Трета опција нема , да имаше таа ќе ја биравме ама нема. Сами си се доведовме во ваква ситуација и сеа тоа ќе го искористат другите. А за промени се надевам на подобро, сигурно нешто договориле мрсничко (не мрсно како менување устав име итн..), ама тоа е. Ќе дојдат на власт, ако не чинат и нив ќе ги шутнеме како паторон со неговине следбеници.
Јас искрено се плашам дека 3000 вооружени албанци навистина поминале граница од Косово и дошле во Македонија. Вечната желба за голема Албанија сега им е најблиска за исполнување на албанциве, нив најмногу им оди во прилог оваа неизвесна ситуација
Да, и јас ја прочитав таа вест прво од србите, но имам близок човек (од платената војска) кој за такви работи може да ме информира од прва рака. Некој у велико ја користи ситуацијава да шири дезинформации и паника меѓу народот. А знаејќи кој е на власт во Србија, веќе ништо не ме чуди.
Kukle sigurno nikoj od tvoite bliski ne ucestvuval vo konfliktot 2001.zatoa i ne se plasis.da pukne kako sto pocnalo ne znam dali nema da se plasis.
Јас сум необоена точно. За фрчко и од бмбро да беше истото ке го кажев. А какво е типичното нивно мислење не ми е гајле. Јас моето го кажав откако добро видов што му кажа студентот, а како неандерталеот го нападна физички а потоа и врбално. А кој оди по куќи и тепа? Мене никој не ми дошол да ме тепа, ама ако дојде бујрум, калашот и секирата се спремни, па кој и да е.
Јас за туѓи "идеали" не планирам да гинам. Кој прави тензии, нек биде јунак до крај - прв на линија нек се бори. Жал ми е за сите што загинаа, не само тие од 2001. Бар нешто да се постигнеше со нивната жртва.
Јас се надевам дека Заев "треска" само зелени. Новото интервју за ХРТ и за геноцидот е нон сенс. Не го слушав. Читам коментари. Некни на 24 беше добар. Ама премногу ги менува изјавите. Нека не си игра, супер му е идејата за заедничко општество, ама да не забегува многу и да не прифаќа се за Албанците. Оти ќе изгуби многу. Скај не му е семејството во Швејцарија, во Струмица мислам дека се, ама за нив не е проблем. Одма ќе заминат ако треба. Другото, се е пропаганда на ВМРО и перење мозок.
Пропаганда на вмро било ова што реално кажува дека Македонија нема да постои,све е прифатено од Заев дури и границите ке нема со Косово и Албанија,тоа значи и голема Албанија. ПОВЕЛЕТЕ ЗАЕДНИЧКАТА ИЗЈАВА НА АЛБАНСКИТЕ ПАРТИИ ВО МАКЕДОНИЈА Албанците бараат официјален албански јазик, решавање на името, евроатлантска интеграција, непристрасна работа на СЈО... ДУИ денеска ја усвои заедничката платформа со БЕСА и Алијансата за Албанците која ќе биде основа на партиите на Албанците во преговорите за формирање на нова влада. Во изјавата трите партии нагласуваат дека тргнуваат од слободната и демократска волја на албанските гласачи изразена на предвремените парламентарни избори во Република Македонија, на 11 декември, дека се посветени на просперитет и долгорочна стабилност на Македонија и определени, без алтернатива, за интеграција во НАТО и во ЕУ. Заедничката изјава на партиите на Албанците ја пренесуваме во целост. Ние, претставниците на албанските политички партии во Македонија: "Демократската Унија за Интеграција, ”Коалицијата Преродба со БЕСА” и ”Алијансата за Албанците”; Почитувајќи ја слободната и демократска волја на албанските гласачи изразена на предвремените парламентарни избори во Република Македонија, на 11 декември; Во духот на Охридскиот Договор, на консензуалната демократија и потребата за исполнување на нормативните обврски кои произлегуваат од уставните измени; Реафирмирајќи ги заедничките програмски и стратешки определби на албанците и сите граѓани на Република Македонија; Посветени за просперитет и долгорочна стабилност на Македонија; Предводени од заедничката посветеност за мир, стабилност, безбедност, меѓуетнички соживот, во духот на еднаквоста и достоинството, во согласност со европските и меѓународните конвенции, верска хармонија и соработка во земјата и регионот; Определени, без друга алтернатива, за интеграција во НАТО и во Европската Унија; Се согласуваме за взаемна поддршка на заедничката политичка агенда која предвидува реализација на следните цели, во идниот владин мандат и/или во секој понатамошен мандат; 1. Постигнување на целосна рамноправност во согласност со Охридскиот Договор и Уставот * Правилно спроведување на принципот на мултиетничноста во Уставот на РМ, каде албанците се сметаат како државотворна нација, Поддржување на секаква правна и уставна иницијатива која ja зајакнува националната рамноправност за албанското население. * Постигнување на целосна јазична еднаквост, употребата на албанскиот јазик во сите нивоа на власта и гаранција за неговата примена како фундаментално и уставно право. Уставот на Република Македонија треба да утврди дека "македонскиот јазик и неговото кирилско писмо и албанскиот јазик со неговото писмо се официјални јазици во Република Македонија". * Сеопфатна дебата за знамето, химната и државниот грб на Република Македонија со цел државните симболи да ја рефлектираат општествената мултиетничност и етничката рамноправност. * Усвојување на Резолуција во Собранието на Република Македонија со која се осудува геноцидот врз албанскиот народ во Македонија во периодот 1912-1956. 