Spored mene tuka e problemot. Nema demokratija. Koja demokratija? Kriminal na site strani. A izvini ama mislam deka ne zavisi od stokata vo sobranie sto ke jadam jas utre. Sekoj se bori za sopstvenoto parce leb, za cenata da od niv zavisi i sepak e toa poradi dobivka na nekogo. Nikoj ne go zabole vo ovaa drzava dali ti utre ke imas 60 den za kilo leb da mu kupis na deteto. Toj ti ja servira cenata od koja sto patem i si zima danok a ti snaogaj se. I uste za glasot na izbori. Da odam i glasam. Sekogas moeto livce e nevazecko bidejki ne veruvam vo sposobnosta na lugeto koisto se vo politikata vo ovaa drzava. A i veruvaj deka i tie izbori koisto gi organiziraa i ednite i drugite sve e toa namesteno i servirano od golemite sili. Nie sme ti samo saka narod i smo cifra nisto poveke
Oд политиката точно зависи колку ќе имаш во џебот, затоа што политичарите ја котролираат економијата а од тоа зависи колку од твојот труд ќе лапаат политичарите (божем државата) а колку тебе ќе ти остават за да си купиш леб. Од нив зависи и колкав ќе биде процентот на сиромаштија. И невработеноста и задолжувањето во името на граѓаните зависи од политичарите, да не случајно ме прашал некој дали сакам кредит да земе државава, кој патем јас го враќам, да не ме прашале дали ми се даваат толку милиони за ск2014? А зошто бе не дадеме шанса на трета и четврта пртија, без гнасно минато? Зошто упорно се гласа за две партии? Затоа што граѓаните се навикнати да бидат клиенти на двете богати партии, е затоа. Се додека тоа не го промениме, ќе живееме вака, мизерно.
Демократија не постои. Демократијата умре уште со Перикле во Античка Атина. Она кон што се стреми светот денеска е некоја друга верзија слична на демократија а сепак во суштина далеку од тоа, но ја викаат демократија. Се сложувам дека медиумите се најголемата пропагандна машинерија и добри 90% во глобала ако не и повеќе, она што медиумите ни го презентираат на овој или оној начин е извитоперено. Зборувам во светски рамки, не само за кај нас. Само отворен ум, за да ги разгледува сите можни аспекти и да носи сам заклучоци. Иначе, ако дозволиш медиум да те испаничи или на било каков друг начин да ти влијае.. чао пријатно со самосвеста.
Фрчко НЕАНДЕРТАЛЕЦОТ после тепањето на жени, почна да тепа и студенти. Како е овој уште професот? И за право предава не? И читам денес во билтен на мвр дека пријаата е во негова корист. Ауу да пакувам куферите. Им гори под нозе, па ке го пуштат фрчко по куќи да оди и да тепа, дека веке паркинзиве му се тесни. А и тој и жената му многу добри коли возат ко за нивните платички.
Абе ај, на Каракамишева кога пленумци и упаднаа у канцеларија и почнаа да и се дерат со мегафон она само седеше таму, а на овој му рекоа само како не ви е срам и типот почна да шамара. Двојни аршини much?! Изненадена сум од однесувањето на професорот, не очекував ваква реакција... Дури и да се провокатори требаше да се исконтролира и да си влезе у кола.
Не сте валда озбилни, дека Фрчковски ве изненадил. Па ако од некој е очекувана таква реакција, тоа е тој. Би ме изненадил Оливер да дигне рака на пример. Изглеа толку збунето, увек е како да не знае кај се наоѓа, не знам дали некогаш кажал нешто и некој го разбрал. Беше во топ тема пред некој ден, на толку зборење ништо не кажа. Мислам нему да му пријдат попрво очекувам да се расплаче него ли да мава, а за фрчко ми е дури чудно како не ги расшамари сите и не почна да трча по нив. И ниња кажа дека со секој исто би постапил. И каракашишмишева да почнела да мава со предмети од маса, ќе ја оправдав. Никој никому нема право да му загрозува личен простор. Па да ме плукне во фаца? Не одговорам за постапката. Да ја плукнеа во фаца каракашишмишева па да гледавме драма. Ама затоа Борјан остана смирен.
Нејќам ич да коментирам на тема политика, ама едно да ви кажам за оние што протестираат. Тоа се луѓе што преку партија се примани на некое добро работно место или оние што чекат решение. Ги гледам на тв оние од мојот град што протестират кои се и што се. Да не се лажеме дека тоа е обичен народ, има и такви, но другите се побројни. Не сум за ниту една партија, сите се исти, и вмро и есдеес само гледат кој повеќе ќе искраде.На крај ние обичниот народ сме тие што го јадат стапот.
