„Национализмот е тема за до 300 евра месечен приход. На нив им се сервира таа приказна. Кога платата ќе надмине 500 евра, тогаш почнува да се зборува за гардероба и кафулиња. Кога ќе надмине илјада, топ-тема се здравата храна, летувањата и зимувањата, а кога ќе се искачи на повеќе од три илјади, тогаш запира секое паламудење. Луѓето тогаш зборуваат за временската прогноза и за љубовта“.
Пред некој ден ми беше досадно на работа, па бирајки што да гледам на youtube, ја избрав темата Југославија. Како почна? Еве вака. Слично како кај нас сега. Луѓе што живееле заедно со векови, што биле комшии и си помагале и во добро и во лошо, наеднаш преку ноќ станаа патриоти. Политичарите се скараа на тркалезната маса. Си заминаа и решија дека треба да има војна. Некој реши дека треба да се убиваат помеѓу себе. И почнаа. И скоро 6 години државата беше потопена во крв. И умреа скоро милион луѓе. За некои да се Срби, Хрвати или Босанци. За јазикот, дали е српски, хрватски или пак босански. Се бореа за тоа дали католичкиот Бог е поголем од православниот, или пак можеби муслиманскиот? Луѓе умираа, жените беа силувани, мажите бесени, или им ги сечеа главите. Какви не ѕветства беа извршувани. За тој Бог. Големиот. За нацијата. И после 20 години од крајот, кога се заврши, се надевам дека си ја научија лекцијата. Затоа што Мостар е град на духови, гробови на секој чекор. Исто и во Сараево. И во Сребреница, Вуковар...Луѓето умреа, а денес никој не живее подобро од тоа што било Југославија. Ја нема љубовта, ја нема почитта. Сега сите имаат држави. И свои јазици. Ама го изгубија најважното. Среќата. Пред неколку години слична приказна во Украина. Исти луѓе, сличен јазик, исти Бог, започнаа војна. Која уште трае. Илјадници фамилии се завиени во црнина затоа што политичарите така решија. Се мислам, дали и народот кај нас ќе биде толку наивен и глуп. Да се крене на војна. Сам против себе. Македонец против Македонец. Да ја продолжат братоубиствената војна. Каин и Авел. Мирче и Јон, што се држеа на нишан за туѓи интереси. А тие само сакаа да живеат, да имаат достоен живот. И да живеат во мир. Се надевам дека Македонија барем некогаш ќе може да почива во мир, затоа што во мир никогаш не живееше.
За воjна треба дваjца. Заради тоа груjoвата машинериja упорно провоцира на два фронта. Албанците како и секогаш им се дежурни виновници (а не им сметаа пред изборите), а пострашен е можеби другиот фронт на коj ги вртат Македонците еден против друг. Да не заборавиме, вистинските теми се украдените милиони и криминалите на дпмне
Вчера СЛУЧАЈНО заглавив у тој протестот на тврдокорните и не ми е јасно зашто протестираат кога устав и да сака Заев не може да смени без Вемерето, нема двотретинско мнозинство(чл.131 од устав на РМ). Не може да ја смени ни химната, ни знамето ни грбот затоа што во чл.5 од уставот се вели дека химната, знамето и грбот се утврдуваат со закон кој се носи со двотретинско мнозинство од вкупниот број на пратеници. Значи ако не ми е утната математиката, двотретинско мнозинство се 80 пратеници а Сдсм и коалицијата мислам дека имаат 69... Без вмро ништо не можат да сменат ама ај ќе протестираме
Прво да кажам за интервјуто на Заев вчера, маестрален беше. Секој збор на место, сигурен и самоуверен настап. Да го видиме и паторот да даде интервју на некоја друга телевизија освен на шител, без однапред дадени прашања? Или да се одважи и да излезе на дуел? Тоа изгледа нема да го доживееме. Не знам како на протестиве не снимија некој што знае барем да сврзе нормална реченица. Барем тоа. Зашто и онака знаеме дека не знаат да објаснат зашто се таму. Повеќето се со едвај двоцифрен коефициент на интелигенција. Кога го чекавме нивниот патор 20 дена да формира влада, ѕиркаше како млада невеста дали ќе дојдат да го земат ама ете свадбата не се одржа. Кога Ивона на шител објави дека ја прифатил платформата, се сеќавате така? И видео има, сигурно е постирано некаде во темава. Сите знаеме зошто паторчето не успеа да формира влада: СЈО. Стравот од ќорка е голем, нормално. Им тече низ ногавици. Тече до степен што се спремни да направат и војна за да си го спасат гзот. Јас мислам дека има дел од овие што протестираат што сепак сфаќаат за што станува збор, ама и они имаат лична корист од дрпмне па мораат да се таму каде што се. А овие другиве и да седнеш да им објаснуваш нема да сфатат, толку им се можностите, за жал. Прост народ најлесно се пали со национализам, се манипулира со наводна промена на знаме, грб, химна... Не се криви и они, толку знаат. Па уште плукаат, напаѓаат, се закануваат. Се обидуваат да манипулираат со средношколците. Беда и мизерија, и тоа тешка. Ама како рече еднаш паторот, вистината е како шило, нели
За утре слушнав дека го планираат најголемиот протест, со автобуси од други градови. Мислам дека поентата им е да видат странците колку народ ги "поддржува". И нормално, да се закачаат и да провоцираат.
