Едно не ми е јасно Дали знаете што се приговарало мегу Дпмне и дуи во 2008 , 2011,2014 година за нова коалициона влада?? Не ! Никој не знае , заради што све се одвиваше во затворени врати , и тек сега дознаваме што всушност си се договарале само што народот тогаш појма немал .
Драги мои форумџики и форумџии, Не се обидувајте залудно, има доста испрани мозоци. Јазикот е средство за разбирање меѓу народот и секој има право колку сака јазици да научи. Ме потсетивте на една случка во Србија. Имено знаете дека имам крвна жичка со Србија, т.е. на татко ми мајчин јазик му е српски. Бев во една сендвичара, типот нејќеше да ме услужи со образложение дека требал да ја исчисти скарата бла бла, пошто начу дека сум Македонка и сакаше да ми ја префрли вината зошто како земја сме ја признале Косово. После 15-тина минути дебата од кои што најпрво зборев српски, затоа што сум во Србија и не патам од лажен патритизам па да не кршам јазик. Но, потоа почнав да зборам македонски, нормално дека ме разбираше. Потоа дојдоа уште 5 машки од наслебата кои исто така збореа за наводно ослободителната борба на Србија од Турците, па попратно не спасиле и нас, Македонците. Јас сама, и 10 машки. Јас, Македонка... А, тие Срби. На прашањето: Зошто збоуваш на српски, му одговорив дека сум полиглота. И не патам од комплексот да знам само еден јазик. А, за Косово му кажав само едно: Јас и ти сме ситни риби, а оние на врвот ја мутат работата. Не е битно што си, се додека си човек. На крајот еден ми рече: Браво, можеше да заминеш, а ти остана. Реков: Такви сме ние Македонците, ние сме се освен кукавици. Никој, ама баш никој не може да те казни ако не знаеш друг јазик нарочито во друга земја. Епилогот ми е дека: Дур ние се караме кој што како треба да прави, друг си јаде од колачот. И на крај ние гладни, епа гладни. Албанец може повеќе да ти се најде од брат Македонец, Турчин може да те испочитува повеќе од брат Србин, Грк може повеќе да ти помогне, од Бугарин. Значи не е до националноста, до човекот е. За крај ви оставам една порака: Не ја мрази цела нација, ако само еден припадник на истата нешто некогаш ти згрешил. Јас и понатаму ја сакам Србија и Србите во неа. Тие беа само лош пример за нивната држава.
Читајќи некои мислења наназад како демек актери како Ванчо ,пеачи ,артисти биле поткупени души на Вмро,што тие знаеле од политика.Незнам ниту јас политика,но знам колку ја сакам Македонија и знам колку не сакам да се оствари албанската платформа.Македонија е света земја и сите ја знаеме нејзината историја.Знаеме дека од оддамна се решени Македонија да се растури. Јас не сум симпатизер ниту на Заев ниту на Грујо.Од нивните непромислени одлуки сега патиме ние,народот.Немам ништо против Албанците,но тие веќе имаат и те преку имаат права во НАШАВА МАКЕДОНИЈА.Се што побараа добија.Таму каде што треба има двојазичност.Освен тоа,во Македонија живеат и Роми и Бошњаци и Турци и Срби..Ајде нека биде држава со повеќе јазичност.И што ќе остане од Македонија? Сите овие предходно наведени си имаат свои земји.Ние НЕМАМЕ.Сите живеат со сите свои права,ништо не им било скратено. Ако се спроведе албанската платформа изготвена од Тирана,МАКЕДОНИЈА ќе ја снема.Ова ти е исто како во твоја куќа,комшиите да ти ги кажат што да правиш и како да правиш.
Ќе помогне тоа, да, ама нема да е доволно, они за да останат на власт имаат и давано наоколу, и тоа не малку, а каматите да не ги спомнуваме, скоро колку долгот се, е тие пари ние треба допрва да ги заработиме. Зборот ми е дека немаме како да ги створиме тие пари, работиме за туѓи бели дворови, државава нема ресурси, се е приватизирано. Е сега, ние можеме да си ги вратиме ресурсите, се знае како, со национализација на истите, но повеќето од газдите не се државјани на РМ, 90% се странци, оди па земи си назад.
Абе шо, свети целата од шо е света Македонија (ова е класичен националисички говор, демек ние посебни сме, никој како нас не е, во нашиве вени крв бре не тече, туку светлина македонска... од сите, ние подобри сме, никој како нас не е). Како тоа они имаат нивни држави а ние немаме, оваа држава е на сите нејзини граѓани подеднакво, а не само на Македонците. И тие држави кои ги сметаш за нивни, за нив се туѓи, а нивна е Македонија. Што е нејасно тука? Па нека пишува се на 6 јазици ако треба, чудо големо. Е што ќе остане де од Македонија? Сега што има од Македонија кажи ми, па за нешто да остане, во претходниот коментар кажав, немаме ресурси се е приватизирано, Македонија нема ништо! Пак ќе кажам држава од ново треба да градиме, зошто веќе немаме.
@RedRevolution те читам и не ми се верува како може сопствената држава да не се сака,ние друга држава немаме и мораме да ја одбраниме од поделби и двојазичност.
