1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Актуелни политички настани

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ariel, 3 август 2010.

  1. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Еве на А1 страната што пишува.

    Груевски се правда по признанието за промена на името
    Сафет Бишевац
    28.02.2011 16:45
    Никола Груевски


    Не ме разбраа добро, некои политичари и дел од медиумите - во Букурешт не прифативме промена на името, со додавката Скопје во заграда, вака премиерот Никола Груевски денеска се правдаше по вчерашното признание дека пред три години, македонската делегација на Самитот на НАТО се согласила со предлогот на Нимиц - Република Македонија (Скопје) како ново име на државата.

    „Гледам дека деновиве се вршат разни манипулации со ова прашање, како да прв пат се слуша. Јас најмалку десетина пати имам изјавено, тоа што го изјавив и вчера и што ќе го кажам и денеска и ме чуди што некои медиуми, политичари глумат како сега прв пат да слушнале од писмото на Антонио Милошоски“, вели Никола Груевски.

    Писмото на Милошоски до Бан Ки-мун и признанието на Груевски предизвикаа лавина жестоки критики од опозициските партии.

    Не е лошо. СДСМ го обвини премиерот за лажен патриотизам кој го продава цели три години.

    „Лошо е пет години да се губи време, Груевски и фамилијата да не држат заробени во нивниот лажен патриотизам, да не делат на патриоти и предавници, да го пљачкосуваат сопствениот народ со забеганиот проект „Скопје 2014“, свесно да креираат меѓуетнички тензии како последниот на скопското Кале, за да на крај, како ништо да не се случило, да признаат дека тајно прифатиле промена на името“, изјави Гордан Георгиев, СДСМ.

    Сега е очигледно дека Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ ги лажеа своите сопартијци и македонските граѓани, дека никогаш нема да прифати промена на уставното име на државата обвинуваат во партијата на Љубе Бошкоски.

    „Лаже и кога тврди дека само со референдум ќе дојде до решение за името. Неговиот министер за надворешни работи призна дека во Букурешт на Самитот на НАТО тој и Бранко Црвенковски го понудиле името Република Македонија Скопје, тие биле спремни веднаш да го променат за од таму да објават дека Македонија е примена во НАТО“, рече Билјана Јовановска, портпарол на ОМ.

    Експертите проценуваат дека отворањето на досието „Букурешт“, од страна на Груевски има за цел, владата на ВМРО-ДПМНЕ да се покаже како конструктивна страна во преговорите со Грција.
     
  2. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.648
    Пол:
    Женски
    Вечито неразбрани останаа :lol:
    Кога ќе се обелодени нешто што не оди во нивна полза, секогаш некој не ги разбрал. Де новинари, де политичари, де европретставници...
     
  3. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Кога сме кај Европреставници, гледаше ли Сител колку `палачинки` изиедоа за Фуере? Прво се изнасмеав слатко, замисли до степен глупости трескаа дека Фуере бил СДСМ, побогу бре, ко да он дошол во Македонија за да стане СДСМ :rofl: И врвот беше дека А1 му била омилена телевизија. Веднаш после смеењето гласно си искоментирав, добро, овие нормални се :^)

    :rofl:

    Eте си пробуричкав на страната на Сител и ја најдов веста. :rofl:

    Немало европски дипломат кој бил толку присутен во јавноста, но прашање е колку тоа присуство е соодветно за еден амбасадор, и колку со своето однесување ги надминуваше границите на дипломатско однесување создавајќи впечаток дека се меша во внатрешните работи на Македонија.

    Гневот на јавноста го навлече со изјавата од 26 јануари 2010-та:

    - Прашањето за името останува нерешено, а секое одлагање со себе носи ризик за стабилноста на Македонија, дадена пред европските пратеници во Брисел.

    И на 9 февруари 2010 година, за австрискиот весник Стандард, Фуере даде изјава која вели „Доколку решението и натаму временски се забавува, тогаш тоа сигурно може да има потенцијал кој води кон меѓуетнички тензии“..

    Изјави дадени во време кога 65% од народот и 84% од Македонците се изјаснуваат дека немаат намера да попуштат на грчките уценувања за промена на уставното име.

    Добронамерно предупредување или класична закана и директен притисок? Претера ли Фуере?

    И додека беше прв да присуствува на разни пивтијади, тортијади, возења на точак, го немаше три дена кога предаде Извештај на ЕУ во кој македонскиот јазик беше избришан и заменет со државен јазик на РМ. Првиот пат одби да се извини, за потоа под притисок на Брисел да даде полуизвинување.

