Ах таа проклета песна на Соња! Ах му се сневиди на човекот,ах,ах,ах!Непрокопсани! Имало правда!Имало господ! http://www.youtube.com/watch?v=kNp8DhXD ... re=related
Абе, кампањата му беше „слобода или смрт“, не успеа да не ослободи од диктатурата, така да ова е благо за она што он се залагаше во политичкава битка. Нема да е смрт ќе е затвор.
Ах бе, ајде цензура на интернет, прекинати телевизии, прислушкувани телефони, и знаете што е иронијата? Денес одговарав за ДЕМОКРАТИЈА по социологија -.-
Се си е ок, само што се зезнаа земаа кредит мислејќи дека 100% ќе победат па ќе го вратат кредитот со народни пари, ама сега ....
Бизнисмените ќе им помогнат нивни. Имаат пари, секогаш имале, нема зима за СДСМ. Плус сега имаат плус плати на државна каса за плус нивни пратеници, ќе можат да се исплатат. Пак и донација нели им беше кредитот. Или што знам веќе што.
Зашто зборувате за диктатура бидејќи го уапсиле Љубе? Па ако давал мито посекако треба да си биде казнает па кој и да е на власт. Само што очите се затвараат кога некој вмровец дава или прима мито
Јас ги заклучив портите на мојата резиденција и ставив ливче - на одмор на Бали сум на сметка на државата,славам! Да не не прочитале и тука на фемина,мав ни е работа после!
Ајде да ги споредиме резултатите што ги остварија партиите на овие избори, за да видите дека и Груевски не треба да биде баш задоволен од победата(за што верувам и дека не е, иако јавно нели нема да каже, ама ќе се прават аналитики сега и во ДПМНЕ за изгубените гласови) Ќе постирам податоци за односот на гласови на СДСМ и ВМРО од сегашните и претходните избори за да можеме да ги споредиме. Ѓорче Петров 2008 ВмроДпме = 13.155 Сдсм = 5.605 2011 ВмроДпмне = 11.083 Сдсм = 9.769 Гази Баба 2008 ВмроДпмне = 23.334 Сдсм = 5.842 2011 ВмроДпмне = 20.172 Сдсм = 11.063 Прилеп 2008 ВмроДпмне = 23.993 Сдсм = 12.409 2009 ВмроДпмне = 18.302 Сдсм = 17.111 Битола 2008 ВмроДпмне = 28.825 Сдсм = 13.542 2011 ВмроДпмне = 24.949 Сдсм = 22.229 Штип 2008 ВмроДпмне = 18.593 Сдсм = 7.057 2011 ВмроДпмне = 15.484 Сдсм = 11.426 Кочани 2008 ВмроДпмне = 11.754 Сдсм = 7.760 2011 ВмроДпмне = 10.076 Сдсм = 9.623 Кавадарци 2008 ВмроДпмне = 12.222 Сдсм = 4.338 2011 ВмроДпмне =12.066 Сдсм = 10.023 Е сега горенаведените резултати укажуваат на тоа дека и на Груевски не му е баш сеедно, зошто гласовите ги губи и тоа во градови кои важат за вмровски. Се на се 60.000 гласа не е голема разлика, ниту убедлива победа, па затоа се поизвесно е дека најголемата желба на Грујо, да го тргне Б.Ц од политичката сцена, нема да се оствари. А изборите покажаа реално и не треба да се тргне. Зошто? Затоа што очигледно е дека 370.000 гласачи го сакаат. Али тоа е мање битно. Она што е битно е дека опозицијата станува се посилна, а Груевски ги губи гласачите. За овие избори конкретно за во мојот град мојот град можам да кажам дека до 16.00 часот СДСМ убедливо водеше. Кога видеа вмровците дека ќе изгубат се растрчаа по селата, со притисоци, закани и поткуп ги изведоа луѓето да гласаат, за да се спасат од поразот. Во мојот град, ВМРО нема победено во ниту една градска изборна единица. Разликата од 200 гласа ја направија во селата и тоа исклучиво со носење на ранливи категории на луѓе и со носење на ромите на гласање, со уцени и притисоци.
да и кажаа дека покрај Кина и Украина чинам беше ние сме биле Третата држава која предлага вакво нешто, ајде и ние во нешто да сме трети .
Љубе поарно во Хаг да си седеше отколку во Шутка сега. Јас немам ништо против расчистување со криминалот, ама не вака, ако се оди на чистка нека се оди без пребирање и гледање по партиски бои. Ваква селекција нема да не однесе далеку. Станавме бетер од Зимбабве. Ама арно си кажа бате Бране, народот секогаш е во право, па и кога греши...А греши! Далеку од тоа дека тој е поарен, време е и тој да се повлече, ама ова што сега се случува е полошо од кога и да е. Сега ќе видиме за каде сме, со новиот закон за здравствено, со новите зголемени даноци, со 4,5 милјарди долг направени за шмизли и бикови. Пратениците од дијаспората, незнам дали ја пратевте тамошната кампања, нема промена на името (залагање на вмро), и потоа тие си стојат зад се што ветиле, ахаа да. Мижи митре..Јас навистина незнам што гледа нашиот народ. Само да не ни е касно кога ќе се освестиме.
Е добро де Љубе ваков таков ама заборавија дека нивни беше!? И тоа министер и апсеше исто како нив филмски. И сега свој бивши сопартиец апсат?? Ништо чудно наредно да биде Љупчо, а после може сами себе да се по апсат! Дај Боже еден ден да скапат зад решетки Гвујо, Мијалков и останато животинско царство!
Боа од кај ги виде информацииве ,зошто баш ме интересира за општина Аердором податоци Извор:http://www.24vesti.mk/Sodrzina/ Oва за мене е одговорен политичар
Пред неколку минути МВР ја потврди информацијата. Неофицијално, Бошкоски е уапсен поради примање поткуп и нелегално финансирање на кампањата. Уапсен е кога излегувал од ресторанот „Воденица“ и сакал да влезе во своето возило. Непотврдени инфорации велат дека Љубе Бошковски се товари и за конекции со „Франкфуртската мафија“. Според очевидци, Љубе Бошковски при апсењето плачел и наводно пред полицајците го потврдил делото, велејќи дека бил свесен дека го сторил ова дело. Исто така непотврдени информации велат дека во неговиот автомобил паркиран била најдена торба со околу 50.000 евра. Извор - Mnogoo стил
Ќе додадам само Бране е за нив стравот! Да видам дали смеат него да апсат?! Ќе се изм...ат у гаќи само да му се приближат ... Единствено немаат моќ и храброст со него да се чепкаат
хахаха Љубе со Франкфуртската мафија имал конекции, а они поштењациве си се дружат со Папата веројатно ... Исти се бре! Они се нај поврзани со криминалците и мафиите овде, од каде инаку перење големи пари. Инаку јасно да ви е тој што ги апси луѓево е Мијалков. Човекот лечи фрустрации ... и се свети ако некој нешто зуцне за него. Страшна работа! Страм да ви е на сите вие кои гласавте за него и неговите поданици!