баш потресно е да се гледа неговата фамилија дали заслужувал или не, не тоа сега важно, важно е да се дознае вистинската причина. инаку јас незнам Љубе на толкав бизнис во Хрватска во златна Пула да дојде во оваа џунгла и вака да се измачува. Не јас да го имам тоа што тој го има, никогаш ама никогаш, тука не би се вратила без разлика колку ја сакам Македонија, мислам дека сепак кај него бие огромен патриотизам, кој сака нека каже.
Па да, интересно е... Вмро има толку гласови колку сите останати заедно...50%. А останатите 50 нека си ги поделат останатите мешу себе.... И после мнозинството било глупо, невоспитано, необразовано, и што се не се изначитав на форумов....
Поголем доказ од тоа нема кога ги гласало насилниците за бидат на власт. Образовани вистински, луѓе со морал, памет, квалитет, вредност не гласаат за таквите.
http://217.16.84.11/Default.aspx На страната на државната изборна комисија последните информации се дека Вмро дпмне има 438135 , а сдсм 368487. Колку за информација само
Маја, коалицијата ВМРО(значи не само ВМРО) имаат 354.402, а во останатите партии(намерно потенцирав македонски) на Љубе, Љубчо, ЛДП и Достоинство заедно имаат повеќе од Грујо, ама за жал поради пропорционалниот модел бројот на пратеници не е ист . Овде не влегуваат албанските партии! Така да тоа што си го напишала не држи вода. А за да ти објаснам попросто ќе ти кажам дека на претходните избори Грујо имал околу 200.000 гласови повќе од сите опозициони партии заедно, а денес тие имаат повеќе од него. Проста логика. 60.000 гласови на ниво на Македонија не е воопшто убедлива подеда. Е сега ти колку сакаш можеш да ми реплицираш, ама бројките зборуваат. Колку народ го сака, толку и повеќе не го сакаат. Факт! Мисче еве ти податоци за Аеродром од овие избори ВМРО -21789 СДСМ -18160 Обединети -1025 ЛДП -1204 ВМРО Народна -1102
Еве податоци и за изборите 2008 за во општина Аеродром ВмроДпмне - 25954 СДСМ - 10726 Напредуваме,добро е
Мислам дека во Аеродром, градоначалникот многу се заложува да ја среди општината и колку што сум приметила секогаш е чисто и средено. Па затоа мислам дека изборите за градоначалник пак ќе ги добијат. А за овие резултати, многу гласови јадат с.Лисиче.. Тие сите се за ДПМНЕ.
Можеби е битно, ама и не е кога веќе е победа . Дали е со 2 : 0 или 3:2 или 5:3 на пенали не е битно, битно е победа. Е сега, дали изгубените пратеници значат нешто (а верувам дека значат) ќе видиме понатака. Штом луѓето имале доверба гласале, а дали таа доверба ќе ја оправда ново-старава сегашна влада тоа ќе го видиме, јас се надевам дека да бидејќи пола Македонија не греши, и не е точно дека народот и кога е во право ГРЕШИ , епа не може да греши кога е во право, или греши или е во право, а ако згрешил што не изгласал друга партија тоа е друга работа. Со сигурност не можеме да кажеме вака било, не го гласале него, незадоволни биле од владата и излегле на гласање, не застанувам сега во никаква одбрана, ама може и вака да се каже, можеби тие луѓе што излегле плус не сакале некој друг да победи и сакале да ја зачуваат владата или пак друга опција сакале да победи некоја нова партија само да не е СДСМ ИЛИ ВМРО. Значи ние тука можеме да претпоставуваме, да анализираме, да пресметуваме, ама најправите пресметки сигурно ќе ги направат аналитичарите и тие кои се занимаваат со тоа. Друга работа, не е убаво што се замара тука со годините наши и се напаѓа индиректно бранејќи се со тоа дека сме немале 18, родителите ни биле криви Spoiler (побогу, мене дома не ме држат под нож за овде да пишувам , а и поголемиот дел од времето овој период не се дома ). Уште нешто, пишувајте за актуелноста, не цитирајте само за да не потсетите кај сме биле контрадикторни, туку кажете ваш став и подкрепете го вашето мислење, не се служете со напаѓање и навредливи изрази, никого нема да го тангираат, тангира тоа што си го вреѓате сопствениот народ, зошто и тие од спротивната партија биле трчковци ама за жал не им успеало и ќе ти вреѓаат истите како нив од спротивната. Поттрчковци имало и ќе има, и од едната и од другата и од останатите страни, тоа е нивен избор. Ако за некого Бранко е цар, нека биде, жално е што некои го сметаат за Мајка Тереза и мислат дека сите му се плашат вклучувајќи го и Грујо. Не го бранам, нити па форсирам нешто, ама грешно е , зошто да би му се плашел Никола, поради која причина ? Кога како еден премиер има поголема моќ и од Ѓорге . Грешни ставови, секоја чест вчера на Шеќеринска за коректноста дури и честиташе на новата влада, таа слободно може да си излезе сега со чист образ, ама Бранко опачината или лицето како и да е, не му даваше гордоста НИ ДА ПРИЗНАЕ дека пак е во опозиција, пак почна со неговиот низок начин на вреѓање и омаложување (и грд смисол за хумор), давајќи им сила, на тие што се негови верни симпатизеи и ПОКЛОНУВАЧИ, што го сметаат за Бог, уште повеќе да се навредуваат, контраат и мразат со противничката партија. Без програма, без речник и пропагирање на омраза секоја партија би била поуспешна.