    Често пати неговите изјави во јавноста беа идентични со изјавите на претставниците на СДСМ, со што ја наруши својата независност, и предизвика реакции кај ВМРО-ДПМНЕ, и кај интелектуалците.

    Беше остар во повиците ДПА да се врати во Парламентот, но многу поблаг за бојкотот на СДСМ. Летото 2010, по враќањето од одмор истакна дека Владата не прави доволно реформи и ја поткопува препораката на ЕК, за есента неговото предвидување да излезе неуспешно затоа што Македонија повторно доби препорака за почеток на преговори.

    Фуере сакаше да зборува за независноста на медиумите и нивната рамноправност, но никогаш не даде одговор зашто Делегацијата на ЕК во Македонија која тој ја води со европски пари во висина од околу 400 000 евра подржува само две телевизии, неговата омилена А1 и Алсат.


    Евроамбасадорот го критикуваше наводното загрозување на цивилното општество, а во практика со европски пари неговата Делегација со над 1,5 милиони евра, над половина од вкупните суми на средства за помош на цивилниот сектор, го поддржуваше Сорос на Владо Милчин, или организации поврзани со него.

    Останатите невладини организации срамежливо говореа дека ДЕК во РМ често пати склучува договори со само 2-3 компании во милионски суми евра, а често биле финансирани и организации кои на своите веб страни немаат ни Ф од финанскиски извештај. Имало и два пати објавувани тендери за иста работа, без јавна комуникација дека првиот договор пропаднал.

    Индикатори за да неговиот наследник Соренсен ги преиспита работите.

    Најголемиот судир на Фуере со Владата на Груевски дојде при носењето на Законот за антидискриминација. Јавноста ќе запамети дека тогаш Фуере жестоко ги промовираше правата на хомосексуалците, и ја обвинуваше власта дека нема доволна подршка, заборавајќи дека во ЕУ има држави членки како Полска и Литванија кои имаат поригорозни закони од нашиот.

    Неговите поддржувачи велат дека во мандатот на Фуере добивме кандидатски статус, визна либерализација и две позитивни препораки од ЕК, при тоа потценувајќи ги граѓаните од политичарите избрани од народот кои правеа реформи за да се достигнат евростандардите.

    Едно е сигурно, никој во Македонија нема да успее неколку пати по ред да го фаќа бурето кое се фрла во Охридското Езеро на Денот на рибарите. Фуере ќе остане запаметен во Македонија, најмногу по оваа работа.
     
  4. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.648
    Пол:
    Женски
    ^^Непочитувањето на Фуере, автоматски значи и непочитување на ЕУ и нејзините институции.
    Значи кое лицемерие го има во власта. Од една страна не убедуваат дека прават напори и дека сакаат да не внесат во ЕУ, а од друга страна ги бојкотираат нивните дипломатски претставници. Па и оној Влатко Ѓорчев кога ќе го видам како се прави голем патриот и плука по се што е европско ми иде да му ја бапнам една :muscle:
    Еј ти се молам изјавија дека Фуере толку многу го имало во медиумите, што уште фалело од фрижидерот да ни излезе и му дадоа на човекот цртеж - ,,Фуере во фрижидер,,. Ја само незнам на кого му текнуваат овие глупости.
    А премиерот има време да фрла лопати и да прави екскурзии со новите автобуси, а нема време да се сретне со Фуере |(
    Значи толку да не можело да се прифати критика, страшно.
     
    На tanja6 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. viku

    viku Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    163
    Допаѓања:
    157
    Зошто да го почитувам Фуере (обичен државен службеник)??? Зошто да ја почитувам ЕУ? Дали можеби не стави во иста позиција во спорот за името??? Или сме само во позиција на уценуван??? Преку Грција-ЕУ не уценува- тоа ли е Европа? Продадени политичари за по еден одмор на Егејот? Мизерно!
    НАТО ли? Па за Србија се решија во 15 минути да ја бомбардираат- што се случува во Либија? Па еден месец народ гине по улиците-ама европските политичари ДЕБАТИРААТ „што со случајот на Либија???“
    Па ако се прашувам јас Европа мора многу да поработи на своите вредности за да не заслужи! Не дека сме супер, ама сигурно не играме толку покварено како нив!
    Па посебно пак овој новиов, што го заменува Фуере- па кој е тој бе да го тинтриме толку, предај ги акредитациите и марш у канцеларија. Не сака ни името да ни го спомни- а ние го чекаме ко незнам кој да е- одвратни ми се, не можам да ги смислам, а не пак да им се гребам и лигавам.
    А тек да ги почитувам-ама аман молим те, не ми е до толку свиткана кичмата.
    Толку ми се напрај ќеф што Груевски не го прими Фуере, ама пак после скроз ме изнервира што сепак се сретна со него.

