Да се надоврзам на напишаното од @Someonespecial Сега само што прочитав дека ги терале да протестираат. Само немам коментар и не знам што веќе им фали во тиквите за да им биде гајле само кога проблемот и нив самите ги зафаќа. Образование ни пропаѓа, здравство ни пропаѓа. ние младите упорно кажуваме дека сакаме иднина, дека сакаме без грижи и амбициозно да ја креираме, без да се плашиме што ќе биде утре. Ама кој нè слуша? Кој нè слуша? Никој. Ние, средношолците, идните и сегашни студенти сме оставени сами да се бориме со предизвиците што ни ги носи бездната во која пропаѓаме со одлуката за студирање. Ама излезе ли некој да нè подржи? Излегоа ли сите заедно да кажат дека иднината ни ја одземаат? Нашиот револт беше само незрело лигавење. Зошто да нè подржуваат кога ние сме никој и ништо за нив, нели? Ама сега сите ги погоди, па ајде ќе се бунат. Ќе ги присилат и оние кои подобро ја сфаќаат ситуацијата од нив, и оние кои само мислат што ќе биде утре со нив, ќе го искористуваат својот авторитет врз нас младите, со изговорот дека не можеме да видиме што се случува, со глупавите оправдувања дека некој ни го пере мозокот.... Само не знаат дека оние што ги подржуваат ја сносат најголемата вина за ситуацијава. И да учиме албански на некои им е сеедно. И онака веќе прават планови да избегаат од бездната. Сè нека пропаѓа, тие ќе се бунтуваат само кога самите ќе почувствуваат дека некој ги омаловажува, додека нивните деца, студенти ќе гледаат отстрана во дилема дали да останат или избегаат, немајќи кој да ги слушне.
Ги гледавме државните предавници дури цели 10 години, доста им беше. Туку го видовте ли инцидентот со Борјан Јованоски?? Човечеееее Животни ли се.. луѓе ли се....
Доста им беше, точно, но не по цена на губење на идентитетот на својата држава и својот народ, не по цена на расцепување на крваво стекнатата земја и тоа поради едно малцинство од 10% кои сакаат име и химна да ти сменат.
Кој рече дека химна и име сакаат да сменат? Ама вие или стварно ВООПШТО НЕ РАЗМИСЛУВАТЕ или така ви одговара само контра да одите. Ајде оставете линк кај вика дека ќе прави нешто надвор од уставот? Па на стол да земаш да му кажуваш, досега ќе сфатеше а не па луѓе. што (тврдокорни) мозоци ќе беа овие? Како не ви е срам едни исти лаги да пишувате? Заев е предавик, ама затоа грујо цвеќе малечко
Скроз се сложувам. Не по цена на ништо од тоа, и баш поради тоа, сите претседатели на политички партии вклучувајќи ги и албанските излегоа јавно и го кажаа истото, ништо од тоа нема да се смени и Македонија ќе си остане унитарна. Ама вие гледате сител.
Сериозно мислите дека ке има 5.000 евра казна ако не знаете албански? Прочитав на многу места и се пресмеав. Никој никого не тера да учи, албански ке има плус во институциите за вас нема да има разлика за мене ке има. А албанските "пари" леле се пресмеав кога ги видов не го ни превеле добро. И да клетите шиптари ќе бараат и по едно албанско име да имате инаку 10.000 евра казна.
Како што кажав, чуено е и одговорено е милион пати и од Заев и од Албанците и пак сега да го одговори и уште милион пати да го одговори, се додека грујо ви го презентира поинаку, џабе е.
Не се трудете да им објасните на овие од ДПМНЕ. Залудно ќе трошите и нерви и време. На голем дел од нив им е јасно дека не се во право, ама мораат така. А другиот дел кој што при очи и уши слепо верува на се што ќе му сервираат, што да кажам, толку им е капацитетот. Остајте караванот да си врви, кучињата нека си лаат Они сакаат внимание, сакаат нереди. Сакаат упопно и упорно да верглаат за федерализации и химни, зашто 100 повторена лага, некој од страна неупатен ќе помисли вистина е. А кога ќе ги цитираш со факти ќе ги снема. И од утре пак, јово на ново, ама јазик, химна, знаме, предавници, патриоти... Аман веќе, 12 години се, не една, ги научивме Само игнор
Има врвен новинар пред себе, ќе го прашаат се што треба и кој сака ќе сфати. Туку кога Грујо ќе излезе пред тројца новинари, без претходно спремни одговори и пред публика да одговара?Јас не сум го видела до сега,вие?
Пушти го телевизорот најубаво...еве и сега во моментов Заев несака да ја каже јавно платформата..а мислам дека народов заслужува да знае што се договарале
Добра идеја. Како шпанците ќе сме, секој по две имиња и две презимиња. Едно "наше", едно "нивно" - Митра Елвира Трпевска Ахмети
Пуштен ми е. А и да не ми. Ако во Устав стои дека треба 2/3 мнозинство за промена на химна, име, знаме, апсолутно не ми треба ни Заев ни Груески да ми каже што и како. Зошто е јасно.
А кога Грујо кажа што договорил со ДУИ?! Кога јавно излегол да каже нешто, да осговара на новинарски прашања?!