Абре овај Груевски отворено народот го повикува на војна или така ми се чини? Народот требало да излезе да си ја брани државата.. Абре кој народ ? А овие патриотите наши од Швајцарија и тако дајље излегле на протест.. Абре ако толку си ја сакате државата вратете се и протестирајте тука.
Груевски денеска: "Ако албанските партии ја донесат СДСМ на власт, ние сме подготвени да ја поддржуваме како малцинска влада со нашите пратеници доколку се откаже од законот за јазиците, платформата од Тирана и редефинирањето и урнисувањето на државата. Ако толку по секоја цена сака Заев да биде премиер, нека не удира по државните и националните интереси. Нека ја спроведува програмата од изборите без редефинирањето. Нека удри и по нас, ама не по државата и нејзините темели. Еве јас доброволно ќе прифатам ако тоа му е услов на Заев да ме уапсат, затворат и малтретираат, а ВМРО-ДПМНЕ да го поддржува како малцинска влада колку време сака до наредните избори кои заедно би ги договориле, нека удри по мене, само нека се откаже од удирање по темелите на државата заради желбата да е на власт. Ова нека го сфати како јавна понуда." Па каде беше будало една изминативе две години....кога имаше можност да се повлечеш и достоинствено да одговараш за целиот криминал кој си го направил....Сега кога се осети натртен, му текна...
Леле Грујо ќе се жртвувал ако треба, само Македонија да не се чепкала ,леле леле солзи ми потекоа... Али има напредок, Пред 2 год викаше петардите на Заев нема да го допрат. Денеска индиректно си признава дека е готов и ќе иде во затвор па ајде барем нека изгледа дека се жртвувал. Па уште ќе повикува на народот. Кој народ бе, оние 500 души тврдокорни ли.... бидејќи оној од кој што крадеше 10 години нема да искочи да те брани... Ајде уште Иванов остана да се исповеда на телевизија и да завршиме со лажниов патриотски процес. (пародија од вчерашните глупости на Солза)
Мене од човеков страв ме фаќа. Ама најискрено нешто му фали во главата. Наместо да си замине поштено, тој што прави бе? Гледа дека ќе оди во затвор и со последни сили се бори, па уште и наивен се прави... Жртва... Јагне.... Душа.... Сонце нивно. Абе на овој човек, самиот Луцифер може вода да му носи...
Ne znam i ne go smetam toa za aktuelen politicki nastan. Da ne sporeduvame civa strana od ogradata e pozelena!
Не го фатив интервјуто на Груевски од почеток. Што рече за плацевите на Водно и провизиите од кинезите??? Подготвен е како вистински патриот да се откаже од нив и да оди во затвор, само за да ја спаси Македонија?
Нека ги потсети некој Сител и овие на браникот, дека на последниот ден од рокот на Груевски, на Сител одеше вест: "Вмро-Дпмне ја прифати платформата на Дуи, постигнат договор за Влада!" Оваа вест беше тргната толку брзо, што не стигнавме ниту да кажеме "Овој даде се', освен СЈО". Ама не, после десет години криминал, на него му текна да ја спасува нацијата. Уште повеќе, се понуди сам да се пријави за делата и да поддржи малцинска Влада на СДСМ. Само планот против Македонија да не продолжел со реализација. Не мора да се пријавуваш, сами ќе ја завршиме работата.
Он ја раскурца цела држава само за да не оди во затвор, сега ќе ми глуми патриот и ќе се пријавува прв за апсење, само да не се чепкала државата.
Каков затвор, што ви е, никој нема да оди во затвор, бар не од големите риби. Можеби малку драми, заплашувања, приведувања, на крај -ништо. Како што беше еднаш и кој заврши во затвор? Колку што се сеќавам никој. Па и да оди, ќе процвета Македонија оти еден, двајца, тројца жртвени јагниња во затвор на некое време ќе одат. Исти срања ако не и поголеми допрва идат. Се надевам грешка сум.
Види талибанциве се свртеле кон екологија... за поздрав во секој случај: http://sitel.com.mk/liderot-na-talibancite-upati-apel-sadete-drva
Не само што сега тој глуми жртва, страшни психопатски умови се загреани со сите сили да го бранат. Пак само тие, како да не беше доста од нив, пак нив да ги гледаме. Пак само нивните членови, за нив нека цути ние другите како и да не постоиме. И сега уплашен за државата, за народот? Лоша глума, слушам на времето си имал афинитети кон театарот ама ова е дури смешно. Последни напори да спасиш газ? Ако нека ти гори како што нас ни горело секогаш кога јасно не делеше, секогаш кога не ставаше подоле од оние кои ги бранат твоите интереси. Дојдовме до стадиум каде заминувањето во странство ни се гледа како најдобра опција иако е најтешка за сите околу, па и за нас се разбира. Иначе мислам дека Ѓорѓе ќе смисли нешто за да не го даде мандатот. Во време на разголени страсти лошо е тоа. Пак ќе има тешка пролет... Само нека огрее сонце, се да се заврши добро. Тој што сторил кривично дело мора да одговара. Едит: Заев не бил никогаш на власт, не сме го виделе, ако и тој не ја води добро државата народот ќе се крене. А за овие при се што сторија не знам кој уште може да гласа и да ги подржува.
За утре организираат во 17.00 протест, па го нарекле протест за одбрана на татковината. За Груjo што да кажам, давеник се фатил за сламка.
Ако не знаеш ќе се информираш Златна. Им се напучивте и барате од пиле млеко да добијат тие што без жал ќе не избришат ако некогаш им се даде шанса.