    Не ги сакам странциве воопшто, ниту Европа ја сакам бидејќи е дволична, себична, со двојни аршини, недемократска и не ги почитува основните човекови права. точка.
     
  6. tanja6

    tanja6 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    1.570
    Допаѓања:
    567
    Пол:
    Женски
    чекај малце,мислиш дека фуере и сличните на него дипломати немаат пари да си платат еден одмор на егејот,па се продаваат за него?? :D
    [/quote]

    значи не ја сакаме,не сакаме да идеме у европа,па тогаш каде,у африка ли да идеме? :D
    или подобро да си останеме сами,изолирани и да си уживаме во овој наш мал" рај"?
    шо не е гајле,ке си се дружиме со Kосово,кога сите други не претркаа веке. :D
     
    На BoaVista му/ѝ се допаѓа ова.
  7. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.648
    Пол:
    Женски
    Епа драга моја Вику ако не ја сакаат Европа и ако не ги сакаат ,,обичните странски државни службеници,, нека кажат јавно, јасно и гласно - ние нема да ве внесеме во ЕУ, зошто е дволична, ние не ги сакаме нивните ,,службеници,, зошто не се важни фактори во државата, ние како најпамена држава со вака паметна влада не сакаме да чуеме за Европа и плукаме по се што е европско, ние ќе во оставиме во оваа бедотија и сиромаштија, додека сите други држави итаат кон таа Европа. Е така. Нека си кажат јасно и гласно, а не да водат лицемерна и дволична политика.Нека си кажат, ако смеат секако, па ќе видиме кој ќе ги гласа.
    И за крај те молам поштеди не од глупите тези дека Европа требала да поработи за да не заслужи нас! Еј луѓе до каде со вакви ограничени умови?!? Само се уназадуваме ништо друго!
     
  8. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.648
    Пол:
    Женски

    Тања, нас со ваква катастрофалана надворешна политика знак прашалник е дали ќе сакаат и во Африка да не примат :lol: Или можда ние толку горделивите(читај заблудените) и на африканците ќе им најдеме по некоја мана.
     
    На tanja6 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. tanja6

    tanja6 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    1.570
    Допаѓања:
    567
    Пол:
    Женски
    тоа сигурно,ма жешко ке ни е да идеме у африка,а и африканците ке ни се многу црни :D
    ма каква европа,какви стандарди,арно седи си тука,чекај си бедна платичка да го преживиш месецот,а ако на газдата му стагнира бизнисот па ти ја закасни некој месец,без право да се жалиш,не е страшно,ке се ставиш малце на диета и без тоа сме се здебелиле многу како нација нели,а и струјата ако ти ја исклучат не е страшно,ке го извадиш стариот шпорет на дрва од подрумот на него ке готвиш,а навечер место да гледаме телевизија ке правиме деца. :D
     
  10. viku

    viku Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    163
    Допаѓања:
    157
    Малку избегавте од она што сакав да го кажам. Зарем според вас треба на секој истрошен државен службеник на Европа да му се лижиме? Не фала, јас не сакам- а вие слободно продолжете. И, Боа, многу ти благодарам за тоа „ограничени умови“, само треба барем вакви демократи како вас да бидат малку со послободни умови и да почитуваат туѓо мислење. Не ме напаѓај така, со вреѓање, нема потреба, па нели се наоѓаме во иста каша, и јас сакам да живеам подобро, само малку подруг пат до тоа ми се свиѓа.
    Ова што се стремиме кон Европа, и што имаме нивни претставници тука е она што не декларира како проевропска држава- и нели ги трпиме. И тоа не не обврзува по секоја цена да ги сакаме (барем вака меѓу нас кажано, да не е на ТВ). Јас имам право да не ја сакам Европа таква каква е. Едно е декларативното, ама друго е задкулисното. Таму е малку тешко да знаеш што се случува, тоа е, филозофски кажано, зад завесата.
    Нашата политика, од секогаш, се стреми кон Европа, и да тоа е политика, се мора така, ама јас не морам да ја сакам, и убаво ми е кога некако ќе им ставиме до знаење дека се покварени (како случајот со средбата на Фуере и Груевски).
    Боа, често се фаќаме за гуша со тебе во ставовите, и јас твоите ги почитувам, се трудам да бидам коректна во муабетите за да се држиме на ниво од почит кон самите себе и кон форумов. Ме чуди зошто толку огорченост, зошто потребата за вреѓање, навистина не разбирам. Али како и да е, ти си знаеш, јас ќе си останам верна на моите вредности.
    Поздрав и не се нервирајте толку бре, не зависи од нас! ;)
     