2. Постигнување на економска рамноправност и на општествената благосостојба, особено преку рамномерен регионален развој * Создавање на нов механизам, во форма на една Државна Комисија за Финансирање на Општините, за донесување одлуки со право за владини грантови во корист на општините. * Создавање на едно Министерство за Политички Систем и Односи меѓу Заедниците, како надлежен орган за почитување на правата на заедниците и поттикнување на економскиот и социјалниот развој во неразвиените подрачја. * Остварување на правична застапеност во органите за безбедност, војската, разузнавањето и правдата. * Остварување на правична застапеност во сите нивоа на централната власт како и во јавните служби или претпријатија со јавни акции. 3.Зајакнување на владеењето на правото, како предуслов за напредок на евро-атлантскиот интегративен процес * Спроведувањето на реформите во согласност со Договорот во Скопје, Препораките на Прибе, итните препораки на Европската Комисија како и Препораките од Пристапниот дијалог на високо ниво со ЕУ. * Поддршка за непристрасно вршење на работата на Специјалниот Обвинител, без етнички и политички предрасуди. * Целосно расчистување на прашањата и судските постапки како “Сопот”, “Бродец”, “Монструм” и “Куманово” преку една анкетна комисија или меѓународен независен орган. 4.Создавање на дух на доверба во функција на добри меѓуетнички односи како суштински елемент за политичка стабилност во земјата * Преземање на афирмативни мерки за обезбедување финансирање на албанските културни институции на централно и локално ниво. * Создавање на една централна институција за унапредување на јазиците на заедниците, која ќе обезбеди подготовка на преведувачи, уредници и предавачи. 5. Решавање на спорот со името, во согласност со европските вредности и принципите на меѓународното право * Усвојување Заедничка и Обврзувачка Резолуција во Собранието на Република Македонија со која Владата на Република Македонија е обврзува активно да се вклучи кон решавањето на спорот со името. * Вклучување на Албанците во работната група за директни преговори со Грција. 6. Добри односи со соседите * Вклучување на албанците во работната група за директни преговори со Бугарија. * Соработка со Косово и Албанија за интегрирано гранично управување. * Отворање на нови гранични премини. 7. Брза интеграција во НАТО и во Европската Унија * Исполнувањето на горенаведените точки ќе го деблокира патот на Македонија кон целосна интеграција во НАТО и отворање на преговорите за членство во Европската Унија. Исполнувањето на овие цели ќе се следи преку организирање Тркалезна маса на албанските парламентарни партии. Тркалезната маса на албанските парламентарни партии ќе се одвива во согласност со принципот на ротација и ќе служи како платформа за усогласување на политичкото дејствување и транспарентна комуникација со меѓународните партнери на Македонија, особено барајќи ја поддршката на Европската Унија и меѓународните институции. Тркалезната маса ќе ги определи роковите за спроведување на горенаведените цели, во согласност со законите и Уставот на Република Македонија.
Vecna slava i pocit na site sto gi zaginaa vo 2001. Ogromna pocit i za site pripadnici na mvr i arm koisto ucestvuvaa vo taa vojna. Koja spored mene bese namestena. Moi rodnini ucestvuvaa vo taa vojna. Vojna veruvaj nikoj ne posakuva nema nisto dobro od toa. ( samo kar imaat politicarite. Jas indirektno ucestvuvav 2010-2013 vo afganistan. A eve za den dva pak zaminuvam. Ednostavno strasno e da se vidi so svoi oci sto moze eden covek da napravi na drug. Zatoa kukle nemora da bides direkten ucesnik vo takvo nesto.
Абе каква војна какви бакрачи . Кој сака да си се тепа нека си се тепа , јас не планирам за туги интереси да војувам , а кој е глуп нека оди. И патем лага голема е ова со тие 3000 терористи демек влегле во државава , за да го заплашат народот !