Сам си се пријави за во затвор и ЈАВНО ја ПРЕДИЗВИКА америка Ах бе хрохе... Добар фикус си ти ама лошо е што си под притисок. Таман друштво да му прај на грујо в зандана.
Не ви го давам, ќе го продадам за два-три гроша - власта е лоша! Колку и да звучи смешно, ама бројанкава жива вистина. Овие порадо би умреле, ама мандат не даваат. И ништо не кажа, нема ни да каже, заборавил газдата да му напише образложение.
Не е претседател , политичка проститутка и гејша на Грујо и неговото ве ме ро пред распад, ете тоа е!
Кој се изненади? Јас не. Од старт знаев дека Џорџе не дава мандат. Ќе го гмечи Уставот, ама мандат нема да дае. Мене едно не ми е јасно, се повикува на истиот оној Устав кој самиот тој го крши со следната реченица. Бескичмењаци! Сеедно. И онака срам сме цели 10 години, светов ни се смее, комшии ни се смеат. Па уште малце ајде ќе го издржиме и ова лудило. Македонци сме или што? Пфф мачја кашлица е ова за нас
Не го дава мандатот. Иако собрал потписи не му дава пошто се мешале многу други од надвор... Сувереноста била нарушена. Блабла... Читајте подетално пишува насекаде, битно не дава.
Најреално кажано, Хорхе не е никаков фактор кој треба да одобри формирање влада. Очигледно е дека е истеглен за уши од кукавицата Грујо и јасно му е речено да не го дава мандатот, ама пошто Заев и Ахмети имаат мнозинство можат сами да си изгласаат влада во собрание и готово. Мандатот се дава уште пред да се обезбеди парламентарно мнозинство и ако не се обезбеди, тогаш мандатот се враќа, а сдсм има обезбедено 67 потписи што значи може да изгласа влада... шах-мат за шарлатанот Хорхе и неговите вмровски ментори. Или уште поубаво кажано... кој го е*е Хорхе, не е никаков фактор, само марионета. Последен пиун на шаховската табла. Сам против сите. Ќе победи... на Свети Никогаш.
Како нивата на татко му да е да не го дава. Сега што е следно? Најмногу ме иритира што вика дека дал заклетва.Каква заклетва?Да не му се противи на шефот во неговите наредби.Е таа заклетва.
Сега ќе изберат претседател на Собрание... Па Собранието ќе изгласа Влада. Така да, сепак Заев ќе биде премиер. Нема избори.
Никако да мрднеме од мртва точка. Заев лесно може да се смени, ама овој Груевски јок бре...абре...која глупост од држава
И јас мислев дека нешто мати. Или оставка или условување или неговиот устав. На вмро да беше вака ќе го доделеше, не е битно дали ќе го кршеше уставот. Па ти преЦедателе немаш чест и образ, за каков устав зборуваш. Жално за нас што живееме тука и не поддржуваме безкичмењаци. Толку се провидни и лажговци, немојте да мислите дека мислат на вас, мислат само да не гнијат во затвор. Но ајде нека ви биде, и вашето нема да трае вечно, најслаткото за крај, додека ви ги гледам фаците кога ќе ве напикаат во затвор...непроценливо!
Дај нека му каже некој на Хорхе дека 67 пратеника = 650.000 гласа. Врз основа на тоа, тие 67 пратеници имаат право да си се соберат у парк и да си формираат Влада, имаат легитимитет и суверенитет даден од народот. Која безобразност човече, најгрубо го крши Уставот, па уште без срам и перде се крие зад платформи и национализам.
И 24 вести нема да известува за протестите... Во знак на солидарност. И одма им стигнале закани. Сељачана.
Јас слушнав дека седница на собранието може да свика,(ако не сака Трајко,а нема да сака)најстариот пратеник и дека може на тој начин да се избере влада. @BoaVista ?извини што ти се обраќам на секое,ама со членови и закони бараташ боље од Хорхе. Ајде нека излезе и Зајко да каже што е следен чекор.Не верувам дека ќе има нови протести.
Ја не знам зашто помисливте дека Хорхе ќе дае оставка Прошли пат кога одби да се кандидира за претседател, вемеро не му дозволи. Го слушав Фрчковски пред некое време на топ тема. Спомна за тотално иста ситуација што се случи овде денеска, се случила чинам беше во Унгарија. И таму претседателот не дал мандат на опозицијата иако се собрале потписите, пошо целиот процес бил легитимен тие фино лепо си влегле во собрание и изгласале влада сеедно. Пошто во Устав не е веќе образложено што понатаму во ваква ситуација, Заев комотно може да состави влада. Е сеа, тоа што мене повеќе ме плашат оние што протестираа вчера од Албанците.. затоа што тие не знаат за што протестираат а тоа е исто толку тажно колку што е опасно.... е тоа веќе е друга работа.