  11. tanja6

    tanja6 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    1.570
    Допаѓања:
    567
    Пол:
    Женски
    не знам кој е критериумот според кој се определува дали некој дипломат,политичар е истрошен.кој го одредува тоа??или ако некој не ни се допага како дипломата,политичар па ајде како ке го деградираме,ке го наречеме истрошен..ајде за фуере можда мислите дека пошто ке иде човекот у пензија затоа,ајде некако да ве сфатам,ама тој термин не се употребува само за него,туку за секој што ке се обиде малце да не"скара"да ни укаже дека нешто не е во ред со нашата политика,да не искритикува добронамерно,одма ке му залепиме некаква етикета,дека е истрошен,потплатен од некого,продаден,итн..едноставно не трпиме критика.па што треба странците само пофални песни да ни пејат?кога реалноста ама ич не ни е за пофалба.ние најдобро си ја знаеме самите живееме во неа.невработеност,сиромаштија,криминал,катастрофално судство,тепачки мегу средношколци на националистичка основа..за што да не пофалат?
    Фуере не ни чинеше,сега и Рикер не ни чини.советник на нашиот претседателот пишува колумни и дава изјави дека треба американскиот амбасадор да го прогласиме за персона нон грата,дека америка не ни е сојузник итн..значи и Америка сега не ни чини...
    Битолскиот градоначалник држи говор на менифестација,во кој ја споредува политиката на европа со фашизам,дека европа ни држела меч над глава итн...личи ли тоа на говор на градоначалник во земја која сака да стане дел од европската унија?
    или само глумиме лудило дека сакаме да станеме дел од европа а уствари убаво ни е вака. :D
    и во секојдневниот живот кога врегаме и напагаме некого,не може да очекуваме дека тој ке ни биде пријател нели...така и во политиката,ако ги напагаме европските,американските дипломати,службеници итн не можеме да очекуваме дека ке ни бидат пријатели..која е целта која е намерата не свакам..да се затвориме во своите граници сами са себе доволни као што беше албанија порано?
    или ке се правдаме дека тоа се испади на поединци,згрешил Горчев,згрешил советникот на претседателот,згрешил градоначалникот...зарем нема некој да ги поучи дека како политичари ним вакви грешки не им се дозволени,зошто целата земја испашта поради тоа..
     
  12. viku

    viku Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    163
    Допаѓања:
    157
    Не ми го гибајте битолскиот градоначалник, срцка ми е! :) :) :)

    Тања, во право си за терминот „истрошени“, го употребив по навика, од по вести ми се вгнездил во уво. Ама од принцип не сакам политичари кои ми промовираат високи вредности, дека се демократски созреани, правата на еднаквост и светоста на слободата ја ставаат на пиедестал- а ни доаѓа дома и не сака името да ни го спомне. Ајде ако може дозволете ми она „истрошени“ да го преправам во „провидни“. Ете затоа не ги сакам. Ние сме држава која на секои 4 години се разболува, за 4 години да се опоравува, за после пак да се разболи и Господ знае до кога така. Ама нека не ни се прават светињи. Нека си ги исчистат своите гадотии, па нека ни кажат дека кај нас не е во ред нешто. (Башка ние си знаеме што не е во ред, ама упорно на никој не му се свиѓа тоа да го исправи). И немојте ве молам да ми ги величате, затоа што ај што мораме да ги трпиме, барем да не ги обожуваме.

    Многу европратеници и не поддржале, има многу кои кажале многу позитивни работи за нас, некој не критикува, ОК е и тоа ни треба, ама мешање во политиките и внатрешните политики на земјава и тоа како не е во ред. И баш ми е мило што некој во државава има храброст тоа да им го каже. И што сме изгубиле после тоа??? -ништо. Кандидатскиот стадиум не ни е променет, се си е по старо. Не сме отишле погоре, ама не ни подолу. А сите многу убаво знаеме зошто не одиме погоре. 100 пати ни е кажано „условите се постигнати-решете го името“. А името е друга дискусија веќе.
     
