. Во Холандија муслиманите сочинуваат околу 5-6 % од населението (сите имигранти), а во Македонија околу 30%, btw во Амстердам лани се отвори најголемата џамија во Холандија. И апсолутно не е точно дека Холанѓаните баш ги брига за тоа што има премногу имигранти во нивната држава, оваа година ќе се одржат парламентарни избори и најверојатно ќе победи Партијата за слобода, која е анти-имигрантска, анти-исламска и анти-ЕУ. Ова значи дека луѓето се освестуваат, сфатија дека ако продолжи со исто темпо имиграцијата, Холанѓаните во блиска иднина може да станат и малцинство во сопствената држава. Еве кои се ставовите во врска со имиграцијата на претседателот на Партијата за слобода, Герт Вилдерс.
"Денарот, полициските и армиските амблеми, химната, знамето и другите прашања за чие решавање е неопходно дво-третинско мнозинство и менување на Уставот, не се дел од овој нацрт закон. Од двете партии велат дека се што е договорено е во согласност со Уставот."/извор Телма Ми олесни. Сум за промени, сум за нова влада, ама не сум за тоа да се случи по секоја цена. По пре би за нови избори доколку овие прашања беа дискутабилни. А за документите, мање више и онака дел од нив веќе се двојазични како и секој знак низ метрополата.
@Sashko1992 Еден политичар еднаш рече: Ќе станете малцинство во сопствената држава. Се запраша колку млади си заминаа за овие 10 години? Се запраша колку се изгласија како блгари? Блгарството не е велепредаство, ама ова е. Така? Твоите баба и дедо се бореле ли? Твоите претци се бореле ли? Моите да. Ни на крај памет не ми текнува да земам пасош од Бугарија. Србија е друга работа, имам јас свои жички со неа. Па, ништо не ми менува. Си бил во Холандија? Знаеш како они живеат или?
Извадокот погоре го цитирав токму од линкот кој ти го даде, а ако веќе инсистираш: Уште во првата реченица е јасно кажано дека муабетот за службен јазик се однесува за целата територија. Не се труди да спинуваш со другото плашило, дека децата ќе морале да учат албански итн. Како прво, училишните предмети не се дефинираат со Устав. Како второ, ни теориски ни практично нема шанси со сила некому нешто да се наметне. Мене ако ме прашуваш, би било убаво да се воведе како изборен предмет. Не сме ниту јас, а ниту ти, уставни експерти. Да оставиме времето да покаже што точно ќе се промени и дали воопшто ќе се промени нешто. Документите веќе со години се двојазични за Албанците, исто и сообраќајните знаци, дури и ЈСП функционира двојазично. Не си дозволувај да потпаднеш на националистичките бладања на некој што од петни жили сака да избегне да одговара за милионски криминал и уништување на државата.
Тоа е еден од митовите што ги пласира бившата влада околу двојазичноста. Таа не значи дека некој некого ќе принуди да учи јазик кој не го сака. Никој не може да ви го наметне тоа. Двојазичноста се однесува на Албанците и дека ним ќе им биде подостапет, а со тоа и олеснето, зошто тој им е матичен јазик. И нема ништо лошо во тоа секој да го збори својот јазик. Нема држава без малцинство, сите се мешани и мора да се прифати фактот дека и така е нормално да се живее. Кога слушате за нашите малцинства по соседите колку се обесправени, тешко е нели? Кога не ти е дозволено да учиш на мајчин јазик боли. Епа за тоа се борат и нашите наоколу.
@Cinderfakinrella, никаде не спомнав јас велепредавство, само кажав дека Заев не го познава уставот на државата, а за отстапките што ги правиме на Албанците, криви се и СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи и двете партии го потпишаа рамковниот договор. И да бидеме реални, ВМРО-ДПМНЕ има вина за иселувањето на младите, ама треба да се земе во предвид дека Бугарија почна да дава пасоши некаде од 2009-та па наваму, а и тогаш ние добивме визна либерализација, пред тоа и да сакаше некој, неможеше да отиде да работи и да живее легално во некоја ЕУ држава. @LollySky, еве, погледни што кажува професорката Гордана Силјановска - Давкова, според мене таа е доста реална во поглед на многу работи. За двојазичноста зборува некаде од 33-та минута па натаму.