Територијата на општина Аеродром е одсекогаш средена и чиста ,уште од времете кога беше под Кисела Вода.Е сеа и минатиот градоначлник беше од Вмро ама тој повеќе средуваше.Сегашниот Ивица Коневски е од населба Ново Лисиче,и он повеќе ја средува таа населба,а Аеродром како Аеродром ништо тапа. Така да он ништо не направи,се си е како што беше уште од стари добри времиња. Единствено што го спаси кошаркарскиот клуб МЗТ,па сега младиве кои се страсни навивачи на тимот се за Вмро Ама и они само површно,всушност и тие гласаат за СДСМ. И да точно, мнозинството гласови од општина Аеродром за Вмро ,се од долоно и горно с.Лисиче.
Ете ви што се случува во мочанава полициска држава. Додека славите победа, полицијата што треба да заштитува, убива луѓе!!! Припадник на полициски алфи претепал момче до смрт, тврдат очевидци Синоќа околу 00:40 часот на градскиот плоштад во Скопје, припадник на специјалната единица Алфи до смрт го претепал 23 годишниот Даниел од населбата Ѓорче Петров. Очевидец кој бил во тој момент присутен на “Баскер фест“, за Нетпрес потврди дека врз момчето бил извршен брутален напад. “ Седев на клупа кога пред мене видов како припадник на специјалната единица Алфи со голема брзина брка младо момче. Момчето се сопна од еден kabel и не успеа да побегне од рацете на алфашот. Припадникот на специјалната единица почна брутално да го удира по сите делови од телото, на што момчето не пружеше отпор и за многу кратко време се струполи на една клупа. Специјалецот се исплаши дека можеби го усмрти па се обиде да го освестува и да бара вода, но по пет минути дојдоа негови колеги и со тегнење го одвлечкаа момчето накај МЕПСО, изјави очевидецот Ф.Г. Од други очевидци кои што не сакаа нивниот идентитет да биде откриен, велат дека кога поминувале околу паркот во близина на МЕПСО, го виделе истото момче како лежи струполен на земја покриен со црна кеса , а околу него имало собрано неколку полицајци кои немо го гледале. Од СВР Скопје велат дека излегле на лице место при што бил извршен увид. Како што изјавија за Нетпрес дечкото бил донесен од неколку лица каде што се одржувал “Баскер фест“ и дека на истото му била повикана брза помош. По извршениот лекарски преглед била констатирана смрт, но, како што кажуваат од МВР не биле забележани траги на насилство. По наредба на на Истражен судија, телото било пренесено во судка медицина и дадено на обдукција. Автор на веста: Нетпрес Објавена на 06.06.2011 4:56:27 PM
Каква е оваа држава, кога еве признавам мене ми е страв да живеам овде! Не кажувај ништо на улица -кје те натепаат, не збори по телефон -прислушкуваат, гласај за владата -во спротивно губиш работно место, еве и ова што го пишувам овде дури ми е страв! Народот сам одлучи во каква Македонија сака да живее, во ред, ќе видиме за некоја година, а власта мислам дека и самата ќе се распадне, пари во буџетот нема, кредитите исторошени на непрофитабилни работи, сега само казни и даноци, плати нема, тешко на народот!
не бе женска какво тепање сега фрчат парични казни до казна затвор во зависоност од тежината на зборовите.
Девојки, УБИЛЕ ДЕЧКО НА УЛИЦА, и се заебавате со тоа??? Го УБИЛЕ затоа што не им бил симпатичен или кажал нешто против Груевски и го гледале неподвижен и чекале да умре, без да повикаат помош???? Каква е таа држава во која полицијата, која е раководена од Министерство за внатрешни, кои се под надлежност за Владата, УБИВА невини деца на улица????? И после се апселе криминалци???? И после ура за владата??? И огномети за победата???