  13. tanja6

    tanja6 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    1.570
    Допаѓања:
    567
    Пол:
    Женски
    баш прееска слушав на вести Tалер не предупредува дека е можно да го загубиме статусот на земја кандидат ако продолжиме вака...што значи има што да изгубиме..а со напагањето на дипломатите богами ништо не можеме да добиеме..не е ова у мало пред зграда па ај ке се правиме кој е посилен-он на мене вака ми рекол,е сеа ке види шо ке му кажам јас на него,не му кутам.. :D овде се работи за дипломатија драги мои,за држава...да сме јаки као америка,англија,германија па ајде да се препукуваме,да се надмудруваме ама ние сме еден грст земја сиромашна.и впрочем ние самите ги бараме,не доагаат непоканети странците,ние сме тиа шо ги молиме да не примат у европа,у нато..а после кога не критикуваат или кажуваат како треба,па им се лутиме зашо ни кажуваат,ни се мешале у државни работи итн.па ке ни се мешаат кога очигледно сме неспособни сами да си ги решиме проблемите..ние самите ги бараме да ни помогнат у решавањето на проблемите,а после се лутиме зашо се мешале.е ај после оди најди ни го крајот. :D
     
  14. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.096
    Се додека така мислиме дека сме грст земја сиромашна од нас нема ништо да биде...и ќе им се клањаме на сите што ќе дојдат од страна без да процениме какви се, оти нели штом доаѓаат од поголема држава треба да ги гледаме како месија...Не велам дека треба да го кренеме носот и да се правиме како да знаеме се, но ако некој се меша таму кај што не треба треба да го оставиме затоа што доаѓа од Америка, од Англија??? Самиот Фуере неколку пати го има прекршено уставот и одамна требаше да биде протеран а наместо тоа уживаше статус повисок од Претседателот на државата...и многу други...Треба цврста рака да им покаже до кај им се границите затоа што во ниедна друга држава е незамисливо надворешни амбасадори и претставници да се мешаат во внатрешни работи на една држава...А за битолскиот градоначалник...претпоставувам дека со споредбата сакал да каже дека евреите во минатото биле убивани од причина што некој сакал тој народ да го снема, да не постои...е во денешно време ако сакаш тоа да го направиш не убиваш него бараш од народот фино и културно да си го смени името како да е тоа некоја минорна работа, ништо значајно, како пак ќе влеземе во ЕУ...а крајниот резултат со менување на име, со изгубен идентитет го знаеме сите...

    А за Груевски и името...сто пати е кажано дека е прифатено да се стави на референдум...и толку...нема ништо нејасно. И тоа е кажано пред три години сега само е потврдено...и нема тука ништо ново и спектакуларно како што се трудат некои да ја изманипулираат оваа случка...да прифател, до сега веќе ќе ни беше сменето...
     
    На angelce1 и viku им се допаѓа ова.
  15. vodnicka1

    vodnicka1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2010
    Пораки:
    124
    Допаѓања:
    35
    Мислам дека ние немаме простор а ни време да покажуваме црвста рака, а на крајот и на краиштата и ја немаме таа цврста рака . Тој што го молиш не треба да го лутиш .
    А униите се создаваат со цел да си ги штитат интересите на своите членки. Грција е членка, сакале ние тоа или не.
    А врегањето на амбасадорите и пишувањето на писма , не ни дава никаков напредок ни плус , единствено само може да се уназадиме , и тоа би била најдобра варијанта во споредба со тоа што би можело да ни се случува.
    А најчудно на свет ми е што испага и што потајно сакаат да ни увалат дека демек сите ни се непријатели , сите нешто коваат против Македонија , светски заговор, а за што? Имаме нафта, богати сме со дијаманти ? Што?
     
