Okk za prvite dve ti se izviniv, iako prvicnata namera ne mi bese da te navredam iskreno. No za posledniot citat ne mi e jasno... A da ne zaboravime deka i ti mene direktno me narece bezobrazna...
Оди прошетај во западна Македонија и кажи дали нема двојазичност, вклучувајќи го и Скопје (сите институции без исклучок). И сега што? Што има лошо во тоа, па не сме ќорави дека голем дел наши сограѓани зборуваат различен јазик од нашиот. Јас моментално учам албански и ништо не ми фали, побогато се чувствувам со секој научен збор, верувај дека не боли ако знаеш по некој збор на албански, а од друга страна и никој не те ни тера да го учиш ако не сакаш. Платформата според мое видување е стратегија за одолговлекување на моменталната ситуација, и затоа не за џабе ја направија после изборите, и многу веројатно дека е направена по договор со довчерашната власт, за да може противникот во очите на поддржувачите на минатата власт да биде предавник, и полесно да дојдат до нивната цел, а тоа правење немири (читај граѓанска војна - многу веројатно), се со цел да не легнат во затвор и/или ако можат да добијат што поскоро нови избори за кои со секоја капка крв ќе се борат да ги добијат, иначе отидоа зад решетки.
Каква двојазичност се најавува? Чекај стварно мислите дека се работи за двојазичност, и дека целата оваа нова криза е за двојазичноста?
Не знам дали на уши спиете или се правиме слепи и глуви , па не сакаме да ги согледаме и сослушаме изјавите дадани дирекно од големи партиски функционери на Дуи , кои изјави не се негирани од страна на Сдсм и преговарачите со дуи
Кои изјави, дека се работи за двојазичност, бидејќи демек не се спроведува како што треба охридскиот договор? Тоа ли? И ако е тоа, зарем стварно веруваш дека тоа е целта? Не знам за кои изјави мислиш, не ги пратам сите можни вести, веројатно имам и нешто пропуштено.
@ADOKI Да бидеме реални, единствениот проблем во државава е тоа што, секој граѓанин кој немаше книшка од актуелната власт беше граѓанин од втор ред во државава, тоа што енормно осиромашевме, а за сметка на тоа политичарите од сега бившата власт се збогатија ненормално, и сега откако им е откриен криминалот прават нова криза за да не лежат во затвор (во најкратки црти е тоа) Нема смисла да почнам да ги редам криминалите кои не осироамшеа, како и третманот на граѓаните кои не беа на страната на бившата власт, ќе испадне дека те вреѓам, како да ти не си бил присутен на светов во изминатите 10 години, ама па за да не ги редам, немој при очи слеп да се правиш.
Ако сакаш дај ми линк, не сум ги гледала. Од друга страна човече 10 години брак има мвро со дуи зад себе, немој да ми кажеш дека као дуи до вчера беа едни, ама сега со платформава упм наеднаш се променија, не беа они вакви. Човеку знаеш од кога Али Ахмети у прламент збори на Албански .. од коа е влезен
Побарај си сама линк јас гледав дирекно на тв. Точно е дека дуи и вмро беа коалиција ама тоа беше наметната коалиција од европа ако се секаваш у 2006! -2008! Вмро беше коалиција со Дпа
Не си во тек, по наjново на дпмне не му сметале ни Дуи ни Албанци, денес не пееja "клети шиптари" туку им се додворуваат и повикуваат заедно да застанеле против надворешните неприjaтели. Во превод, ако Заев преку собрание проба да формира влада, дуи да не гласа за поддршка туку пак да се врати во коалициja со дпмне.
Добро де нормално дека е наметната, партија од албанскиот блок шо има највеќе гласови мора да влезе у влада, така ни наредуваат, тоа е. А што е спорно сега со сдс не ми е јасно, као со мвро беше наметната а со сдс се љубат?
Фала богу ти си во тек па ќе не соопштиш што се се случува во нашава јадна земјичка... А како тоа вмро не пееле , ти изгледа и кога си будна сонуваш па кажуваш соништа. Кој рече дека протестите ги организира Вмро па да се пеат песни против Албанците... Ова е демократски и цивилизиран протест а не како Ајвните од шарените на чело со Сдса кои кршеа палеа , тепаа , фарбаа и иште што не ... Немојте некои работи да ги вртите како што на вас ви одговара!
Ау да бее, свесни и изреволтирани граѓани ги организираат протестиве ... него темава не е за вицови, ај сега озбилни да бидеме.
Росе јас го знам до некое ниво албанскиот јазик , мене не ми смета тоа , повеке ми смета сиромаштијата , народот живее во голема мизерија ... А пописот не му одговара на Гвујо Бидејки македоНците се најмногу иселени.
Немој да потпаѓате под влијание на гWујо и во никој случај да гинете, за да му го спасите газот заедно со милијардите евриња и доларчиња, како и да ги слушате вашите популарни водачи, угледни глумци и пејачи, они само си ги штитат позициите и огромните суми на парички заведувајќи ве вас, ова е мој искрен совет, не вреди за ништо на светот, па дури и кога ви викат дека тоа е за Македонија, верувај ми.
Росе јас го знам до некое ниво албанскиот јазик , мене не ми смета тоа , повеке ми смета сиромаштијата , народот живее во голема мизерија ... А пописот не му одговара на Гвујо Бидејки македоНците се најмногу иселени.[/QUOTE] Драга и јас како албанка државјанин на Македонија повеќе од било се сакам да живееме убаво овде. Оваа држава е и мој дом и јас сакам да цвета економијата и државата. Многу блиски ми се иселени надвор заради економски причини и многу боли што не се гледаме. А за јазикот супер пд твоја страна што си научила многу мои блиски другарки македонки се трудат да кажат по некој збор албански од почит иако јас перфектно зборувам македонски.