Сите овие што го бранат режимот кога СДСМ у март ке формира влада и ќе почне да апси ОД ВРВОТ на партијата ќе почнат да ретерираат. Историјата се повторува пред 15 септември 2002 кога Љубчо беше на власт со малку поблаг стил истото го правеше и кажуваше преку оној Александар Флоровски и слични дека кога СДСМ ке дошол на власт ќе "пропаднела" Македонија, еве ја Македонија после 15 години опстана но каква иронија неговиот "ученик" Н.Г ја пропадна Македонија. Но јас како верен гласач нема да му простам на СДСМ АКО ги прими назад оние ликови од типот на Орцета Камчев, Минчо Јорданов, некои стари но и ново печени богаташи и слични назад, НЕМА ПРИМАЊЕ НАЗАД Прво кога/како го стекнал тоа богатство, дали се збогатил на сметка на мене, тебе... Еднаш за секогаш МОРА да се решат оние ликови кои долг период шетаат партии за да на нив им се богато а народот да го крка.
Уште кога ја пукна првата бомба Заев, веќе се знаеше дека ќе падне владата. Не знам што се правите толку изненадени??? Што ве чуди толку? Во која нормална земја би останала истата влада која прислушкува се живо и диво? Тоа демократија е? Слободна земја е или што? Сите телефони на вискои функционери да се прислушкувани, вас нормално ви изгледа? Башка што со свој камен по глава си се удрија....Кај што се фатени на дело сите криминали, кај што крадат на мртво, кај што сокриваат убиства и местат избори...Се тоа се снимило....Значи дебили сме што одма не ја сменивме владата. А вие што уште ги браните, ставете малку прст на глава.
Бугарија дава пасоши уште од пред 2000, тогаш пасош се вадеше за 1 месец, побрзо од македонски се вадеше. ВМРО-ДПМНЕ ја има целата вина за иселувањето, затоа што во последните 11 години, за секое е**но работно место, од кафекувар до администрација, од продавач во маркет до доктор, требаше партиска книшка, за секои избори одење на митинзи, агитирање на роднини и пријатели. Тие се тие патриотите што ветуваа се и свашта за нас македонците, а им дадоа се на албанците, двојазичност, универзитети, во парламентот да се зборува на албански. Платите ги сведоа на минимум за преживување, не испонижија сите, особено на истокот, и ние нормално дека раката која ни беше подадена од Бугарија, нема да ја одбиеме. Со години местеа избори, ги уценуваа граѓаните, прислушкуваа разговори, рекетираа, и на крај ја изгубија власта на избори кои тие ги спроведоа. Колкава е огорченоста кај народот, штом ги тргнаа на избори, на толкави уцени. Сега очекувам сите јаки патриоти фино лепо да престанат да јадат трици на фб, и полека полека да се приклучат кон СДСМ. Сончогледите одма се вртат. Само да дојде денот кога ке се изгласа се во собрание, после сите обиди на дпмне за протести или не знам што, ќе им пропаднат во вода. Можат да протестираат (за првпат) само они на кои им гори под газето. Тие на кои СЈО им диши во врат.
@Cinderfakinrella, заборавив да кажам дека и јас никогаш не би извадил бугарски пасош, ама неможам да кажам дека сите кои вадат се велепредавници, а и во минатото некои Словени од Македонија се изјаснувале како Бугари, а не како Македонци, меѓу кои и прадедото на високиот функционер на ВМРО-ДПМНЕ, Мартин Протоѓер, и сега сите тие се велепредавници? И вистинското ВМРО кое е формирано во 1919 година работело во полза на Бугарија, впрочем еден од најголемите Бугари од Македонија, Иван Михајлов, бил претседател последните 9 години од неговото постоење, а во 1893 било формирано МРО (Македонска Револуционерна Организација).
Можеби, ама што ќе ти е пасош на земја која не е во ЕУ, Бугарија влезе во ЕУ во 2007, а после некоја година Македонците почнаа да аплицираат за овие пасоши.