  16. tanja6

    tanja6 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    1.570
    Допаѓања:
    567
    Пол:
    Женски
    eпа добро тогаш,ај да не мислиме дека сме мала земја и сиромашна,туку да мислиме дека сме голема земја,светска сила,дека сме економски јаки као америка,или големи као кина :D
    никој не рече дека треба странците да бидат обожавани као месии,туку треба да бидат почитувани како странски дипломати,а не да ги врегаме во весници и на телевизија.И како тоа треба да ги процениме?по кој основ?па тој странец не дошол овде да се преставува како индивидуа себеси,па ке го цениме дали е добар или лош,или провиден,тој ја преставува земјата од која дошол и ставовите и мислењата кои ги изјавува не се негови лични ставови туку ставови на неговата земја.тие се коснултираат со своите матични земји,со европските институции,не изјавуваат шо ке им текне на памет,па ај не ми се допага тој и тој.. :D
    јас незнам,па ти пошто си напишала најверојатно знаеш,кога тоа фуере го прекршил уставот,да ни кажеш. :?: да знаеме зошто требало да го протераме..
    и каква тоа цврста рака треба да им покажеме?да ги протераме сите?сите се лоши и провидни никој не ни одговара...и овој сега новиот европреставник шо дојде и он ке почне да ни смета и да не ни одговара кога ке почне да не критикува нели...
    и уште еднаш ке кажам,не дошле они самите да ни се мешаат ние сме ги повикале.при некои поголеми турбулентни моменти,груевски,црвенковски,ахмети,тачи итн.одма трчаат на консултации кај евро преставниците,кај американскиот амбасадор и им се жалат и бараат подршка,па тогаш нормално дека тие ке ни кажуваат шо да правиме и ке ни се мешаат у внатрешни работи кога самите ние од нив го бараме тоа..
    или сакаме да ни се мешаат само кога нас ке ни одговара,кога тоа што ке ни го кажат ке ни се допадне?а кога ке ни кажат нешто шо не ни одговара,тогаш-зашто ни се мешате? :D
    малце ме подсека на ова:-семејство со 2-3 деца да речеме,и се скарале,степале децава и расплакани трчаат кај мајката-мамо,мамо,бато ме искуба за коса-другото-не,ти прва почна,ти прва ме удри-не ти прв почна ти ми ја зема кукличката итн,и на мајката и скиснува од нивните виканици,а и не може да знае кој е крив и ке ги плесне по газето сите и ке им рече друг пат да не се карате и тепате,и на крај мама е лоша не плесна по газето... :D
     
    На TennisBabe му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Прифатил да биде Република Македонија (Скопје). Ама Грција не се согласила. Тоа го прави поголем предавник од оние што самиот тој ги нарекува предавници и не патриоти.
     
  18. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.096
    Е супер ти е споредбата со малите деца нема што, како што претходно реков се додека ние се чувствуваме како мали деца а им даваме толкав авторитет на било кој ништо од нас не бидува...Фуере по весници и телевизии си го критикуваат новинари кои си го имаат тоа право, ја следат неговата работа и оценуваат каде греши што е правилно а што не...или според тебе ние немаме луѓе, политичари,кои ги знаат правилата, законите и европските стандарди, само Фуере ги знае...другите само од читанка и буквар учат и поима немаат што се случува надвор од државата...прости, малечки, такви сме ние...и еве ти го одговорот за Фуере:
    Неспорен факт е дека Фуере направи повеќе чекори за кои требаше да биде дури и протеран од земјава. Набргу откако дојде, по изборите во 2006 година, јавно побара да коалицираат победниците од македонскиот и албанскиот блок. Тоа беше флагрантно мешање во нашите внатрешни работи и повик за федерализација на државата. Кој со кого ќе коалицира не е, ниту може да биде негова работа, ниту на Брисел. Барем јавно.

    Во декември 2009 година, Фуере и неговите од Мисијата, во голем тираж дистрибуираа леток преку дневните весници - „Безвизно патување за граѓаните на Поранешна Југословенска Република Македонија“. Тој нé прекрсти и дома, прекршувајќи го нашиот Устав, во кој е прецизирано и името на државата. Тоа повлекува кривична одговорност. А, според резолуцијата на СБ на ООН, со која ни е наметната референцата, „п“ од „поранешна“ и „ј“ од „југословенска“, се со мали букви, а не големи, што е суштинска разлика. Тоа не важи за Фуере.

    Го потпиша и познатото писмо, заедно со Рикер и други слични на нив, во кое македонскиот јазик, со апсолутно прецизна намера, го прекрстија во „државен“. Повторно кршење на Уставот, за што се протерува.

    Ова не од мене кој чита весници знае од каде е...
     
    На viku му/ѝ се допаѓа ова.
  19. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.096
    Прифатил да се стави на референдум, немој да шириш дезинформации, и за промена уклучи и некоја друга телевизија не само а1
     
    На viku му/ѝ се допаѓа ова.
  20. vodnicka1

    vodnicka1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2010
    Пораки:
    124
    Допаѓања:
    35
    На BoaVista му/ѝ се допаѓа ова.