Абе и Боговите можи се бореле за ова парче земја , све што е овде е свето и по тоа сме популарни а не како Швајцарија тешко лугето како живеат таму ништо не е свето како овде
Не сум многу во тек со последниве политички настани. Се е каша-попара станато ама... читајќи ве вас тука силните патриоти, се прашувам кои се тие над 300 000 македонци што земаа бугарски пасоши? Нели ние сите патриоти, албанциве ли ги зедоа? Ако си патриот, биди до крај оти и тоа е предавство според мене. Најлошо! Инаку трагични сме како народ и заслужуваме да ја изгубиме државава! Не шетаат албанциве како сакаат, а ние меѓу себе ќе се испоколеме. За една никаква плата, тендерче... никако Гвујо и Зајко да ги заборавиме. Абре до смрт ќе се бориме меѓу себе за нивните цели. Пу, јазк да ви е!!! Заслужуваме сите до еден да немаме држава. Сите албански да зборуваме! Ете така! Кога не сме сложни, така ни треба!
Кој рече дека не ми се допага? Од каде таа информација? И патем ти мене ке ми кажеш кај да одам ?? Ти се потсмевав на глупоста што ја напиша , изгледа не разбираш ништо
Вие не знаете со што си играте и со кои работи се заебавате и наоѓате изговор во гвујо, криминалци ова она. Ај ќе ве оставам да си верглате и онака се едно исто пишувате по милион пати, човек и да посака нешто да искоментира, да му се смачи од читање на се едни исти глупости, богатство од знаење албански, соживот. Ќе си живеете како во Косово што си живеат, соживот. Ај една вонредна состојба сега.
Само оние кои не живеат во градови каде што има Албанци можат да објаснуваат од јутра до сутра за соживот. Да поминете барем еден ден во маало каде доминира Албанско население, јас гарантирам, веднаш ќе го смените мислењето. Да, поединци од Албанско население се културни, фини и можеш да оствариш комуникација. Ама, тука има едно големо АМА, грото Албанци се сосема спротивно од сето она што вие тука го претставувате во розево светло. Колку од вас имаат поминато пред албанско училиште за време на нивен одмор? Знаете какво е чувството околу вас да зборуваат сите Албански, вие ништо да не разбирате а сте во држава која се вика Македонија? Еве дозволете јас да ви кажам - непријатно е. До сега ниту еден ученик од Македонска националност ми нема ставено сопка. Последна непријатна случка: поминувам кај постројката пред Веро и имаше многу деца, средношколци беа. Неколкумина од нив кои беа албанци одеа накај мене и ми се клештеа во фаца а потоа едниот од нив се доближи толку многу што морав да се тргнам на страна. Едниот ми стави сопка. Причина за тоа немаше. Грешки имаат и овие и оние. Ама во овој момент зборуваме за платформа во која никако не му одговара на Македонскиот народ. Лоша е ситуацијата а новата влада нема да ја подобри. Барем не за мене како Македонка.
Вие не знаете со што си играте и со кои работи се заебавате и наоѓате изговор во гвујо, криминалци ова она. Ај ќе ве оставам да си верглате и онака се едно исто пишувате по милион пати, човек и да посака нешто да искоментира, да му се смачи од читање на се едни исти глупости, богатство од знаење албански, соживот. Ќе си живеете како во Косово што си живеат, соживот. Ај една вонредна состојба сега.[/QUOTE] Бога ми и мене ми се смачи од темава и се тоа па, тоа ... и почнувам да мислам дека албанци пишуваат на форумов, веројатно зш не сакам да верувам дека Македонци би си го правеле ова сами себе си, без разлика на партиска определба зш и од сдмс ако не се борат за фотеља во држава која ќе ја нема што значи под дефолт и таа фотеља што ја сакаат ќе ја нема ... едноставно одбивам да прифатам. А каде соживот се пропагира знаеме дека соживотот всушност се руши.
Ај те молам кажи ми за што точно се работи? Оти јас колку што разбрав, вие протестирате против барањата на албанците кои Гвујо веќе ги прифатил во преговорите со Али Навистина не ми е јасно... Како човек да ве сфати сериозно и да ви верува дека не сте партиски излезени на улиците? За Македонија се работи! Како не! За Гвујо и неговата кожичка! Никој од вашиве не излезе да ги демантира Али и неговите сопартијци, така што јас му верувам. Одамна ми е јасно какви “патриоти” се Гвујо со фамилијата. Прифатил и јазици и права и се, само СЈО да се укине. Ете толку му е важна државава! А и на вас! Да се разбереме. Јас ниту ги оправдувам ниту ги прифаќам барањава на албанциве. Мислам дека претеруваат... ама им се може бре! Зошто да не бараат кога можат? Они едвај 20 пратеници, ние заедно 100, ама поставуваат услови. Кој ни е крив што меѓу себе се јадеме? Они? Не! Ние сме си криви!
Е ај сега некој да ме просветли зошто денес тврдокорниве ги повикуваат и албанците да протестираат со нив? Платформа my ass. Па ако е вистинска платформата, зарем би постоел албанец кој би бил против неа?
Затоа што веќе не знаат што да прават со себеси освен да трескаат глупости од нервоза дека им се ближи крајот. Гледам и таа Америка со Трамп што се крстеа толку многу им го сврте грбот, полека остана бандата сама со своите неколку 3-4 илјади партиски војници , другите сите преминаа на друга страна или си избегаа.
A бе, и кога сопствената куќа ти се распаѓа, ти ја сакаш, имаш спомени од детството поминато во неа, па се јавуваат емоции, ама сфаќаш дека од љубов нема да се реновира, мора да се обидеш да ја поправиш или да се преселиш во безбедна куќа, исто и со државава. И ајде веќе да не се повторуваме по 100 пати, не се работи за двојазичност, него груевски гнасата грда згрешена, сака да не лежи за криминалот и сето зло што ни го нанесе, е тоа е.