Не се секирајте се' е ова мајмунарија, спин и дефокус од вистинските работи: украдените милиони € и истрагите што ги води СЈО. А дека Грујо си легна на брашното си легна од поодамна и сега се пржи како риба. А бе нема да се спаси, факт! Вмро оди во опозиција. Веќе е. Бидете си кул, @Mr.Awesome ви ветува нема што да се секирате. Си знаете и самите. Вие што сте на вистинската страна.
Е па истите тие и кога ќе се формира влада директно преку парламентот ќе речат дека сдсм направил државен удар и ќе почнат граѓанска војна... И грујо пред некој ден и фикусот денес отворено поттикнаа судир.
Да ти кажам и мене ми е мило на душава што барем овде на Фемина се уверив дека сепак има нормални луѓе во државава
Епа мене тоа ме плаши. Никој нас не ни е поголем непријател од самите ние. Чипиран мозок, друга мрежа не фаќа.
Има, не се секирај. Ама за жал... или подобро кажано заради едно говедо , поголем дел од нормалните луѓе се надвор од државава. Ајде кажи ми нели е тоа чист антимакедонски чин да избркаш нормални луѓе од својата држава, затоа што одбиваат да служат на твојата (читај Грујовата) глупоќа и болест?
Така предвидуваат аналитичарите, што е и логично. Станува збор за суверенитет и легитимитет, тој се добива непосредно од граѓаните на избори, не од Хорхе. Со тоа што гласаме за пратеници ние индирекно учествуваме во законодавната власт, значи им даваме суверенитет и легитимитет на тие што сме ги изгласале да формираат и изгласаат Влада. Според мене најлошо што може Заев да направи сега е да повика на протести. Тоа го сакаат а можда и планираат од ДПМНЕ. Инаку и они се свесни дека постапкава на Хорхе е апла неуставна. Протести и неред моментално му одговараат само на Груевски и тие околу него, тоа го гледаат како единствен спас за да не ги стигне правдата. Сметам дека Заев не треба да падне на провокација. Нека си свикат собрание и нека си изберат влада, караванот си врви кучињата нека си лаат. А Хорхе за постапкава треба да одговара кривично. Ова е преседан и ова мора да се казни за да не се случи никад повеќе. Што би било ако на секоја кохабитација претседателот не го дава мандатот? Бранко нели можеше да најде некоја си платформа во 2006 и да не го даде мандатот? Глигоров во 98 исто? Трајковски во 2002? Од каде му таа ингеренција на фикусот, еве незнам, ваљда сам си ја измисли.
УМС на ВМРО-ДПМНЕ Австралија , таму изгледа горната граница за членство во млади сили е 50 години . Која комедија а уште поголема трагедија се луѓето не ми се верува, што ги заболе нив за ситуацијата во Македонија, кога некои од нив ја имаат видено само на карта.
Земјоделците од св. Николе го блокирале патот Штип-Ск заради двојазичноста Мислам која иронија тие не знаат ни чисто македонски , па се засекирале за албански Ко со пиштол да им стои некој и да учат... Баш на земјоделците во еден од најмалите градови
А што очекувавте вие од грујовиот слуга? Мандатот се дава на оној што има мнозинство. Заев го има и не постои простор за дискусија тука. Должност му беше да го даде мандатот. Апла е провидно што сака да се постигне со сево ова. И тој и грујо пред некој ден што отворено повика на немири. Брука и срамота. Само не смее да се паѓа на провокации. Ова е поттик за судир меѓу луѓето со една цел, спас на гзот на грујо, последна сламка на спасот, очигледно дека е спремен на се` и затоа е најважно да се остане со ладна глава. Нека се состанат сега и нека изгласаат. Пу бе, каде живееме...
Мене па баш ми беше симпатичен и смешен Хорхе, хухух, мандатот не го давам и дим да го њама со брзина на светлина летна си отиде без збор Абе и него не му е лесно, игра како што му свират искрено, марионетка е, ништо повеќе. това е това. Шта ќеш П.с после циркузов што ќе се дешава сега? Ајде некој поискусен нека не упати?
Ужас! Братучеда ми ја натерале да излезе на протест иако има бебе старо месец дена,во спротивно ке ја изгуби работата Таман работа да не знаеле чисто македонски Нормално дека ке излегуваат кога повекето од луѓето се под закана и стравуваат за своите работни места,субвенции Се на се и добро им се прави,нека го гласаат пак Грујо
Можеби е неадекватна сликица, ама реалноста е таа. Хорхе е тој што лежи на земја, а тој што го рита е капо ди тути капи Сашо М. Спојлер
Фикус како фикус , ќе се исповеда дека мислел на државата ама се знае дека ќе си ги брани криминалците. Гледам сега ќе има пренос и на Сдсм , а и овие тврдокорните ќе се упатиле кон Сдсм да протестираат.... Циркуз држава