За една недела веќе 4ти фејк профил на ветрушка или адоки или било кое др партиско куче да е направен само за да коментира во политичките теми едно исто.... За војна , нема да има, не за џабе 2 ипол години се мачат луѓето да ги тргнат криминалците од власт, а за немири , тепачки и остало ќе има сигурно. Сигурен сум дека нема на мирен начин да заминат. Патем го видовте ултиматумот на Еу да се формира влада до 13ти или ќе не санкционираат?
Aууу што кажа бе човече ке не санкционирала а? А бре човек тебе не ти е јасно државата ја продадовте сега се секирал за Еу,искрено гајле ми е за Еу,таа и онака ке се распадне процес е почнат на распаѓање на Еу.
Да де знам Грујо ја продаде и расипа државата па сеа уште и Еу ако не санкционира уште толку ќе пропаднеме. И дај коментирај од вистинскиот профил , не се криј позади фејк профили.
Кој е фејк профил?Мене тука ми делува како еден ист од вас комуњарите има 20 фејк профили и пишуваат едно те исто во одбрана на СДСМ тоа покажува само колку сте полни со омраза а и се гледа по вашето пишување поголеми бљувотини на едно место не сум прочитала.
Ти се декларираше како независна, ама ова е типично партиски обоено мислење. Фрчко неандерталец и тепач (за што 100% се согласувам) а овие другиве што одат по куќи и тепаат се цвеќиња за мирисање?
Мене уште не ми е јасно народов толку ли не согледува дека се тепа за туѓи идеали ? Некој пак ќе се збогати , обичниот народ ќе си остане на исто дереџе како и до сега, млади ќе си одат од тука , кој мора ќе црнчи за 200 евра и така во круг ќе се лажеме дека живееме ..... уствари едвај преживуваме ! Свест ни фали ништо друго , ама ај ....
Ова е само дефукусира народот од криминалот и богатењето на власта , а македончето пак ке си работи за 10500 денари . Не свакаат дека гласавме за промени во државава а не за да останиме на исто дереџе.
Yipman другарче Се тоа стои што си кажал. И јас би да се тргнат криминалците и сум за тоа, ама по која цена? Премногу замешани лични интереси. Ај биди реален. Имаат ли право Албанциве да тражат нешто повеќе од што сега имаат? Па веќе имаат се. Имаат се што им следува како малцинство, и повеќе дури! Имаат права на своите права и уште оддамна ги имаат. Ама што е сега? Мајка ми е по потекло Словакиња, ама Словаци во Војводина. Имаат школи на својот јазик, медии, имаат комплетна слобода таму каде што се, таму се мнозинство, ама под гранките на српската држава. Имаат српски пасош и се декларираат како малцинство во Србија и како српски државјани. Се ова имаат и Албанциве, во местата каде што тие се мнозинство, така ли? Плус имаат и поголема слобода така што ги шираат албанските знамиња на национални празници, а сме Македонија. Словацоте во Војводина не ги шираат словачките знамиња на пример ама претпоставувам тоа се однесува на идентитет, Ама ајд... Јас сум за права. Секој човек треба да има права, ама ова е веќе преку леб погача. Виделе можност и да искористат... Не се они криви додуша, виделе прилика. Така јас ги разбирам работите. И некако ми се чини дека работиве излегуваат поприлично од контрола.Оддамна излегоја од контрола де, ама се отворија нови проблеми во таа пустата борба за власт. Искрено, се 'плашам' СЕГА од 'промени'. А зошто? Затоа што во опозицијата неам доверба и гледам дека се ќе продадат за власт. Уште не дојделе на власт а толку пактови склопиле. Не зборувам од патриотска страна, туку многу работи смрдат. Не се јасни, чисти, отворени. Не знаеме точно што тие се исподоговарале. Само се нешто мути и крие. Манипулира. На Заев фамилија цела е во Швајцарија (ако не грешам), лесно му е него да се игра играчки со државава, ко да е ово филм со каубојци и индијанци. Едноставно сакам нешто ново, нешто од почеток! Трета опција, нова опција. Ништо и никој од ова не ми се допаѓа. Сите се валкани и тоа мнооогу.
Па уште и на врата му се појавиле на Ориѓански, колку се бедни вмровскиве полтрончиња. Изглеа додека ги праќаат по бурек и по станови ги праќаат, пролив од луѓе.