Колку се бедни,колку се плиткоумни. Уште што ќе видиме? Ноќеска обележиле едно основно училиште во оп.Центар,со натпис,5000 е. казна кој нема да го учи албанскиот јазик....
Злато... само врвот злато, ветувам... (изгледај до крај) Македонијо, само името бе... Македонијо, само знамето бе, најозбилно... Македонијо, само јазикот бе... Како не осеќате дека ви го спопикуваат полека полека. Прво беше во општините кај што има 20% минимум. И за тоа мораа војна да водат. Сега ќе им дадат на цела територија и ок ви е. Тоа е зашто сте го примиле врвот и сега кога влегол врвот нека влезе цел.
Pa da koga ke vleze samo vrvot tesko e da ne vleze cel. Sega doprva da se voveduvase ovaa dvojazicnost mozebi ke mi smetase, ne znam. No koga veke ODAMNAAA e vovedena niz edna polovina od Makedonija, ne gledam zosto e ili ne e tolku posebna drugata polovina od Makedonja za tamu da e/ne e vovedena (osven gordost i egoizam). Nez ti vo koj del od Mk zivees ali jas od Skopje odamna sum naviknata na albanskiot jazik i ne mi nastetil do sega nitu ednas. I ne sfakam zosto sega naednas se krena ova ludilo za dvojazicnost kako da e novo slucuvanje.
ти ако си навикната други не се.Во таа пола Македонија 80% посто од населението е албанско така да двојазичноста сама по себе се наметнала од нив,повеќе се во овој дел и тоа ти е.Не гледам причина зошто во Делчево,Штип,Струмица каде воопшто не живеат Албанци да се воведе двојазичност.Која е поентата?Ке мигрираат албанците од западниот дел во истокот или што?
Во западниот дел. И можам да ти кажам дека е ХАОС. Затоа не сакам да дојде истото на цела територија. Нема зошто во Дојран да го трпат истото што го трпам јас. Едно малцинство од испод 20 посто на ниво на држава ти диктира услови. Понижувачки е.
Во право е @joy1 Еве во мојот град и околните градови може на прсти да изброиш колку Албанци има. И не гледам причина да има двојазичност. Само знам дека од нашата држава нема ништо да биде ма кој сака нека е премиер дали Груевски или Заев. Надеж повеќе немам што сакаат нека ветуваат.
Sto TRPIS ako moze da znam? Da ne oslepes ako na tapla vidis zbor na albanski, pa makar i eden zitel albanec da ima vo toa naseleno mesto? NA STETA NE E. Kako sto rekov egoto si go pravi svoeto, sustinski ne ti menuva dali na nekoja soobrakaen znak ima zbor na albanski, isto tolku kolku sto ne ti menuva sto veke ima zborovi na angliski iako niti eden anglicanec nema vo drzavava. AMA EGOOOOOO....
Какво его какви бакрачи. Влагаш во продавница, ти зборат албански. Тие ти влагаат во дуќан, ти зборат албански. Одиш во општина ти зборат албански. Одиш во полиција ти зборат албански. Македонец не може да се вработи под општински буџет, само албанец... Кај се наоѓаме? Во Голема Албанија или во Македонија. Бев во Битола пред некое време. Во шок бев што не можев да слушнам албански на улица. Сум заборавил како изгледа тоа. Ти кажувам уште еднаш, двојазичност на цела територија е само уште една капка, што полека полека ќе ја прелее чашата и тогаш едноставно ќе прогласат независност. Овие луѓе не сакаат да бидат македонци, не сакаат да се асимилираат никогаш. Тоа што го сакаат е да не мораат никогаш да го научат ниту да го користат официјалниот јазик на државата во која што живеат. Тоа го нема НИКАДЕ!
Како да ти кажам... закон за двоjaзичност на цела териториja е донесен уште пред неколку години. Не се потресуваj толку