За 2-3 дена, Хорхе ќе ја промени одлуката и сепак ќе му го предаде мандатот на Заев Тоа во крв му е... Прво едно кажува, па ќе се предомисли. Туку многу самоуверен и смирен ми изгледаше Заев. Сигурен е во себе и нормално ќе оди до крај. Кога заврши им дозволи на новинарите прашања, а не ко фикусот одма што избега. Два збора не знаат да врзат... Ни тој, ни психопатот. Рече сега и Заев... Никола се надева на немири, ама нема да го види тоа нешто.
Џорџ дефинитовно е изгубен човек , не знае кај тера , под наредба на психопатскиот мозок на Гвујо ! Смајли што се чуди и крсти
Мене не ми е едно нешто јасно.. каде беше македонштинава со години наназад кога започна албанизирање? Личните карти не ни се на албански? Пасошите? Па и во автобус да влезеш си оди редовно и на албански. Од дамна е тоа веќе, ама не, сега ќе се протестира, пошто вмро ги подбуцнале своиве.
Istoto i jas se prasuvam. Dodeka preimenuvaa ucilista, tabli po opstini, znaminja po kicevo, pa mizejki nakaj ohrid da ne odea site ovie patrioti? Suverenitetot odamna go izgubivme neznam sto e sega frkava...
Не се работи за тоа, едноставно Под наредба на психопатот Гвујо е све . И тие што протестираат и фикусот се е под негова дериктива.
Фората е што повеќето се партиски вработени во администрација. Ако дојде Заев на власт нема веќе да можат да чмаат во администрација или дома и да зимаат парички. И сега ќе се кријат зад лажен патриотизам демек за Македонија се работи. Не е Македонија, за партијата се работи... за да не бидат отпуштени или да не дремат пред судови сега ќе направат све што можат да се спасат луѓето. Кога Вмро преговараше со Дуи и прифаќаше све освен Сјо , вмровците славеа , си честитаа нова влада, ама сеа кога е веќе Сдсм на прагот на правење влада , одма било против Македонија.... (Се разбира има и такви (20%) кој не се партиски вработени , него едноставно веруваат на пропагандите)
1. Затоа што Заев нуди еден нов концепт еднаква ГРАЃАНСКА заедничка Македонија без поделби (15 години пост рамковна Македонија живееме и видоа со поделби НЕ СЕ ОДИ НАПРЕД) 2. Затоа што нивниот лидер преку бомбите слушнаа дека СЕ СЕ РАБОТЕЛО ЗА ПАРИ, и личен интерес. 3. Затоа што и албанците не се тоа што беа некогаш, знаеш како викаат еднаш можеш да ме излажеш ама вторпат НЕ, во 2001 албанците беа излажани дека ке добијат подобар живот, права НИШТО од тоа само мал дел луѓе од ДУИ "добија" подобар живот другите 80% од нив пак исто немаат ни канализација (Арачиново) 4. Затоа што Албанија е веќе во НАТО и на праг кон ЕУ. Ахмети им ветува на тукашните албанци уште пред 8 години и секоја година едно те исто ништо не се помрднува. 5. Затоа што и они го полнат буџетот и нивната дијаспора го полни државниот буџетот заедно и до 17% а за возрат...? 6. Затоа што НИКОЈ АМА БАШ НИКОЈ не сака криминализирани политичари тие се магнет за корупција. Сега јасно ти е?
Ајде една математика , Дуи имаше околу 160 000 гласачи во 2014 год Гласовите на албанците : Сега дуи 86000 Беса 56000 Сдсм 30000 Значи во прашање се мал број на Албанци кои гласале за Сдсм , јас немам ништо против Албанците , но двојазичност има ,и тоа одамна , изгласано со закон , потпишано и од Гвујо и Џорџ , но тоа не го подобри животниот стандард .... Но кај албанците не пали више национализмот , ако ги излажеш еднаш после поинаку ке биде !
Ништо не разјаснува. Едно прашање не одговори. Само го вергла истото те истото. Едит - вие ВМРОвците, не ми го лајкувајте коментарот, не ви оди во прилог. Овие вашиве барем не излегуваат... освен кај Латас.
"Прост народ, силна држава" - само вака може да се објасни нашата ситуација. Сите протестираат, а за што протестираат никој не знае да каже!